IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исполнетото Исусово пророштво за Мухамед
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исполнетото Исусово пророштво за Мухамед

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 222324
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 4,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
al__ISLAM Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al__ISLAM Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 21:42
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Originally posted by IHLAS_MUSLIMA IHLAS_MUSLIMA напиша:

Од почеток те прочитав  (не беше тешко), и знаев дека брзо ќе си го покажеш вистинското лице...А сега, време е да ти пуштам вода, таа ги пере сите нечистотиигазење%20од%20смеење

vidi magdalena vakvi raboti samo deca mozat da zboruvaat (a sega vreme e da ti pustam voda taa gi pere necistotijata )a vie dali se ispravte od vasata necistotija .
Кон врв
DOMOSTROJ Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DOMOSTROJ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2013 во 01:47
Кажетеми ми, ако Мухамед е пророк, дали ќе му веруваме на пророк Данаил кој и вие го признавате за ваш пророк кој кажал дека со Христос ќе престане секое видение и пророштво? Како после тоа, тој може да биде пророк? Ако го нарекуваме Мухамед пророк, значи го отфрламе Данаил.
Кон врв
DOMOSTROJ Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DOMOSTROJ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2013 во 01:50
И кај вас и кај нас постои обичај кој е утврден низ долг период и со закон: без сведоштва ништо да не се прифаќа и да не се смета за вистинито. Сведоштвата се двострани: или од самите дела и јавувања или од луѓето, кои се достојни за верување. Така Мојсеј го казнил Египет со „знаци и чуда“ (Пс. 135,9), со жезолот го натера морето да се раздели и повторно да се состави, по негова волја паѓаше леб од небото (2 Мој. 16,4). Дали треба уште нешто да се додаде? Бидејќи и вие го сметате Мојсеја како достоен за верување (доверба). Бог го признал за верен слуга (Броеви. 12,4), но не и за Син и Слово. Потоа по Божја заповед се искачил на гората и умрел, соединувајќи се со луѓето кои биле пред него (5 Мој. 32,49-50). Во врска со Христос, Кој направил многу големи и до тогаш невидени дела, постојат сведоштва од самиот Мојсеј и од другите пророци. Од самиот почеток, само Тој се признава, дури и од ваша страна, за Слово Божјо; само Тој е од почетокот на вековите роден од Дева; единствено Тој од почетокот е земен на небото и останува таму бесмртен; единствено Тој пак ќе дојде да им суди на живите и на мртвите (2 Тим. 4,1; 1 Пет. 4,5) кои ќе воскреснат. Говорам за Него она што и самите вие го признавате. Ете зошто веруваме во Христа и во Неговото Евангелие. Што се однесува на Мухамед, ние не наоѓаме ниедно сведоштво кај пророците за него, ништо необично и вредно да се спомене во неговите дела, што е во состојба да предизвика вера во него.
Кон врв
DOMOSTROJ Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај DOMOSTROJ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2013 во 01:57
Многу пати кажувате дека во Евангелието пишувало за Мухамед, ама ние христијаните сме го уништиле сведоштво.
Во нашето Евангелие никогаш, ништо и ниту од еден христијанин не е уништено или изменето, бидејќи такво дело по себе навлекува тешки и страшни проклетства. Оној кој се осудува да уништи било што од Евангелието, самиот се одрекува од Христа (Отк. 22,19). Како тогаш некој христијанин би можел тоа да го стори? Дали човек може да биде христијанин или воопшто, дали може да биде примен во општењето со христијаните, ако го уништува она што е напишано од Бога, што Самиот Христос го напишал или го претскажал? Од друга страна за тоа сведочат и многубројните јазици на кои Евангелието Христово било изложено од самиот почеток, бидејќи од самиот почеток не е напишано само на еден јазик. Ако нешто било изменето, како можело да остане незабележано? Како можело кај различни народи да се сочува единството на смислата? Христовото Евангелие постои и кај многумина кои поинаку размислуваат, кои ги нарекуваме еретици. Некои од нив во низа на прашања се согласуваат со вас, но не можат да најдат потврда во Евангелието Христово за тоа. Дури и оние кои излегуваат против нас од самиот почеток – а такви има многу – не се повикуваат на нешто слично. Освен тоа, во Евангелието нема нешто што не е пророкувано од страна на Божјите пророци. На тој начин, ако во него би имало нешто пофално напишано за Мухамед, тоа би било напишано и кај пророците. Меѓутоа, попрво можеш да најдеш дека е напишано оти ќе дојдат многу лажни христоси и пророци и дека ќе заведат многумина (Мт. 24:5; 11:24; Мк. 13, 6, 22; Јн. 4:1). Затоа Евангелието и повикува: „Пазете се да не бидете излажани“ (Мт. 24, 4; Мк 13, 5; Лк. 21, 8).
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 222324
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,750 секунди.