|
Забрзано стареење |
Внеси реплика |
Автор | |
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Декември.2024 во 07:52 |
Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд откриваат дека човекот најмногу старее на возраст од 44 до 60 години и овие промени потоа се видливи на неговото лице. Со проучување на 135.000 молекули и микроби, на пр., кај 108 испитаници на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам. Во проучувањата биле опфатени различни видови молекули, како што се РНК, протеини, липиди и микробиоми во цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човековото тело во два периоди од животот има значителна промена во количината на молекули. Според наводите, ентропијата - т.е. бавниот и неизбежен процес на стареење може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства. Сѐ тоа помага во начинот и брзината на стареењето. Познатиот гастроентеролог, д-р Вил Булсиевиќ сподели уште неколку совети со коишто „ѝ се пркоси“ на доцната возраст. - Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето, нагласи тој. Според Булсиевиќ, и храната богата со растителни влакна - овошје, зеленчук, грав и семиња ни дава енергија, па со тоа нѐ прави сити и долговечни. Истражувањата се согласуваат дека овие намирници навистина носат помала опасност од срцеви заболувања, рак и други вообичаени чести причини за смрт. Изменето од pajser - 16.Декември.2024 во 07:53 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |