Забрзано стареење
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31657
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 11:02 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Забрзано стареење
Постирано од: pajser
Наслов: Забрзано стареење
Датум на внесување: 16.Декември.2024 во 07:52
Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд откриваат дека човекот најмногу старее на возраст од 44 до 60 години и овие промени потоа се видливи на неговото лице. Со проучување на 135.000 молекули и микроби, на пр., кај 108 испитаници на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам.
Во проучувањата биле опфатени различни видови молекули, како што се РНК, протеини, липиди и микробиоми во цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човековото тело во два периоди од животот има значителна промена во количината на молекули.
Според наводите, ентропијата - т.е. бавниот и неизбежен процес на стареење може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства. Сѐ тоа помага во начинот и брзината на стареењето. Познатиот гастроентеролог, д-р Вил Булсиевиќ сподели уште неколку совети со коишто „ѝ се пркоси“ на доцната возраст.
- Прошетките во природа и најмалку 30 минути вежбање дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето, нагласи тој.
Според Булсиевиќ, и храната богата со растителни влакна - овошје, зеленчук, грав и семиња ни дава енергија, па со тоа нѐ прави сити и долговечни. Истражувањата се согласуваат дека овие намирници навистина носат помала опасност од срцеви заболувања, рак и други вообичаени чести причини за смрт.
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|