![]() |
|
Фритата |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Состојки 6 јајца 50 гр путер или масло 1-2 моркови мини конзерва грашак 1 мал кромид 2 домати 1 тиквичка полн грст сечкан магдонос сол, црн бибер, оригано 1 кисела павлака 2-3 парчиња шунка или салама Морковот исечкајте го на мали коцки и сварете го. Јас наместо грашак од конзерва користев замрзнат грашак со беби моркови, па тоа сето заедно го сварив. Во тавата на путерот или маслото ставете да се запржи кратко кромидот и тиквичката исечкана на ситни коцки. За брзо додајте ги и доматите исто така исечкани на коцки и пржете малку подолго додека се згусти течноста. Пред крај додадете ги грашакот и магдоносот, посолете и зачинете. Тргнете од рингла и сето ова прелијте го со јајцата претходно разматени со малку сол, па ставете го да се печи во рерна на 220С. За нецели 10 минути отворете и одозгора ставете купчиња од павлаката со помош на лажица и меѓу нив со ленти или парчиња шунка или друго сувомеснато што имате и сакате, па вратете во рерна да се допечи додека краевите малку се одделат од тавата. Кога малку ќе подолади, се сечи на парчиња и се служи топло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фритата- Мексикански деликатес готов за само 20 минутиСтанете експерт за мексиканска кујна со овој едноставен рецепт кој се подготвува во 3 чекори, ќе ви одземе 20 минути, а со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски. Потребни состојки
Начин на подготовкаВо сад, скршете ги јајцата, посолете ги со малку сол и 1 лажица брашно,а потоа додадете го и млекото и добро изматете. Tиквичката и сирењето и додадете ги во претходно добиената смеса. Истите претходно, по желба може да ги изрендате. Садот за печење, пред да го користите, подмачкајте го со зејтин и загрејте го. Додадете ја смесата, а пред да ја печете, одозгора додадете исецкан домат. Печете 20 минути, на 250°C |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |