Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31553 Датум на принтање: 26.Април.2024 во 04:19 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ФритатаПостирано од: Valerija
Наслов: Фритата
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:22
Ние имаме омплет,Шпанците фритата
Потребни состојки:
4 млади компири (700 гр.)
1 кромид
4 големи јајца
сол
зејтин
Не користете преширока тава, поентата е фритатата да биде висока!
Чекори за подготовка:
Земете ги младите компири и исецкајте ги на многу тенки кругови. Во голем сад ставете го зејтинот, троа повеќе, ставете ги компирите и гледајте да бидат покриени со зејтинот.Пржете ги колку да омекнат. Да бидат пржени ама да не ја сменат бојата, да не крцкаат. Треба да бидат меки. Две минути пред да ги извадите ќе го додадете ситно сецканиот кромид. И тој треба да омекне. Со решетка за вадење извадете ги компирите заедно со кромидот и ставете ги во цедалка убаво да се исцедат и оладат.
Во друг сад, скршете ги јајцата, додадете сол и убаво изматете ги. Откако компирот е оладен, додадете го во јајцето. Нежно промешајте.
Во тава за пржење ставете масло, загрејте ја, но не на најјака температура. Нешто помалце од максимум. Префрлете ги компирите и гледајте секој компир да биде потопен во јајце. Покријте го садот (не целосно, нека дише малце) и пратете како се готват.
Кога ќе биде скоро при крај, нема да може целосно да се испржи, одлепете го крајот од тавата. Протресете ја и треба да осетите како фритата сама се одлепува од тавата.
Земете еден поголем тањир и ставете го врз тавата. Превртете ја тавата и дочекајте ја фритата на тањирот. Она што ќе истече во тањирот зачувајте го, ќе го употребиме.
Во тавата додадете уште малку масло, исцедете ги течностите директно од чинијата и така наместената фритата излизгајте ја назад во тавата. Вака ќе се допржи до крај.
Пржете додека долниот дел не добие убава боја. Исто како горната страна. Извадете ја во голем тањир и оставете да одмори 10 мин пред да ја служите. Можете на коцки, можте на осминки да ја поделите, можете ладна, можете и топла да ја јадете. И исто така можете директно во багет да ја ставите, како сендвич. Буен провечо!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Коментари: Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:26
Фритата со пиперки
Состојки
6 јајца
6 пиперки, исечкани на коцки
1 главица кромид, исечкана на коцки
2-3 лажици зејтин
150 грама мешано сирење, исечкано на коцки
Во тавче ставете малку зејтин. Ставете ги да се пропржат пиперките и кромидот. Јајцата зачинете ги со сол и бибер и изматете ги лесно со вилушка. Кога ќе омекне зеленчукот ставете ги јајцата и оставете ги неколку секунди да се стегнат. Со дрвена лажица буткајте ги страните од фритатата да се се испечат јајцата убаво. Од горе, ставете го сирењето, исечкано на коцки. Кога ќе биде 70% испечено, на среден оган, покријте ја фритатата со капак и оставете да се готви дополнителни 3-4 минути, додека да бидат стегнати јајцата. Сервирајте топло со маслинки и лепче.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:28
Фритата со зеленчук
Состојки
5 јајца
1/2 црн патлиџан
1/2 тиквичка
1 црвена пиперка
1/2 главица кромид
1 домат
70 гр моцарела или кашкавал
по вкус сол и масло
Зеленчукот (освен црвениот домат) исечете го на тенки долгунести парчиња и ставете го во тава за печење. Посолете го, попрскајте го со масло, измешајте го и ставете го да се потпечи во загреана рерна на 200 степени околу 20-на минути малку да омекни. На половина од печењето повторно измешајте го.
Печениот зеленчук оставете го малку да олади.
Во сад ставете ги јајцата, малку сол и со вилушка изматете ги. Додајте ја моцарелата или кашкавалот исечкани на мали коцки и зеленчукот. Измешајте ја смесата.
Истурете ја во тава бр.26 обложена со хартија или намачкана со масло и посипана со презла. Одозгора наредете го црвениот домат исечен на кругови.
Ставете ја да се запече во загреаната рерна околу 15-20 мин додека јајцата се зацврстат.
Фритатата оставете ја малку да олади, потоа послужете ја со свежа салата, сиренце, јогурт и сл.
Од оваа количина на состојки не излегува баш многу да се најадат повеќе лица, затоа ако треба ќе си зголемите. Кај мене беше доволна за 3-ца.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:30
Фритата од тиквички
Состојки
За основата
3-4 средно големи тиквички
2-3 пиперки црвени и зелени
2-3 моркова
по вкус сол,вегета, бибер...
одокато зејтин
За прелевање
6 јајца
200 мл. кисела павлака
150-200 гр. кашкавал
1. Тиквичките, пиперките, морковот се сечат во фома каква сакате вие, зачинете ги, ставете зејтин, измешајте. Ставете ги во тавче или огноотпорен сад (најдобро во Делимано ростер тавчето доколку го имате). Вклучете ја рерната и нека се подпече.
2. Изматете ги јајцата, додајте ја павлакта и повторно измешајте, додајте го ренданиот кашкавал.
3. Кога тиквичките се испечени извадете ги од рерната, залејте со припреманиот прелив, вратете во рерна да се подпече преливот.
Совет
Овој рецепт како идеја сега кога им е сезоната на тиквичките. Понекогаш знам да додадам и 1-2 компира. Вака спремените тиквички се многу вкусни, покрај Кугелот од тиквички за кој веке го имам поставено овде рецептот, ова е исто така едно од омиленото.. Доколку сочеката да потполно се излади...се сече како колач. Јас го ставам во категорија за ручек, а може да биде и доручек... што да не......Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:31
Фритата со макарони
Состојки
6 јајца
1 главица кромид
150 гр. варен грашок
200 гр. сланина
100 гр. ситни макарони
40 гр. путер или маслац (масло)
120 гр. кашкавал
на вкус сол и бибер
Лесно, брзо, вкусно.
- Во поголема количина на вода сварете ги макароните. Сварени ставете да се исцедат.
- Грашокот сварете и исцедте, но да не е преварен.
- Во тавата во која ќе ја спремате фритатата ставете го путерот или во крајна линија масло. Ставете да се пржи исецканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете ја на коцки исечена сланината. Нека се испржи до карамелизирање на кромидот, додадете ги сега макароните и грашокот. Размешајте.
- Јајцата со жица или вилушка добро сматете ги, додадете на вкус сол и бибер, залијте ги макароните. Нека ги на ринглата околу 5 мин, на умерен оган.
- Изренданиот кашкавал посипете одозгора, тргнете од огнот и ставете во претходно загреана рерна на 200 степени со вентилатор или 5 мин, повеќе без вентилатор.
Извадете ја тавата, нека малку олади и служете со прилог зелена салата.
Напомена
Идеално е ако целото тоа го правите во тава која после може да ја ставите во рерна. Не е пожелно да префрлате од тава во тава.
Јас најчесто ја правам со најситните макарони и со машничките.
Уште побогата и посочна ќе биде ако додадте 2 јајца плус.
Внимавајте на осолувањето доколку користите солен кашкавал.
Нека ви е слатко.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:34
Фритата од брокула и сирење
Состојки
1 главица кромид
околу 200 гр брокула
5 јајца
3 лажици млеко
100 гр овчо сирење
по вкус сол
по вкус бибер
по вкус лук во прав или во гранули
малку масло за готвење
1/2 лажиче прашак за пециво
2 лажици брашно
Едноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера.
Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади.
Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора.
Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа.
Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2019 во 21:35
Фритата со наут
Состојки
8 јајца
250 гр наут од конзерва
150 гр замрзнат грашок
150 гр рикота
1 домат исецкан на коцки
1/2 главица исецкан кромид
3-4 лажици сецкан магдонос
5-6 лажици маслиново масло
1 лажиче мајчина душичка
по вкус сол и бибер
по потреба путер и презла за тавата за печење
Во тава со маслиново масло на среден оган пропржете го кромидот да омекне. Потоа додајте го наутот исцеден од водата, доматот и грашокот. Оставете ги да се динстаат неколку минути додека течноста испари што ќе ја пушти зеленчукот. Потоа оставете го да олади.
Рерната загрејте ја на 200 степени а тавата за печење (28) намачкајте ја со путер и посипете ја со презла.
Во сад со жица изматете ги јајцата, додајте ја рикотата, магдоносот, мајчината душичка и додајте сол и бибер по вкус. Измешајте да се изедначи смесата. На крај додајте го и зеленчукот. По желба можете да додадете и малку луто пиперче.
Измешајте и истурете ја во тавата за печење. Ставете ја да се запече околу 30 минути или додека се зацврсти површината.
Печената фритата послужете ја топла со салата по желба
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2019 во 10:35
Dave's Kitchen: Kласична фритата со едноставни состојки
Подгответе класична фритата со едноставни состојки, кои сигурно ги имате во кујната. Вкусен оброк за целото семејство, за релативно краток период на подготовка.
Потребни состојки:
4 компири, варени само 5 минути и исечкани на тенки кругови
8 јајца
1 голема главица кромид
1 лажичка буковец
1 лажичка шарена сол
Сол и мелен црн пипер
3 лажици исечкан магдонос
70 гр. рендан кашкавал
Начин на подготовка
Во тава на оган загрејте го маслото и пропржете го кромидот кој претходно ситно ќе го исечкате. Во друг сад изматете ги јајцата со жица за матење, додадете ги буковецот, шарената сол, солта и мелениот црн пипер, магдоносот и ренданиот кашкавал. Потоа додадете го компирот исечкан на тенки кругови и промешајте.
Во вака приготвените состојки го додавате и пропржениот кромид и промешувате. Смесата ја ставате во претходно загреана тава со масло за јадење и печете околу 20 минути на 200 степени. Сервирајте со павлака и свежо исечкан магдонос.
Добар апетит и забавно готвење!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Октомври.2019 во 10:48
Фритата од брокула и сирење
Состојки
1 главица кромид
околу 200 гр брокула
5 јајца
3 лажици млеко
100 гр овчо сирење
по вкус сол
по вкус бибер
по вкус лук во прав или во гранули
малку масло за готвење
1/2 лажиче прашак за пециво
2 лажици брашно
Едноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера.
Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади.
Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора.
Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа.
Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Октомври.2019 во 10:51
Фритата во микробранова
Состојки
1/4 тиквичка
1/2 пиперка
1/4 кромид
2 јајца
парче сирење
малку магдонос, копар, сол
Состојките се одприлика за едно лице, и сепак мерките прилагодете ги според вашите желби, но зависи и од големината на зеленчукот.
Најпрво се сецка кромидот, пиперката и тиквичката, се става во мал сад соодветен за микробранова и се пушта на највисока температура 3 минути, колку зеленчукот да омекне.
Јајцата се матат, им се додава дробено сирење, сол, копар, и сецкан магдонос. Се прелева врз зеленчукот и се враќа во микробранова, уште 7-8 минути на средно висока температура.
Ќе видите доколку е потребно, ќе го вратите во микробранова уште некоја минута.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Октомври.2019 во 10:52
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/69705-avtenticen-grchki-vkus-mediteranska-fritata-za-pojadok-rucek-i-vecera" rel="nofollow - - Автентичен грчки вкус: Медитеранска фритата за појадок, ручек и вечера
Дали имате желба за едноставен, здрав оброк, полн со свеж зеленчук?
Брзата и едноставна фритата ќе стане ваш омилен рецепт за здрав појадок, ручек или вечера. Она што е најдобро, за нејзина подготовка ќе ви бидат потребни помалку од 30 минути.
Фритатата е полна со вкусовите на медитеранот: тиквички, шери домати, пиперки, сирење и оригано. Со овој рецепт можете да си играте и да додавате некои од вашите омилени намирници коишто ви се наоѓаат во фрижидерот, па така секој пат да добиете различен вкус.
Потребни состојки:
8 јајца
½ шолја млеко
¼ лажичка црвен пипер
2 лажици маслиново масло
2 тиквички (помали, исечкани на коцки со големина на залак)
1 црвена пиперка (мала, исечкана на парчиња)
1 зелена пиперка (мала, исечкана на парчиња)
1 шолја шери домати (цели)
1 лажичка оригано (може и босилек)
¼ шолја здробено сирење
сол
бибер
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Во поголем сад скршете ги јајцата, додадете го млекото, посолете, забиберете и додајте црвен пипер. Изматете ја добро смесата.
3. Во голема тава за печење (тава што ќе може да ја ставите и во рерна), загрејте масло. Додадете ги тиквичките, црвената и зелената пиперка и гответе 3-5 минути додека малку не омекнат.
Додадете ги шери доматите и ориганото и зачинете со сол и бибер. Во тавата додадете ја смесата од јајцата. Гответе неколку минути. Додадете го сирењето и ставете ја тавата во претходно загреаната рерна.
4. Печете 15-20 минути. Послужете ја топла.
Оваа фритата е многу разнообразна. Може да го смени вкусот со кој и да е зеленчук којшто го имате при рака – додадете малку свеж босилек и моцарела, малку шунка или чедар… Можностите се бесконечни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Октомври.2019 во 10:54
https://lokalno.mk/fritata-na-indiski-nachin-so-samo-300-kalorii/" rel="nofollow - Доколку сте обожаватели на интересни комбинации на вкусови, тогаш сигурно ќе сакате да го пробате овој рецепт. Ако дополнително сте љубители и на индиската зачинета храна, ова е одличен начин да ги приготвите јајцата. Најдоброто од сè е што овој оброк има само 300 калории, па е одличен доколку внимавате на вашата фигура.
Потребни состојки: 3 белки 2 лути пиперки Прстофат сол и бибер Прстофат кари 1 зелена пиперка 1 кромид Коријандер 1 домат Начин на подготовка: Во сад изматете ги белките, а потоа додајте ги ситно исечканите лути пиперки. Додајте бибер и сол по вкус и малку кари.
Во јајцата додајте ги и исечканата зелена пиперка и кромидот. За подобар вкус, додајте и малку коријандер. На крај додајте го доматот и изматете ја смесата.
На тава за пржење загрејте малку маслиново масло. Ставете ги јајцата и пржете неколку минути додека смесата не стане тврда. Потоа превиткајте го омлетот на половина и пржете уште неколку минути од двете страни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Октомври.2019 во 10:55
Морковот исечкајте го на мали коцки и сварете го. Јас наместо грашак од конзерва користев замрзнат грашак со беби моркови, па тоа сето заедно го сварив.
Во тавата на путерот или маслото ставете да се запржи кратко кромидот и тиквичката исечкана на ситни коцки. За брзо додајте ги и доматите исто така исечкани на коцки и пржете малку подолго додека се згусти течноста. Пред крај додадете ги грашакот и магдоносот, посолете и зачинете.
Тргнете од рингла и сето ова прелијте го со јајцата претходно разматени со малку сол, па ставете го да се печи во рерна на 220С.
За нецели 10 минути отворете и одозгора ставете купчиња од павлаката со помош на лажица и меѓу нив со ленти или парчиња шунка или друго сувомеснато што имате и сакате, па вратете во рерна да се допечи додека краевите малку се одделат од тавата.
Кога малку ќе подолади, се сечи на парчиња и се служи топло.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2019 во 09:18
Фритата- Мексикански деликатес готов за само 20 минути
Станете експерт за мексиканска кујна со овој едноставен рецепт кој се подготвува во 3 чекори, ќе ви одземе 20 минути, а со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски.
Потребни состојки
1 тиквичка
5 јајца
100 г сирење
1 домат
50 мл млеко
Сол
Зејтин
1 лажица брашно
Начин на подготовка
Во сад, скршете ги јајцата, посолете ги со малку сол и 1 лажица брашно,а потоа додадете го и млекото и добро изматете. Tиквичката и сирењето и додадете ги во претходно добиената смеса. Истите претходно, по желба може да ги изрендате.
Садот за печење, пред да го користите, подмачкајте го со зејтин и загрејте го. Додадете ја смесата, а пред да ја печете, одозгора додадете исецкан домат.
Печете 20 минути, на 250°C
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!