IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за еурокрем десерти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за еурокрем десерти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2018 во 13:55
&amp;#208;&amp;#157;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130; &amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°


Нугат Нутела торта

Состојки
за кора 1
5 цели белки
10 лажици шеќер
150гр. кокос
2 лажици брашно
1/2 кесичка печиво
за кора 2
5 цели белки
10 лажици шеќер
150гр. мелени ореви
2 лажици какао
2 лажици брашно
1/2 кесичка печиво
200гр. нутела
за фил 2
10 цели жолчки
200гр. шеќер
3 лажици густин
1 кесичка пудинг ванила
700мл. млеко
250гр. путер
150гр. мелени плазма бисквити
фил 3
400гр. прав за шлаг пена
3 лажици шеќер во прав
3 лажици нутела
за ганаш..
200гр. чоколадо за готвење
150мл. слатка павлака
1лажица путер

Корите се подготвуваат на вообичаен начин, белките се бијат се додаваат сите состојки, се меша со исклучен миксер и пластична лажица, се печи секоја над хартија во плех на 180. Се оставаат да се ладат. Калапот за торта е тркалезно тавче бр.28.

За филот 2
Се вари крем од биени жолчки со миксер, во него се ставаат некои 200мл. од количината млеко се додава прашокот за пудинг и густинот се мешаат уедначено, на оган остатокот од 500мл.млеко со шеќер пред да зоврие се става претходно подготвената смеса за крем и нека се варат до густина на пудинг на оган. Се лади кремот со повремено мешање, а настрана се бие путерот со миксер и се изедначува со ладен крем пудинг, па на сам крај се става мелената плазма.

За филот 3
Се бие шлагот со ладно млеко ...(ставив млеко според упатство) се додава нутелата и се меша.

Редењето на корите и филови е следно
Над кората со кокос се премачкува нутелата, над неа жолтиот фил, следува кората со мелени ореви над неа филот со шлаг. Вака тортата се оства до нареден ден во фрижидер кога се припрема ганаш.

Сите состојки за ганаш се топат на оган, но не смеат да провријат. Се добива една глатка смеса која се излева над површината на тортата, украсете по избор. Доколку се одлучите да ја подготвите некогаш се надевам ќе уживате неизмерно..


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2020 во 21:44

Десерт на денот: Лесен ролат полнет со Нутела

Ако сте од оние кои обожаваат секакви видови на рецепти со Нутела, овој десерт мора да заврши на вашата листа за готвење. 

chokoladen-rolat-so-vkus-na-nutela-i-portokal-01.jpg

Ролат полн со Нутела и прелиен со чоколаден фил и кора од портокал е нешто на што нема да одолеете.

Комбинација од чоколадо и портокал – неодолив вкус.  

Потребни состојки:

  • 9 белки
  • 9 жолчки
  • 2/3 шолја шеќер + ¼ за наросување
  • ½ шолја бело брашно 1 кора од лимон
  • 300g полу-рендано темно чоколадо
  • 150g слатка павлака
  • 1 ¼ Нутела (или друг крем по желба)
  • 1 шолја кристализирана лушпа од портокал

Начин на подготовка:

Изматете ги со миксер прво белките, а потоа додадете ги жолчките додека смесата не се соедини. Додадете го шеќерот и мешајте добро.

Постепено додавајте го брашното во смесата, додадете ја кората од портокал и истурете ја смесата врз хартија за печење поставена на сад.

Ставете да се пече на претходно загреана рерна од 180˚С околу 30 минути.

Во меѓувреме, загрејте ја слатката павлака и додадете го ренданото чоколадо. Мешајте додека не се стопи чоколадото и смесата не стане мазна. Оставете да се олади.

Кога ќе ја тргнете тортата од рерна, превртете ја на чиста крпа и наросете ја со шеќер.

Намачкајте со сок од портокал со помош на четка и намачкајте го кремот. Завиткајте ја внимателно додека е топла.

Прелијте ја со чоколадниот прелив и наросете кристализирана кора од портокал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2020 во 10:03

Десерт на денот: Торта полнета со Нутела


Можете ли да одолеете на сочна торта полнета со Нутела, која се топи во уста?

desert-na-denot-torta-polneta-so-nutela-01.jpg

Вашата книга со рецепти ја збогатуваме за уште еден неодолив, кој ќе ви стане омилен вам и на целото семејство.

Време е да пробате нов десерт кој нема да ве разочара и само ќе барате уште...

Потребни состојки:

  • 130g несолен путер
  • 130g кафеав шеќер
  • 65g бел шеќер
  • 1 големо јајце
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 320g брашно
  • 1 лажица сода
  • ½ лажица сол
  • 30g чоколаден чипс (+85g за сервирање)
  • 130g Нутела
  • Сладолед, за сервирање

desert-na-denot-torta-polneta-so-nutela-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 20:33

Рецептот што го обожуваат сите: Торта „Нутела“ која се прави за 20 минути


    Станува збор за неверојатно вкусна торта која се прави брзо и лесно, а нејзиниот кремаст, чоколаден вкус е секогаш докажан избор за целото семејство.

    Рецептот што го обожуваат сите: Торта со чоколаден крем која се прави за 20 минути

    Чоколадните десерти се слабост за многумина од нас, а оваа торта без печење е само една такво слатко доживување.

    Тортата има нежен, скоро сладоледен вкус, а многу лесно се прави.

    Потребни состојки за тортата со чоколаден крем без печење:

    За кора:

    • 240 г мелени бисквити
    • 150 мл млеко
    • 160 г путер или маргарин
    • 95 г шеќер
    • 160 г чоколадо за готвење

    За фил:

    • 380 г крем сирење
    • 60 г шеќер во прав
    • 760 мл слатка павлака
    • 240 г Нутела

    За глазура:

    • 200 мл слатка павлака
    • 200 г млечно чоколадо

    Начин на подготовка:

    1. Страните на калапот треба да бидат со димензии 25×25 сантиметри. Ставете хартија за печење на дното од калапот.
    2. Потоа треба да се направи подлогата. Истурете млеко во поголемо тенџере на шпоретот, додајте го исечканиот путер или маргарин и додајте го шеќерот. Промешајте додека не се растворат шеќерот и путерот.
    3. Потоа, додајте го ренданото чоколадо во тенџерето и промешајте за да се растопи. Тргнете го тенџерето од оган. На крај, додајте ги мелените бисквити и добро промешајте за да добиете изедначена смеса.
    4. Нанесете ја смесата на дното од калапот на кој му се вадат страните и добро притиснете за да ја израмните кората (можете да користите чаша, тавче или друг предмет за рамнење). Ставете го калапот во фрижидер за површината да се зацврсти додека кремот се приготвува.
    5. За филот, изматете го крем сирењето со шеќерот во прав. Во друг, поголем сад, изматете ја слатката павлака во шлаг. Во шлагот додајте го изматеното крем сирење и повторно измешајте со миксерот.
    6. Добиениот крем поделете го на 2 еднакви делови. Додајте го омекнатиот Нутела крем (на собна температура) во едната половина од филот и добро измешајте со миксер. Извадете ја подлогата од фрижидер и нанесете го белиот фил врз неа. Израмнете ја површината.
    7. Нанесете го чоколадниот фил врз белиот. Внимателно израмнете ја смесата.
    8. Тогаш треба да се подготви глазурата. Истурете ја слатката павлака во тенџере на шпоретот и доведете ја до вриење. Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте го исечканото млечно чоколадо и промешајте за да се растопи чоколадото.
    9. Внимателно истурете ја глазурата врз тортата и ставете ја во ладилникот добро да се излади пред сервирање, по можност една ноќ.


    Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:33
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,125 секунди.