![]() |
|
Торти и колачи со суво овошје |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Колач со суво овошјеСостојки 3 јајца 1 кесичка ванилин шеќер 150 гр шеќер 200 мл млеко 150 мл масло 200 гр брашно 1 кесичка прашок за печиво 1 лажица цимет 200 гр суво овошје(смокви, сливи, брусница)маринирано во 50 мл рум и сок од половина портокал 150 гр толчени ореви Одличен колач, миризлив и вкусен. 1. Прво сувото овошје го сецкаме и го маринираме во рум и сок од портокоал околу два часа. Јајцата ги матиме со шеќерот и ванилата и потоа ги додаваме течните состојки. Го додаваме брашното со печивото и циметот. Убаво мешаме. Сувото овошје го цедиме и заедно со оревите го додаваме во смесата. 2. Убаво мешаме и смесата ја ставаме во долго плехче(намрсено и набрашнето). Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути(проверете со чепкалка). Печениот колач го оставаме да се олади,и го наросуваме со шеќер во прав. На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |