IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Медот како дел од рецептите за колачи и торти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Медот како дел од рецептите за колачи и торти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2020 во 18:31

Торта од мед и лешници – омилената на Џејми Оливер

Основата на оваа торта е лесна и за подготовка и за консумирање, па не е ни чудо што Џејми Оливер тврди дека може да ја консумира со задоволство во секое време.

torta-od-med-i-lesnici-omilenata-na-jamie-oliver-01.jpg

Како да ја подготвите неодоливата спојка на мед и лешници?

Сосотојки:

  • 250g путер
  • 220g мед
  • 4 големи јајца
  • 150g мелени лешници
  • 150g брашно
  • 2 ½ лажички прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол

За чоколаден намаз:

  • 200g темно чоколадо
  • 50g путер

100g цели лешници за декорација

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте едно тавче со обем од 24-25 сантиметри и обложете го со хартија за печење.

Со миксер изматете го путерот додека не стане кремаст, па во него додадете го медот. Добро промешајте додека се соедини.

Кршете едно по едно јајце и полека додавајте во смесата со постојано мешање. Додавајте ги и останатите состојки една по една со мешање.

Смесата ставете ја во тавата и израмнете. Печете околу 45 минути на 160 степени.

Кога тестото е готово, извадете го и почекајте да се олади. Превртете ја тавата и ставете го добиениот пандишпан на жица како би се оладило комплетно.

На пареа стопете го путерот за чоколадниот намаз и додадете го чоколадото.

Глазурата прелијте ја по тортата, а врз неа наредете ги лешниците како на сликата.

Оставете го колачот 1 час на собна температура, па уште 1 час во фрижидер.

Послужете со овошје или топка сладолед.

torta-od-med-i-lesnici-omilenata-na-jamie-oliver-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 20:28

Чоколадна торта со мед: Домашна торта со богата глазура

    Погледнете го овој рецепт како да направите чоколадна торта со мед што ќе ги задоволи апетитите на целото семејство.

    Чоколадна торта со мед: Домашна торта со богата глазура

    Потребни состојки:

    • 100 грама црно чоколадо
    • 250 грама шеќер
    • 200 грама путер
    • 100 милилитри мед
    • 2 јајца
    • 200 грама брашно
    • 1 лажичка сода бикарбона
    • 1 лажица какао во прав
    • 250 милилитри топла вода

    За глазура:

    • 60 милилитри вода
    • 100 милилитри мед
    • 150 грама црно чоколадо
    • 50 грама шеќер во прав

    Начин на подготовка:

    За почеток, сите состојки треба да бидат на собна температура. Во поголем сад стопете го чоколадото за тортата. Загрејте ја рерната на 160 °C, подгответе подмачкан калап за торта и ставете хартија за печење на него.

    Изматете го шеќерот со путерот, а потоа додајте го медот. Кога смесата ќе се соедини, додајте ги јајцата едно по едно и додајте по една лажица брашно по секое јајце. Додајте го стопеното чоколадо, па остатокот од брашното и сода бикарбоната. Потоа, додајте го какаото во прав и на крајот, додајте ја жешката вода.

    Истурете го тестото во калапот и печете околу еден час и половина. По првите 45 минути, проверете како изгледа тестото и доколку е потребно, покријте го со фолија, а потоа проверувајте на секои десет минути да не изгори. Откако ќе биде готово, оставете го да се излади.

    За глазурата, загрејте ги водата и медот, а потоа тргнете ги од огнот и додајте ги парчињата чоколадо и мешајте ја смесата. На крајот, додајте го шеќерот во прав.

    Додека ја нанесувате глазурата на тортата , покријте го садот на којшто е тортата со хартија за печење што ќе можете лесно да ја извадите подоцна, а садот да остане чист.



    Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:29
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,105 секунди.