IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи со рум
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи со рум

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:39

Рум торта со двојно крем задоволство


Планирате забава во брзо време?

0-rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За кората:
  • 6 јајца
  • 6 лажици кафеав шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици какао
За првиот слој крем:
  • 500 грама пире од костен
  • 200 грама шеќер во прав
  • 200 грама путер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 50 милилитри рум
За вториот слој крем:
  • 500 милилитри слатка павлака
  • 1 кесичка зацврстувач за шлаг
За филот:
  • 100 грама црно чоколадо
  • 50 грама путер
Начин на подготовка:

Жолчките измешајте ги со шеќерот, па додајте им го брашното и какаото, а потоа постепено турајте ги и белките додека мешате. Префрлете ја смесата во сад за печење, обложен со мрсна хартија и ставете ја во рерна на 180 степени. Оставете да се пече сè додека не добие златна боја.

За првиот фил, измешајте ги путерот и шеќерот во прав, па потоа додајте го пирето од костен, румот и екстрактот од ванила, добро измешајте и нанесете го на оладеното тесто.

Со помош на миксер, изматете го шлагот од слатката павлака, додадете го зацврстувачот за шлаг и нанесете го врз првиот фил.

Стопете ја чоколадата со путерот, а потоа во тенок слој сипете ја на мрсна хартија, оставете ја 10-тина минути да се олади во фрижидер, а потоа исецкајте ја коцки. Декорирајте ја тортата со овие чоколадни коцки и сервирајте.

1-rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo-kafepauza.mk



Изменето од Valerija - 22.Мај.2018 во 20:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2018 во 16:51
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;·&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;°: &amp;#208;&nbsp;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#208;·&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;

Рум гнезда со вишни

Совршени колачи за љубителите на рум, кој лесно и брзо се спрема.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. мелени бисквити
  • 50 гр. мелени ореви
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 1 маргарин
  • 3 лажици какао
  • 1 лажица рум
  • 50 гр. чоколадо
  • 3 лажици масло
  • неколку вишни

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мешаат заедно мелените бисквити со шеќер во прав, рум и какао, па маргаринот кој ќе го растопите.
  2. Се замесува и ако е потребно се додава млеко да се замеси убаво.
  3. Се прават гнезда, а во средина се става вишна. Се топи и чоколадо со масло и се става врз вишните.
  4. Се лади.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2018 во 22:25
&amp;#208;&nbsp;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;

Рум колачи

Состојки
100 гр путер
50 гр шеќер во прав
пола пакетче од 7 гр рум шеќер
130 гр брашно
1 лажица густин
по потреба суви кајсии

1. Омекнатиот путер го мешаме со шеќер во прав и со рум шеќер. Потоа се додава брашно и густин и се промешува.
2. Од приготвеното тесто се прават цвеќиња ( може со кујнски шприц) и врз нив се ставаат парчиња од суви кајсии. Колачите се редат во плех обложен со пекарска хартија и се печат во загреана рерна околу 10-15 минути на 180 степени.

Во истите колачи може да се додаде наместо рум шеќер, рендана кора од лимон или портокал.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2018 во 22:29

Бомбици со рум


Од сите состојки правиме смеса и формираме бомбици.
Бомбици со рум

Доколку смесата е леплива, слободно додадете мелени бисквити.

Бомбиците може да ги чоколадирате, да ги посипете со мрвици, со мелени ореви и слично.

За посните слави, подгответе ги без млеко и белка. Стопете путер со малку вода, па со топлата смеса замесете ги оревите и чоколадото.

Разлика во вкусот нема, а ќе добиете вкусни посни слатки за зимските слави.

Всушност, секој рецепт за визитарски колачи може да ја прилагодите и да ги направите посни.

Совет: Подготовката на визитарски колачи секогаш дава слобода за комбинирање на состојките. Секој рецепт може да го прилагодите на сопствените потреби, да употребите повеќе бисквити, а помалку ореви или лешници и не мора строго да се придржувате до количината на состојките.
Важно е да добиете смеса од која лесно ќе се прават форми.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2018 во 16:52

Рум коцки


Рум коцки

Неверојатно вкусно чоколадно доживување!
 
Состојки:

За тесто:
6 белки
10 лажици шеќер
7 лажици брашно
3 лажици гриз
печиво, ванила
1/3 од филот
 
За фил:

Фил 1
100 гр. какао
250 гр. шеќер
100 мл. млеко
5 лажици рум

Фил 2
6 жолчки
3 лажици шеќер во прав
1 маргарин

Подготовка:

Фил 1 - млекото и шеќерот ставете ги на оган, кога шеќерот ќе се стопи додадете го какаото и румот и со постојано мешање оставете смесата да зоврие. Прилично е густа, па внимавајте да не загори и да не се направат грутки. Не е потребно да вари, штом ќе зоврие тргнете го садот од оган.

Фил 2 - жолчките пенесто изматете ги со шеќерот, па смешајте ги со претходно изматениот маргарин.
Кога првиот фил убаво ќе се излади, измешајте ги двата фила и издвојте 1/3 за тестото.

Тестото се подготвува на следниот начин: белките и шеќерот изматете ги во цврст снег, па додадете ги другите состојки, и внимателно измешајте со 1/3 од филот.

Смесата за тесто ставете ја во намрснета правоаголна тава за печење и печете на 180 степени ( или на онаа температура на која обично печете колачи и торти).

Испеченото и изладено тесто прелијте го со 150 мл. засладено топло млеко.

Над тестото ставете го филот, а над него шлаг крем или декорирајте по желба.

Бара малку повеќе време за подготовка, но толку е вкусно што ќе заборавите колку труд сте вложиле. Едноставно ќе уживате во вкусот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 18:45
&amp;#208;§&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°


Чоколадна рум торта

Потребни состојки: 140 гр маргарин, 140 гр шеќер, ванилин шеќер, 6 јајца, 140 гр мелени ореви или лешници, 3 реда чоколада – вашата омилена, една лажица какао, рум

За филот: 125 гр путер, 125 гр шеќер во прав, ванила, 3 реда чоколада, една лажица какао, 2 јајца

 

Начин на приготвување:

Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи. Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса. Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено.

За филот:

Пенесто изматете ги путерот, шеќерот во прав, ванилата па додавајте ги една по една жолчките, потоа какаото, растопената чоколада и рум. Пенесто изматете ги белките и додајте ги во чоколадниот фил. Филот ставете го во фрижидер да се излади, а потоа филувајте го тестото.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 18:48

(ФОТО) Торта од чоколадо и рум на Филипа Гомеш


Состојки:

150 г бисквити од житарки со вкус на чоколадо

80 г лупени лешници

80 г истопен путер

100 г млечно чоколадо

200 г црно чоколадо

100 мл млеко

300 мл слатка павлака

60 мл рум

3 жолчки

1 лажичка желатин во прав

5 лажици шеќер

сок од лимон

ливчиња бело чоколади и лешници за декорација
Подготовка: во блендер иситнете ги бисквитите. Смесата ставете ја во поголем сад, додајте ги мелените лешници, измешајте а потоа додајте го истопениот путер. Убаво измесената смеса нанесете ја на дното на калап, намачкан со путер, со страни што се одвојуваат и се префрлете во фрижидер.
Во соодветен сад ставете малку вода и оставете да зоврие. Додајте 100 мл млеко, 200 г искршено црно чоколадо и 100 г искршено млечно чоколадо и садот префрлете го над сад со вода и на пареа истопете го чоколадото.
Изматете слатка павлака со малку сок од лимон и 2 лажици шеќер.
Желатинот ставете го во малку вода. Жолчките изматете ги со 3 лажици шеќер и 60 мл рум во пенеста смеса. Истопениот желатин измешајте го во чоколадната смеса, а потоа се соединете, лесно, со жолчките и слатката павлака.
Извадете го калапот со подлогата и нанесете ја подготвената чоколадна смеса. Израмнете ја површината и калапот повторно вратете го во фрижидер, на најмалку два часа.
Потоа тортата префрлете ја на чинија за служење и украсете со ливчиња бело чоколадо и лешници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2018 во 16:16
Рум корпи – лесен рецепт, нема грешка и ако сте аматер во кујна


Рум корпи -нема утка и ако сте аматер во кујна

Направете вкусни корпи со рум кои се лесни и за искусните домакин(к)и, но и за аматерите во кујната. Нема грешка со овој рецепт:

Состојки:

  • 250 гр путер
  • 250 гр чоколада
  • 150 гр шеќер
  • 1 лажичка рум
  • 100 гр бисквити
  • 100 гр чоколадо за готвење за декорација

Начин на подготовка:

  1. Се мелат бисквитите и се ставаат настрана, а во меѓувреме се топи путерот на оган, заедно со чоколадото, шеќерот и румот.
  2. Садот се трга од оган и се лади, па се додава во бисквитите и убаво се меша.
  3. Се става од смесата во корпи, и одозгора се става чоколадо за готвење кое претходно сме го растопиле.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 20:33

Лесен чоколаден рум колач за сите љубители на десертите

Доколку го сакате вкусот на чоколада и рум, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој домашен колач со богата арома.

lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite-01.jpg

За да подготвите домашни рум пунч коцки, потребни се следниве состојки:

  • 250 грама путер
  • 6 јајца
  • 300 грама шеќер
  • 200 грама брашно
  • едно пакување прашок за пециво
  • 40 грама какао
  • 20-30 милилитри рум
  • 3 лажици џем или мармалад по избор
  • 4 редови чоколадо за готвење и една лажица масло (за глазура)

lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite-03.jpg

Подготовка:

Се одделуваат жолчките од белките од јајцата. Белките се матат убаво. Потоа се матат шеќерот и путерот и им се додава една по една жолчка. Потоа додавате брашно, постепено, прашокот за пециво и на крајот лажица по лажица, снегот од белки.

Ја мешате смесата и ставате да се пече во подмачкан плех на 200 степени. Кога ќе се излади, пресечете го пандишпанот на два дела. Горниот дел изронете го, додајте ги румот и џемот и измешајте, но внимавајте да не се претвори во тесто.

Нанесете ја смесата врз долниот пандишпан, израмнете убаво и прелијте со глазура од чоколадото за готвење и малку масло.

По желба, украсете со јатки или сушено овошје.

lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite-02.jpg


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.