Испечати | Затвори го прозорот

Торти и колачи со рум

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27850
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 06:55
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Торти и колачи со рум
Постирано од: Valerija
Наслов: Торти и колачи со рум
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 18:18
Колку го сакате румот како состојка во десертите?среќа

Чоколаден рум колач


Чоколаден рум колач

Состојки
2 јајца
130 гр шеќер
100 гр путер
прстофат сол
1 чоколаден пудинг (прашок)
1 лажица какао
130 гр брашно
1 пециво
3 лажици млеко
1-2 лажици рум екстракт
70 гр рендано чоколадо или чоколадни капки
За прелив
100 гр путер
100 гр чоколадо 50 % какао
1 лажица рум екстракт
За фил
2-3 лажици џем од јагоди

Подготовка
1. Путерот заедно со шеќерот и јајцата се мати со миксер до соединување. Се додаваат какаото, прашокот за пудинг, пецивото, брашното, млекото, солта и румот. Се соединува целата смеса со миксер. Ги додаваме ренданото чоколадо или чоколадните капки. Промешуваме со лажица.
2. Ја истураме во калап бр. 20 намачкан со путер и побрашнет. Печеме на 180 степени во загреана рерна околу 25 минути.
3. Ја вадиме тортата од калап која ни е малку изладена. Откако сосема ќе излади ја сечеме на половина. Ја премачкуваме со џем од јагоди, па ја поклопуваме со вториот дел.
4. За преливот на сосема ниска температура ги топиме путерот и чоколадото. Откако ќе се растопат и соединат го додаваме румот. Соединуваме и тргаме на страна за да подизлади, за да не биде многу течен, за да може да се задржи на површината од колачот.
5. Го прелеваме колачот, а на крај украсуваме со малини, јагоди или некое друго овошје кое може да биде и кандирано.

Забелешка
Џемот од јагоди и дава сочност и посебна краситост. Може, ама и не мора да го ставате. Јас имав некоја лажичка останат во теглата и реков вака ќе го искористам.
Немав ни доволно чоколадни капки па направив комбинација, ставив и од нив и сечкано чоколадо.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 18:20
 Ð ÑƒÐ¼ ваљаци (без печење)



Рум ваљаци без печење

Состојки
125 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
50 гр мелени ореви
100 гр сок од портокал
1 лажица рум
Глазура
200 гр црна чоколада
20 гр бела чоколада

Измиксирајте го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелената бисквити и оревите. Се заедно се миксира и се додава прво сокот, а потоа рум. Се остава 30 минути во фрижидер да се олади смесата, па се прават долги валјаци со дебелина од 1см. Се сечат од 5см должина.
Се ставаат во фрижидер на 2 - 3 часа и се става глазура од црно чоколадо кое е истопено на пареа. Кога ке се зацврсти чоколадата се украсува со бело чоколадо.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 18:22
Рум ваљаци со кикирики

Рум ваљаци со кикиритки

Состојки
125 гр маргарин
50 гр шеќер во прав
150 гр мелени бисквити
50 гр мелени несолени кикирики
1 портокал ( сок и кора )
100 гр црно чоколадо
2 лажици рум За глазура

1. Мелените бисквити и кикириките ги мешаме заедно. Го додаваме шеќерот во прав.
2. Кората од портокал ја рендаме и го цедиме истиот.  Ги додаваме во смесата. Го додаваме румот.
3. Маргаринот го ставаме во сад на оган да се стопи. Го додаваме во смесата. Мешаме. Смесата ја ставаме во фрижидер да стои 30 минути. Од смесата правиме ваљаци со дебелина од 1,5 цм , а должина 4 цм.
4. Ги ставаме во фрижидер да се стегнат 1 час.
5. Чоколадото го топиме на пареа, и со него ги преливаме ваљаците. Украсуваме по желба.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 18:25

Рецепт за брзи рум штангли без печење


https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow -  

https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow - https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow - 300g компир
- 200g темно чоколадо
- 200g шеќер во прав
- 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow - https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow - - 1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow - - 2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow - - 3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.

https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Frecept-za-brzi-rum-shtangli-bez-pechenje&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=true&show_faces=false" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 18:26

https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27547-recept-za-koj-ne-vi-treba-nitu-pecenje-nitu-vestina-rum-bombici" rel="nofollow - - Рецепт за кој не ви треба ниту печење, ниту вештина: Рум бомбици


recept-za-koj-ne-vi-treba-nitu-pecenje-nitu-vestina-rum-bombici-01.jpg

А во комбинација со чоколадо и мелени лешници, создава слатка идила совршена за тмурните денови.

Состојки:

  • 150g чоколадо
  • 50g путер
  • 150g мелени лешници, бадеми и ф’стаци (мешано)
  • 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици рум

Подготовка:

Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте.

Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте.

Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња.

Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо.

Уживајте!

recept-za-koj-ne-vi-treba-nitu-pecenje-nitu-vestina-rum-bombici-02.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 18:44

Рецепт: Колачиња со рум


Навистина многу брзо и лесно ќе ги направите …

Потребно е:
125 гр путер
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени плазма бисквити
50 гр мелени ореви
100 мл сок од портокал
1 лажица рум или екстракт од рум
200 гр црно чоколадо
20 гр бело чоколадо

Подготовка:
– Изматете ги путерот со шеќерот во прав.

– Додадете ги мелените бисквити и мелените ореви. Убаво изматете и додадете го прво сокот од портокал, а потоа румот.

– Ставете ја смесата 30 минути во фрижидер.

– Земајте парчиња од смесата и обликувајте ги како топчиња или пак може да ги направите долгнавести, по желба. Исечете ги на 5 см должина.

– Вратете ги во фрижидерда стојат 2-3 часа, а потоа глазирајте ги со растопено црно чоколадо, кое претходно сте го растопиле на пареа.

– Оставете чоколадото да се стегне и потоа украсете ги со растопено бело чоколадо.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 20:36

http://lokalno.mk/recept-domashni-tartufi-so-rum-i-pavlaka/" rel="nofollow -  

    Потребни производи:

2 парчиња темно чоколадо за готвење
¼ чаша полномасен крем
2 лажици масло
½ чаша мелени чоколадни бисквити
2 лажици темен рум

½ чаша чоколадни или какао стапчиња
http://lokalno.mk/wp-content/uploads/2015/11/2829253e3afdd74422ba095d0407a784.jpg" rel="nofollow">2829253e3afdd74422ba095d0407a784

Подготовка:
Во тенџере на водена пареа измешајте ги маслото и павлаката. Нека се варат на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе се стопат додадете меленочоколадо. Промешајте додека смесата стане целосно хомогена. Додаде ги трошките од бисквитите и румот.
Замесете ја смесата како тесто, за да се добие леплива маса. Оформете топки со раце. Тркалајте ги убаво во чоколадниот или какао прав – што сте одбрале. Изладете на 30 минути во фрижидер и сервирајте.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 20:41

https://www.kafepauza.mk/zivot/chokoladni-rum-kocki-vkusen-i-brz-desert-za-vistinskite-ljubiteli-na-slatki/" rel="nofollow - - Чоколадни рум коцки: Вкусен и брз десерт за вистинските љубители на слатките

https://www.kafepauza.mk/zivot/chokoladni-rum-kocki-vkusen-i-brz-desert-za-vistinskite-ljubiteli-na-slatki/#respond" rel="nofollow -  


Доколку немате идеја како да го збогатите денешното мени, тогаш одлучете се за овие сочни чоколадни рум коцки кои совршено ќе го заокружат секој оброк

Чоколадни рум коцки: Вкусен и брз десерт за вистинските љубители на слатките

Потребни состојки:
  • 280 грама путер
  • 280 грама шеќер
  • 8 јајца
  • 280 грама чоколадо
  • 280 грама брашно
  • 125 милилитри рум
  • 350 грама шеќер во прав
Начин на подготовка:

Сматете ги јајцата, шеќерот и путерот во пена и растопете го чоколадото на пареа. Посејте го брашното, па наизменично со чоколадото додадете го во јајцата. Тестото рамномерно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот на 180 степени. Во меѓувреме, сматете ги румот и шеќерот. Извадете го колачот од рерната и потоа прелијте го со сматениот рум. Колачот исечете го на коцки со размер 3×3 сантиметри.

Совет: За подобра арома, додадете цимет или кардамом. Доколку колачите се наменети за деца, или пак не сте голем љубител на рум, тогаш шеќерот во прав сматете го со вода.

Начин на подготовка:

Сматете ги јајцата, шеќерот и путерот во пена и растопете го чоколадото на пареа. Посејте го брашното, па наизменично со чоколадото додадете го во јајцата. Тестото рамномерно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот на 180 степени. Во меѓувреме, сматете ги румот и шеќерот. Извадете го колачот од рерната и потоа прелијте го со сматениот рум. Колачот исечете го на коцки со размер 3×3 сантиметри.

Совет: За подобра арома, додадете цимет или кардамом. Доколку колачите се наменети за деца, или пак не сте голем љубител на рум, тогаш шеќерот во прав сматете го со вода.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 20:52
Сочна чоколадна торта со рум (посно)


Сочна посна чоколадна тота со рум

Состојки
2 шољи брашно
1 шоља шеќер
1 и пол шоља сок(џус,мултивитамин)
3 лажици мармалад од сливи
половина филџан масло
2 лажици какао
1 лажиче сода бикарбона
1 ванила
2 лажици рум
за украсување
100гр чоколадо за готвење
3 лажици масло

рз, вкусен, сочен чоколаден колач за кој не ви треба миксер.
Ги ставате сите состојки во сад мешате убаво со лажица го оставате да стои 5-10мин Пак промешувате. Ставате во тавче бр 24 или 26 и печете во загреана рерна на 200 степени 20-30минути. 
Се декорира со стопено чоколадо со 3 лажици масло и се остава потполно да се излади пред да се сечи.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2018 во 21:01



Чоколадна торта со рум

Состојки
Пандишпан
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
1/2 пакетче прашак за печиво
1 лажица какао
3-4 лажици рум
Фил
3 јајца
130 гр шеќер во прав
130 гр маргарин
130 гр чоколадо
3 лажици рум

Подготовка на пандишпанот
1. Јајцата со шеќерот се матат и во нив се додаваат останатите состојки
2. Се пече во загреана рерна во плех од рерната
3. Испечениот пандишпан се попрскува со 3-4 лажици рум, се дели на 3 ленти по должина и се филуваат и се редат една врз друга
4. Најозгора се декорира по желба...јас ставив рендано чоколадо

Подготовка на филот
1. Маргаринот и чоколадото се ставаат во сад да се растопат
2. Јајцата со шеќерот во прав се матат со миксер и се варат на пареа. Откако ќе се згусне филот од јајца, во него се додава растопената чоколада со маргарин и румот. Се меша и се остава да се излади со повремено мешање




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Мај.2018 во 09:01
Ледени рум коцки


Ледени рум коцки

Состојки
3 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно
1 лажица какао
1 кесичка прашок за пециво
Сируп
200 гр. шеќер
200 мл. вода
2-3 лажици рум
Фил
5 лажици брашно
4 лажици густин
10 лажици шеќер
1 литар млеко
250 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
3 кесички ванилин шеќер
100 гр. чоколадо за готвење
неколку капки екстрат од рум
Глазура
200 гр. чоколадо за готвење
3 лажици масло

Изматете цврст снег од белките и шеќерот, додајте ги жолчките, брашното помешано со прашокот за пециво и на крај какаото.
Истурете ја смесата во подмачкан плех (бр.38 или бр.40) и печете околу 20-тина минути. Оставете да се олади и спремете го сирупот.

Загрејте ја водата, додајте го шеќерот и оставете да врие неколку минути. Тргнете од оган и додајте го румот.
Оладената кора прелијте ја со врелиот сируп.

Измешајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното, густинот и полека со непрекинато мешање, додавајте го во ладното млеко. Ставете на оган и гответе се додека не згусни, па потоа добро оладете.
Пенесто изматете го маргаринот и шеќерот во прав па додајте го оладениот фил. Смесата поделете ја на два дела.

Во сад над пареа, истопете го чоколадото за готвење и додајте го во едниот дел.
Убаво распоредете врз оладената кора, прво темниот, па светлиот фил.
Прелијте со чоколадната глазура и оставете на ладно.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Мај.2018 во 20:54
Шери рум бомбици

Шери рум бомбици

Состојки
1 белка
100 гр шеќер
150 гр мелен лешник
100 гр мелени бисквити
200 гр растопено црно чоколадо
2 лажички рум
за полнење на бомбиците
30 вишни од слатко исцедени од шербетот
за валкање на бомбиците
150 гр црно чоколадо
3 лажици масло
за декорација
30 зрна лешник

- Во една вангличка се става белката, се мати со миксер и постепено се додава шеќерот. Се додаваат румот, растопеното чоколадо, бисквитите, лешниците
Сето убаво се изработува со рака за да се добие убава хомогена смеса. Ако е суво може да се додаде уште едно лажиче рум или малку од шербетот од слаткото со вишни.
Се земаат парчиња со големина на орев, во средината се става по една вишна, се формира бомбица и се редат на послужавник.
На страна над пареа се растопува 150 гр чоколадо со 3 лажици масло и секоја бобица се потопува во чоколадото. Се редат на хартија да се стегнат и се украсуваат со еден цел лешник.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Мај.2018 во 20:57
Рум бомбици


Рум бомбици

Состојки

200 грама чоколадо за готвење
100 грама мелени ореви
100 грама шеќер
1 белка

Чоколадото го рендаме, ги додаваме оревите, шеќерот, белката и замесуваме со рум. Убаво мешаме со рака се додека не добиеме хомогена смеса. Земаме дел од смесата уваво го расплескуваме. Ако сакаме на средина ставаме вишна и формираме бомбица. Сите бомбици ги валкаме во чоколадни мрвици.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 19:40
Чоколадна рум торта


Чоколадна рум торта

Состојки
ЗА ПАНДИШПАН
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици мелени ореви
5-6 лаж брашно
1 пакетче прашак за пециво
2 лажици какао
ЗА ФИЛ
5 јајца јајца
250 гр шеќер во прав
250 гр чоколадо
250 гр маргарин
малку рум

ПОДГОТОВКА НА ПАНДИШПАНОТ
1. Се матат јајцата со шеќерот во еден сад.
2. Се исклучува миксерот, се додава брашното со пецивото, какаото и мелените ореви и се промешува.
3. Се истура во тркалезно, високо ( длабоко) тавче или длабоко тенџере обложено со хартија за печење.
4. Се пече околу 40-50 мин. на 180 С
5. Испечениот пандишпан се сече на три дела по висината.
6. Секоја од корите се попрскува со рум и се филува

ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ
1. Маргаринот и чоколадото се растопуваат на огин во еден сад, но да не вријат.
2. Јајцата и шеќерот се матат со миксер и се варат во густ крем на пареа.
3. Се соединуваат двете смеси и се оставаат да се изладат со повремено промешување за да не фати коричка филот
4. Со филот се филуваат сите три кори
5. Озгора се декорира по желба - со шлаг пена, со слатка павлака или чоколадо. Јас декорирав со фондан бидејќи тортата ја направив за брат ми и снаа ми.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:39

https://www.kafepauza.mk/zivot/rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo/" rel="nofollow - - Рум торта со двојно крем задоволство


Планирате забава во брзо време?

0-rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За кората:
  • 6 јајца
  • 6 лажици кафеав шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици какао
За првиот слој крем:
  • 500 грама пире од костен
  • 200 грама шеќер во прав
  • 200 грама путер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 50 милилитри рум
За вториот слој крем:
  • 500 милилитри слатка павлака
  • 1 кесичка зацврстувач за шлаг
За филот:
  • 100 грама црно чоколадо
  • 50 грама путер
Начин на подготовка:

Жолчките измешајте ги со шеќерот, па додајте им го брашното и какаото, а потоа постепено турајте ги и белките додека мешате. Префрлете ја смесата во сад за печење, обложен со мрсна хартија и ставете ја во рерна на 180 степени. Оставете да се пече сè додека не добие златна боја.

За првиот фил, измешајте ги путерот и шеќерот во прав, па потоа додајте го пирето од костен, румот и екстрактот од ванила, добро измешајте и нанесете го на оладеното тесто.

Со помош на миксер, изматете го шлагот од слатката павлака, додадете го зацврстувачот за шлаг и нанесете го врз првиот фил.

Стопете ја чоколадата со путерот, а потоа во тенок слој сипете ја на мрсна хартија, оставете ја 10-тина минути да се олади во фрижидер, а потоа исецкајте ја коцки. Декорирајте ја тортата со овие чоколадни коцки и сервирајте.

1-rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo-kafepauza.mk



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Мај.2018 во 16:51
Брзи и лесни ситни колачиња: Рум гнезда со вишни

Рум гнезда со вишни

Совршени колачи за љубителите на рум, кој лесно и брзо се спрема.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. мелени бисквити
  • 50 гр. мелени ореви
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 1 маргарин
  • 3 лажици какао
  • 1 лажица рум
  • 50 гр. чоколадо
  • 3 лажици масло
  • неколку вишни

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мешаат заедно мелените бисквити со шеќер во прав, рум и какао, па маргаринот кој ќе го растопите.
  2. Се замесува и ако е потребно се додава млеко да се замеси убаво.
  3. Се прават гнезда, а во средина се става вишна. Се топи и чоколадо со масло и се става врз вишните.
  4. Се лади.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Мај.2018 во 22:25
Рум колачи

Рум колачи

Состојки
100 гр путер
50 гр шеќер во прав
пола пакетче од 7 гр рум шеќер
130 гр брашно
1 лажица густин
по потреба суви кајсии

1. Омекнатиот путер го мешаме со шеќер во прав и со рум шеќер. Потоа се додава брашно и густин и се промешува.
2. Од приготвеното тесто се прават цвеќиња ( може со кујнски шприц) и врз нив се ставаат парчиња од суви кајсии. Колачите се редат во плех обложен со пекарска хартија и се печат во загреана рерна околу 10-15 минути на 180 степени.

Во истите колачи може да се додаде наместо рум шеќер, рендана кора од лимон или портокал.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Мај.2018 во 22:29

Бомбици со рум


Од сите состојки правиме смеса и формираме бомбици.
http://mojportal.mk/uploads/article_languages/recept%209.jpg" rel="nofollow">Бомбици со рум

Доколку смесата е леплива, слободно додадете мелени бисквити.

Бомбиците може да ги чоколадирате, да ги посипете со мрвици, со мелени ореви и слично.

За посните слави, подгответе ги без млеко и белка. Стопете путер со малку вода, па со топлата смеса замесете ги оревите и чоколадото.

Разлика во вкусот нема, а ќе добиете вкусни посни слатки за зимските слави.

Всушност, секој рецепт за визитарски колачи може да ја прилагодите и да ги направите посни.

Совет: Подготовката на визитарски колачи секогаш дава слобода за комбинирање на состојките. Секој рецепт може да го прилагодите на сопствените потреби, да употребите повеќе бисквити, а помалку ореви или лешници и не мора строго да се придржувате до количината на состојките.
Важно е да добиете смеса од која лесно ќе се прават форми.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Мај.2018 во 16:52

Рум коцки


http://mojportal.mk/uploads/article_languages/rum-kolaci.jpg" rel="nofollow">Рум коцки

Неверојатно вкусно чоколадно доживување!
 
Состојки:

За тесто:
6 белки
10 лажици шеќер
7 лажици брашно
3 лажици гриз
печиво, ванила
1/3 од филот
 
За фил:

Фил 1
100 гр. какао
250 гр. шеќер
100 мл. млеко
5 лажици рум

Фил 2
6 жолчки
3 лажици шеќер во прав
1 маргарин

Подготовка:

Фил 1 - млекото и шеќерот ставете ги на оган, кога шеќерот ќе се стопи додадете го какаото и румот и со постојано мешање оставете смесата да зоврие. Прилично е густа, па внимавајте да не загори и да не се направат грутки. Не е потребно да вари, штом ќе зоврие тргнете го садот од оган.

Фил 2 - жолчките пенесто изматете ги со шеќерот, па смешајте ги со претходно изматениот маргарин.
Кога првиот фил убаво ќе се излади, измешајте ги двата фила и издвојте 1/3 за тестото.

Тестото се подготвува на следниот начин: белките и шеќерот изматете ги во цврст снег, па додадете ги другите состојки, и внимателно измешајте со 1/3 од филот.

Смесата за тесто ставете ја во намрснета правоаголна тава за печење и печете на 180 степени ( или на онаа температура на која обично печете колачи и торти).

Испеченото и изладено тесто прелијте го со 150 мл. засладено топло млеко.

Над тестото ставете го филот, а над него шлаг крем или декорирајте по желба.

Бара малку повеќе време за подготовка, но толку е вкусно што ќе заборавите колку труд сте вложиле. Едноставно ќе уживате во вкусот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Јуни.2018 во 18:45
Чоколадна рум торта


Чоколадна рум торта

Потребни состојки: 140 гр маргарин, 140 гр шеќер, ванилин шеќер, 6 јајца, 140 гр мелени ореви или лешници, 3 реда чоколада – вашата омилена, една лажица какао, рум

За филот: 125 гр путер, 125 гр шеќер во прав, ванила, 3 реда чоколада, една лажица какао, 2 јајца

 

Начин на приготвување:

Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи. Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса. Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено.

За филот:

Пенесто изматете ги путерот, шеќерот во прав, ванилата па додавајте ги една по една жолчките, потоа какаото, растопената чоколада и рум. Пенесто изматете ги белките и додајте ги во чоколадниот фил. Филот ставете го во фрижидер да се излади, а потоа филувајте го тестото.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Јуни.2018 во 18:48

(ФОТО) Торта од чоколадо и рум на Филипа Гомеш


Состојки:

150 г бисквити од житарки со вкус на чоколадо

80 г лупени лешници

80 г истопен путер

100 г млечно чоколадо

200 г црно чоколадо

100 мл млеко

300 мл слатка павлака

60 мл рум

3 жолчки

1 лажичка желатин во прав

5 лажици шеќер

сок од лимон

ливчиња бело чоколади и лешници за декорација
Подготовка: во блендер иситнете ги бисквитите. Смесата ставете ја во поголем сад, додајте ги мелените лешници, измешајте а потоа додајте го истопениот путер. Убаво измесената смеса нанесете ја на дното на калап, намачкан со путер, со страни што се одвојуваат и се префрлете во фрижидер.
Во соодветен сад ставете малку вода и оставете да зоврие. Додајте 100 мл млеко, 200 г искршено црно чоколадо и 100 г искршено млечно чоколадо и садот префрлете го над сад со вода и на пареа истопете го чоколадото.
Изматете слатка павлака со малку сок од лимон и 2 лажици шеќер.
Желатинот ставете го во малку вода. Жолчките изматете ги со 3 лажици шеќер и 60 мл рум во пенеста смеса. Истопениот желатин измешајте го во чоколадната смеса, а потоа се соединете, лесно, со жолчките и слатката павлака.
Извадете го калапот со подлогата и нанесете ја подготвената чоколадна смеса. Израмнете ја површината и калапот повторно вратете го во фрижидер, на најмалку два часа.
Потоа тортата префрлете ја на чинија за служење и украсете со ливчиња бело чоколадо и лешници.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јуни.2018 во 16:16
Рум корпи – лесен рецепт, нема грешка и ако сте аматер во кујна


Рум корпи -нема утка и ако сте аматер во кујна

Направете вкусни корпи со рум кои се лесни и за искусните домакин(к)и, но и за аматерите во кујната. Нема грешка со овој рецепт:

Состојки:

  • 250 гр путер
  • 250 гр чоколада
  • 150 гр шеќер
  • 1 лажичка рум
  • 100 гр бисквити
  • 100 гр чоколадо за готвење за декорација

Начин на подготовка:

  1. Се мелат бисквитите и се ставаат настрана, а во меѓувреме се топи путерот на оган, заедно со чоколадото, шеќерот и румот.
  2. Садот се трга од оган и се лади, па се додава во бисквитите и убаво се меша.
  3. Се става од смесата во корпи, и одозгора се става чоколадо за готвење кое претходно сме го растопиле.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Октомври.2018 во 20:33

https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/62191-lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite" rel="nofollow - - Лесен чоколаден рум колач за сите љубители на десертите

Доколку го сакате вкусот на чоколада и рум, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој домашен колач со богата арома.

lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite-01.jpg

За да подготвите домашни рум пунч коцки, потребни се следниве состојки:

  • 250 грама путер
  • 6 јајца
  • 300 грама шеќер
  • 200 грама брашно
  • едно пакување прашок за пециво
  • 40 грама какао
  • 20-30 милилитри рум
  • 3 лажици џем или мармалад по избор
  • 4 редови чоколадо за готвење и една лажица масло (за глазура)

lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite-03.jpg

Подготовка:

Се одделуваат жолчките од белките од јајцата. Белките се матат убаво. Потоа се матат шеќерот и путерот и им се додава една по една жолчка. Потоа додавате брашно, постепено, прашокот за пециво и на крајот лажица по лажица, снегот од белки.

Ја мешате смесата и ставате да се пече во подмачкан плех на 200 степени. Кога ќе се излади, пресечете го пандишпанот на два дела. Горниот дел изронете го, додајте ги румот и џемот и измешајте, но внимавајте да не се претвори во тесто.

Нанесете ја смесата врз долниот пандишпан, израмнете убаво и прелијте со глазура од чоколадото за готвење и малку масло.

По желба, украсете со јатки или сушено овошје.

lesen-chokoladen-rum-kolach-za-site-ljubiteli-na-desertite-02.jpg




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk