IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пирошки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пирошки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:12

ВОЗДУШЕСТИ ПИРОШКИ СО СИРЕЊЕ ЗА ШТО НЕ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ КУЛИНАРСКИ ВЕШТИНИ

1

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 400гр брашно

* 500гр ситно сирење

* 1 пециво

* 2 лажичиња сол

* масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте го брашното со пецивото. Во садот со брашно ставете ги јајцата, сирењето и солта. Месете го тестото додека сите состојки не се соединат. Извадете го тестото на побрашнета површина, па исечете правоаголници со дебелина околу 0,5см.

Пирошките пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни. Не е потребно да отстојат пред пржењето ниту е потребно да се цедат од вишокот на масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:31

ПИРОШКИ СО ШУНКА, КАШКАВАЛ И СИРЕЊЕ

Потребни состојки:

1 обланда

50 гр. сусам

200 гр. шунка

3 јајца

6 кисели краставички

2 лажици брашно

2 лажци презла

200 гр. кашкавал

200 гр. сирење

150 гр. мајонез

Масло за јадење

Мелен црн пипер и сол

Припрема:

Завиткајте ја обландата во мокра кујнска крпа. Ситно исецкајте ја шунката, изрендајте го кашкавалот и сирењето, па додадете 2 лажици од мајонезот, 4 сецкани кисели краставички и промешајте. Обландата исечете ја на три еднакви дела. Филувајте го секој дел и завиткајте го во ролат, а потоа завиткајте ги и краевите.

Секоја пирошка извалкајте ја прво во брашно, па во јајца, па на крајот во презла со сусам. Испржете ги пирошките на загреано масло додека не поруменат. Потоа ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија.

За тартар сос исрендајте ги киселите краставички, исцедете ги и додадете ги во мајонезот, па наросете црн пипер и промешајте.

На чинија за сервирање ставете зелена салата, па наредете ги пирошките и во посебен мал са ставете го тартар сосот. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 10:06

ПИРОШКИ ГОТОВИ ЗА САМО 15 МИНУТИ

29

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 чаши (од 2 дцл) брашно (понекогаш и малку повеќе, зависи од типот на брашното)

2 лажици шеќер

1/5 лажиче сол

2 лажици сончогледово масло

500мл млеко (може да се загрее, а и не мора. Резултатот е ист)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Прв чекор

Сите состојки измешајте ги до хомогена смеса.

Добиената смеса ставете ја во најлонска кеса и оставете ја во фрижидер 2 часа. Тоа е тоа!

Втор чекор

По два часа извадете го тестото од фрижидер, валкајте го во брашно и правете пирошки со фил по желба.

Пирошките можете да ги пржите на оган во врело масло, а можете и да ги печете во рерна во добро подмачкана тава.



Изменето од Valerija - 10.Мај.2018 во 19:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2017 во 13:36

Dave’s Kitchen: Пирошки од палачинки

Ништо полесно и повкусно од похувани пирошки.

Потребни состојки:

  • Лебни трошки
  • Неколку парчиња кашкавал
  • Неколку парчиња шунка
  • Парчиња моцарела (опционално)
  • Палачинки (онолку колку што сакате)
  • 500 мл масло за јадење
  • Јајце за панирање
Начин на подготовка:

Најпрво направете ги палачинките по вашиот омилен рецепт.

Оставете да се оладат и врз секоја палачинка нанесете од кашкавалот, шунката и парчиња моцарела. Завиткајте ги со тоа што ќе ги завиткате и краевите за да не растече кашкавалот и моцарелата. Вака завитканите палачинки извалкајте ги во изматено јајце, па потоа од сите страни покријте ги со лебни трошки, повторно со јајце и на крајот со лебни трошки. Пржете ги во загреано масло за јадење на средна температура околу 2-3 минути од двете страни.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2017 во 18:10

Лесни и брзи пирошки со готови кори

Подгответе лесни, брзи и вкусни пирошки со готови кори. Овој рецепт нема да ви одземе многу време, а резултатот ќе ги задоволи вкусовите на целото семејство. 

Состојки:     

пола килограм готови кори

300 грама шунка

300 грама кашкавал

300 грама печурки  

 200 грама кисела павлака

 300 грама газирана вода

 100 грама презла

  1   јајце

 Подготовка:

 -Сите состојки се мешаат добро.

 -Потоа се редат две кори една врз друга, потоа се нанесува од филот по должина.

 -Корите се мотат во ролат и се сечат по 30цм должина и се стават во замрзнувач за да замрзнат.

-Замрзнатите пирошки се вадат од фрижидер и веднаш се пржат без да се  чекаат да одмрзнат. 

-Прво се потопуват во газирана вода па во јајце потоа во презлата и се пржат во загреано масло на умерена температура само неколку минути.

-Кога ќе поруменат од двете страни се сервира.

 Пријатен апетит. 



Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2018 во 21:29
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;¶&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;» &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#180;
  Пржени руски пирошки со фил од кромид и компир

Состојки
Тесто
1 јајце
1 шоља (200мл) јогурт
500гр брашно
1/3 мало лажиче сода бикарбона
1/3 мало лажиче сол
50 гр путер или маргарин
Фил
3 средни компири
2 главици кромид
по вкус сол и бибер
4 големи лажици масло
По потреба
масло за пржење

Превкусен рецепт, лесен за подготовка, иако со необично полнење, феноменален вкус. Гостите не можеа да се најадат :)
За овој рецепт заслужен е другар ми Кире од Струмица, тој го најде и го сподели со мене. Кире, ти си на ред да ги приготвиш ;) 

Компирите сварете ги, излупете ги и испасирајте ги во пире.
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло додека не зарумени. Соединете ги кромидот и пирето од компир и зачинете по вкус.
Филот е готов.

За тестото во сад измешајте ги сите состојки додека не добиете нелепливо тесто. Додадете брашно ако има потреба.
Рассукајте кора и вадете округлести форми со чаша или од мало делче тесто рассукајте кругче. Во средината на секое кругче ставете од филот, преколпете го кругчето на половина (како панцерота), притиснете ги со вилушка каревите и ставете ги во врело масло за де испржат од двете страни да заруменат.
И пирошките се готови :)

Јас направив неколку форми како што опишав погоре, но направив и неколку завиткани како ролат. Ако ги правите како ролатчиња внимавајте да не се многу мотани за да може да се испржат убаво. Штом се сокрие филот спојте го тестото со прсти и ставете ги да се пржат. Доколку ги правите како ролатчиња прво свиткајте ги од страна каревите, да не истече филот, потоа направете мало ролатче. Вишокот тесто исечете го и вратете го во садот кај другото тесто. 

На фотографијата е послужено со ТАРТАР СОС СО БЕЛО ВИНО.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2018 во 21:31
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;¶&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190;

Пржени пирошки со мелено месо

Состојки
300 гр. кромид, сол, зачини по ваш вкус
600 гр. мелено месо за полнењето
1 јајце
20 гр. свеж квасец
1 лажичка сол
3 чаши брашно
1 чаша од 200 мл. јогурт
1/3 чаша вода

1. Растворете го квасецот во јогуртот и замесете тесто од брашното, солта, јајцето и оставите да стаса.
2. Измесето го меленото месо во кое сте го додале ренданиот кромид, осолете го, зачинето го и поделете го на мали топчиња - ќофтиња.
3. Стасаното тесто поделете го на еднаков број топчиња со еднаква големина колку што имате од месото, со раката сплескајте ја за да добиете коричка округла или со сукалка тоа направете го, ставете на средината едно топче и соберете ги рабовите на коричката околу месото истовремено фалтајки го. На средината ќе ви остане празнина.
Додека целото тоа вие сте го спремале, првите веке се стасани за пржење.
4. Пржете ги на тивок оган во малку поголема количина на зејтин - така што прво ќе ги поставите со отворот надоле, па потоа обрнете ги. Додека се пржат со лажица црпете помалку од зејтинот и ставајте во отворот - ова за да се испржи убаво месото и од внат
Впрочем, погледнете ја постапката на фотографијата.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.