Пирошки
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27395
Датум на принтање: 01.Декември.2024 во 06:53 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Пирошки
Постирано од: Omar
Наслов: Пирошки
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 16:36
Барав низ форумов ама не наоѓам ваква тема..
Ако има бришете ја !!!
|
Коментари:
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 16:51
Сакам да готвам ептен ама сеуште не можам да готвам комплицирани јадења (кога велам комплицирани баш за пирошкиве - не можам да чекам да киснат, или недокиснати ќе бидат или прекиснати) па затоа ќе споделам рецепт за сите оние кои живеат сами/со цимери (а не цимерки) или не им е мама до нив.
ПИРОШКИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ
- 3 јајца - 450 гр брашно (за тие што немаат вага како мене 3 чаши неполни до горе/ една чаша стаклена = 160 гр) - 600 гр изварка (гледајте да биде солена оти ако не е солена нема да има никаков вкус) - 1 прашак за пециво - 3 лажички сол - масло за пржење
Брашното се сее (јас немам сеилка и не го сеам) во сад, се додава пецивото и солта и се меша. Се прави една дупка на средина и се додаваат јајцата и изварката. Почнувате да мешате со рака (со лажица лепи) се додека се добие една хомогена смеса и сето тоа се префрла на маса работна, набрашнета и се меси тестото се додека престане да се лепи за рацете. Тоа сето се сучи (ако немате сукало како мене, јас користам стаклено шише од вода, се разбира измиено предходно убаво) и се сучи кора дебела околку пола сантиметар. Е сега имате две варијанти:
- Сечете правоаголници и на средина ставате полнеж
- Сечете кокци или други форми
Се пржат во загреано масло додека не станат светло кафени (внимание брзо се пржат ако е добро загреано маслото 40 сек максимум).
Ете тоа е мојот рецепт, ни киснење ни многу продукти.
Сервирајте со јогурт, сирење или мајонез со кисели краставички !!
П.С. За полнежот: изварка или меко сирење измешано со копар, еден мој предлог
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 17:25
https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%87%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%84%D0%BB%D0%B0%D0%BA-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%88%D0%BA/" rel="nofollow -
Состојки
10 мали палачинки 10 мали лажички павлака 50-100 грама кашкавал 50-100 грама чаден свински пафлак 2 јајца 50 грама презла
Направете си ги палачинките по ваш рецепт. Секоја палачинка ја филуваме со една лажичка павлака, а може и кечап и од ситно сецканиот кашкавал и пафлак и ја мотаме. Палачинките ги валкаме прво во јајцата, потоа во презлата и ги пржиме во поголема количина на масло. Се служат топли со вашиот омилен сос. =)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 17:31
ПИРОШКИ СО ГОТОВИ КОРИ
-500 г.кори -3 јајца -250 г. рендана шунка -една грутка сирење рендано -шампињони -1/2 л. минерална вода
Јајцата се мешаат со сирењето,шунката и шампињоните. Се редат по три кори една врз друга.Првите две се попрскуваат со зејтин,а третата не.На третата кора најдоле се става зајрето и се мотаат како за баклава.Така замотано се реди во тавче за печење.Постапката се повторува додека не се потрошат и корите и зајрето.Потоа замотаните ролни од кори се сечат на четвртинки и се попрскуваат со минералната вода ,убаво да се надојат и да отстојат половина час. Потоа,во мало подлабоко тавче за пржење (може и во фритеза или тенџерче), во поголема количина зејтин се пуштаат една по една.Готови се штом ќе се вцрват.Се вадат и се цедат на книжна салфета. BON APETIT
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 17:32
Италијански пирошки Потребни сосотојки
- ½ коцка квасец
- 1 децилитар млако млеко
- Лажица шеќер
- ½ децилитри масло
- 1 килограм наменско брашно
- 1 јајце
- 30 грама сол
- 3 децилитри кисела вода
Фил
- 200 грама шунка 200 g
- 400 грама кисела павлака
- 400 грама кашкавал
- 200 грама бело старо сирење
- 200 грама кечап
- Сенф
- Оригано или босилек
Подготовка: Стопете го квасецот во млекото и додадете лажица шеќер. На работната површина ставете брашно и сол, и направете вдлабнатинаво брашното и внатре додадете млеко со квасец, малку измешајте, па искршете го јајцето, додадете масло и кисела вода. Замесете глатко тесто, ни меко ни тврдо, отприлика како за леб. Измесеното тесто ставете го во поголема пластична кеса која е подмачкана со масло од внатрешна страна и оставете го на собна температура додека не постигне трипати поголем волумен. Тогаш тестото поделете го на осум делови, измесете го уште еднаш секој дел и развлечете ги во димензија 15×25 сантиметри во облик на круг. Во средината ставете два листа шунка, на шунката додадете павлака, потоа додадете рендан кашкавал и бело сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Преклопете го тестото по долгата страна, потоа спој те ги краевите и преклопете го тестото и од друга страна. Со лесно стегање спој те го тестото, затворете ја пирошката, па преку пирошката изрендајте кашкавал и ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 17:37
ПИРОШКИ ОД КОМПИРИ Состојки: Тесто: 500 гр. брашно 200 мл. млако млеко 7 гр. сув квасец 300 гр. варени компири 2 жолчки 1 лажичка сол 3 лажици масло Подготовка:
Компирите се лупат и се варат. Кога ќе се сварат се цедат и се пасираат. Во друг сад се става брашното, се додава солта, квасецот и се промешува. Се додаваат жолчките, маслото, пасираните компири и заедно со млакото млеко се замесува хомогено тестото и се обликува во топка. Се покрива со крпа и се остава на топло место 45 мин.да стасува.
На набрашнета работна маса се става тестото и се премесува. Се расукува кора со големина од 8 мм. и се сечат правоаголници 12 х 8 см. Се филува секој правоаголник и се витка во ролат по должина. Страните од пирошката треба добро да се затворат за филот да не излезе за време на пржењето. Во подлабок сад се става масло и се пржат пирошките рамномерно со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 17:40
Печени пирошкиСостојки 500 г готови кори 35 парчиња пилешка салама (исечена на круччиња) 500 г кашкавал (исечкан на ленти) малку кисела вода малку презла (за похување) 2 јајца (за похување) малку сол (за похување) Подготовка Готовите кори пресечете ги надолж, на пола. На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал. Свиткајте ги страничните делови на кората. Свиткајте ја кората во форма на ролат. Постапката повторете ја со сите кори. Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат). Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата. Вака подготвените пирошки може: – да ги замрзнете; – да ги испржите во загреано масло или; – да ги испечете; Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 21:29
Omar напиша:
Сакам да готвам ептен ама сеуште не можам да готвам комплицирани јадења (кога велам комплицирани баш за пирошкиве - не можам да чекам да киснат, или недокиснати ќе бидат или прекиснати) па затоа ќе споделам рецепт за сите оние кои живеат сами/со цимери (а не цимерки) или не им е мама до нив.
|
Аааа чекај, сакаш да кажеш дека и изварката иде внатре? Па ќе направам неред за век и векови
Кога ме мрзи да го чекам тестото да стаса (а ретко ме мрзи, затоа што секогаш некоја друга глупост почнувам да правам во кујна ) го правам следново..
1-2 јајца (зависи од буџетот хаха) 1 чаша јогурт малку сол 1 пециво рендам малку салама* за шмек (така викаат моиве, за мирис и вкус била, не за да те најаде ) И брашно колку што ќе ми посака тестото (не мерам**, жалам)
И си месиш тесто, го расукуваш со што и да ти дојде при рака, сечеш правоаголници, коцки, кругови, ма што сакаш. Ги полниш (пак со што сакаш хаха) и што и да си исекол го превиткуваш на пола (поклопуваш) Ги оставаш на страна додека не ги направиш сите (а не се многу, верувај) И таман се одмориле малку, правец во врел зејтин и во стомак.
*саламата кога е изрендана колку една рака да е најмногу, да не претеруваме ** а ова другово, старите викаа дека правата домаќинка, од око погодувала. Па еве една будала што ги послушала старите
П.С... не знам колку милилитри е чашата, некои си 200 веројатно. Колку и да е, веројатно дупло брашно ќе ти побара. Затоа нема мерка, ама околу 400-500 грама оди секако
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 21:41
Да, да се оди во тестото!!
Денес направив повторно, си ветив да испаднат поуспешни и испаднаа !! И тартар сос !! И одкако се беше готово мене не ми се јадеше !!
Да не сум оффтопик, ако се држите да имате витко тело тогаж обавезно варен компир во тестото, тогаж впива помалку масти или во рерна наместо во масло пржење !!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 21:45
И тоа ќе треба да го испробам, ама ако направам неред ќе треба некој да дојде да чисти. И да јаде хаха
Иначе, имам некаде рецепт за пирошки со компири. Ама бегај бе, јас правам неред кога треба да ставам толку комлицирани состојки хахаха Затоа си ги правам овие простичките.. А пирошка без тартар е како жена без...знаеш што
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 21:55
Еве јас ти кажувам не сум којзнае што готвач и не се прави воопшто неред !! ОН ТОПИК: дај рецепт за тартар
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:37
НАЈВКУСНИТЕ ПИРОШКИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 децилитри масло ЗА ФИЛОТ: 200мл павлака 200гр шунка ЗА ТЕСТОТО: 0.50кг брашно 200мл млеко 1 лажица сол 7гр сув квасец 2 жолчки 300гр компири 3 лажици масло ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО Излупете го компирот и ставете го да се вари. откако ќе се свари, исцедете ја водата и испасирајте го. Во брашното додадете едно лажиче сол и сувиот квасец и добро измешајте. Одвоете ги жолчките од белките, па додадете ги жолчките во садот со брашно. Додадете го маслото, пасираниот компир и млекото. Замесете тесто, обликувајте го во полутопка, покриете го со чиста крпа и оставете го да стои на топло место околу45 минути. ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ Исечете ја шунката на ситни коцки, додадете ја во садот во кој предходно сте ја изматиле павлаката и добро измешајте. ПОДГОТОВКА НА ПИРОШКИТЕ Ставете малку брашно на работната површина и премесете го тестото. Направете кора со дебелина околу 8 милиметри и исечете ја на правоаголници со големина 12×8 сантиметри. Ставете му фил на тестото по должина и завиткајте го во ролна. Внимавајте добро да ги залепите ивиците на пирошката за да не се распадне. Загреете го маслото и пржете ги пирошките 10 минути да добијат убава златна боја. Одвреме навреме превртувајте ги за да се испржат рамномерно од сите страни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:43
ПЕЧЕНИ ПИРОШКИ
http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - http://popara.mk/2014/recepti/pecheni-piroshki/" rel="nofollow - Подготовка
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/preseceni-kori-na-pola.jpg" rel="nofollow"> Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/kaskavali-salama.jpg" rel="nofollow"> На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/previtkani-stranici.jpg" rel="nofollow"> Свиткајте ги страничните делови на кората.
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/roluvanje-na-piroskata.jpg" rel="nofollow"> Свиткајте ја кората во форма на ролат.
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/podgotveni-site-piroski.jpg" rel="nofollow"> Постапката повторете ја со сите кори.
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/kisela-voda.jpg" rel="nofollow"> Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/pohuvanje-na-piroskite.jpg" rel="nofollow"> Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.
- http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/spremni-za-pecenje-przenje.jpg" rel="nofollow"> Вака подготвените пирошки може:
– да ги замрзнете; – да ги испржите во загреано масло или; – да ги испечете; - http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/07/peceni-piroski-ala-bile3.jpg" rel="nofollow"> Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:51
ВКУСНИ КРЦКАВИ ПИРОШКИ ЗА 15 МИНУТИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:*4 чаши (од 2 дцл) брашно (понекогаш и малку повеќе, зависи од типот на брашното) *2 лажици шеќер *1/5 лажиче сол *2 лажици сончогледово масло – 500мл млеко (може да се загрее, а и не мора. Резултатот е ист) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Прв чекор Сите состојки измешајте ги до хомогена смеса. Добиената смеса ставете ја во најлонска кеса и оставете ја во фрижидер 2 часа. Тоа е тоа! Втор чекор По двца часа извадете го тестото од фрижидер, валкајте го во брашно и правете пирошки со фил по желба. Пирошките можете да ги пржите на оган во врело масло, а можете и да ги печете во рерна во добро подмачкана тава.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Август.2015 во 21:12
ВОЗДУШЕСТИ ПИРОШКИ СО СИРЕЊЕ ЗА ШТО НЕ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ КУЛИНАРСКИ ВЕШТИНИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 3 јајца * 400гр брашно * 500гр ситно сирење * 1 пециво * 2 лажичиња сол * масло за пржење НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Измешајте го брашното со пецивото. Во садот со брашно ставете ги јајцата, сирењето и солта. Месете го тестото додека сите состојки не се соединат. Извадете го тестото на побрашнета површина, па исечете правоаголници со дебелина околу 0,5см. Пирошките пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни. Не е потребно да отстојат пред пржењето ниту е потребно да се цедат од вишокот на масло.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:31
ПИРОШКИ СО ШУНКА, КАШКАВАЛ И СИРЕЊЕ1 обланда 50 гр. сусам 200 гр. шунка 3 јајца 6 кисели краставички 2 лажици брашно 2 лажци презла 200 гр. кашкавал 200 гр. сирење 150 гр. мајонез Масло за јадење Мелен црн пипер и сол Припрема: Завиткајте ја обландата во мокра кујнска крпа. Ситно исецкајте ја шунката, изрендајте го кашкавалот и сирењето, па додадете 2 лажици од мајонезот, 4 сецкани кисели краставички и промешајте. Обландата исечете ја на три еднакви дела. Филувајте го секој дел и завиткајте го во ролат, а потоа завиткајте ги и краевите. Секоја пирошка извалкајте ја прво во брашно, па во јајца, па на крајот во презла со сусам. Испржете ги пирошките на загреано масло додека не поруменат. Потоа ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија. За тартар сос исрендајте ги киселите краставички, исцедете ги и додадете ги во мајонезот, па наросете црн пипер и промешајте. На чинија за сервирање ставете зелена салата, па наредете ги пирошките и во посебен мал са ставете го тартар сосот. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2016 во 10:06
ПИРОШКИ ГОТОВИ ЗА САМО 15 МИНУТИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 чаши (од 2 дцл) брашно (понекогаш и малку повеќе, зависи од типот на брашното) 2 лажици шеќер 1/5 лажиче сол 2 лажици сончогледово масло 500мл млеко (може да се загрее, а и не мора. Резултатот е ист) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Прв чекор Сите состојки измешајте ги до хомогена смеса. Добиената смеса ставете ја во најлонска кеса и оставете ја во фрижидер 2 часа. Тоа е тоа! Втор чекор По два часа извадете го тестото од фрижидер, валкајте го во брашно и правете пирошки со фил по желба. Пирошките можете да ги пржите на оган во врело масло, а можете и да ги печете во рерна во добро подмачкана тава.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Февруари.2017 во 13:36
Dave’s Kitchen: Пирошки од палачинки
Ништо полесно и повкусно од похувани пирошки.
Потребни состојки:
- Лебни трошки
- Неколку парчиња кашкавал
- Неколку парчиња шунка
- Парчиња моцарела (опционално)
- Палачинки (онолку колку што сакате)
- 500 мл масло за јадење
- Јајце за панирање
Начин на подготовка:
Најпрво направете ги палачинките по вашиот омилен рецепт.
Оставете
да се оладат и врз секоја палачинка нанесете од кашкавалот, шунката и
парчиња моцарела. Завиткајте ги со тоа што ќе ги завиткате и краевите за
да не растече кашкавалот и моцарелата. Вака завитканите палачинки
извалкајте ги во изматено јајце, па потоа од сите страни покријте ги со
лебни трошки, повторно со јајце и на крајот со лебни трошки. Пржете ги
во загреано масло за јадење на средна температура околу 2-3 минути од
двете страни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2017 во 18:10
Лесни и брзи пирошки со готови кориПодгответе лесни, брзи и вкусни пирошки со готови кори. Овој рецепт нема да ви одземе многу време, а резултатот ќе ги задоволи вкусовите на целото семејство. Состојки: пола килограм готови кори 300 грама шунка 300 грама кашкавал 300 грама печурки 200 грама кисела павлака 300 грама газирана вода 100 грама презла 1 јајце Подготовка: -Сите состојки се мешаат добро. -Потоа се редат две кори една врз друга, потоа се нанесува од филот по должина. -Корите се мотат во ролат и се сечат по 30цм должина и се стават во замрзнувач за да замрзнат. -Замрзнатите пирошки се вадат од фрижидер и веднаш се пржат без да се чекаат да одмрзнат. -Прво се потопуват во газирана вода па во јајце потоа во презлата и се пржат во загреано масло на умерена температура само неколку минути. -Кога ќе поруменат од двете страни се сервира. Пријатен апетит.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Мај.2018 во 21:29
Пржени руски пирошки со фил од кромид и компир
Состојки
Тесто
1 јајце
1 шоља (200мл) јогурт
500гр брашно
1/3 мало лажиче сода бикарбона
1/3 мало лажиче сол
50 гр путер или маргарин
Фил
3 средни компири
2 главици кромид
по вкус сол и бибер
4 големи лажици масло
По потреба
масло за пржење
Превкусен рецепт, лесен за подготовка, иако со необично полнење, феноменален вкус. Гостите не можеа да се најадат :)
За овој рецепт заслужен е другар ми Кире од Струмица, тој го најде и го сподели со мене. Кире, ти си на ред да ги приготвиш ;)
Компирите сварете ги, излупете ги и испасирајте ги во пире.
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло додека не зарумени. Соединете ги кромидот и пирето од компир и зачинете по вкус.
Филот е готов.
За тестото во сад измешајте ги сите состојки додека не добиете нелепливо тесто. Додадете брашно ако има потреба.
Рассукајте кора и вадете округлести форми со чаша или од мало делче тесто рассукајте кругче. Во средината на секое кругче ставете од филот, преколпете го кругчето на половина (како панцерота), притиснете ги со вилушка каревите и ставете ги во врело масло за де испржат од двете страни да заруменат.
И пирошките се готови :)
Јас направив неколку форми како што опишав погоре, но направив и неколку завиткани како ролат. Ако ги правите како ролатчиња внимавајте да не се многу мотани за да може да се испржат убаво. Штом се сокрие филот спојте го тестото со прсти и ставете ги да се пржат. Доколку ги правите како ролатчиња прво свиткајте ги од страна каревите, да не истече филот, потоа направете мало ролатче. Вишокот тесто исечете го и вратете го во садот кај другото тесто.
На фотографијата е послужено со ТАРТАР СОС СО БЕЛО ВИНО.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Мај.2018 во 21:31
Пржени пирошки со мелено месо
Состојки
300 гр. кромид, сол, зачини по ваш вкус
600 гр. мелено месо за полнењето
1 јајце
20 гр. свеж квасец
1 лажичка сол
3 чаши брашно
1 чаша од 200 мл. јогурт
1/3 чаша вода
1. Растворете го квасецот во јогуртот и замесете тесто од брашното, солта, јајцето и оставите да стаса.
2. Измесето го меленото месо во кое сте го додале ренданиот кромид, осолете го, зачинето го и поделете го на мали топчиња - ќофтиња.
3. Стасаното тесто поделете го на еднаков број топчиња со еднаква големина колку што имате од месото, со раката сплескајте ја за да добиете коричка округла или со сукалка тоа направете го, ставете на средината едно топче и соберете ги рабовите на коричката околу месото истовремено фалтајки го. На средината ќе ви остане празнина.
Додека целото тоа вие сте го спремале, првите веке се стасани за пржење.
4. Пржете ги на тивок оган во малку поголема количина на зејтин - така што прво ќе ги поставите со отворот надоле, па потоа обрнете ги. Додека се пржат со лажица црпете помалку од зејтинот и ставајте во отворот - ова за да се испржи убаво месото и од внат
Впрочем, погледнете ја постапката на фотографијата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|