IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - cinedays
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

cinedays

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Перун Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2005
Локација: МК
Статус: Офлајн
Поени: 1141
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Перун Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: cinedays
    Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:32

Повеќе од 100 филмови, 10 музички концерти и 5 филмски работилници со над 200 гости, се предвидени за 13-то издание на Фестивалот на европски филм “Синедејс“ кој од 13-ти до 22-ри ноември ќе се одржи во Скопје. 

Во киното Милениум, киното Фросина, џебното кино во МКЦ, Кинотеката на Македонија, но и во просториите на МКЦ и Менада вљубениците во филмската уметност ќе можат да ја видат одличната селекција на филмови од најдобрите европски фестивали како Берлин, Венеција и Кан.

Филмот кој ќе има честа да го отвори 13-то издание на Синедејс е македонскиот филм во режија на Дарко Лунгулов „Споменик на Мајкл Џексон“, а самиот фестивал ќе биде затворен повторно во киното Милениум со Македонската филхармонија и 80-минутен концерт посветен на филмска музика. 

Во останатите филмски денови, фановите ќе имаат можност да ги погледнат одличните Birdman на Алехандро Гонзалес Ињаирити, Map To The Stars на Дејвид Кроненберг, Boyhood на Ричард Линклатер, The Search на Мишел Хазанавичиус, A Most Wanted Man на Антон Корбурјн, Magic In The Moonlight на Вуди Ален, Аdieu Au Labgage на Жан Лук Годард, додека пак Кинотеката на Македонија ќе биде посветена на Бразилската кинематографија, како дел од селекцијата наречена „Земја во фокус“. 

Како екслузивен гостин на Синдејс ќе биде Џорџ Овашвали, победникот на Карлови Вари со своето дело Corn Island.

повеќе информации на http://cinedays.mk/mk



Изменето од Перун - 17.Ноември.2014 во 14:33
Кон врв
bojanbo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojanbo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:58
Го гледав Birdman во саботата и беше одличен! Во план ми се Magic in the moonlight на Вуди Ален, францускиот Adieu au langage и турскиот Winter sleep.

Имате некој друг предлог?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,688 секунди.