Повеќе од 100 филмови, 10 музички концерти и 5 филмски работилници со над 200 гости, се предвидени за 13-то издание на Фестивалот на европски филм “Синедејс“ кој од 13-ти до 22-ри ноември ќе се одржи во Скопје.
Во киното Милениум, киното Фросина, џебното кино во МКЦ, Кинотеката на Македонија, но и во просториите на МКЦ и Менада вљубениците во филмската уметност ќе можат да ја видат одличната селекција на филмови од најдобрите европски фестивали како Берлин, Венеција и Кан.
Филмот кој ќе има честа да го отвори 13-то издание на Синедејс е македонскиот филм во режија на Дарко Лунгулов „Споменик на Мајкл Џексон“, а самиот фестивал ќе биде затворен повторно во киното Милениум со Македонската филхармонија и 80-минутен концерт посветен на филмска музика.
Во останатите филмски денови, фановите ќе имаат можност да ги погледнат одличните Birdman на Алехандро Гонзалес Ињаирити, Map To The Stars на Дејвид Кроненберг, Boyhood на Ричард Линклатер, The Search на Мишел Хазанавичиус, A Most Wanted Man на Антон Корбурјн, Magic In The Moonlight на Вуди Ален, Аdieu Au Labgage на Жан Лук Годард, додека пак Кинотеката на Македонија ќе биде посветена на Бразилската кинематографија, како дел од селекцијата наречена „Земја во фокус“.
Како екслузивен гостин на Синдејс ќе биде Џорџ Овашвали, победникот на Карлови Вари со своето дело Corn Island. повеќе информации на http://cinedays.mk/mk" rel="nofollow - http://cinedays.mk/mk
|