IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Исламска држава - ISIS
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исламска држава - ISIS

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2015 во 09:23
Морничава исповед на секс-робинка на ИСИС

Киднапирана, тепана, продадена и силувана. Ова е животната приказна на младата Јинан која на само 18 години била продадена.

Јинан во 2014 година била во рацете на џихадистите од ИСИС, но после 3 месеци некако успеала да побегне и да ја раскаже својата ужасна приказна како предупредување за сите.

„Нè мачеа во обид да нè преобратат затоа што сме Јазиди. Ако одбиевме, нè тепаа, нè врзуваа надвор под врелото сонце и нè тераа да пиеме вода со мртви глувци во неа. Понекогаш се закануваа и дека ќе нè мачат со струја“, ја започнува Јинан својата ужасна приказна, пишува Business Insider.

"Тие не се луѓе. Единствено за што размислуваат е смртта и убиства. Секогаш земаат дрога и сакаат да им се одмаздат на сите. Тврдат дека еден ден ИСИС ќе владее со цел свет."

Јинан опишува и како била одведена во голема сала во која биле собрани и десетици други девојки. „Борците се движеа околу нас. Цело време се смееја и нè штипеа за задниците“.

„Нè гледаа како стока. Најубавите девојки беа резервирани за шефовите или богатите клиенти. Цената не им претставуваше проблем, сè додека нивните желби беа исполнети.“


Кога Јинан била продадена, нејзините денови биле обележани со посети од мажи во куќата во која била заробена заедно со другите девојки.

Припадниците на ИСИС веруваат дека им е дозволено да силуваат неверници и мислат дека така им помагаат, па така судбината на продадените девојки е преполна со ужаси кои овие мажи ги прават „во име на религијата“.

Замена на пиштол за бринетата девојка 

Борците доаѓале за да се наддаваат за девојките во фоајето каде што трговците имале улога на посредници измеѓу сопствениците на робовите и емирите кои вршеле инспекција на оваа „жива стока“, пишува Јинан во својата книга во која ги открила сите потресни искуства кои ѝ се случиле.

„Ќе го менувам пиштолот за оваа бринета“, понудил еден од трговците за девојката чија цена изнесувала 133 евра.

Убедени дека не го зборува нивниот јазик, двајца сопственици на Јинан отворено зборувале пред неа и една ноќ слушнала разговор кој открил до која мера трговијата со робови се смета како кој било друг бизнис.


„Мажот не може да купи повеќе од три девојки, освен ако не е од Сирија, Турција или заливските држави“, изјавил еден од нив по име Абу Омар.

„Тоа е добро за бизнисот. Саудискиот клиент има и трошоци за храна и и транспорт кои припадникот на ИСИС ги нема. Има значително повисока квота за својата трговија да ја направи профитабилна“, одговорил другиот.

Откако успеала да побегне со помош на украдени клучови, Јинан успеала да стигне до својот сопруг и сега живее во бегалскиот камп во ирачкиот К*рдистан.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2015 во 15:33
Што прават крвниците од ИСИС кога не мачат и не убиваат?

Повеќето медиуми објавуваат сè за џихадистите од Исламската држава, но најчесто за милитантните активности. На малкумина им е познато што прават тие слободното време.

Томас Хегхамер, експерт за екстремистички исламизам одржал предавање на Универзитетот Сент Ендрјус за тоа со што се занимаваат џихадистите кога не убиваат, пишува Business Insider. Тој го проучил животот на ИСИС и неговите машки и женски припадници на социјалните мрежи и многу се изненадил.

Она што го прават џихадистичките заедници и што ги држи заедно дава ново светло на тоа како размислуваат екстремистите и како се однесуваат.

Религиозни пракси 

Кога не се занимаваат со милитантни активности, борците на ИСИС темелно одржуваат ортодоксни пракси – молитви, повикувања, верски перења, рецитирање на К*ранот и слично, вели Хегхамер.

„Не најдов поддршка на тврдењата дека џихадистите се лицемерни опортунисти кои всушност не се грижат за религијата. Некои од нив можеби биле ’непослушни’ пред да се приклучат во ИСИС, но во моментот кога ќе станат нејзин дел, се чини дека се многу фокусирани на сите наведени работи“, рекол тој.


Женските членови на ИСИС се особено активни на социјалните мрежи кои ги користат екстремистите и таму дискутираат за своите активности. Тие патуваат во калифат за да се венчаат со борците и да им раѓаат деца, кои милитантите потоа ги одгледуваат како нова генерација на брутални борци.

Жените зборуваат за животни, готвење, возење, домашни работи и шопинг, наведува Хегхамер.

Треба да се мисли и на пропагандата 

Сепак, ваквите твитови треба да се земат со доза на скептицизам, со оглед на тоа што е позната големата пропаганда со која ИСИС се служи за да привлече нови членови во своите редови, осликувајќи нереалистичка слика за животот во калифат. Меѓутоа, Хегхамер во своето истражување пронашол некои примери на рекреативни активности на екстремистите.

„Зборувам за слушање на исламистички песни, гледање видеа, раскажување приказни, читање поезија, интерпретација на соништата, спортски активности, собири, готвење и слично. Многу внимание му се придава на она што би го нарекол обележување на идентитетот – облекување и уредување, прекари, слогани и одредени манири“, објаснува Хегхамер.


Некои од експертите ја анализирале поезијата на џихадистите 

Ахлам ал-Наср, 20-годишна девојка родена во Сирија, ја заработила титулата поетеса на ИСИС, а позната е по тоа што во своите песни наметнува теми на радикализација, регрутирање на терористи и глорификација на насилството.

Во своите песни, ал-Наср ги слави победите на ИСИС, славејќи ги „лавовите“ и они чија „тешка борба“ донесува „ослободување“ на градовите на Блискиот исток. Исто така пишувала за тешкиот живот среде насилството.

ИСИС се диференцира од останатите терористички групи како Ал Каеда, претставувајќи се како исламистичка утопија која им носи среќа и стабилност на своите членови.


Изменето од Valerija - 23.Октомври.2015 во 15:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 15:18

Путин, онака во фаца:

ISIS financed from 40 countries, including G20 members




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 16:53
Германската RTL со шокантни информации: Терористи на ИСИС во Скопје?

Дописникот на германската телевизија RTL, Антонија Радош, работела на истражување во врска со џихадизмот на Балканот, во коешто, помеѓу останатото, се споменува и вмешаноста на Македонија и Скопје.

Во репортажата е вклучено и интервју со џелат на ИСИС којшто во моментов се крие токму на овие простори. А тоа место може да биде токму Македонија.


Со лице покриено со марама, во сенка, во репортажата на Антонија Радош се појавува и еден џелат на ИСИС, којшто се вратил од бојното поле во Сирија, а којшто во моментов се крие на овие простори, при што не е исклучена можноста за тој да се наоѓа токму во Македонија, токму во овој момент. Неговата изјава е и повеќе од шокантна. 

Џихадистот, којшто се именува во интервјуто како Аднан, вели дека помеѓу останатите активности, и обезглавувал луѓе во името на Исламската држава.


- Убивме две жени и тројца мажи, при што тоа не смеевме да го направиме со застрелување – туку моравме да ги обезглавиме, а тоа требаше да го направиме јавно, со цел сето тоа да го видат и останатите, вели џихадистот, додека во тој момент се прикажуваа снимки токму од Македонија, поточно од строгиот центар на Скопје.


Аднан за себе вели дека бил роден на Балканот, но дека пораснал во Германија каде што живеел со семејството, сè до пред една година, кога решил да замине во Сирија. 

На прашањето зошто решил да замине и да се бори за Исламската држава, тој одговора:


- Затоа што ми беше потребен посебен адреналин, а и заради пари.

На прашањето на новинарката, за колкави суми се работи тој вели: 

- Сумите за обичните борци се движат од 2.000 долари, бидејќи сепак зависи од нивниот придонес, а специјалците добиваат и до 20.000 долари!

Тој го додава и следново:

- Има повик на интернет мрежата, па кој сака, оди. Ако умреш, ќе умреш… Тие за тоа велат дека Алах рекол дека така треба да биде. 

Сепак, Аднан вели дека не верува во тоа, и дека му била доволна само една недела за да сфати дека буквално сè е поинаку од тоа што првично секој борец најверојатно го замислува пред да тргне да се бори за Исламската држава.



Оваа репортажа, и интерјуто со џихадистот, според германската RTL е направено уште во месец септември, но делови од него овојпат се објавени по втор пат, поради изминатите настани во Париз.

Помеѓу останатото, џихадистот Аднан го објаснува и случајот кога македонската полиција, кон почетокот на месец август упадна во џамија во Скопје, поради верувањата дека токму тоа место е еден вид на меѓустаница на европските џихадисти, при што бил уапсен оџата, како симпатизер на Исламската држава. Сепак, тој напоменува дека не биле уапсени сите радикални муслимани. Џихадистот Аднан вели дека уапсениот оџа ги сокривал и обучувал почетниците, коишто пак тајните служби не успеале да ги откријат.


Во репортажата на новинарката Антонија Радош, се пренесува и нејзиното интервју со поранешниот портпарол на Министерството за внатрешни работи, Иво Котески.

Според џихадистот Аднан, Балканот е едноставно совршено место за сокривање бидејќи на ова тло царува корупцијата, при што буквално сè може да се купи за пари, па дури и дозвола за престој. Тој објаснува и зошто досега не заминал повторно во Сирија, како и тоа како гледа на иднината која што ѝ претстои на Европа.

Целосната репортажа, како и интервјуто, на германски јазик, може да го погледнететука.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2015 во 19:19
ogranokot na ISIS za juzna Evropa i Zapaden Balkan vo utresnoto komenike ja prezede odgovornosta za zemjotresot vo Lefkada i rusenjeto na plazite.Ovoj poteg na semoknata ISIS,EU i SAD go okvalifikuvaa kako grub atak vrz turistickiot biznis i vrz prirodata ...voopsto.Rusija pak,zagrizena poradi najavenata surova  zima vo predelot na Sibir i posiroko,za koja ja obvinuvaat isto taka ISIS, ke prezede seopfatni i pozestoki vozdusni napadi vo Sirija i okolinata.
tolku.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 16:27
Страшни пари изгубија оние кој финансираа во исис,а од пласираните информации за уништени рафинерии и цистерни со кој се шверцуваше нафтата, израелците нека си земат повеке вазелин за да не ги боли душата од сексот.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 04:33

KRŠĆANSKI POGLAVAR SIRIJE ‘ZAPALIO’ SVIJET ISTINOM: ‘Zapad je naoružao islamističke skupine, izdali ste nas- vi želite rat!’

U intervju za Le Messager, poglavar Katoličke crkve u Siriji, odnosno sirsko-katolički patrijarh  (Katolici siro-antiohijskog obreda) Ignacij Josip III Younan,  javno je optužio zapadne vlade za prijevaru i  brutalnu izdaju kršćana na Bliskom Istoku, kao i što je javno stao u obranu Assada  rekavši da su svi poglavari kršćanskih Crkava govorili zapadnim vladama da Sirija nije Egipat i Irak i da ne diraju Assada već se obračunaju s teroristima. Međutim ovi su samo odgovorali da Assadova vlast mora pasti i da će pasti za koji mjesec.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 04:40



Изменето од Messenger - 23.Ноември.2015 во 04:41
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Uncle Sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Ноември.2015
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Uncle Sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 10:24
-chudno shto ima lugje na ovoj svet, shto ke poveruvaat na sekakvi gluposti, koj nekoj (navodno) gi kazal.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.