|
Сексапилот е фасада... Убавината е жена! |
Внеси реплика |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Април.2014 во 16:48 |
Кога последен пат сте слушнале како мажот ја опишува жената, зборувајќи не за физичките показатели и без да навлегува во сексуален подтекст? Всушност, кога последен пат сте чуле маж да опишува жена само како убава? Во денешно време листата на “квалитетите”, кои една жена ги поседува, се почесто се сведуваат само и единствено на нејзините физички податоци, кои пак задолжително треба да вклучуваат големи гради, тенка половина, оформен задник, вештачки тен и куп други индикатори кон кои за жал секоја модерна дама се стреми. А што се случува кога навечер остатоците од шминка ќе се спојат со водата и потечат во каналот? Што се случува откако маската ќе падне, а секси долната облека ќе и го отстапи местото на старата пижама? Се поретко жените се облекуваат, за да се чувствуваат добро во својата кожа, туку за да го импресионираат спротивниот пол. Се чувствуваат должни да одговорат на еден вештачки наметнат стандард, бидејќи во спротивно никој нема да ги забележи. Време е мажите, а и жените конечно да ја разберат принципиелната разлика меѓу “сексапил” и “убавина”, да сватат дека дамите се многу повеќе од оформени тела, облечени во модерна облека. Бидејќи убавината не е само секс, туку желба да ја задржиш до себе. Бидејќи… Сексапилот е перцепција .... убавината признание. Сексапилот е опуштена шминка.... убавината е чисто лице. Секасапиолот е емитување...убавината е длабочина. Сексапилот е начин на кој таа звучи.... убавината е начинот на кој таа зборува. Сексапилот е младост... убавината нема возраст. Сексапилот е конвенционален... убавината е уникатна. Сексапилот е секс за една ноќ....убавината е низа на непроспиени ноќи. Сексапилот е како порок... убавината е невина. Сексапилот е СМС... убавината е љубовно писмо. Сексапилот е фасада ----- убавината е жена...!!!
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај мажот најразвиен е осетот за вид и оттука се започнува.
Не дека нема да сватиме дека типката покрај добро газе има и памет ,уникатност,длабочина ама ни треба малце време да ги средиме импресиите зашо тешка забуна ни прави тоа задник,гради,долен веш бр,бррр,брррр и во конфузија ни се чувствата некое време. |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
цело е кога има се
|
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |