Испечати | Затвори го прозорот

Сексапилот е фасада... Убавината е жена!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Секс
Опис на форумот: Неисцрпна, најчитана... најжешка тема...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27113
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 19:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Сексапилот е фасада... Убавината е жена!
Постирано од: zamislena
Наслов: Сексапилот е фасада... Убавината е жена!
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 16:48

 

Кога последен пат сте слушнале како мажот ја опишува жената, зборувајќи не за физичките показатели и без да навлегува во сексуален подтекст? 

Всушност, кога последен пат сте чуле маж да опишува жена само како убава?

Во денешно време листата на “квалитетите”, кои една жена ги поседува, се почесто се сведуваат само и единствено на нејзините физички податоци, кои пак задолжително треба да вклучуваат големи гради, тенка половина, оформен задник, вештачки тен и куп други индикатори кон кои за жал секоја модерна дама се стреми.

А што се случува кога навечер остатоците од шминка ќе се спојат со водата и потечат во каналот?  Што се случува откако маската ќе падне, а секси долната облека ќе и го отстапи местото на старата пижама?

Се поретко жените се облекуваат, за да се чувствуваат добро во својата кожа, туку за да го импресионираат спротивниот пол. Се чувствуваат должни да одговорат на еден вештачки наметнат стандард, бидејќи во спротивно никој нема да ги забележи.

Време е мажите, а и жените конечно да ја разберат принципиелната разлика меѓу “сексапил” и “убавина”, да сватат дека дамите се многу повеќе од оформени тела, облечени во модерна облека.

Бидејќи убавината не е само секс, туку желба да ја задржиш до себе. Бидејќи…

Сексапилот е перцепција ....  убавината признание.

Сексапилот е опуштена шминка.... убавината е чисто лице.

Секасапиолот е емитување...убавината е длабочина.

Сексапилот е начин на кој таа звучи.... убавината е начинот на кој таа зборува.

Сексапилот е младост... убавината нема возраст.

Сексапилот е конвенционален... убавината е уникатна.

Сексапилот е секс за една ноќ....убавината е низа на непроспиени ноќи.

Сексапилот е како порок... убавината е невина.

Сексапилот е СМС... убавината е љубовно писмо.

Сексапилот е фасада -----  убавината е жена...!!!

 




Коментари:
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 17:05
Кај мажот најразвиен е осетот за вид и оттука се започнува.
Не дека нема да сватиме дека типката покрај добро газе има и памет ,уникатност,длабочина ама ни треба малце време да ги средиме импресиите зашо тешка забуна ни прави тоа задник,гради,долен веш бр,бррр,брррр и во конфузија ни се чувствата некое време.


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 08:09
цело е кога има се среќа

-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk