|
Најубавите пештери |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влезете во најголемата и најмистериозната пештера во светотВо Мамутската Пештера човечка прв пат стапнала човечка нога пред 4000 години. Тоа биле километри црна темнина и неистражени премини, целата прошарана со сталактити и сталагмити. Мамутската ПештераМамутската Пештера своето име го добила според нејзината големина, бидејќи не постои поголем пештерски систем во светот. Истражени се над 650 километри од овој пештерски систем. Бескрајна пештераНикој не знае која е точната големина на оваа пештера, бидејќи сѐ уште се истражува. Секој ден се откриваат нови делови. Поголемиот дел од пештерата е формиран од варовник, вид камен кој го има насекаде низ американската држава Кентаки. Првите посетителиАмериканските Индијанци коишто први ја посетиле оваа пештера оставиле сведоштво за нивната посета. Стари факели, школки, црпки и делови од облека датирани во периодот пред 4000-2000 години сѐ уште се зачувани во Мамутската Пештера. Раните водичиПештерата останала невознемирувана со векови, сѐ додека европските доселеници не дознале за оваа огромна подземна мрежа. Еден од првите кои се обиделе да ја мапираат бил Стивен Бишоп, роб и еден од првите пештерски водичи. Тој самиот мапирал извесни делови од оваа пештера, осветлувајќи си го патот со газиена лампа. Неговиот гроб се наоѓа на Гробиштата на Стариот Водич, во близина на влезот на пештерата. Овој цртеж на пештерата бил објавен во 1881 година. Тури низ Мамутската ПештераОколу 16 километри од пештерата се отворени за туристички тури. Теренот не секогаш е лесен. Природните стрмнини го отежнуваат патешествието. Овој цртеж прикажува тура со чамец во 1850 година. Турите со чамци биле забранети во деведесеттите. Под земјатаБил вложен голем напор да се одржи пештерата во нејзината природна состојба и покрај тоа што секоја година неа ја посетуваат 390.000 посетители. Нежните светла ги осветлуваат патеките, но тие не светат цело време. Во еден дел од турата, водичот ги собира сите посетители заедно и потоа светлата се гасат. Тоа е најцрната темнина која би можеле да ја доживеете. Се наоѓате на 91 метар под површината на земјата и нема никакво осветлување околу вас. Потоа водичот ќе запали чкорче за да ве потсети дека не сте сами. Но за неколку мигови ќе се почувствувате како тие први истражувачи кои не можеле да се потпрат на ништо друго освен на треперливите несигурни факели со кои си го осветлувале патот. Одењето внатреПештерата е отворена во текот на целата година бидејќи температурата внатре е секогаш иста. Просечната температура на Мамутската Пештера изнесува помеѓу 12 и 18 степени Целзиусови и во зима и во лето. Легендарна историјаПоради тоа што Мамутската Пештера е огромна, темна и целосно сѐ уште неистражена, за ова место кружат многу легенди. Некогаш таа била користена како живеалиште, како погребно место, па дури и како рудник во кој се ископувала шалитра. За време на прохибицијата, шверцерите на алкохол ги користеле овие пештери за да ги чуваат шишињата на ладовина додека да се испорачаат. Опседнатост со духовиВо 1839 година, пештерата била претворена во еден вид болница за болните од туберкулоза. Чудно е тоа што и покрај ова, туристичките тури во тоа време не биле запрени. Некои посетители налетувале на мртви тела за време на нивните истражувања. Луѓето раскажувале за паранормални активности во и околу пештерата. Слушале фантомски гласови, чудни светла, слушале чекори и доживувале други ужаси. УжасДури и Х.П. Ловкрафт бил инспириран од овие мистериозни пештери, по што ја напишал „Ѕверот во пештерата“. Но, не сите се плашеле од пештерата. На сликата се гледа венчавањето на брачен пар во 1908 година на Невестинскиот Олтар, некогаш многу популарно место за венчавки низ деветнаесеттиот век. Традицијата била запрена во 1941 година. Пештерски војниМамутската Пештера е позната и по Пештерските војни во Кентаки. Со години делови од оваа пештера биле во приватна сопственост. Сопствениците воделе независни тури низ нивниот дел од пештерата и ова создало голема конК*ренција. Еден од нив се обидел да отвори премин со кој ќе се стекнал со предност пред неговиот соперник. Но, завршил така што се заглавил и по неуспешните обиди да го ослободат, тој умрел внатре. Неговото тело не било извадено со години и долго време било изложено за посетителите. Кога Мамутската Пештера била претворена во национален парк во 1941 година, на пештерските војни им дошол крај. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пештерата Сон Дунг, Виетнам |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пештерата Ваитомо, Нов Зеланд |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20 преубави пештери кои го одземаат здивотЗа да се спуштите во огромна природна пештера стара милиони години, потребно е да имате вистински авантуристички дух. Додека ја истражувате нивната внатрешност, очекувате да најдете бледи, слепи суштества, огромни сталактити и сталагмити и темнина. Но овие неверојатни пештери имаат да понудат нешто уште поспецијално на секој кој ќе се осмели да ги истражи нивните длабочини. 1. Пештерата на кристалите (Мексико)Откриена во 2000 година, Пештерата на кристалите е блескав спектакл со кристали стари околу 600 000 години. 2. Пештерата на светулките, Ваитомо, Нов ЗеландФормирана пред повеќе од 30 милиони години, оваа пештера е осветлена од биосветлината на илјадници светулки кои висат на ѕидовите на пештерата. 3. Грото Азура, ИталијаАко патот некогаш ве донесе во Капри, Италија, морате да ја посетите оваа пештера. Некогаш се верувало дека ја населуваат сирени и ѓаволи. Пештерата е позната по својата блескаво сина вода која, штом ќе изгрее сонцето, ја филтрира црвената светлина оставајќи ја само сината што резултира со неверојатен феномен за кој не ви е потребен фотошоп за да се истакне таа убавина. 4. Пештерата на глечерот ВатнајекидлБидејќи се целосно формирани од лед, најдобро време за посета на глечерните пештери се есента и зимата, кога има помала веројатност да ви се урнат врз главата, а и кога глечерите не се движат толку брзо. 5. Пештерата Фраја Након, ТајландВо националниот парк Као Сам Рои Јот е неверојатната пештера Фраја Након со многу интересна историја. Сончевата светлина се пробива низ срушениот таван на структурата, осветлувајќи го павилјонот Куха Карухас, изграден во 1890 за кралот Чулалонгорн. По изградбата била посетувана и од други кралеви кои се потпишувале на нејзините ѕидови. 6. Мермерните пештери, ЧилеАко го посетите езерото Карера во Патагонија, ве очекува прекрасна глетка. Кристално чистата вода обоена во сино од смрзната тиња го акцентира интригантниот природен дизајн на најневеројатната мрежа од пештери во светот. 7. Пештерата кај вулканот Мутновски, РусијаОБликувана од топлите извори и осветлена од таванот, во оваа пештера се прелеваат зелени, виолетови и сини нијанси, правејќи да се чувствувате како да сте влегле во некоја стара руска бајка. 8. Пештерата Донгжонг, КинаСтара илјадници години, оваа инаку вообичаена пештера, служи како училница за 186 ученици и осум учители. Природната структура ја има оваа функција од 1984 и веројатно е едно од најинтересните места во кое секое дете би сакало да ги минува училишните часови. 9. Фингаловата пештера, ШкотскаИако оваа пештера на островот Стафа изгледа како да е внимателно изделката од некој опседнат со шестоаголници, оваа неверојатна геометриска структура е целосно дело на природата. 10. Пештерата на трските, КинаИако осветлувањето во оваа пештера е вештачко, сепак оваа пештера е популарна туристичка дестинација уште од 792 година, за што сведочат безбројните потписи по нејзините ѕидови.Своето име го добила по трските кои растат пред нејзиниот влез. 11. Елисоновата пештера, САДСе наоѓа во североисточна Џорџија и е на длабочина од 180 метри. Се вели дека ако пуштите камен од нејзиниот влез, потребни му се осум секунди за да стигне до дното. 12. Кјаут Сае, МјанмарСпоред легендите, оваа пештера се користела како засолниште на локалните жители кога бегале од нападите на Монголите во 13. век. Сега пештерата служи како место за медитација на будистите од храмот кој е изграден веднаш до неа. 13. Пештерата Сон Дунг, ВиетнамНајголемата пештера во светот се наоѓа во провинцијата Кванг Бин. За првпат откриена во 1991, пештерата е широка 213 метри, висока 150 метри и е долга речиси 10 километри. 14. Ледената пештера Ајсризенвелт, АвстријаНајголемите ледени пештери во светот биле откриени во доцниот 19 век. Целиот лавиринт се протега 40 километри, и како и секоја ледена пештера, целата внатрешност и надворешност постојано се менува поради топењето на ледот и повторното заледување. 15. Ординскаја, РусијаОрдинскаја се наоѓа во Уралскиот регион. Се состои од подводни простории кои се протегаат преку 4 километри. 16. Пештерите Карисбад, САДЛоцирани во Ново Мексико,овие пештери биле формирани во периодот пред 4-6 милиони години. 17. Пештерата Бартон Крик, БелизеНа прв поглед оваа пештера не изгледа како којзнае што особено. Сѐ додека не ги здогледате черепите. Пештерата била употребувана од Маите како место за погреби и верски обреди. 18. Јеита Грото, ЛибанНа влезот на пештерата ќе ве заглуши силниот звук на водата, кој одекнува во пештерата, по што пештерата го добила и своето име. Како што навлегувате, бучавата е заменета од длабока тишина и неверојатна убавина. 19. Пештерите Канго, Јужна АфрикаОва е серија од пештери со драматични фигури од варовник. Артефактите покажуваат дека во Каменото доба пештерите служеле како дом за луѓето кои тогаш го населувале овој регион. 20. Авен Арманд, ФранцијаАко се осмелувате да навлезете 100 метри под земја, стравот ќе ви се исплати, бидејќи во пештерата се наоѓаат 400 уникатни видови на сталагмити, вклучувајќи го и најголемиот сталагмит во светот, висок 30 метри. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пештерата Мелисани, Грција
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слики од кои застанува здивот: Најголемата пештера во светот е апсолутно спектакуларна Фармерот Хо Кан во 1991 година шетал по
виетнамскиот национален парк кога земјата под неговите нозе почнала да
се одделува и да се распаѓа. Сосема случајно, ја открил најголемата
пештера во светот.
Иако постојат одредени делови кои се` уште не се истражени, се
верува дека оваа пештера е долга најмалку 8 километри, широка 500 метри,
а сводовите досегаат до 600 метри височина.
Како што можете да забележите од фотографиите, оваа пештера воопшто не наликува на било која досега откриена. Влезот во оваа природна убавина е најден во 1991 година, а тогаш бил премногу стрмен за да може нормално да се влезе во пештерата. Палеонтолозите дури во 2009 година се осмелиле да влезат во неа. Глетката била магична. Пештерата ја нарекле Ханг Сон Донг, а имала и сопствена прашума, река, па дури и микроклима. Поради целосно изучување на ова прекрасно место, истражувачите се искачиле на ѕидовите високи и до 200 метри. Тоа бил стресен и опасен потфат, но погледот кој тогаш се протегнал пред нив бил апсолутно вреден за напорот. Богатството на флора и фауна во ова магично место допрва чека да биде откриено. Во пештерата се сместило езеро кое создава фасцинантна рефлекција, при што не треба да ги измами очите самата глетка кон површината бидејќи водата достигнува до длабочина од најмалку 300 метри. Пештерата е позната и по најголемата колекција на пештерски бисери. Сферичните формации на калциумови соли се прекрасни, а по својата убавина се издвојуваат од сите слични прекрасни феномени на Земјата. Истражувањата не се воопшто едноставни. Потребно е да патувате низ џунгла цел еден ден за да стигнете до нејзиното предворје. Потоа следуваат напорни физички предизвици кои го чекаат секој авантурист. Патувањето низ оваа магична пештера чини 3000 долари. Годишно ја посетуваат околу 500 туристи, а турите се работа на престиж бидејќи Виетнам има сериозен пристап во зачувувањето на своето природно национално богатство. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мермерните пештери, Езерото Генерал Карера, Чиле |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светлечките пештери, Ваитомо, Нов Зеланд |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пештерите со мраз на глечерот Менденхол, Џуно, Алјаска |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕШТЕРАТА СО ТРИ МОСТА ВО ЛИБАН КОЈА СЕ ПРЕТВОРА ВО МАГИЧЕН ВОДОПАД
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моќта на природата: Мермерните пештери во Чиле низ фотографии0 Природата навистина е највештиот уметник, а во тоа ќе ве уверат фотографиите од „мермерните пештери“ во Чиле. Ова живописно место е лоцирано на езерото Генерал Карера, кое се протега на границата помеѓу Чиле и Аргентина, и е една од најголемите туристички атракции. Пештерите восхитуваат во секој поглед, а се пристапни само со брод или кајак. Најблискиот град е оддалечен на пет часа возење. Релјефната внатрешност се формирала од ударите на брановите во текот на илјадници години, а одушевува со магични нијанси на окер, жолта, виолетова и зелена боја, кои се менуваат во зависност од нивото на водата и сезоната. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |