IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Мерилин Монро
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мерилин Монро

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 11:13

„Бев грешка. Мајка ми не сакала дури ниту да ме роди“: Зад насмевката на славната Мерилин Монро се криела тажна животна приказна


Таа беше олицетворение на гламурот и сексапилот и речиси немаше многу личности кои што не сакала да ѝ се приближат.

Американската филмска актерка Мерилин Монро, почина во 1962-та година. Нејзиното тело било пронајдено во стан во Лос Анџелес, а како причина за смртта била наведена преголема доза лекови кои што наводно актерката ги испила.

„Бев грешка. Мајка ми не сакала да ме роди. Мислам дека никогаш не ме ни сакала“, изјавила актерката во некое интервју.

Овие детали од животот на Мерилин Монро ѝ се помалку познати на јавноста:

1. Фустанот кој што го носела додека на својствен начин му го честитала 45-от роденден на американскиот претседател Џон Кенеди пеејќи му ја песната „Happy Birthday Mr. President“, чинел дури 1.267.500 долари. Ниту еден друг фустан дотогаш не бил купен за толку пари.

2. Иако била модна икона, најубаво се чувствувала кога на себе немала ниту едно парче облека. Обожувала да биде гола и константно пред шминкерите шетала без облека.

3. Многу сакала да готви, а луѓето кои што ја познавале зборувале дека е одлична во тоа.

4. Иако влегла во историјата поради реченицата „Дијамантите на жените им се најдобри пријатели“, самата таа не поседувала многу скапоцен накит.

5. Во брак со легендарниот бејзбол играч Џон Димаци била само осум месеци. Капката која што ја прелила чашата и која што наводно ставила точка на нивниот брак била сцената од филмот „Седум години верност“ во која што актерката во бел фустан стои над отворот во подземната железница.

6. Мерилин Монро очајнички сакала да стане мајка, но за жал не ја остварила таа улога во својот живот. Таа во текот на животот имала дури три спонтани абортуси. 



Изменето од Valerija - 06.Декември.2020 во 11:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.