IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Што се  може да го ’блокира’ нашиот мозок
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок
    Испратена: 30.Мај.2012 во 11:02
Една статија,  прочитана сајтот на Таратур  ми даде идеја за една ваква тема
на форумов Идивиди  во подфорумот  Филозофија и психологија
 
Иако нашиот мозок е сосема добар во распоредување и обработка на податоците од светот кој не опкружува, постојат целосно банални нешта кои можат да го ’блокираат’.

Во време кога сите сме присилени да работиме неколку работи одеднаш, кога времето е она кое најмногу ни недостасува, нашиот мозок неочекувано лесно се ’блокира’ во некои наизглед сосема неважни ситуации и работи, па тогаш забораваме што треба да направиме, што сме почнале да правиме, па дури и она што сме го чуле само една минута претходно, и него го забораваме.

Според тврдењата на експертите, нас најмногу не збунува вратата, бидејќи кога со некоја намера влегуваме во одредена просторија, често се случува да го изгубиме памтењето и да заборавиме за што сме влегле во истата. Ова се случува поради тоа што во моментот на поминување низ вратата се прекинува една серија од мисли, а започнува друга, често налик на менување на сцените во филмовите.

Понатаму, исто така, нас често не збунува и Месечината која, кога ја гледаме, ни изгледа поголема колку што е пониско на небото, наспроти тоа што реално, нема никаква разлика во нејзината големина. Оваа појава се нарекува ’Месечева илузија’, а научниците сметаат дека, кога гледаме во Месечината, целосно го губиме текот на мислите бидејќи објектите кои се поблиску до хоризонтот ни изгледаат поголеми отколку што тие навистина се.

Звукот на алармот, шкрипењето на кочниците и ѕвонењето на мобилниот телефон, исто така, можат да ни го одземат вниманието од она што го правиме во тој момент, бидејќи нашиот мозок еволуциски е целосно неприспособен на таквите звуци. Природните звуци со тек на време исчезнуваат, па затоа и не ги слушаме, додека оние ненадејните се целосен шок за нашиот систем. Така, ако во мислите нагло ве прекине ненадеен звук, голема е веројатноста дека тоа ќе ви ги ’разбрка’ мислите и целосно ќе ве збуни.

А како што не сме предодредени да слушаме силни и иритирачки звуци, не сме предодредени и да гледаме во фотографии. И покрај тоа што мнозинството го ’сфаќа’ принципот на фотографијата, нашите мозоци сè уште не успеваат во сепарацијата на реалните луѓе од предметите.


Изменето од Klara-D - 30.Мај.2012 во 11:04
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 12:07
,,,,,,tekot na mislite ,,,,nikogash ne se ,,,blokira ,,,mozhat da bidat samo preusmereni ,,,i vo daden potreben moment ,,da se vratat nazad ,,,se zavisi od toa kolku ,,,mislata e potrebna ,, i jaka ,,za izvrshuvanje na odredena zadacha,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 19:03
Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок ?

Празното интелектуализирање.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2012 во 22:46
Мене и онака ми е изблокиран... па едно дваесет и три години голема насмевка
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 00:22
Можеби ова ќе го одблокира:

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 00:24
Хехехехе, па ова е ептен лесно да се направи... Ако ништо друго, барем на ова не ми се изблокира мозокот... плазење Чавките кога ми го пиеле остаиле троа нешто да зуи во главава 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 00:31
citaj na glas i misli na toa sto go citasнамигнување
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 00:35
Да не го будам цимерот сега плазење
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 18:36
секој мозок има свој лимит, кога ќе се надмине тој лимит, настанува шокот
прекинување на мислите се должи на самиодбранбениот дел од нервниот систем, за кој постојат звучни, светлински и допирни дразби... многу нормално е работата на мозокот автоматски да се преусмерува кон нешто што претставува потенцијална опасност
ама мислите не се изгубени, како што кажа pajser погоре, само се спречуваат и се складираат во меморија, додека не им дојде моментот пак да се вратат во работа
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2012 во 21:00
Кажаното стои... мислите исто така се прекинуваат и кога умот не може да најде врска меѓу перцепираното и оноа што стои како веќе обработени податоци од минатото. Но сето тоа се случува инволонтарно.
 
Треба да се посочи дека застанувањето на мислите може да биде и волонтарно, нешто што се практикува во Будимот, Зенот, Yогата и со некои други далекуисточни техники. Оноа што можеби и денес науката го претпоставува како невозможно (на пример волонтарно менување на чукањето на срцето), многу одамна се постигнува и негува со медитација и посебни вежби.
 
Инаку за застанување на мислите... тоа треба да се доживее за да се вреднува. Ако човек сака да биде потполно во СЕГА и да ја осознае ВИСТИНАТА за збиднувањата во МОМЕНТОВ кој единствено егзистира, треба да ги сопре мислите... тоа значи да се збогува со минатото и со сите атачменти, со сето оноа што значи внесување во илузијата (мајата) на наш*те конструкции од материјалната експресија на Светов.
 
Знам дека звучи малу езотерично и необично... ама тоа e TOA.
 
 


Изменето од Messenger - 28.Септември.2012 во 21:41
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2012 во 07:49





Изменето од Messenger - 29.Септември.2012 во 08:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.