Испечати | Затвори го прозорот

Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25824
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 23:01
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок
Постирано од: Klara-D
Наслов: Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок
Датум на внесување: 30.Мај.2012 во 11:02
Една статија,  прочитана сајтот на Таратур  ми даде идеја за една ваква тема
на форумов Идивиди  во подфорумот  Филозофија и психологија
 
Иако нашиот мозок е сосема добар во распоредување и обработка на податоците од светот кој не опкружува, постојат целосно банални нешта кои можат да го ’блокираат’.

Во време кога сите сме присилени да работиме неколку работи одеднаш, кога времето е она кое најмногу ни недостасува, нашиот мозок неочекувано лесно се ’блокира’ во некои наизглед сосема неважни ситуации и работи, па тогаш забораваме што треба да направиме, што сме почнале да правиме, па дури и она што сме го чуле само една минута претходно, и него го забораваме.

Според тврдењата на експертите, нас најмногу не збунува вратата, бидејќи кога со некоја намера влегуваме во одредена просторија, често се случува да го изгубиме памтењето и да заборавиме за што сме влегле во истата. Ова се случува поради тоа што во моментот на поминување низ вратата се прекинува една серија од мисли, а започнува друга, често налик на менување на сцените во филмовите.

Понатаму, исто така, нас често не збунува и Месечината која, кога ја гледаме, ни изгледа поголема колку што е пониско на небото, наспроти тоа што реално, нема никаква разлика во нејзината големина. Оваа појава се нарекува ’Месечева илузија’, а научниците сметаат дека, кога гледаме во Месечината, целосно го губиме текот на мислите бидејќи објектите кои се поблиску до хоризонтот ни изгледаат поголеми отколку што тие навистина се.

Звукот на алармот, шкрипењето на кочниците и ѕвонењето на мобилниот телефон, исто така, можат да ни го одземат вниманието од она што го правиме во тој момент, бидејќи нашиот мозок еволуциски е целосно неприспособен на таквите звуци. Природните звуци со тек на време исчезнуваат, па затоа и не ги слушаме, додека оние ненадејните се целосен шок за нашиот систем. Така, ако во мислите нагло ве прекине ненадеен звук, голема е веројатноста дека тоа ќе ви ги ’разбрка’ мислите и целосно ќе ве збуни.

А како што не сме предодредени да слушаме силни и иритирачки звуци, не сме предодредени и да гледаме во фотографии. И покрај тоа што мнозинството го ’сфаќа’ принципот на фотографијата, нашите мозоци сè уште не успеваат во сепарацијата на реалните луѓе од предметите.



Коментари:
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 30.Мај.2012 во 12:07
,,,,,,tekot na mislite ,,,,nikogash ne se ,,,blokira ,,,mozhat da bidat samo preusmereni ,,,i vo daden potreben moment ,,da se vratat nazad ,,,se zavisi od toa kolku ,,,mislata e potrebna ,, i jaka ,,za izvrshuvanje na odredena zadacha,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 30.Мај.2012 во 19:03
Што се може да го ’блокира’ нашиот мозок ?

Празното интелектуализирање.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 30.Мај.2012 во 22:46
Мене и онака ми е изблокиран... па едно дваесет и три години голема насмевка

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Септември.2012 во 00:22
Можеби ова ќе го одблокира:

http://postimage.org/" rel="nofollow">
http://postimage.org/" rel="nofollow -


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 28.Септември.2012 во 00:24
Хехехехе, па ова е ептен лесно да се направи... Ако ништо друго, барем на ова не ми се изблокира мозокот... плазење Чавките кога ми го пиеле остаиле троа нешто да зуи во главава 

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 28.Септември.2012 во 00:31
citaj na glas i misli na toa sto go citasнамигнување

-------------
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!


Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 28.Септември.2012 во 00:35
Да не го будам цимерот сега плазење

-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 28.Септември.2012 во 18:36
секој мозок има свој лимит, кога ќе се надмине тој лимит, настанува шокот
прекинување на мислите се должи на самиодбранбениот дел од нервниот систем, за кој постојат звучни, светлински и допирни дразби... многу нормално е работата на мозокот автоматски да се преусмерува кон нешто што претставува потенцијална опасност
ама мислите не се изгубени, како што кажа pajser погоре, само се спречуваат и се складираат во меморија, додека не им дојде моментот пак да се вратат во работа


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Септември.2012 во 21:00
Кажаното стои... мислите исто така се прекинуваат и кога умот не може да најде врска меѓу перцепираното и оноа што стои како веќе обработени податоци од минатото. Но сето тоа се случува инволонтарно.
 
Треба да се посочи дека застанувањето на мислите може да биде и волонтарно, нешто што се практикува во Будимот, Зенот, Yогата и со некои други далекуисточни техники. Оноа што можеби и денес науката го претпоставува како невозможно (на пример волонтарно менување на чукањето на срцето), многу одамна се постигнува и негува со медитација и посебни вежби.
 
Инаку за застанување на мислите... тоа треба да се доживее за да се вреднува. Ако човек сака да биде потполно во СЕГА и да ја осознае ВИСТИНАТА за збиднувањата во МОМЕНТОВ кој единствено егзистира, треба да ги сопре мислите... тоа значи да се збогува со минатото и со сите атачменти, со сето оноа што значи внесување во илузијата (мајата) на наш*те конструкции од материјалната експресија на Светов.
 
Знам дека звучи малу езотерично и необично... ама тоа e TOA.
 
 


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Септември.2012 во 07:49





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk