IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - По кои критериуми се утврдени деновите за постење?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

По кои критериуми се утврдени деновите за постење?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 00:12
Originally posted by gospel gospel напиша:


Зарем Иринеј иако Бог го искористил како алатка за канонизирање на Библијата, неможел да погреши во своите размислувања, дела, одлуки и т.н. ????

Рано-Христијанската историја е преполна со личности кои биле водени од Св. дух но во даден момент од својот живот погрешиле или донеле погрешни одлуки, дела и погрешно размислувале.

Не се работи кај Иринеј за моментална и краткотрајна грешка.
Туку тој пишувал цели книги и тоа баш за побожноста.
Сочуваните дела на св. Иринеј Лионски се: Разобличување и побивање на лажното знаење (грч. Ελεγχος και ανατροπη τηςψεθδονομον γνωσεως или скратено, Против ересите), Изложување на апостолското учење (грч. Επιδειξιξι του αποστολκου κηρυλματος), како и бројни фрагменти. Познато е дека го напишал и: За знаењето (Περι εποσμημης), За монархијата или за тоа дека Бог не е творец на злото, За огдоади (За осмината) и За расколот.
Сето ова напишано од човек кој е воден од Св. Дух ако би било грешка,а само донесувањето на канонот за новиот завет на право место тогаш според тебе би било дека секој грешник е поголем и попобожен и од Св.Иринеј.
А сите претходни престапи на апостолите што ги наброја се краткотрајни и покаени и исправени повторно по прав пат од самите нив како поука за нас.Кај Иринеј тоа не гледаме туку напротив ни оставил дела за да учиме од тие дела.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 15:22
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:


Сето ова напишано од човек кој е воден од Св. Дух ако би било грешка,а само донесувањето на канонот за новиот завет на право место тогаш според тебе би било дека секој грешник е поголем и попобожен и од Св.Иринеј.

Кај Иринеј тоа не гледаме туку напротив ни оставил дела за да учиме од тие дела.



Ирениј бил воден од Светиот Дух и оставил дела за да учиме од нив ?

Овој човек е еден од најсуетните перјаници на институцијализираното Христијанство, женомрзец и фалсификатор кој успеа со својот авторитет да протури лажни Павлови посланија.

За жал, сега се учи од неговите пишувања...

Светот ќе беше подобар и Царството Божје можеби веќе ќе се распостелаше по оваа планета ако не беа  оние како него кои после Исус "водени од Светиот Дух" го изматија бистриот ивор.

Но да не одам надвор од темата ќе застанам тука... се јавив само затоа што не можев да минам преку возвеличувањето на неговата "света" личност.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 00:46

Здраво драг пријателе.
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:


Сето ова напишано од човек кој е воден од Св. Дух ако би било грешка,а само донесувањето на канонот за новиот завет на право место тогаш според тебе би било дека секој грешник е поголем и попобожен и од Св.Иринеј.

Кај Иринеј тоа не гледаме туку напротив ни оставил дела за да учиме од тие дела.



Ирениј бил воден од Светиот Дух и оставил дела за да учиме од нив ?

Овој човек е еден од најсуетните перјаници на институцијализираното Христијанство, женомрзец и фалсификатор кој успеа со својот авторитет да протури лажни Павлови посланија.

За жал, сега се учи од неговите пишувања...

Институционализирањето на христијанството нема улога со Иринеј.Онака како се практикувало христијанството пред Иринеј така се продолжува да се практикува и после него.Токму затоа и тој го спомнува преемството затоа што тоа го имало пред него но продолжува и после него.Но ако мислиш дека од цар Константин произлегува институционизирањето тогаш исто така се лажеш.Погледни ќе видиш дека уште во стариот завет ја има институционизираноста на верата.Уште тогаш законите мојсееви се практикувале на државно ниво,но и самите свештеници ја имале улогата на судии во државата.Така да Константин само го прекинал гонењето на црквите со закон но и пред да го прекине гонењето и да ја направи рамноправна вера со останатите пагански ,уште во првиот и вториот век кога имало години кога и не се гонело христијанството имало цркви кои си работеле во самата држава и општество исто онака како и кога доаѓа Константин.Заслугата на Иринеј во врска со светите писма на новиот завет е ислкучиво одвојување на самите нив од лажните.Значи тој не ги пишува или нешто додава туку само ги одделува вистинските од лажните.Ако мислиш дека можело и други писма да се вметнат од апокрифните како вистинити ,а Иринеј тоа не направил тогаш се лажеш.Затоа што таквите кога би ги споредувал со стариот завет воопшто не си одговараат.А и доволно се познати учењата на првите еретици.Како што се Аријанството,Хомоиосијанци, евномијанците како и многу други за да согледаш дека немаат логика.
Апостоловите посланија се прифатени не дека Иринеј ги наметна иако и пред него постоеле но се прифатени затоа што се во склад со учењето на евангелијата и стариот завет.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Светот ќе беше подобар и Царството Божје можеби веќе ќе се распостелаше по оваа планета ако не беа  оние како него кои после Исус "водени од Светиот Дух" го изматија бистриот ивор.

Христијаните не го чекаат царството божјо на земјата туку го имаат впредвид небесното царство божјо.Да,треба да се грижиме и за земното и додека сме на земјата да направиме да живееме и ние и нашите поколенија убаво но да го имаме впредвид и небесното.Но не да се нуди земното под услов да се откажеме од небесното.
Инаку има многу примери од библијата почнувајки од Авраам,Мојсеј итн кои го имале впредвид она кое го говорам.А твојата грешка ја има како добар пример и со настанот кога Апостолите христови се приближувале кон Ерусалим мислејќи дека божјото царство ќе се рапостели на земјата.
Светот според тебе без Бога напредна.Но според мене токму заради молитвите кон него напредна.Колкумина има кој пред тргнување на работа се молат за успех во работата и професијата.Но по се изгледа откако ќе го постигнеме успехот сакаме да го секуларизираме тоа.

И за крај ќе го придадам мислењето на оние кои мислат дека Христос дошол на земјата но не ја завршил својата мисија за мир,затоа што сега имало дури и повеќе војни и поопасни од минатото...
Кога би ги погледнале сите пророштва и описите за крајот на светот кои и самиот тој ги говори и она што го рече дека не дојдов да донесам мир туку меч се би било јасно...


[/QUOTE]
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 01:11
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:



Институционализирањето на христијанството нема улога со Иринеј.Онака како се практикувало христијанството пред Иринеј така се продолжува да се практикува и после него.Токму затоа и тој го спомнува преемството затоа што тоа го имало пред него но продолжува и после него...  Заслугата на Иринеј во врска со светите писма на новиот завет е ислкучиво одвојување на самите нив од лажните.Значи тој не ги пишува или нешто додава туку само ги одделува вистинските од лажните.


Според напишаново заклучувам дека не си вистински запознаен со работата на Ирениј и неговите подметнувања на фалсифицирани писанија кои за жал денес стојат како недделво ткиво на Новиот Завет. тага

Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:


Христијаните не го чекаат царството божјо на земјата туку го имаат впредвид небесното царство божјо.


Кажаново е последица од погрешното толкување на Исусово учење, оноа што велам дека е искровоколчено со делувањето на луѓе како Ирениј.

Зошто ?

21 "Затоа што Царството Божјо е во вас внатре!"

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава  17


Така вели Исус, а тој вели уште и ова:

9 Mолете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име;

10 да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата"

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  6






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 01:35
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Кажаново е последица од погрешното толкување на Исусово учење, оноа што велам дека е искровоколчено со делувањето на луѓе како Ирениј.

Зошто ?

21 "Затоа што Царството Божјо е во вас внатре!"
<h1>ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава  17</h1>
Така вели Исус, а тој вели уште и ова:

9 Mолете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име;

10 да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата"

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  6





Пријателе Messenger,вака извадени од контекст може да се сватат погрешно,но да почнеме со ред.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
10 да дојде царството Твое
;да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
11 лебот наШ насушен дај ни го денес;
12 и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници;
13 и не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!
Самиот Христос е Цар и под царство не се подразбира само владини објекти,згради,патишта итн.Туку под царство се подразбира Царот Христа со неговите ангели,но исто така и самите земни верници како дел од тоа царство.Така да царството е царот и заедницата,затоа и вели за да бидеме сите едно како што е Он со Отецот.
Но исто кажал “Царството Божјо нема да дојде забележливо,
21 ниту ќе кажат: ‘Еве, овде е’ или: ‘Ене, онде е’.
А пак тоа важи за оние кои мислат дека сега веќе го нема царството божјо на земјата.Но за верниците важи токму ова :
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


21 "Затоа што Царството Божјо е во вас внатре!"
<h1>ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава  17
Токму оваа област,односно за срцето и умот зборувале совршените христијани,а посебно за оваа област на срцето многу добро ја обработуваат св.Григориј Синајски и Григориј Палама.За жал немаш можност да се запознаеш преку интернет во врска со учењето исихастичко поподробно.Токму затоа и му препорачав на предходниот соговорник Gospel дека нетреба да се занемаруваат поуките на совршените.
"Очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре,за да бидат чисти и однадвор "
"Она што излегува од човекот,тоа го осквернува човекот.Зшто одвнатре,од СРЦЕТО човечко,излегуваат лоши помисли,прелубодејство,блудства,убиства,крашби,лакомства,лукавства,пакости,злоби,богохулство...Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот"
"Јас пак ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба,веќе извршил прелуба со неа во СРЦЕТО свое"
"блажени се чистите по СРЦЕ,оти тие ќе го видат Бог"
"А кога седеше со нив на трпеза ,зеде леб,го благослови,го прекрши и им подаде;тогаш им се творија очите и тие го познаа;но он стана невидлив за нив.И си рекоа еден на друг:"Зар не гореа СРЦАТА наши кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?"
"Ги ослепи очите нивни,ги скамени СРЦАТА нивни,за да негледаат со очите и со СРЦЕТО да не разбираат,и да не се обрнат за да ги излекувам."
""Исус одговори и му рече:"Ако некој Ме љуби,ќе го пази словото Мое;и Мојот Отец ќе го возљуби,и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме"""
"Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете...Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној кој ме пратил и да го извршувам Неговото дело."


Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;да дојде царството Твое;
"Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња и ќе го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци ,со голема слава и сила;
и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас,и ќе ги соберат неговите избраници од четирите ветра,од едниот до другиот крај на небесата."
[/QUOTE]
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
"Слава на Бога во висините,а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!"

Токму се ова што е изложено се слага со учењето во на св.Апост.Павле и со учењата од евангелијата и стариот завет
Но уште повеќе ќе се увериш во вистинитоста на Павловото учење кога не само од аспект на царство божјо го споредуваш неговото учење со учењето од евангелијата и стариот завет,туку еве земи пример од аспект за воскресението што се зборува.Ќе видиш дека и она учење за воскресението во павловите книги се слага со сите други свети книги па дури и со пророкувањето на пророците за воскресението Христово во стариот завет .
Или пак и тоа ако те буни тогаш и од сосема друг аспект на гледиште можеш да го видиш истото учење што го има Павле со другите писма,како на пример она што се зборува за Ново Небо и Нова Земја,па дури за тоа не само Павле што зборува туку и пророците од стариот завет зборуваат.
Евангелие Матеј 24-35:"Небото и Земјата ќе преминат,но зборовите мои нема да преминат"
Исаија 65-17:"Оти ете,јас создавам ново Небо и Нова Земја,а поранешните нема повеќе да се спомнуваат,ниту на ум ќе доаѓаат."
Второ послание Петар 3-13:"Но ние,според Неговото ветување,очекуваме ново Небо и нова Земја,на кои ќе се настани правда."
Откровение 21-1:И видов ново Небо и нова Земја,зашто поранешната земја помина,и морето го немаше веќе."


Според се ова кажано нема основ да се тврди дека се мислело на земно царство,а само павловите книги демек зборуваат за небесно,кога гледаме дека дури и Исаија зборува за ново небо и нова земја.
И плус прашањето е како знаеле во тие времиња дека има и други земји,односно планети,а не само оваа во која живееме?
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 02:37
ОК.

Твојот збор нека биде последен.
 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.