|
Рузвелт ја прогласил Бугарија за окупатор на Макед |
Внеси реплика |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Јули.2011 во 01:00 |
АМЕРИКАНСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Рузвелт ја прогласил Бугарија за окупатор на Македонија
Во третиот документ поврзан со Македонија, заведен под шифра ‘PWC-219’ - Европските гранични проблеми, Грчката Источна Македонија и Западна Тракија, се наведува: - Оваа област беше окупирана од страна на Бугарија во 1941 година. Грчката западна Македонија, во која некои бугарски трупи беа стационирани, но која Бугарија не ја анектира, може исто така да биде барана од Бугарија. Околу 80.000 македонски Словени ја прават основата за можно бугарско барање. Западна Тракија беше стекната од Бугарија во 1913 година и окупирана од сојузничките сили од 1918 до 1923 година, кога беше отстапена на Грција. Грчката Македонија беше стекната од страна на Грција од Турција во 1913 година! Сепак, шлагвортот доаѓа од петтиот документ, под наслов „Југословенска Македонија“, каде што се објаснуваат и некои историски оспорувани факти, а кои американските емисари ги потенцираат. - Оваа територија беше изгубена од Турција во Првата балканска војна од 1912 до 1913 година (Лондонскиот договор, 30 мај, 1913 година). И покрај српско-бугарскиот договор од 13 март 1912 година, с` освен Струмица беше земено од Србија и отстапено од Бугарија на Југославија со Нејскиот договор на 27 ноември 1919 година. По поразот на Југославија во 1941 година, заедно со другите југословенски територии на север, цела југословенска Македонија беше окупирана и анектирана од Бугарија. Областа има површина од приближно 8,366 квадратни милји и има популација од околу ??? (н.з. не може да се види бројката) жители, од кои приближно две третини се македонски Словени, за кои Србија тврди дека се Срби, а Бугарија дека се Бугари! - потенцира американскиот дипломат во депешата до Белата куќа. Дали е потребен дополнителен коментар? п.с. Знам дека Каснаковски може да ме прочита, па во оваа прилика го поздравувам со оваа статија. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлична статија!
Постапките на самите Американци во Втората Светска војна истотака говорат во прилог на она што го сметал самиот Рузвелт. Имам само една забелешка, а тоа е дека сојузниците сакале слободна, а никако не сакале независна македонска држава.Сојузниците инсистирале да се создаде македонска држава во рамките на СФРЈ, но никако истата да ги опфаќа природните граници на Македонија. За тоа говори и овој документ: A истотака и овој линк. Сталин инсистирал да се создаде независна македонска држава, но дури по резолуцијата на Информбирото и разидувањето со Југославија. Таква Македонија имала за цел да послужи во привлекувањето на Југославија кон источниот блок. Се надевам дека ќе може да ги видиме и оригиналните документи од архивата на Рузвелт како прилог на оваа статија. Изменето од Македон - 19.Јули.2011 во 14:14 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Proba.
Pozdrav do Mungos |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Статијата со оригиналните документи.
Прочитав некаде дека ги немало документите ! Па неверници ете ви ги документите, и сега одете да плачите кај американците затоа што дозволија да се објават овие документи. Изменето од mungos80 - 21.Јули.2011 во 17:39 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |