Испечати | Затвори го прозорот

Рузвелт ја прогласил Бугарија за окупатор на Макед

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24720
Датум на принтање: 15.Мај.2024 во 04:00
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Рузвелт ја прогласил Бугарија за окупатор на Макед
Постирано од: mungos80
Наслов: Рузвелт ја прогласил Бугарија за окупатор на Макед
Датум на внесување: 18.Јули.2011 во 01:00
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=445D5418B103F04C84900AC2155CAF1F - АМЕРИКАНСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА    Рузвелт ја прогласил Бугарија за окупатор на Македонија

Во третиот документ поврзан со Македонија, заведен под шифра ‘PWC-219’ - Европските гранични проблеми, Грчката Источна Македонија и Западна Тракија, се наведува:
- Оваа област беше окупирана од страна на Бугарија во 1941 година. Грчката западна Македонија, во која некои бугарски трупи беа стационирани, но која Бугарија не ја анектира, може исто така да биде барана од Бугарија. Околу 80.000 македонски Словени ја прават основата за можно бугарско барање. Западна Тракија беше стекната од Бугарија во 1913 година и окупирана од сојузничките сили од 1918 до 1923 година, кога беше отстапена на Грција. Грчката Македонија беше стекната од страна на Грција од Турција во 1913 година!
Сепак, шлагвортот доаѓа од петтиот документ, под наслов „Југословенска Македонија“, каде што се објаснуваат и некои историски оспорувани факти, а кои американските емисари ги потенцираат.
- Оваа територија беше изгубена од Турција во Првата балканска војна од 1912 до 1913 година (Лондонскиот договор, 30 мај, 1913 година). И покрај српско-бугарскиот договор од 13 март 1912 година, с` освен Струмица беше земено од Србија и отстапено од Бугарија на Југославија со Нејскиот договор на 27 ноември 1919 година. По поразот на Југославија во 1941 година, заедно со другите југословенски територии на север, цела југословенска Македонија беше окупирана и анектирана од Бугарија. Областа има површина од приближно 8,366 квадратни милји и има популација од околу ??? (н.з. не може да се види бројката) жители, од кои приближно две третини се македонски Словени, за кои Србија тврди дека се Срби, а Бугарија дека се Бугари! - потенцира американскиот дипломат во депешата до Белата куќа.
Дали е потребен дополнителен коментар?




п.с.
Знам дека Каснаковски може да ме прочита, па во оваа прилика го поздравувам со оваа статија.



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Јули.2011 во 14:13
Одлична статија!
Постапките на самите Американци во Втората Светска војна истотака говорат во прилог на она што го сметал самиот Рузвелт.
Имам само една забелешка, а тоа е дека сојузниците сакале слободна, а никако не сакале независна македонска држава.Сојузниците инсистирале да се создаде македонска држава во рамките на СФРЈ, но никако истата да ги опфаќа природните граници на Македонија. За тоа говори и овој документ:



A истотака и овој http://www.archivesforbalkans.bg/cgi-bin/e-cms/vis/vis.pl?s=001&p=0066&n=000004&g= - линк .

Сталин инсистирал да се создаде независна македонска држава, но дури по резолуцијата на Информбирото и разидувањето со Југославија. Таква Македонија имала за цел да послужи во привлекувањето на Југославија кон источниот блок.

Се надевам дека ќе може да ги видиме и оригиналните документи од архивата на Рузвелт како прилог на оваа статија.





-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 20.Јули.2011 во 18:50
Proba.
Pozdrav do Mungos


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 21.Јули.2011 во 17:39
http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/587-2011-07-21-14-27-19 - Статијата со оригиналните документи.

Прочитав некаде дека ги немало документите !
Па неверници ете ви ги документите, и сега одете да плачите кај американците затоа што дозволија да се објават овие документи.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk