|
Само за грешници! Новиот Почеток |
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Автор | ||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Епа фала мене такво пророштво не ми треба ниту ми треба таков Бог кој светот го создал како монопол-поле за крвожедна борба меѓу народите додека не се врати Тој, оти ете морало така да се збидне колку да се исполнеле зборовите на пророштвото.
Зарем ова сведочи дека си Христов или пак да не сведочи дека го имаш Христовиот Дух?!! |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не би се сложил со тоа дека Платон бил блиску до нешто.
Здравиот разум е поврзан со логиката. Ако човек се збогува со логиката, на добар пат е да се збогува и со разумот.
Човекот живеел во разни политички системи и општествено-економски системи, но тоа не го сменило. Човекот верувал во разни нешта, но ни тоа не го сменило. Дали тоа значи дека сето тоа треба да го отфлиме? Секако дека не. Прашањето е колку човекот навистина ги живее тие нешта, за да може да говориме за некаков подобар живот или некаква преобразба. Факт е дека секогаш ќе има такви кои тоа го живеат и кои тоа не го живеат. Бог не создал поле за крвожедна борба меѓу народите, народите тоа сами го создале. Пророштвото Христово само говори дека Црквата која Тој ја создава нема да ја надвладеат вратите на пеколот, а за другото не говори, иако говори дека ќе се случат катастрофи, војни, болести, глад. Ниту пак Бог е некакво далечно Битие кое воопшто не учествува во нештата во светот и само набљудува што се случува. Не случајно Бог е и Праведен и Милостив, им помага на угнетените и ги казнува виновниците. Изменето од Македон - 14.Август.2011 во 14:20 |
||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Shto vikash da go zakopame poznavanjeto za Bog? Od kaj znaesh mozebi i drugite kje go sledat nashiot primer.
Знаењето за Бог е веќе длабоко во срцата на верниците, со ова што го предлагаш ти значи сакаш да ме закопаш мене, зошто Бог (Светиот Дух ) е во срцето на праведникот. извини ама не можам нити пак смеам да го прифатам предлогот затоа што сакам да живеам до 100 и повеќе години за да го распространам евангелието Божјо ширум светот. |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
На пр. убиство? И дали има разлика ако и сторителот и оштетениот се праведни браќа во Христа? Или ако едниот го има а другиот го нема примено и исповедано (според тебе) вистинската вера во Христа? Изменето од Majkl - 14.Август.2011 во 18:20 |
||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Гревот е грев без разлика на тоа дали е мал, голем , сериозен.
Убиството го зедовте овде за пример. Бог вели да не се пролева крв зашто Бог ќе ја бара крвта од тој кој ја пролеал. Да речеме еве јас сум жена. Во некој момент влегуваат дома кај мене крадци па и не само што крадат дури и сакаат да ме силуваат. За време на одбрана да не се случи тоа (зошто човек како човек , секој се брани) на пример да го удрам човекот не убаво така да тој од тоа да падне на нешто остро преку што ќе умре, јас со ова сум извршила убиство. За самото убиство јас сум опростена, но за тоа што тоа се случи јас изгледа ќе мора да одам в затвор, таков е законот во земјата каде што живееме. Но Бог нема мене да ме испрати во пеколот заради ова затоа што јас верувам дека Бог во Неговата Промисла да ме спаси мене знаеше многу добро кои се моите идни гревови и ме искупи мене од моите целоживотни гревови за да за мене нема осудение. Ова не значи дека гревот како грев не треба да го признам пред Бога. „ Оче, ваква и ваква беше ситуацијата заради ова човекот умре, Фала ти што ми даде вера во Христовото крштевање преку кое дури и овој грев преку рацете на Јован Крстителот беше врз главата на Исус положен, казната за овој грев беше исплатена со крвопролевањето и смртта на Исус на Крстот за да денес за мене нема осудение. Вели во 1 Јованово 5:16: Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли. Човекот кој вели дека е праведен (дека има правилна вера во Христа и го има Светиот Дух во срцето) кога наумил да изврши убиство кон блискиот или било кон кого, Бог ова ќе му го открие него преку друг брат/сестра. Бог сигурно ќе му каже на човекот да не го прави тоа што го наумил. Па таква беше и ситуацијата со Каин и Авел! Не смееме ние да извршуваме убиство иако тоа е исто грев кој е исто така искупен и премавнат , но заради тоа ние не смееме да ја злоупотребуваме слободата и милоста Божја и да и се потсмеваме на неа. Види Бог го дава преку вера Светиот Дух, но ако ние претераме тогаш Бог може и да го одземе Светиот Дух. Знаеме за Царот Давид дека беше праведен. Тој изврши прељуба и убиство. Но во псалмите тој рече: Псалм 51: Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене! Бог не му го одзеде Светиот Дух на Давид. Но што ќе речеме за ова дали Давид е во царството небесно или во пеколот? Како што вели писмото погоре: Има грев кој води во смрт и кој не води во смрт, нам ни е дадена слобода за добро, а кога избираме зло, тогаш Бог ќе расудит според Неговата правда. Досега немало ваква случка кај нас. Види ако неверник ова му го стори на праведен. Праведникот опростува затоа што го знае евангелието и знае дека дури и гревот на неверникот беше искупен и премавнат. Праведникот ќе ја искористи шансата да му го проповеда евангелието. Ако самиот е мртов тоа ќе го направат членовите на неговата фамилија(браќата и сестрите). Срцето на вистинскиот праведник е милостиво и чувствително на грев. |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
на пр. во Балканските војни каде православна Србија војуваше против православна Бугарија? Или на пр. во текот на втората светска војна војуваа земји една против други а кои и двете беа делумно евангелистички делумно римокатолички (на пр. Германија, Холандија).
Ќе му биде ли простено на сторителот од Бога иако, оштетениот сеуште не може да му прости? Изменето од Majkl - 14.Август.2011 во 20:57 |
||||||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:20 |
||||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Многу убава тема, пред се. Ама се изморив од читање цитати од Библијата за тоа дека нов почеток е ова, она...Грешник не си ако според Библијата вака така...
Што прајме со к*ранот? Што прајме со Ведите? Упанишадите? Гетата? Тората? Талмудот? Тие т.н. световни книги пак ќе ти кажат новиот почеток е во она во она и т.н. Секој човек од нас си има своја филозофија и насока на гледање на работите. Се е во нашите глави. Како некој ќе си одреди како да живее, така и ќе си живее. И ќе си добива благодети и ќе се носи со последиците од неговиот начин на живот. Познавам еден куп луѓе, кои се тешки атеисти, дури и се смеат и прават шеги на верски празници. Ама се огромни хуманисти, секогаш спремни да помогнат несебично. Живеат чесно, одговорно, исправно. Тоа ги прави грешници? Или ги прави луѓе кои не го прифатиле Бога и се слепи? И баш затоа, и покрај целиот нивен чесен живот, ќе горат во пеколот и Бог ќе им суди? Се е во главата на човекот и како ќе избере да живее... |
||||||
Panini
Сениор Регистриран: 13.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 222 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тоа е според многу религиозни учења и верувања и закони што секоја вера си ги созадала за да се дициплинираат луѓето, значи мноуг едноставен е одговорот, има луѓе што им треба верата и религијата, а и има и такви што воопшто немаат потреба од тоа, затоа што имаат доволна свест, морал, етичност самоувереност и интелигенција,самостојно да го креираат својот свет и светот на останатите. Затоа е верата за оние што малку потешко опстојуваат на овој мал универзим.
Значи, затоа секој си е подложен на својот успех и иднина, и правиот избор зависи од него самиот, колку и како ќе може да опстојува во овој свет, како што би требало за да остане човек..Па ете не ни требаат цитати и ексцерпиции од било која религиозна книга, зашто многу од нив се застарени, сепак религијата е подложна на промени, исто така како што се менува свеетот, но сепак вербата останува. Изменето од Panini - 02.Септември.2011 во 17:51 |
||||||
MIND AND SENSE IS PURIFIED,I AM FREED FROM DESIRE!
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 8910 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |