Испечати | Затвори го прозорот

Само за грешници! Новиот Почеток

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24700
Датум на принтање: 01.Декември.2024 во 22:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Само за грешници! Новиот Почеток
Постирано од: Reformator
Наслов: Само за грешници! Новиот Почеток
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 17:27
Се сеќаваш ли на твоите најголеми гревови? Памтиш ли што се имаш направено погрешно уште од твоите младешки денови до денеска? Го знаеш ли бројот на твоите погрешни избори?
Ги паметиш ли сите моменти кога си бил повреден од некого? Ти доаѓаат ли во мислите сите периоди кога си бил во ужасна ситуација поради нечии туѓи погрешни избори?
Господ е Бог на нови почетоци.
На секои 24 часа, ни подарува нов ден. На секои 7 дена- ни дава нова недела. На секои 365 дена- ни дава нова година. Денеска почнува нов месец.
За жал, многумина не добија денеска нов месец. Според некои статистики, дневно умираат над 150 илјади луѓе низ светот. Ние сме среќни што не сме еден од нив.
Господ ни дава нова можност. Не е важно колку пати досега сме паднале. Важно е дали уште еднаш ќе станеме. Денеска е денот кога Господ ти дава нов, бел, неизвалкан лист хартија.
И ти драг читателу, без разлика на сите твои грешки што си правел досега, имаш нова можност. Нова можност која многумина, многу подобри од тебе денеска ја немаат! Шанса која по ниту еден основ не ја заслужуваш. Шанса која ти е подарок, дар од твојот Небесен Отец, како израз на Неговата огромна љубов кон тебе.
Колку си бил полош- толку подобро, толку повеќе овој текст е наменет токму за тебе! Колку повеќе гревови си сторил во твојот живот- толку повеќе милоста Божја се покажува во нејзината полнота. Без оглед дали си бил убиец, лажго, измамник, крадец, прељубник, блудник, наркоман, пијаница, тепач, неверник, богохулник или сето ова заедно… И ако си бил жртва на некој кој бил нешто од сево ова, Небесниот Татко Кој може да ги исцели сите твои рани ти се обраќа тебе денеска! Без разлика на сето твое минато, Господ ти подарува нов почеток. Божја волја е да ти даде нова шанса, да те поправи и да те исцели. Денеска… утре можеби ќе биде предоцна!
И јас сфаќам дека е тешко да се поверува во ова. Знам дека гревовите твои ти тежат на твојот грб и дека не ти се верува дека Бог те љуби тебе, најголемиот грешник од сите. Но, знај дека Исус дојде токму за такви како тебе. Во една прилика рече: ,,Лекар не им треба на здравите туку на болните, јас не дојдов за праведниците, туку за грешниците’’. Да, токму за такви луѓе како тебе и како мене дојде Исус и ја зеде на себе казната за нашите гревови. Наша одлука е дали ќе поверуваме во тоа и ќе добиеме спасение или ќе останеме под казната на нашите гревови. Бесплатно спасение имаме на располагање, наше е како ќе одлучиме. Библијата го гарантира ова. Апостолот Јован во неговото Евангелие во кое го опишува животот на Синот Божји на Земјата пишува вака: ,,Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.“(Исус во Јован 3:16), и повторно на друго место ,,Ве уверувам дека секој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот.’’(Зборови на Исус во Евангелие по Јован 5:24).
Ако веруваш во ова- честитки! Ти си спасен човек, вечноста те чека. Но, ваквата вера во Божјата љубов кон тебе грешниот, мора да произведе покајание. Токму покајанието е можеби единствената работа за која еден ден нема да се покаеш! ,,Покајте се!’’- беше првата Христова порака до светот. Верата во Христа во тебе ќе роди покајание, целосна промена во твојот живот. Твојот ум, твоето срце, твојот карактер, твојот начин на однесување и живеење, треба да се промени затоа што е погрешен. Речиси се што си сторил досега е погрешно. Без вера во Христа, немаме потенцијал да сториме нешто свето. Се што правиме е погрешно. Верата и покајанието се двете крила кои ти ги дава Господ со кои ќе одлеташ во Неговите прегратки.
Прочитајте го текстот подоле под наслов ,,Понижениот Крал’’ во кој, при крајот ќе најдете молитва која можете да му ја упатите на Господ сега.
Следете ме на овој блог во наредниов период. Со помош на Библијата ќе се обидам да ви помогнам да одите по патот на вашето закрепнување. За разлика од сите други методи на закрепнување кои се темелат на човечки размислувања, овде ќе го најдете патот кон вашето целосно закрепнување темелено на Божјата Света Книга. Не по човечкиот пат, не со човечка мудрост, туку со Божја мудрост.
Ве молам препорачајте ги овие текстови кои ќе следат на ваши блиски кои се жртви на криминалот, алкохолот, дрогата, или луѓе кои биле жртви на жртви на криминалот, алкохолот и дрогата. Верувам дека мојата скромна работа нема да биде залудна, туку дека ќе им користи на многумина.

Коментари:
Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 14.Јули.2011 во 22:01
Ако си ти најголемиот грешник на светот- на правото место си Овде пишува токму за ТЕБЕ!
Не си случајност. Ти си испланиран уште пред создавањето на светот токму онаков каков што си. Твојот Создател те засакал и ти подарил живот кој по ниту еден основ не го заслужуваш. И покрај сите твои гревови сепак Бог сака да биде твој Небесен Татко, а ти да бидеш Негово чедо. Одлуката дали ќе Го прифатиш тоа е само твоја и никој не може да одлучи наместо тебе.
Најверојатно си мислиш дека си премногу грешен, премногу лош, дека имаш преголем багаж од минатото кое те држи укотвен долу на земјата. Ако мислиш дека не си достоен да погледнеш кон Небото и да Му се заблагодариш на Бог за се- да знаеш дека дури ми е мило што така размислуваш. Бог ги љуби грешниците! Бог те љуби и тебе! Во Неговото Слово- Библијата, Бог вели дека ,,зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди”(Послание до Римјаните 3:23). Во Божјите очи сите ние сме грешници и заслужуваме пекол. Без разлика дали си најголемиот грешник на светот (дури и да си виновен за нечија смрт, па дури и за смртта на милиони да си виновен) или имаш направено ,,само’’ неколку ,,гревчиња’’- казната е истата. И во едниот и во другиот случај- заслужуваш смрт! Така вели Божјото Слово ,,платата што ја дава гревот е смрт’’(Римјаните 6:23). Само преку вера во Божјата љубов кон тебе и во Христовата жртва со која беше платена ТВОЈАТА и МОЈАТА казна се здобиваме со праведност пред Бога и ти е простено.
Ако мислиш дека си премногу недостоен за сево ова- морам да ти честитам и да ти кажам дека си во право. Лоши луѓе сме ние, пријателе мој, не заслужуваме ништо добро од Бога- само вечна казна во пеколот.
Но, Библијата вели дека Бог те љуби. Толку многу што дури Го даде Својот Син да умре наместо тебе и наместо мене и да ни подари вечен живот.
Сепак и покрај тоа што го знаеш ова најверојатно не можеш тек така самиот да простиш за сите твои грешки со кои си се повредил себеси, твоите блиски и подалечни и Бога. Знам затоа што и јас сум минувал низ истото. Со денешниов текст сакам да ти укажам на твојата вредност во Божјите очи. Сакам да сфатиш дека покрај се што си грешел во твојот живот, мораш да почнеш да се почитуваш себеси. Ако веруваш во Бога Тој не сака да те казни. Поради верата твоја во Него Тој сака да биде милостив кон тебе. Сака да ти прости и сака да престанеш да се повредуваш себеси со обвинувања за старите гревови. Не смееш да одиш во другата крајност и да мислиш дека си совршен- затоа што не си, но не смееш ни да живееш во постојана осуда и страв од казна.
Сите ние живеевме во грев. Се што правевме беше погрешно затоа што го правевме без Бога. Дури и апостолот Павле, еден од највредните Христови апостоли, пишува вака ,,Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.’’(Послание до Ефешаните 2:3). Но, тоа не е крајот. Понатаму апостолот, инспириран од Светиот Дух, ни порачува ,,Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас, така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој не врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува.’’(Ефешаните 2:4,5).
Не смееме да отидеме во едниот или во другиот екстрем. Мораме да балансираме. Ние сме грешници и не ја заслужуваме Божјата милост, но сепак Тој решил да ни ја подари. Не затоа што ние на некаков начин сме ја заслужиле, туку затоа што Господ сака да не спаси. Значи, грешни сме и недостојни, но поради Божјата благонаклоност кон нас сме спасени. Да бидеме благодарни за тоа.
Создадени сме според Божјиот Лик. Библијата вели вака: ,,И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот – над сета земја – и над сите лазачи што ползат по земјата!”. Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.’’ (Битие 1:26,27). Бог не создал поинакви од остатокот на Неговата креација. Не постави високо над другите суштества, до тој степен што не создаде според Неговиот Лик. Да бидеме слични Нему. Таа е Божјата замисла за нас. Сега, откако сме спасени, Бог сака да не направи да бидеме слични Нему. Да живееме животи кои ќе бидат Богоугодни, според Божјата волја. Ако живееме според Неговата волја ние ќе бидеме во можност да ја рефлектираме Неговата природа во овој свет. Иако ние имаме грешна природа која нам честопати ќе не води кон грев, сепак мораме да запаметиме дека Бог е Бог на нови почетоци. И сто пати да паднеш, Бог уште еднаш ќе ти прости. Да не забораваме дека сме Божји чеда, спасени поради Божјата љубов кон нас, откупени преку жртвата на Исус Христос. Да не испуштиме од вид дека Бог не направи поинакви од сите други битија и ни даде можност да бидеме слични Нему. Толку е голема нашата вредност во Божјите очи, што Тој е волен да даде многу за нас. Да Му бидеме благодарни за тоа. Амин.

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 02:14
ова ми звучи како :
Кире банана мен - секогаш подготвен за акција...
во 9-та акациска улица се случува нешто чудно....

и веднаш штом Кире ќе изеде една банана се претворува во Кире - Бананамен!!!!

луѓе - јадете банани, за да не грешите...

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 03:26
Здраво Тетратка,

Прости вака, ама стварно не те разбрав баш што сакаш да кажеш со твојот коментар. Ако сакаш биди појасен да можам да сфатам :-)

Поздрав до тебе

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 12:48
и јас не ја рабирам поентата на темава...
со готиви фразови фрагменти не се отвора дискусија
поздрав до тебенамигнувањеголемо%20гушкање

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 13:58
Не нè спасува верата во Христа сама по себе, туку делата. И тоа оние дела кои се во склад со Неговото учење за висока етика и морал( http://www.universelles-leben.org/cms/hr/mi-o-nama/govor-na-gori.html - Беседа на Гората ):

”24 И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен.
25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.
26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.
27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.” (Евангелие според Матеј 24:7)

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 19:04
Всушност, спасението е само преку вера. Апостолот Павле пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.’’(Послание до Ефешаните 2:8,9). Но, не секоја вера е спасоносна.

Спасоносна вера е онаа вера која раѓа дела. Верата без дела е мртва вера ,,Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва."(Послание на Јаков 2:26).

Значи, да заклучам. Спасението е само и само преку вера, но не преку секој вид вера туку исклучиво преку вера која се манифестира низ дела.

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: op12eh
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 19:21
ти штом реформатор си се крстил сгурно си грешник

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 19:31
Originally posted by Reformator Reformator напиша:

Всушност, спасението е само преку вера. Апостолот Павле пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.’’(Послание до Ефешаните 2:8,9). Но, не секоја вера е спасоносна.

Спасоносна вера е онаа вера која раѓа дела. Верата без дела е мртва вера ,,Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва."(Послание на Јаков 2:26).

Значи, да заклучам. Спасението е само и само преку вера, но не преку секој вид вера туку исклучиво преку вера која се манифестира низ дела.
Тогаш ти повеќе му веруваш на Павле кој не го познавал Исуса, отколку на Исус Христос.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 21:23
Ochebijnoto, barem za mene, e shto do Pavle uchenjeto e od Hrista, a so Pavle i onie posle nego uchenjeto e za Hrista.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 21:48
Originally posted by op12eh op12eh напиша:

ти штом реформатор си се крстил сгурно си грешник

Грешник, пријателе... И тоа голем грешник. Не сум она што сакам да бидам, но фала Му на Бога за тоа што не сум она што бев

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 21:50
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Reformator Reformator напиша:

Всушност, спасението е само преку вера. Апостолот Павле пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.’’(Послание до Ефешаните 2:8,9). Но, не секоја вера е спасоносна.

Спасоносна вера е онаа вера која раѓа дела. Верата без дела е мртва вера ,,Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва."(Послание на Јаков 2:26).

Значи, да заклучам. Спасението е само и само преку вера, но не преку секој вид вера туку исклучиво преку вера која се манифестира низ дела.
Тогаш ти повеќе му веруваш на Павле кој не го познавал Исуса, отколку на Исус Христос.

Мајкл, му верувам и на Исус и на Павле. Во нивните зборови воопшто нема контрадикција. Нема тука избор или-или. Верувам во Бога, верувам во Библијата и не гледам дисхармонија во Божјото Слово.

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 21:52
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ochebijnoto, barem za mene, e shto do Pavle uchenjeto e od Hrista, a so Pavle i onie posle nego uchenjeto e za Hrista.

И пред Павле и после Павле учењето е од Христа. Ние христијаните веруваме дека целото Слово е од Бога дадено.

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 21:57
Poznato mi e toa.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 18.Јули.2011 во 12:50
Време е за промени! Како да се промениш?

Лудост е да се очекуваат различни резултати со повторување на едно исто однесување. Сите ние посакуваме да јадеме исто како и досега, а да бидеме послаби. Сите би се согласиле дека би сакале да изгледаме подобро, а притоа воопшто да не мора да се мачиме во теретана туку како и досега удобно да си дремеме пред телевизор и да минуваме саати на фејсбук.
Ако сакаме да постигнуваме различни резултати мораме да живееме и да работиме на различен начин од оној досегашниот. Не можеме да правиме се’ по старо а да чекаме да се случи некакво чудо и да се сменат работите одеднаш.
Зар не се умори од начинот на кој живееш? Зар не ти се доволни проблемите кои ги имаш? Зар не ти е преку глава од повторувањето на истите грешки секојдневно? Ако сакаш промени- на вистинското место си. Ќе се обидам денеска да ви презентирам Библиски метод на промена.
Ништо на Земјата не е совршено. Ниту комјутерите, ниту автомобилите, ниту финансиските системи, ниту интернетот, ниту храната, ниту законите... ниту луѓето. Ни јас, ни ти не сме совршени. И не е ни возможно да бидеш совршен додека си на овој свет. Сепак, повеќе од сигурно е дека можеме да грешиме помалку и да бидеме подобри.
Господ јасно кажува дека од нас бара промени. Апостол Павле вака им пишува на раните Христијани во градот Ефес ,,Но вие што сте запознаени со учењето на Христoс, не сте учени така да живеете. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.’’(Послание до Ефешаните 4:29-24). Мора да напоменам дека нашето спасение е преку Божјата милост, не преку нашите заслуги. Ние не можеме да сториме било што како би ја заработиле Божјата прошка и оваа нова шанса која ни се подарува. Бесплатно ни е дадена прошката затоа што нашиот Небесен Татко не’ сака нас- Неговите чеда. Но, токму поради тоа што Господ не’ сака, Тој сака ние да живееме на поинаков начин од оној кој го живее мнозинството, на поинаков и далеку повозвишен начин од оној на кој ние досега сме живееле. Зошто? За наше добро! Господ не’ сака толку многу што ветил дека ќе работи во нас на неколку начини да не’ поправи, да не’ доведе на правиот пат, да направи од нас Негови послушни чеда кои ќе бидат според Неговиот Лик. Нашиот грев не Го повредува Господ, туку Го ожалостува. Сите наши гревови нема да Го повредат Него, туку нас. Ако го прекршиме законот за гравитација и решиме наместо по скали да се симнеме долу ,,преку прозор’’- кој ќе биде повредениот? Авторот на учебникот по физика? Не, туку ние кои не сме биле послушни ќе настрадаме. Така е и со повредата на Божјите закони објавени во Библијата. Воопшто нема да Го повредиме Господа доколку погрешно постапуваме. Ќе се повредиме ние самите а Тој, како и секој добар родител, ќе биде ожалостен поради нашата повреда. За наше добро треба да се промениме.
Зошто е толку тешко да се промениме?
Најпрвин, нашите грешни навики се НАВИКИ- значи не се од вчера туку ние сме се навикнале така да постапуваме. Тоа е научен начин на однесување кој сме го стекнувале со години, можеби и со децении. Некои работи отсекогаш сме ги правеле на одреден начин и сега ни е тешко да помислиме дека ќе треба да живееме без нив.
Толку долго сме живееле со тие навики што тие дури станале дел од нас. Да, ние веќе сме почнале да се идентификуваме самите себеси со тие навики, со тие однесувања и избори кои ги правиме толку долго време. Имам слушнато дека најтешко за еден алкохоличар е да не се напие во друштво во кое од него се очекува да пие. И нормално е, околината се навикнала на неговите лоши навики и нивната прва асоцијација кога ќе им текне на ликот на тој човек е со чашка во рака, а и обратно- кога ќе им текне на терминот ,,алкохоличар’’ низ глава им минува истата таа слика- како нивниот пријател им наздравува со чашка алкохол.
Интересот е третата причина. Имаме интерес да си ги зачуваме старите навики. Полесно ни е со леснотија да ги задоволиме нашите потреби на погрешен начин отколку да се мачиме правилно да постапиме и на здрав и морален начин да ги исполниме барањата. Згора на тоа, тешко е да се откажеш од стара навика и да попримиш нова. Сите знаеме дека цигарите се штетни по здравјето, а тоа го знаат и го чувствуваат најдобро страствените пушачи. Но, зошто еден пушач да се труди да живее здрав живот? Цигарите му плаќаат камата за неговата верност кон нив, му даваат инстант задоволување на неговите потреби. И добро му е така, не сака човекот да се измачува со откажување од неговото слатко задоволство и да учи нови навики.
Четвртата причина се лагите на Сатаната. Лукавиот постојано не’ мами дека не можеме да бидеме подобри од ова коешто сме. Ни вели дека сосема е во ред она кое го правиме, дека е добро па дури и пожелно за нас да продолжиме со старите навики, не’ лаже дека имаме доволно време да се откажеме и дека ќе се изнајде начин како нашите грешки да бидат поправени. Сепак, не треба да заборавиме дека Исус го нарече Сатаната ,,Татко на лагата’’(Евангелие по Јован 8:44). Сите овие сугестии се лаги, зашто од Сатаната потекнуваат.
Ерес е да мислиш дека не можеш да бидеш подобар од ова што сега си. Ако мислиш дека не може подобро тоа значи дека или имаш превисоко мислење за себе или прениско мислење за Бога. Или подобро кажано- и двете. Ем имаш превисоко мислење за себе ем имаш прениско мислење за Бог. Еве зошто: Ако мислиш дека не можеш да бидеш подобар од ова кое сега си, една од можностите е да мислиш така затоа што си убеден дека си совршен па нема шанси да се подобриш затоа што нели ти си најдобар што може да се биде. Втората варијанта е да мислиш дека си толку лош што дури ни Се’моќниот Бог, Творецот на Универзумот, Давателот на Животот, не може да те промени. А тоа значи дека ем имаш преголемо мислење за себе (како најголемиот грешник на светот толку голем што Бог не може да го промени) ем имаш мислење за Бог со кое ја минимизираш Неговата сила. Ти можеш да бидеш подобар и Бог го сака токму тоа за тебе. И ако ти барем малку го посакуваш тоа, знај дека твојот Создател бесконечно многу повеќе го посакува тоа. Всушност, токму Тој те создаде тебе и во тебе ја создаде таа желба за промена.   
Најверојатно си свесен дека промените не се лесна работа. Да ги заборавиш старите навики и да попримиш нови значи да се промениш себеси. А тоа може да биде болно, да одзема многу време и енергија. Старите навики и стариот Непријател честопати ќе бидат тука и ќе ти се нудат како твоја најголема потреба и уживање, а Лукавиот ќе ти биде најголем сојузник во нивното исполнување. Понекогаш ќе доаѓа до падови, откажувања, понекогаш процесот на твојата трансформација ќе изгледа безнадежно. Можеби некогаш веќе си стигнал до одреден степен но повторно си се откажал. Ако ти е ова првпат да се позанимаваш со твоите лоши навики тогаш знај дека не е чудно доколку сосема отпаднеш од патот на твоето заздравување и дури го заборавиш овој текст и оваа желба која е сега во тебе може да се случи сосема да избледнее. Тоа може лесно да се случи. Мораш строго да се придржуваш до правилата кои ќе ти бидат дадени, зашто тие се содржани во Библијата- Божјата Света Книга. Значи не се човечка измислица, не се човечки рецепт за твоите проблеми туку се од Бога дадени и заповедани.
Најпрвин, треба да се соочиш со Вистината. Можеби овој е најболниот момент. Треба сега да признаеш дека имаш проблем. Доста се лажеше самиот себеси и оние околу тебе. Јасно признај си ја твојата слабост, исповедај го твојот грев. Каде? Пред кого? Во твојата тајна соба, зад затворена врата, наведни ја твојата глава и исповедај ги твоите гревови пред Бога. Знај дека те слуша и дека сочувстува со тебе. Немој да криеш ништо од Него, Тој и онака знае се’ пред ти и да помислиш да Му кажеш нешто. Ова е првиот чекор без кој не може да одиш понатаму. Библијата јасно кажува дека оној кој ги исповеда гревовите свои наоѓа милост во Божјите очи. Потоа треба да побараш милост од Бога, преку жртвата на Исус Христос на Голготскиот крст. На тој крст ти беше тебе покажано колку многу те сака твојот Небесен Татко. Затоа, без страв поитај во раширените прегратки на Таткото, признај Му ги твоите гревови и побарај од Него да се смилува врз тебе и да ти прости. Додека не го сториш ова немој да читаш понатаму.
Соочувањето со Вистината има и втор степен. Првиот беше да ја признаеш вистината, вториот степен е да ја научиш вистината. Што значи тоа сега? Божјиот Збор е Вистина- вели Исус. И преку вистината можеш да станеш свет. (Да Го цитирам Исус: ,,Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината.’’ Евангелие по Јован 17:17). Библијата ти стои на располагање, таа е Божјиот канал преку кој тече Неговата трансформирачка сила. Што побрзо почни да ја проучуваш и да се придржуваш до напишаното таму и ќе видиш како ќе почнат да се случуваат чуда во тебе и околу тебе.
Твојата промена мора да се заснова на твој личен избор. Не може некој друг да одлучи наместо тебе, не може некој друг да ги поднесува тешкотиите наместо тебе. Мораш ти самиот да решиш да се откажеш од твоите лоши навики и да започнеш да се менуваш на подобро. Треба да Го молиш Бог Светиот Дух да дејствува силно во тебе и да предизвикува големи промени. Да ја отфрлиш од тебе онаа докрај расипана, грешна, злобна природа која кон грев те води, треба комплетно да ги раскинеш сите врски со Стариот-Ти и да молиш од Бога трансформација на твоето битие. Без таквата цврста решителност не можеш да се надеваш дека ќе успееш да напреднеш. Треба да се чуваш далеку од сето она кое е Сатанско и погрешно и блиску до Бога. Проучувај го редовно Божјото Слово, моли се често. Молитвата треба да биде еден отворен разговор помеѓу тебе и Бог во кој ти слободно ќе Му ги кажеш Нему сите твои грижи, тешкотии, сите стапици кои стојат на твојот пат и од кои се плашиш. Така ќе се исполнуваш со Светиот Дух, ќе бидеш поблизок со Господ и постепено ќе се подобруваш.
Оваа решителност за која погоре пишував треба да биде во еден одлучувачки момент од твојот живот, но тој момент треба секојдневно повеќе пати да се манифестира преку твоите одлуки. Многу искушенија ќе имаш на твојот пат. Многу пати Сатаната ќе се обидува да си поигрува со тебе и да те враќа назад во неговото царство на темнината. За негова среќа, а твоја жал, честопати ќе му успева да те порази. Но, не смееш да се откажуваш. Во наредна прилика ќе објавам нешто повеќе околу тоа како можеш со помош на Божјиот Збор да ги победуваш искушенијата. Сепак, дури и со тие методи сепак ќе паѓаш. Но, мораш да стануваш иако си паднал и пак уште еднаш одново да тргнеш по патот кој Бог го поставил пред тебе. Губењето на една битка не значи комплетно губење на војната. А Оној Кој те избрал Тој нема да те остави, нема да дозволи да бидеш грабнат и украден од Неговата Татковска рака. Иако многу битки ќе загубиш, сепак војната си ја добил. Треба време, треба посветеност, промените си бараат жртви. Но, наградата која ја дава Бог е вечна. Кога е најтешко сети се дека секогаш на крајот на тунелот има светлина. Гледај во таа светлина, сети се на Божјите ветувања кои ќе ги најдеш во Божјото Слово и цврсто држи се до нив. Не заборавај дека и кога е најтешко ти не си сам. Твојот Татко Кој е Се’присутен и Се’моќен никогаш нема да те напушти(Послание до Евреите 13:5), Твојот Бог Кој ја започна оваа добра работа во тебе и ќе ја доврши истата(Послание до Филипјаните 1:6).

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 07.Август.2011 во 20:35

Messenger: temata "Праведен или грешник?" , vo koja originalno e objaven komentarot koj sleduva e spoena so temata "Само за грешници! Новиот Почеток".    

Во евангелието според Лука во глава 18 стих 8 вели: „ Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?”

Чудно е нели? Па е! Кога ќе погледнете на светот и слушнете дека милиони луѓе велат дека се Христијани, ќе се запрашате и ќе си речите зошто пак Синот Човечки да не најдел вистинска вера кога ќе се вратит?

Но запрашајте се прво зошто е поставено ова прашање!

Темата е Праведен или грешник?
Оваа тема е намерно избрана зошто најповеќето од вас се сметаат да се Христијани. Сега моето прашање до Христијаните е дали сте праведен или сте грешник штом верувате во Исус.

Не заборавајте дека одговорот на ова прашање е едноставен.

Еден одговор е вака: Грешник сум иако верувам во Исус.
А другио одговор е: Праведен сум затоа што верувам во Исус.

Не знаете ли дека нема средина измеѓу праведен и грешен.
Пред Бога оние кои се без грев се праведни а оние кои имаат грев се грешници. Кои од овие два вида на луѓе сте вие.

Поставете си го прашањето за вас себе си. Откако ќе си дадете одговор, кажете си и зошто сте грешник или зошто сте праведен.

Можеме овде на форумов да ги исдискутираме сите одговори.

Поздрав до сите вас и се надевам да сте праведни.

-------------

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 07.Август.2011 во 20:42
Редно е ти прв/прва да се изјасниш во која група се вбројуваш...

Инаку според Христос во проповедта на Гората(содржана во Евангелието според Матеј) верувањето во Исус не е најважниот момент за спасението, туку практицирање на Неговото учење и заповеди.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 07.Август.2011 во 21:23
Без вера не можиш да ги извршуваш делата Божји.
Јас сум праведна.
Почетокот на верскиот живот е правилна вера во Исус. Откако човекот правилно ќе поверува во Исус, тој/таа го прима Светиот Дух и под раководство на Светито Дух тој/таа може да ги извршува делата Божји.

А вие во која категорија сте?

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 07.Август.2011 во 21:36
Верата е прв чекор во духовниот живот, но светиот Дух може да се прими само ако во голема мера се спореведе во дело Христовото учење. Верата сама по себе е мртва, без дела во склад со божјите закони кои Исус ни ги објави нема спасение.

Да беше така едноставно дека верата е најважна, тоа би значело дека голем дел од светот е веќе спасен бидејќи многумина веруваат и го слават Исус. Тогаш низ светот би немало болести и војни, судбински удари и елементарни катастрофи - барем не кај оние кои се држат до тоа дека верата е доволна. Светот меѓутоа попрво изгледа како да виси над бездна тресејќи се во треска отколку како да е спасен.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

А вие во која категорија сте?

Иако цврсто верувам и го признавам Исус Христос како единствен спасител, бидејќи сеуште не сум успеал во сите аспекти да ги оставрам високите етички и морални вредности изнесени во Беседа на Гората се сметам себе си дека сум во грешната категорија.

до модераторот: имавме http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24700 - слична ваква тема , можеби треба да се спојат.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 07.Август.2011 во 21:48
Господине, за болестите и војните и сличните работи кои ги набројувате за ваквите е напишано во книгата на откровенија дека мора да бидат. А што се однесува за оној кој е праведен но сепак е болен или слично ќе ве замолам да ја прочитате книгата Јов.

Што се однесува до словото Божја тоа е духовна книга а не телесна и нема ништо заеничко со телото, моралот или пак етиката. Ваквите се човечки измислици.

Човекот како слабо суштество не може да се држи за Божјиот Закон ниту пак може него да го чува целосно. А оној кој живее според законот Божји а направил еден престап е виновен за сите престапи иако мисли дека не ги направил и ќе биде казнет со казните опишани во Законот.

А вие штом мислите дека сте грешник иако верувате во Исус тогаш вашата вера не е правилна.

Како може да постои „ спасен грешник“. Или е спасен од сите гревови и е праведен. Или не е воопштво спасен и има потреба од Спасител.

Постирано од: alf
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 00:16
.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 02:00
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Не знаете ли дека нема средина измеѓу праведен и грешен.
Пред Бога оние кои се без грев се праведни а оние кои имаат грев се грешници. Кои од овие два вида на луѓе сте вие.

А постои ли нешто такво како праведен грешник т.е. праведен човек кој што се уште греши?

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 05:58
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Почетокот на верскиот живот е правилна вера во Исус. Откако човекот правилно ќе поверува во Исус, тој/таа го прима Светиот Дух и под раководство на Светито Дух тој/таа може да ги извршува делата Божји.

Koja e taa "правилна вера во Исус" ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 09:16
До модераторот: Не знам зошт ги споивте двете теми кога обете се различни.

Јас ви зборувам за евангелието на водата и Духот дадено од Исус Христос , со кое Тој ја исполана Божјата правда и напави да секој кој верува во Него да биде совршен.

А ако господинот кој ја води другата , сличната тема, вели дека ништо не е совршено, тогаш паднал во голема заблуда и Му вели на Бога со други зборови дека испраќањето на Исус на земјава беше залудно и бескорисно.

Човекот сам од себе не може да престане да греши или пак постојано да ги извршува истите навики или престапи.

Човекот има наследено гревови од неговите/нејзините предци и заради тоа телото е осудено на смрт.

Човекот и да постане праведен преку верување во Божјата правда, тој/таа не може ништо друго освен да греши се додека да умре.

Затоа на човекот му е потребна вистинска и правила вера која знае и го сфаќа праведното дело Исусово во стриктна согласност со жртвениот систем.

До модераторот: Ќе ве замолам да ги одделите темите затоа што не говорат за исто евангелие!

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 13:29
Nie sekogash govorime za isti ili slichni temi,iako mozhebi chesto pati poagjame od razlichni evangelija ili Knigi.

Temite ostanuvaat spoeni poradi podobrata preglednost na topikot shto se diskutira.

P.S. Na forumov nikoj ne "vodi temi" tuku otvara temi. Temite se vodeni, ako mozhe da taka da se formulira, od chlenovite koi komentiraat i repliciraat na niv.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 13:42
Marinceska , se nadevam deka kje me udostoish so odgovori na prashanjata:

1. Koja e taa "vistinska i pravilna vera vo Isus" ?

2. Dali chovek mozhe da se zdobie so vechen zhivot ako postojano greshi ?   

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 14:50
1. Вистинска вера во Исус е:
- Јован 3:5 : „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.“

Овде Исус Господ Самиот ни заповедува да бидеме поново родени од вода и Дух за да можеме да влеземе во Царството небесно. Ако со поново раѓањето можеме да влеземе во Царството Божјо тогаш сме наследници на ова царство и сме примиле вечен живот.

2. За вечниот живот:
- Јован 3:16: Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“

- Овде во стихот погоре вели: Секој кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Значи верата во Исус не спасува. Но не само изговорот: Исусе верувам може човек да го спаси, туку правилното верување во Него.
Кој е Исус во кого мораме да веруваме за да се спасиме вели во 1 Јованово 5:6: „Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта;“

Овде водата го симболизира крштевањето на Исус во реката Јордан преку рацете на Јован Крстителот, а крвта го симболизира Неговото крво пролевање на Крстот.

Кога ние правилно веруваме во крштевањето и крвта на Исус т.е водата и крвта преку кои Тој дојде ние доаѓаме да имаме правилна вера во согласност со Писмата и Бог ни го дава нас Светиот Дух како печат на нашата вера, во истиот момент кога ќе поверуваме нашето име е избришано од книгата на Делата и е запишано во Книгата на Животот. Тогаш ние можеме да речеме со потполна сигурност и увереност дека ние имаме правилна вера преку која сме добиле/ наследиле вечен живот во Исуса Христа.

3. Исповедта на вистинската вера е содржана во: 1 Јованово 5:8: „И Тројца, се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.)

- овде вели дека ако ние не го имаме во сведоштво во нашите срца ни немаме правилна вера во Исус Христос. Со другии зборови, ние треба да знаеме Кој е Исус, зошто дојде Тој, кое дело го исполна тој и како и зошто. А сето ова мора да биде во согласност со Светото Писмо.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 15:38
За второто прашање: Дали човекот може да се здобие со вечен живот ако постојано греши?

- За ова прашање сакам да го искористам таткото наш на верата Авраам.
Во Библијата вели: Битие 15:6: „ Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност.“
- верата на Авраам му се засмета за праведност. Овде словото ни вели дека кога Аврам му поверува на Бога, тоа му се засмета за праведност.

Во Римјаните 3:20 вели: „зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“

Овде апостолот Павле ни објаснува нас дека Законот Божји беше даден за да ни даде нас сознание за нашите гревови. Откако ние ќе сознаеме според Божјиот Закон дека ние сме гробни грешници ние доаѓаме до потреба на Спасител и така се враќаме кај Бога.

Авраам заради неговата вера во Бога постана праведен. Бог го засмета него за праведен вели Словото.

Ниеден човек не може да постане праведен според делата на Законот или неговите/нејзините добродетелни дела.

Римјаните 3:28: „И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 16:17
2. Второто прашање дали човекот постојано греши и доказ за праведникот кој греши а се здобил со вечен живот.

Во погорната порака во Битие 15:6 запишано е како Бог го засмета Авраам за праведен преку неговата вера без дела.

Во Библија во книгата Битие глава 20: 2-3 вели Тогаш велеше Авраам за жената своја Са'ра, дека му е сестра, оти се плашеше да рече дека му е жена, за да не го убијат жителите градски заради неа. А царот герарски Авимелех испрати, и ја зеде Са'ра. 3 Но Бог дојде при Авимелех ноќе во сон, и му рече: "Ете, ќе умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж."

Видете како Авраам откако постана праведен пак изврши грев на лага. Зарем лагата не е грев пред Бога.
И ако велите дека тогаш немаше закон и како таков гревот не може да се засмета за грев прашајте зошто Бог му рече на царот дека ќе умре заради гревот иако тој не го изврши.

ако продолжите да ја читате главата ќе видите дека Авраам мораше да се помоли за сите нив за да не изумрат заради престапот.

Сара навистина му беше поласестра на Авраам но сепак тој го сокрие тоа дека таа му е жена и го воведе народот на грев пред Бога.

Видете сега дека Аврам не умре туку преку вера во Бога отиде во Царството Небесно, иако погреши.
Праведник кој греши се оправдува преку вера затоа што верува во Оној кој го оправдува безбожникот.

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 18:28
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Ниеден човек не може да постане праведен според делата на Законот или неговите/нејзините добродетелни дела.

Римјаните 3:28: „И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“
Тоа е можеби учење на оној кој го составил посланието до Римјаните, но тоа не е и учењето Христово коe вели:

”24 И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен.
25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.
26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.
27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.”
(Евангелие според Матеј 24:7)

а на друго место може да се прочита:

„16 И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?”
17 А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”
18 Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно,
19 почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”

20 Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”
21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”

(Евангелие според Матеј гл.19)

Значи Исус никаде не спомнува дека верата(иако и таа е важна) е клучниот момент за влез во Небото, туку делата.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 19:05
Па кој го составил посланието до Римјаните? Не беше тоа Павле кој истото така сведочеше дека правилната вера спасува. Или со вашиот коментар сакате да кажете дека Павле не беше праведен?

За првиот цитат Кој е каменот на кој се гради куќа?
Кое е значњето на песокта овде, кој е разумен а кој безумен човек?

Ако оној кој го искушуваше Исус прашувајќи го какво добро да прави имаше подобро разбирање за Законот , немаше ниту прашањето да го поставит ниту пак ќе се двоумеше за неговото совршенство преку вера.

Човекот сам од себе не може да се оправда со своите дела, колку и да се. Зашто и за тоа вели Библијата во Римјаните 3:20 стои: зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.

Законот тој што кажува што да правиш а што да не правиш, и ако не верувате прочитајте го. А за писателот на Римјаните уверено можам да ви речам дека беше праведник избраник Божји и тешко ќе ви биде на вас ако вие него го правите лажго или нешто друго зошто Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух. Посланието до Римјаните е книга која е од Библијата и зборува за вистинското евангелие и Божјата правда. Ако вие велите дека писателот е в грешка тогаш вие сте го направиле Бога лажго, зошто Светиот Дух е Божји Дух.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Август.2011 во 06:16
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

1. Вистинска вера во Исус е:
- Јован 3:5 : „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.“

Овде Исус Господ Самиот ни заповедува да бидеме поново родени од вода и Дух за да можеме да влеземе во Царството небесно. Ако со поново раѓањето можеме да влеземе во Царството Божјо тогаш сме наследници на ова царство и сме примиле вечен живот.

2. За вечниот живот:
- Јован 3:16: Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“

- Овде во стихот погоре вели: Секој кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Значи верата во Исус не спасува. Но не само изговорот: Исусе верувам може човек да го спаси, туку правилното верување во Него.
Кој е Исус во кого мораме да веруваме за да се спасиме вели во 1 Јованово 5:6: „Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта;“

Овде водата го симболизира крштевањето на Исус во реката Јордан преку рацете на Јован Крстителот, а крвта го симболизира Неговото крво пролевање на Крстот.

Кога ние правилно веруваме во крштевањето и крвта на Исус т.е водата и крвта преку кои Тој дојде ние доаѓаме да имаме правилна вера во согласност со Писмата и Бог ни го дава нас Светиот Дух како печат на нашата вера, во истиот момент кога ќе поверуваме нашето име е избришано од книгата на Делата и е запишано во Книгата на Животот. Тогаш ние можеме да речеме со потполна сигурност и увереност дека ние имаме правилна вера преку која сме добиле/ наследиле вечен живот во Исуса Христа.

3. Исповедта на вистинската вера е содржана во: 1 Јованово 5:8: „И Тројца, се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.)

- овде вели дека ако ние не го имаме во сведоштво во нашите срца ни немаме правилна вера во Исус Христос. Со другии зборови, ние треба да знаеме Кој е Исус, зошто дојде Тој, кое дело го исполна тој и како и зошто. А сето ова мора да биде во согласност со Светото Писмо.

Od napishanovo gledam deka poslednata rechenica gi sintetizira odgovorite na prashanjata koja e vistinskata vera vo Isus i koj e uslovot za vechniot zhivot, a toa spored tebe e:

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Исповедта на вистинската вера е содржана во: 1 Јованово 5:8: „И Тројца, се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.)

- овде вели дека ако ние не го имаме во сведоштво во нашите срца ни немаме правилна вера во Исус Христос. Со другии зборови, ние треба да знаеме Кој е Исус, зошто дојде Тој, кое дело го исполна тој и како и зошто. А сето ова мора да биде во согласност со Светото Писмо.

Ili ushte poednostavno, spored poslednite zborovi, vistinskata vera e onaa koja e vo soglasnost so Svetoto Pismo, a vechniot zhivot se zdobiva so osoznavanje na Isusovata uloga spored Svetoto Pismo.

Popravi me ako ne sum razbral najdobro.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Август.2011 во 06:29
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Праведник кој греши се оправдува преку вера затоа што верува во Оној кој го оправдува безбожникот.

Dali mozhesh da objasnish shto podrazbirash pod "праведник кој греши" ( грешиk кој e праведник) i Bozhje opravduvanje na bezbozhnicite ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 09.Август.2011 во 07:53
Ili ushte poednostavno, spored poslednite zborovi, vistinskata vera e onaa koja e vo soglasnost so Svetoto Pismo, a vechniot zhivot se zdobiva so osoznavanje na Isusovata uloga spored Svetoto Pismo.

Popravi me ako ne sum razbral najdobro.

Да вистинската вера е онаа која е во согласност со Светото писмо. Но кога човек прими вистинска вера го добива Светиот Дух и веднаш добива вечен живот. Вечниот живот не е нешто различно од вистинската вера. Вечниот живот е даден како дар преку добивање на Светиот Дух да пребива во срцето на праведникот кој постанал праведник преку правилна вера во Исус.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 09.Август.2011 во 08:10
Dali mozhesh da objasnish shto podrazbirash pod "праведник кој греши" ( грешиk кој e праведник) i Bozhje opravduvanje na bezbozhnicite ?

Пред Бога нема разлика од човек до човек. Бог не создаде нас и рече дека сме човек. Откакоо првиот човек Адам престапи пред Бога гревот влезе во срцата на сите луѓе. Затоа вели во Стариот Тестамент и во Новиот Тестамент дека нема праведник , нема ниту еден (Римјаните 3:10). Овде Господ преку апостолот Павле ги цитира зборовите од Стариот Тестамент велејќи дека човекот сам од себе преку своите сопствени дела не може да постане праведен.
Човекот е во тело и тоа го прави да е телесен. Телото е осудено на смрт и затоа не може да прави добро колку и да сака. Телото секогаш сака да го следи Законот на гревот кој донесува само гнев и осуда затоа што ниеден човек не е способен целосно да го чува Божјиот Закон.

Човекот кој верува во водата и крвта на Исус и го примил Светиот Дух од Бога тој во истиот момент постанал праведен пред Бога. Но затоа што истиот тој човек кој постанал праведен е во тело тој неможе да не греши затоа што телото е против Духот. Така и праведникот и безбожникот грешат преку целиот нивен живот затоа што се во тело.

Во Проповедник исто така вели: 7:20: „ На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.“

Штом нема праведник да не согреши, што ќе речеме за безбожниците!

Во Римјаните 4:1-5 вели: И така, што ќе речеме дека нашиот прататко Авраам добил по тело?Зашто, ако е Авраам оправдан врз основа на своите дела, може да се фали, но не пред Бога! Но, што вели Писмото: „Авраам Му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.” А на оној, кој работи, платата не му се засметува по милост, туку по долг; додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност.

Овде исто така апостолот Павле укажува на фактот дека Авраам прататкото наш на вера не добил ништо преку неговите сопствени дела туку се преку вера во Бога.

Понатаму вели за оние кои работат: дека платата му се засметувва по долг. Оние кои работат се оние кои мислат дека треба да оддаваат покајнички молитви за опростение на нивните гревови како и мислат дека треба да прават некакви добродетелни дела за да бидат спасени. Тие се сосема во грешка зашто не поверувале во Бога и ќе ја добијат нивната плата.

Додека оние кои не работат, туку се потпираат врз Божјата правда а веруваат во Оној кој го оправдува безбожникот верата му се смета за праведност, значи дека само преку вера во милоста Божја (т.е. крштевањето и крвопролевањето на Исус Христос како исполнување на Божјата правда) може да не направи нас праведни. Безбожник бев јас кога не знаев за ова евангелие. Безбожници беа сите кои не го имаа законот Божји, како што се сите народи освен Израелците. Така оној човек кој има добро разбирање за законот Божји и Божјата правда и верува во Исуса Христа го добива Светиот Дух и е праведен пред Бога без разлика на кој е, каков е или каков грев може да извршил. Тоа е милоста Божја за секој човек.

Постирано од: alf
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 01:25
.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 02:19
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Да вистинската вера е онаа која е во согласност со Светото писмо. Но кога човек прими вистинска вера го добива Светиот Дух и веднаш добива вечен живот. Вечниот живот не е нешто различно од вистинската вера. Вечниот живот е даден како дар преку добивање на Светиот Дух да пребива во срцето на праведникот кој постанал праведник преку правилна вера во Исус.

Ako e taka, togash koja e taa soglasnost so Svetoto Pismo ? Site razlichni histijanski denominacii polagaat pravo na soglasnost so Svetoto Pismo i vistinskata vera.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 07:49
Не е вистина. Има разлика од вистинска вера и деноминација т.е. религија.

Вистинската вера доаѓа директно од Бога, а религиите т.е различните христијански деноминации се создадени од човек и како такви се лажни пред Бога.

Вера која го носи сведоштвото за Исус Христос кој дојде преку вода и крв е вистинската вера.

Овде водата го симболизира крштевањето Исусово кај реката Јордан преку Јован Крстителот. Овде Исус ги искупи сите гревови од целиот свет. Носејќи ги гревовите од целиот свет врз себе, после три години Тој ја исплати казната за сите гревови со крвопролевање на Крстот. Со тоа тој го исполна законот кој вели дека „платата за гревот е смрт“.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 07:50
Marinceska,bidejki e duhovna kniga zoshto pishuvash telesni razmisluvanja?

Кажи ми каде и кое од напишаното е телесно размислување?

Постирано од: alf
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 11:05
.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 11:37
Dali sebesi se smetash deka si duhovno rodena,pa pishuvash i gi objasnuvash pismata duhovno?

Не ми даде одговор на првото прашање?

Јас сум поново родена од вода и Дух (според Исусовата заповед во Јован 3:5), а тоа поново раѓање настана после вистинско верување и разбирање на значењето на Исус Христос Кој дојде преку вода и крв.

Постирано од: alf
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 12:43
.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 16:04
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Вистинската вера доаѓа директно од Бога, а религиите т.е различните христијански деноминации се создадени од човек и како такви се лажни пред Бога.

So ova se slozhuvam. Site institucijalizirani religii se kreirani od choveka.

Bog ne sozdava religii.

Ti si edna od retkite koi go velat toa.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 16:32
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Вера која го носи сведоштвото за Исус Христос кој дојде преку вода и крв е вистинската вера.

Rabotata e shto hristijanite od site denominacii tvrdat deka tokmu tie go nosat svedoshtvoto za Hrista. A i ne samo tie.

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Овде водата го симболизира крштевањето Исусово кај реката Јордан преку Јован Крстителот. Овде Исус ги искупи сите гревови од целиот свет. Носејќи ги гревовите од целиот свет врз себе, после три години Тој ја исплати казната за сите гревови со крвопролевање на Крстот. Со тоа тој го исполна законот кој вели дека „платата за гревот е смрт“.

Ova e tolkuvanjeto na Pavle koe e zemeno kako temel na institucijaliziranoto Hristijanstvo i tuka ne bi shirel diskusija bidejkji do sega dovolno sme govorele za toa.

Onoa shto mi pagja vo ochi e shto postojano tvrdish deka simbolichnoto krshtevanje so voda e nuzhen prerekvizit za vtemeluvanje vo vistinskata vera.

Dali toa znachi deka ako ne se krstish so voda deka ne si vo vistinskata vera i deka site onie koi se krstat vo voda go imaat vo sebe Svetiot Duh i se vo vistinskata vera ?

Dali mozhesh da posochish Isusov citat kade shto veli deka za zdobivanje so vechen zhivot mora da se ispovedaat i izmijat grevovite so krshtevanje vo voda i dali mozhesh da posochish citat kade se gleda deka Isus go pravi toa so svoite apostoili ili lugjeto koi go sledele?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Indurain
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 19:27
Јас сум грешник......ама арно ми е.....што ќе ми е сега пак одново да почнувам да грешам.............

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 20:15
Значењето на зборот „крштевање“ е „баптизмо“ на грчки (посто Новиот тестамент беше напишан на грчки) значи „да се потопи, да се измие, да се очисти.“

Во Стариот Тестамент за да биде грешникот спасен од неговите/нејзините гревови тој/таа според Законот и жртвениот систем мораше пред Шаторот на средбата да донесе жртва без недостаток и да ги положи обете свои раце врз главата на жртвата и да ги исповеда гревовите над неа за да на таков начин своите гревови ги положи врз главата на жртвата.

Левит 4:2-4 „Кажи им на Израелевите синови вака: ‘Ако некој и згреши од незнаење на која и да е Господова заповед и стори нешто што е забрането да се прави; ако помазаниот свештеник согреши и навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го сторил нека Му принесе на Господа едно грло крупен добиток, еден јунец без недостаток, како жртва за грев. Нека го доведе јунецот пред Господа до влезот во Шаторот на средбата; нека ги положи своите раце на главата на јунецот и нека го заколе пред Господа.

Вториот дел од заповедта е да се заколе жртвата и крвта да ја земе свештеникот и да го помазе со крвта жртвеникот, роговите од жртвеникот и.тн. (јас го зедов овој стих но во Левит 1 е објасното рацеполагањето како пренесување на грев)

Ова е заповдта за секој еден грешник да прими опростение од гревови.

Откако Израелците сфатија според Законот Божји дека не можат друго освен да постојано грешат и не беа способни да принесуваат толку жртви колку што гревови правеа, тие се пожалија кон Бога и Бог им дозволи да принесуваат жртва за очистување на сите целогодишни гревови еднаш годишно.

Левит 16:34 вели: Така, ова нека биде за вас вечен закон: еднаш годишно да бидат очистувани Израелевите синови од сите нивни гревови.” Тој направи како што Господ му нареди на Мојсеја.

Начинот како требаше да биде извршено е запишан во Левит 16:21-22: Арон нека ги стави своите раце на главата на живиот јарец и нека ги исповеда над него сите беззаконија на Израелците, сите нивни престапи и сите нивни гревови. Откако ќе ги положи така на главата на јарецот, нека го испрати во пустината преку раката на определениот човек за тоа. 22 Така јарецот ќе ги однесе со себе сите нивни беззаконија во непроодна земја и тој нека го пушти јарецот во пустина.”

Види сега: Во евангелието според Лука глава 1 запишано е дека Захарија беше свештеник од редот Авијанов, кој беше од осмиот ред според поделбата која ја направи царод Давид затоа што беа многу потомци на Арон. 1 Летописи 24:10 осмата на Авиј,

Од овде ние знаеме дека Јован Крстителот е навистина потомец на Арон Првиот Високо Свештеник.
Последната жртва за очистување на гревовите од целиот свет е Исус Христос, според сведоштвото на Јован Крстителот во Јован 1:29: Еве Го Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот врз себе!

Во Стариот Завет беше рацеполагањето а во Новиот Завет беше крштевањето затоа што Исус рече во Матеја 3:13-17, Зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“

Зборот овде “така“ значи на овој начин, не постои друг начин освен вака.

Во многу слики од порано ако видите ќе забележите дека крштевањето на Исус е нацртано како Јован Крстителот ги има исто така неговите раце положено на главата на Исус.

Во согласност со Стариот Тестамент, жртвата Божја која беше без никаков недостаток која го бараше законот, Исус Христос, и Последниот Високо Свештеник Јован Крстителот се сретнаа кај реката Јордан да го извршат жртвениот систем и да ја исполнат Божјата правда.

Овде со крштевањето на Исус, Јован Крстителот како најголем човек роден од жена, претставникот на целото човештво, ги положи неговите раце на главата на Исус (жртвата) и ги положи сите гревови од Адам до крајот на светот, врз главата на Исус.

После ова Исус беше одведен во пустината.

После три години на јавна служба и проповедуување на оригиналното евангелие на водата и Духот Исус беше распнат на Крстот за да ја пролее крвта Негова за исплата на сите гревови зошто законот вели платата за гревот е смрт и без крвопролевање не станува проштевање. На Крстот Исус рече: Се сврши. (Јован 19:30) Жртвениот систем на ваков начин беше исполнат и на ваков начин ние примивме еднаш засекош искупение и опростение од сите наши целоживотни гревови.

Исус не направи грев и целото ова како Исус ќе ги земе гревовите и ќе ја пролее крвта е исто така запишано во Исаија глава 53.

Многу повеќе од тоа, самите бои на врата на Шаторот на средбата го откриваат истото:
- сина - исусовото крштевање
- црвената- исусовата крв
- темноцрвената - Исусовата Божественост

Исус Христос еднаш засекогаш пострада и ни даде нас совршено икупение и опростение од гревови. Ние сите сме еднаш засекогаш искупени и опростени од сите наши гревови.

Затоа ви велам дека правилна вера е онаа според Писмото, зошто Законот и Пророците сведочат за истово.

Свеченото човечко крштевање само од себе нема никакво значење ако не веруваше дека Исус беше за мене/тебе крстен.

Човекот кој верува правилно во Исус се крштева во вода за да јавно потврди дека верува во Исусовото крштевање и укажува на чиста совест пред Бога. 1 Петар 3:21 вели:

„Образот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога- добра совест- не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа(МК Библија 1976 год.)

Господ не бара од нас јавно исповедување на нашите гревови за да целиот свет слушне какви грешници сме ние. Тоа Бог Самиот го знае. Тој од нас бара да ние признаеме според Законот дека сме грешници родени заради Адамовиот грев и не можеме друго освен да грешиме целиот наш живот заради телото. После ова ние мораме да го научиме евангелието и да веруваме во него и преку верата во евангелието на Исус Бог ни го праќа во нашите срца Светиот Дух и не прави нас еднаш засекогаш праведни.
Зашто во Словото Бог вели: За нивните гревови и беззаконија нема повеќе да си спомнувам. Значи што Бог опростил тоа Бог и заборавил. Гревот кој е опростен е заборавен (тој е мртов не постои,нема власт)

Во Апостолските дела глава 2:38 вели: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.

Овде спомнатото покаение е вака: Според законот човекот не може да престане да греши и не може да го чува законот. Кога човекот ова ќе го сфати евангелието на Исус тој ќе биде крстен. Крштевањето овде е верување дека Јован Крстителот ги пренесе вашите гревови врз Исус кога тој него го крсти во реката Јордан. Кога човекот ќе поверува во ова тој е крстен во Исус и заедно со Исус е распнат. Откако ова се случи духовно преку вера, Бог му го дава на човекот Светиот Дух и тој човек постанал праведен пред Бога еднаш засекогаш.

Се надевам дека сега е малку појасно.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 20:16
Не го сфатив коментарот.

Ако си грешник и знаеш зошто тогаш ти треба спасител.

Овој Спасителот ти е потребен ако сакаш да влезез во Царството Небесно.

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 20:29
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Па кој го составил посланието до Римјаните? Не беше тоа Павле кој истото така сведочеше дека правилната вера спасува. Или со вашиот коментар сакате да кажете дека Павле не беше праведен?
Можеби го составил Павле. Проблемот е што не го составил некој што бил запознаен од прва рака со Исусовото учење кое говореше за активна вера, вера преку дела т.е. остварување на духовните закони и тоа не преку фаќање за дословното значење на пишаниот збор туку неговата смисла.

Додека пак Павле ја форсира верата во Исус а не практицирање на Исусовото учење. Во тоа има битна разлика.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

За првиот цитат Кој е каменот на кој се гради куќа?
Кое е значњето на песокта овде, кој е разумен а кој безумен човек?
Карпата на која треба да се гради е Христос. Христос јасно кажува кој е разумниот човек - оној кој живее според неговото учење а не оној кој само верува во неговото учење.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Човекот сам од себе не може да се оправда со своите дела, колку и да се.
Сам од себе не, но со Божја помош да. Имено Бог е тој кој на искрениот верник му дава сила да ги врши делата. Но ако верникот и покрај упатсатвата и енергијата која ја добива не се труди да живее според духовните закони тој тогаш не може да ги развие во целост силите на Светиот Дух во себе.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

А за писателот на Римјаните уверено можам да ви речам дека беше праведник избраник Божји и тешко ќе ви биде на вас ако вие него го правите лажго или нешто друго зошто Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух.
Тогаш ние имаме сосема сосема различни уверувања. Библијата не е напишана под раководство на Светиот Дух, иако содржи и такви делови кои навистина Бог ги објавил.

Библијата, како што и самото име кажува е само збирка на различни книги кои во одреден историски момент неколку века по Христа некои луѓе водени од сопствените представи и потреби им направиле компилација. Таа збирка од книги содржи повеќе учења, меѓу другото учењето на старозаветните свештеници, учењето на Исус од Назарет приличо различно на свештеничкиот сталеж од стариот завет, учењето на Павле(или евентуално оној кој се потпишал со неговото име) кое пак се разликува од Исусовото учење и други.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 22:16
Прво жално е да се прочита дека не верувате дека Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух,но сепак можеби и вие еден ден ова ќе го разберете па ќе поверувате.

Од вашиот коментар погоре: „ Но ако верникот и покрај упатсатвата и енергијата која ја добива не се труди да живее според духовните закони тој тогаш не може да ги развие во целост силите на Светиот Дух во себе.“

Кои се овде духовните закони кои ги спомнуваш?

Според вас од колку книги се состои Библијата во целосност (Стариот + Новиот Тестамент)?

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 22:50
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Прво жално е да се прочита дека не верувате дека Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух,но сепак можеби и вие еден ден ова ќе го разберете па ќе поверувате.
За тебе е жално за други радосно. Нема. Кај мене беше обратно. Најпрвин ја имав илузијата дека Библијата е конечна и совршена Реч Божја. Потоа сфатив дека не е токму така и моите ставови поприлично се променија.

Јас сметам дека состојбата ќе биде токму обратна. Оние кои сега веруваат во апсолутната непогрешливоста на тнр. стари свети списи(вклучувајќи ги тука и другите религии) - што пак за некои е дел од нивниот духовен еволуциски пат - еден ден ќе дојдат до спознанието дека тоа не било така. Но поради тоа нема да пропаднат ниту ќе бидат отфрлени од Бога, туку ќе станат поотворени за повисоки духовни сознанија.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Од вашиот коментар погоре: „ Но ако верникот и покрај упатсатвата и енергијата која ја добива не се труди да живее според духовните закони тој тогаш не може да ги развие во целост силите на Светиот Дух во себе.“

Кои се овде духовните закони кои ги спомнуваш?
Најбитните се содржани во http://www.universelles-leben.org/cms/hr/mi-o-nama/deset-zapovijedi.html - Десетте Божји Заповеди и Исусовата http://www.universelles-leben.org/cms/hr/mi-o-nama/govor-na-gori.html - Беседа на Гората

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Според вас од колку книги се состои Библијата во целосност (Стариот + Новиот Тестамент)?
За мене не е спорно дека таа се состои од одреден број на книги - стариот 39,(во преводот на МПЦ мислам има некоја плус) новиот 27 вкупно 66. Тоа не е само по себе спорно, туку верувањето дека тие книги во секоја реченица верно ја пренесуваат вистината и дека секоја од тие книги била објавена и/или запишана според Божја волја.

Библијата содржи фрагменти од вечната вистина(како и книгите на другите светски религии) но не и целата вистина.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 23:35
Незнам каков коментар да ви напишам кога ги говорите спротивните работи. Прво велите Библијата не е напишана под раководство на Светиот Дух а сега велите дека е таа запишана според Божја волја.
Па кој е исполнител на Божјата волја?

На вистина е дека Библијата се содржи од 66 книги. А бројот е важен зашт во книгата откровение се покажува бројот на Сатаната во врска со ова.

Книгите на религиите не содржат вистина затоа што се измислици човечки. Единствено Библијата е совршено Божјо слово напишана под раководство на Светиот Дух.

Во Римјаните 8:2 напишано е Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.

Овде апостолот Павле јасно зборува за два закона: Законот на гревот т.е Десетте заповеди и 613 члена на Законот даден преку Мојсеј, и законот на Духот т.е. правдата Божја и верата во неа.

Јас едно можам да речам: Фала Му на Бога што ми даде вера во Неговото Слово.

А што останува за апостолот Павле да ви кажам дека Павле беше ученик на најдобриот учител во Ерусалим. Павле го знаеше и имаше проучено Стартиот Тестамент многу подобро од сите Апостоли. Тој ги знаеше сите настани за Јован и исусовото крштевање и крвопролевање, но не беше сведок на возвишението.

Павле Апостолот ни остаде нас многу значајни посланија. Знам дека на некои така наречени христијани тешко им е да сфатат дека Павле Апостолот беше праведен. Тие не сакаат ова да го прифатат затоа што Павле ги гонеше и убиваше раните Христијани, но Бог , Исус Христос Самиот , него го повика на служба и му го даде Светиот Дух исто онолку колку што и сите други апостоли го примија.

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 23:37
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Библијата, како што и самото име кажува е само збирка на различни книги кои во одреден историски момент неколку века по Христа некои луѓе водени од сопствените представи и потреби им направиле компилација. Таа збирка од книги содржи повеќе учења, меѓу другото учењето на старозаветните свештеници, учењето на Исус од Назарет приличо различно на свештеничкиот сталеж од стариот завет, учењето на Павле(или евентуално оној кој се потпишал со неговото име) кое пак се разликува од Исусовото учење и други.

Majkl, ако Светото Писмо е составено од некои луѓе кои се воделе по своите претстави, тогаш што ли останува да кажеме за вашата света книга? Кога е таа составена? Koга таа е објавена?

Те молам, само немој да ми кажеш дека е објавувана консеквентно на сите тие движења за кои веруваш дека се христијански, затоа што за тоа нема никаков доказ. А кога веќе говориме за разликите, подобро да не почнам да набројувам во што се разликуваат и противречат платонистите, оригенистите, богомилите, манихејците, павликјаните и сите слични на нив од кои црпите некакво влијание. Тие сами се побиваат дури и другите да не говорат ништо.

А да не говорам дека Новиот Завет, како што и самиот велиш, има континуитет од Стариот Завет, а вашата света книга не...

-------------

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 00:14
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Незнам каков коментар да ви напишам кога ги говорите спротивните работи. Прво велите Библијата не е напишана под раководство на Светиот Дух а сега велите дека е таа запишана според Божја волја.
Па кој е исполнител на Божјата волја?
Каде сум рекол такво нешто?    
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

На вистина е дека Библијата се содржи од 66 книги. А бројот е важен зашт во книгата откровение се покажува бројот на Сатаната во врска со ова.
Јас не би се врзувал за тоа која книга колку поглавија има. но според ова кое самата го велиш испаѓа дека Библијата е книга на Сатаната.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Книгите на религиите не содржат вистина затоа што се измислици човечки. Единствено Библијата е совршено Божјо слово напишана под раководство на Светиот Дух.
Тоа е според твоето убедување така. Муслиманите ќе речат нешто друго, мормоните нешто трето... јас нешто десетто а сите ние ќе се повикаме на Бога.
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Јас едно можам да речам: Фала Му на Бога што ми даде вера во Неговото Слово.
Тоа е твое право, можеби твојот пат кој треба моментално да го изодиш. На тоа нема право никој да приговара. Нека е со среќа!
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

А што останува за апостолот Павле да ви кажам дека Павле беше ученик на најдобриот учител во Ерусалим. Павле го знаеше и имаше проучено Стартиот Тестамент многу подобро од сите Апостоли. Тој ги знаеше сите настани за Јован и исусовото крштевање и крвопролевање, но не беше сведок на возвишението.
Проблемот со Павле е дека не бил директен Христов ученик. Не биле ниту во подоцнежните генерации, но поентата е дека учењето на Павле е различно од учењето Христово или абрем она што е запишано во Евангелијата. Да беше Библијата во целина исклучиво чиста Реч Божја тие работи ќе беа во меѓусебна хармонија. Од претхоно посочените цитати се гледа дека не се.

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 00:25
Originally posted by Македон Македон напиша:

Majkl, ако Светото Писмо е составено од некои луѓе кои се воделе по своите претстави, тогаш што ли останува да кажеме за вашата света книга? Кога е таа составена? Koга таа е објавена?
Кој што сака може да верува, но факт е дека кај првите се создадени (можеби низ текот на времето) бројни противречности со самите себе, додека во објавите Божји за денешното време нема такви противречности ако се споредат сами со себе.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Те молам, само немој да ми кажеш дека е објавувана консеквентно на сите тие движења за кои веруваш дека се христијански,
Таман работа, секако дека нема да ти кажам. Но ти си тој кој консеквентноста ја држи за важна:
Originally posted by Македон Македон напиша:

А да не говорам дека Новиот Завет, како што и самиот велиш, има континуитет од Стариот Завет, а вашата света книга не...
Да ти одговорам со еден аргумент(намерно делумно изваден од контекст) на следбениците на Харе Кришна движењето за да ти ја доловам бесмисленоста на изјавата околу континуиетот: „Дали книгите од заветите се наоѓаат на листата на ученичкото наследство(евам парампарам) или не?„

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 00:38

Ако ги споредуваш сами со себе можеби и немаат, но тогаш слободно можеме да заклучиме дека марксизмот е постар од тие објави. Ако пак ги споредуваме сите тие движења, тогаш можеме да заклучиме дека се е противречно.
Би сакал да ми ги посочиш противречностите во Новиот Завет секако.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Те молам, само немој да ми кажеш дека е објавувана консеквентно на сите тие движења за кои веруваш дека се христијански,

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Таман работа, секако дека нема да ти кажам. Но ти си тој кој консеквентноста ја држи за важна:

Originally posted by Македон Македон напиша:

А да не говорам дека Новиот Завет, како што и самиот велиш, има континуитет од Стариот Завет, а вашата света книга не...

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Да ти одговорам со еден аргумент(намерно делумно изваден од контекст) на следбениците на Харе Кришна движењето за да ти ја доловам бесмисленоста на изјавата околу континуиетот: „Дали книгите од заветите се наоѓаат на листата на ученичкото наследство(евам парампарам) или не?„

Јас консеквентноста и контунуитетот ги држам за мошне важни. А континуитетот не го признавам само јас, туку и историјата. Зарем нема континуитет меѓу Стариот и Новиот Завет? Зарем учењата на св.Апостоли се спротивни со оние на нивните ученици?

-------------

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 12:05
Originally posted by Marinceska

А за писателот на Римјаните уверено можам да ви речам дека беше праведник избраник Божји и тешко ќе ви биде на вас ако вие него го правите лажго или нешто друго зошто Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух.

Тогаш ние имаме сосема сосема различни уверувања. Библијата не е напишана под раководство на Светиот Дух,иако содржи и такви делови кои навистина Бог ги објавил. (ова е вашиот одговор)

Додека подолу каде ве прашав од колку книги се состои Библијата велите: За мене не е спорно дека таа се состои од одреден број на книги - стариот 39,(во преводот на МПЦ мислам има некоја плус) новиот 27 вкупно 66. Тоа не е само по себе спорно, туку верувањето дека тие книги во секоја реченица верно ја пренесуваат вистината и дека секоја од тие книги била објавена и/или запишана според Божја волја.

Значи овде говорите за две спорни нешта. Ако според вас Библијата (книгите од Библијата) не е напишана под раководство на Светиот Дух, Кој е тогаш извршител/исполнител на Божјата Волја.

Но исто да надополнам на претходниот одговор за Исусовата Божественост, во евангелието според Јован глава 1 вели: Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.

Јован 1:14 вели: И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина.

Овде Словото , Кое е Бог, кое стана тело (манифестацијата Божја во обличие човечко) е Исус Христос.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 12:14
Originally posted by Marinceska

На вистина е дека Библијата се содржи од 66 книги. А бројот е важен зашт во книгата откровение се покажува бројот на Сатаната во врска со ова.
. Јас не би се врзувал за тоа која книга колку поглавија има. но според ова кое самата го велиш испаѓа дека Библијата е книга на Сатаната

Да ти објаснам дека јас не реков дека Библијата е Сатанска книга туку реков дека бројот на книгите од кои е содржана Библија се важни затоа што се во врска со бројот на Сатаната за кој се зборува во книгата Откровение.

Во Откровени глава 13:18 велиТука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.

Објаснување: Библијата се состои од 66 книги , а човекот е создаден во 6 ден. Споено добивата 666. Незаборавај те дека Сатаната прво беше Ангел. Тој многу добро ја знае Библијата(Словото Божјо) . Тој го знае тоа дури и подобро од некои така наречени Христијани. Но ова значи дека: Оној човек кој не е поново роден од вода и Дух и не го има Духот Христов во него/неа не може да ја разбере Библијата ниту пак може да ја протолкува. Тој/таа ја толкува Библијата според човечка логика и размислување и го злоупотребува Словото за свој телесен корист е Сатански пророк/ученик/следбеник/Ѕвер и бројот му е 666.

Ова што јас саква да кажам со тоа. Се надевам дека сега вие е појасно.

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 19:53
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Додека подолу каде ве прашав од колку книги се состои Библијата велите: За мене не е спорно дека таа се состои од одреден број на книги - стариот 39,(во преводот на МПЦ мислам има некоја плус) новиот 27 вкупно 66. Тоа не е само по себе спорно, туку верувањето дека тие книги во секоја реченица верно ја пренесуваат вистината и дека секоја од тие книги била објавена и/или запишана според Божја волја.

Значи овде говорите за две спорни нешта. Ако според вас Библијата (книгите од Библијата) не е напишана под раководство на Светиот Дух, Кој е тогаш извршител/исполнител на Божјата Волја.
Каква врска има тоа со бројот на книги во Библијата?

Библијата ја составиле луѓе кои одбрале од купче списи кои ќе влезат во таа компилација кои нема. Тие луѓе живееле неколку века после апостолите и Исус.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 20:48

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Оној човек кој не е поново роден од вода и Дух и не го има Духот Христов во него/неа не може да ја разбере Библијата ниту пак може да ја протолкува.

Velish deka dodeka chovek ne go ima Duhot Hristov (nastrana shto ne sum siguren dali chovek mozhe da go ima Hristoviot Duh) vo nego ne mozhe da ja razbere Biblijata.

A kako kje go dobie Duhot Hristov ako na pochetokot na svoeto srekjavanje so Biblijata ne go ima za da mozhe pravilno da ja protolkuva Biblijata?

Dali toa znachi deka chovek se zdobiva so Duhot Hristov pri samoto krshtevanje, pa potoa mozhe da ja chita i tolkuva Biblijata ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 20:56
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Што се однесува до словото Божја тоа е духовна книга а не телесна и нема ништо заеничко со телото, моралот или пак етиката. Ваквите се човечки измислици.

Odamna na forumov ne sme imale vakvi originalni misli i sogleduvanja...   

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 21:41
Не, самото крштевање не го донесува Христовиот Дух во срцето на верникот.

Кога човекот се познае себе си кој е (т.е. роден како грешник поради гревот на Адам и Ева) тој/таа треба да се сретне со праведник (кој е без грев преку правилна вера) и да го научи од тој човек евангелието за Исус.

Откако ќе поверува во сведоштвото на праведникот (а да знаете дека сведоштвата на паведниците се исти, нема разлика зошто сите тие ќе ви сведочат дека се без грев преку вера во Божјата правда која е исполнета од крштевањето на Исус кај реката Јордан од Јован Крстителот и Неговата крв на Крстот), тој/таа во истиот момент ќе го прими Светиот Дух од Бога како дар за неговата/нејзината вера и веднаш доаѓа до разбирање на сето Слово Божјо.

Заповедта Господова до апостолите е: И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! 16 Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. Марко глава 16.

Кој може да се крсти во Исус ако не оној кој верува дека Исус беше крстен од Јован за да ги земе сите гревови на светот!

Исус нема да дојде на земјава за да биде крстен кога секој еден ќе поверува или пак да ја пролева крвта кога некој кој не верува погрешил и бара секој ден опростение на гревовите.

Бог рече дека СЕ СВРШИ. Искупението и опростението на сите човечки гревови од Адам до крајот на светот беше пред 2000 години исполнето со крштевањето и крвопролевањето на Исус Христос Бог Самиот.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 21:43
Дополнување:

Човекот секогаш може да ја чита Библијата но без Духот Божји во него/неа самиот човек ќе најде многу спротивности кои не може да ги разбере со својот човеков памет или логика.

Мислата Божја не е иста како и човечката.

Затоа нам ние е потребен Духот Свети за да бидеме спасени и да можеме преку истиот Дух да сведочиме за Христа и да спасиме и други.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 22:07
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Не, самото крштевање не го донесува Христовиот Дух во срцето на верникот.

Кога човекот се познае себе си кој е (т.е. роден како грешник поради гревот на Адам и Ева) тој/таа треба да се сретне со праведник (кој е без грев преку правилна вера) и да го научи од тој човек евангелието за Исус.

E sega te izgubiv, bidejkji porano reche oti:

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Човекот и да постане праведен преку верување во Божјата правда, тој/таа не може ништо друго освен да греши се додека да умре.

Kako mozhe da najdesh bezgreshen pravednik koga tvrdish deka takov ne postoi ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 22:12
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Дополнување:

Човекот секогаш може да ја чита Библијата но без Духот Божји во него/неа самиот човек ќе најде многу спротивности кои не може да ги разбере со својот човеков памет или логика.

Мислата Божја не е иста како и човечката.

Затоа нам ние е потребен Духот Свети за да бидеме спасени и да можеме преку истиот Дух да сведочиме за Христа и да спасиме и други.

So drugi zborovi velish deka koga so aktot na krshtevanjeto vo nas kje se vseli Svetiot Duh togash kje pochneme da mislime kako Boga i taka kje ja razbereme Biblijata ?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 23:15
Не, еве повторно пораката која претходно ја имав напишано.

Значењето на зборот „крштевање“ е „баптизмо“ на грчки (посто Новиот тестамент беше напишан на грчки) значи „да се потопи, да се измие, да се очисти.“

Во Стариот Тестамент за да биде грешникот спасен од неговите/нејзините гревови тој/таа според Законот и жртвениот систем мораше пред Шаторот на средбата да донесе жртва без недостаток и да ги положи обете свои раце врз главата на жртвата и да ги исповеда гревовите над неа за да на таков начин своите гревови ги положи врз главата на жртвата.

Левит 4:2-4 „Кажи им на Израелевите синови вака: ‘Ако некој и згреши од незнаење на која и да е Господова заповед и стори нешто што е забрането да се прави; ако помазаниот свештеник согреши и навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го сторил нека Му принесе на Господа едно грло крупен добиток, еден јунец без недостаток, како жртва за грев. Нека го доведе јунецот пред Господа до влезот во Шаторот на средбата; нека ги положи своите раце на главата на јунецот и нека го заколе пред Господа.

Вториот дел од заповедта е да се заколе жртвата и крвта да ја земе свештеникот и да го помазе со крвта жртвеникот, роговите од жртвеникот и.тн. (јас го зедов овој стих но во Левит 1 е објасното рацеполагањето како пренесување на грев)

Ова е заповдта за секој еден грешник да прими опростение од гревови.

Откако Израелците сфатија според Законот Божји дека не можат друго освен да постојано грешат и не беа способни да принесуваат толку жртви колку што гревови правеа, тие се пожалија кон Бога и Бог им дозволи да принесуваат жртва за очистување на сите целогодишни гревови еднаш годишно.

Левит 16:34 вели: Така, ова нека биде за вас вечен закон: еднаш годишно да бидат очистувани Израелевите синови од сите нивни гревови.” Тој направи како што Господ му нареди на Мојсеја.

Начинот како требаше да биде извршено е запишан во Левит 16:21-22: Арон нека ги стави своите раце на главата на живиот јарец и нека ги исповеда над него сите беззаконија на Израелците, сите нивни престапи и сите нивни гревови. Откако ќе ги положи така на главата на јарецот, нека го испрати во пустината преку раката на определениот човек за тоа. 22 Така јарецот ќе ги однесе со себе сите нивни беззаконија во непроодна земја и тој нека го пушти јарецот во пустина.”

Види сега: Во евангелието според Лука глава 1 запишано е дека Захарија беше свештеник од редот Авијанов, кој беше од осмиот ред според поделбата која ја направи царод Давид затоа што беа многу потомци на Арон. 1 Летописи 24:10 осмата на Авиј,

Од овде ние знаеме дека Јован Крстителот е навистина потомец на Арон Првиот Високо Свештеник.
Последната жртва за очистување на гревовите од целиот свет е Исус Христос, според сведоштвото на Јован Крстителот во Јован 1:29: Еве Го Божјото Јагне кое ги зеде гревовите на светот врз себе!

Во Стариот Завет беше рацеполагањето а во Новиот Завет беше крштевањето затоа што Исус рече во Матеја 3:13-17, Зошто така ни прилега да ја исполниме сета правда.“

Зборот овде “така“ значи на овој начин, не постои друг начин освен вака.

Во многу слики од порано ако видите ќе забележите дека крштевањето на Исус е нацртано како Јован Крстителот ги има исто така неговите раце положено на главата на Исус.

Во согласност со Стариот Тестамент, жртвата Божја која беше без никаков недостаток која го бараше законот, Исус Христос, и Последниот Високо Свештеник Јован Крстителот се сретнаа кај реката Јордан да го извршат жртвениот систем и да ја исполнат Божјата правда.

Овде со крштевањето на Исус, Јован Крстителот како најголем човек роден од жена, претставникот на целото човештво, ги положи неговите раце на главата на Исус (жртвата) и ги положи сите гревови од Адам до крајот на светот, врз главата на Исус.

После ова Исус беше одведен во пустината.

После три години на јавна служба и проповедуување на оригиналното евангелие на водата и Духот Исус беше распнат на Крстот за да ја пролее крвта Негова за исплата на сите гревови зошто законот вели платата за гревот е смрт и без крвопролевање не станува проштевање. На Крстот Исус рече: Се сврши. (Јован 19:30) Жртвениот систем на ваков начин беше исполнат и на ваков начин ние примивме еднаш засекош искупение и опростение од сите наши целоживотни гревови.

Исус не направи грев и целото ова како Исус ќе ги земе гревовите и ќе ја пролее крвта е исто така запишано во Исаија глава 53.

Многу повеќе од тоа, самите бои на врата на Шаторот на средбата го откриваат истото:
- сина - исусовото крштевање
- црвената- исусовата крв
- темноцрвената - Исусовата Божественост

Исус Христос еднаш засекогаш пострада и ни даде нас совршено икупение и опростение од гревови. Ние сите сме еднаш засекогаш искупени и опростени од сите наши гревови.

Затоа ви велам дека правилна вера е онаа според Писмото, зошто Законот и Пророците сведочат за истово.

Свеченото човечко крштевање само од себе нема никакво значење ако не веруваше дека Исус беше за мене/тебе крстен.

Човекот кој верува правилно во Исус се крштева во вода за да јавно потврди дека верува во Исусовото крштевање и укажува на чиста совест пред Бога. 1 Петар 3:21 вели:

„Образот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветување на Бога- добра совест- не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа(МК Библија 1976 год.)

Господ не бара од нас јавно исповедување на нашите гревови за да целиот свет слушне какви грешници сме ние. Тоа Бог Самиот го знае. Тој од нас бара да ние признаеме според Законот дека сме грешници родени заради Адамовиот грев и не можеме друго освен да грешиме целиот наш живот заради телото. После ова ние мораме да го научиме евангелието и да веруваме во него и преку верата во евангелието на Исус Бог ни го праќа во нашите срца Светиот Дух и не прави нас еднаш засекогаш праведни.
Зашто во Словото Бог вели: За нивните гревови и беззаконија нема повеќе да си спомнувам. Значи што Бог опростил тоа Бог и заборавил. Гревот кој е опростен е заборавен (тој е мртов не постои,нема власт)

Во Апостолските дела глава 2:38 вели: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.

Овде спомнатото покаение е вака: Според законот човекот не може да престане да греши и не може да го чува законот. Кога човекот ова ќе го сфати евангелието на Исус тој ќе биде крстен. Крштевањето овде е верување дека Јован Крстителот ги пренесе вашите гревови врз Исус кога тој него го крсти во реката Јордан. Кога човекот ќе поверува во ова тој е крстен во Исус и заедно со Исус е распнат. Откако ова се случи духовно преку вера, Бог му го дава на човекот Светиот Дух и тој човек постанал праведен пред Бога еднаш засекогаш.

Знам дека поракава е долга, но се надевам дека ќе ви разјаснит многу работи.

Актот на крштевањето не е ништо без правилната вера. Но исто така крштевањето во вода откако човек ќе поверуваше не е приморно.

Правилната вера е онаа која спасува. Кога човекот павилно верува тој/таа е крстен од Бога со Светиот Дух. Тоа е тоа крштевање кое доаѓа од правилна вера како што е во поракава опишано.

Ак актот на крштевањето го донесуваше Светиот Дух , што ќе речеме тогаш , дека сите бебиња кои се крстени во некои земји (исто и јас) го примија Светиот Дух?! Тоа не може , не е Библиски зошто бебето нити знае да верува нити се знае себе си за да може да оддаде некаква чиста совест кон Бога. Вера во Бога е лична. Секој еден човек ќе даде пред Бога одговор што тој/таа направил со верата. Ако поверувал , награда, ако не поверувал , казна.

Така бебињата кои се крстени не им помогнува тоа ништо во нивното идно верување или не. Тоа таквото крштевање е само молзење на пари.

Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 23:22
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Правилната вера е онаа која спасува. Кога човекот павилно верува тој/таа е крстен од Бога со Светиот Дух.
Ако некој е болен и лекарот му препише лекови, дали тие ќе му помогнат ако само ја прочита рецептата и искрено поверува во неа? Или ќе му помогнат ако тој ги употреби и постапи според упатствата на лекарот?

Така е и со Христовото учење. Убаво е човек да верува, тоа е првиот чекор, но ако остане само на тоа без да живее според учењето тогаш еден ден кога „бурите надојдоа се сруши куќата и падот нејзин беше голем„.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 23:34
Единственото дело кое човекот може да го направи откако ќе поверува е да ја сподели правилната вера со другите кои се отстраниле.

Вели во Библијата дека треба членовите на нашето тело да ги предадеме за орудија на правдата Божја, кое има за значење да се што правиме да биде за слава на Бога.

Единственото нешто што човекот го спасува е правилната вера.

Сигурно да во Библијата е напишано како човекот кој е праведен треба да дејствува , треба да се однесува но тоа си доаѓа само преку вера и питомење на телото.

Немојте да мислите дека ако навистина правилно верувате во Исус Христос и немате никакво добро дело направено дека Исус ќе ве прати во пеколот, наспротив, најголемото дело кое човекот може да го направи ова е да поверува правилно во евангелието на водата и Духот и да го помине остатокот на животот живеејќи за евангелието т.е сведочејќи за вистинското спасение кое е во Христа Исуса.

Вели во Библијата дека во последниот ден кој ќе го повика името Господово ќе биде спасен. Кога најдоа и имаа овие луѓе време да направат некакво дело за да според тоа бидата оправдани или спасени! Така спасението доаѓа само од правилна вера.

Примерот за куќите овде е вака: Куќата (верата) која е изградена врз Каменот (исусовото крштевање и Крстот) е цврста вера, каква и неволја да дојде верата стои.

куќата која е основана врз песокта(сопствените праведни дела од човекот со неговите напори , настојувања, покајнички молитви, десетоци и т.н.) е религијата и таа ќе се сруши.

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 23:38
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

куќата која е основана врз песокта(сопствените праведни дела од човекот со неговите напори , настојувања, покајнички молитви, десетоци и т.н.) е религијата и таа ќе се сруши.

Сакаш да кажеш дека не треба покајнички да се молиме и дека молитвите говор во ветер, односно обид за изградба на куќа на песок? Јас повеќе верувам дека св.Апостол Павле добро советувал кога кажал: „Молете се постојано!“ (1 Сол. 5,17).

-------------

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 23:49
Kako mozhe da najdesh bezgreshen pravednik koga tvrdish deka takov ne postoi ?

Во евангелието според Марко глава 7:20-22 вели Господ: “Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. 21 Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, 22 кражби, лакомства, лукатства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.

Овде Господ вели дека човекот оригинално заради престапот на Адам и Ева (чии потомци сме сите) наследија 12 видови на грев во срцата нивни. Така секој еден човек е роден со грев во срцето. Човекот не е грешник пред Бога затоа што извршил многу гревови туку заради тоа што наследил грев од заедничкиот предок.

Откако човекот ќе ја сфати вистина и се научи дека ова е причината зошто тој/таа е грешник тој/таа доаѓа до сфаќање дека има потреба од Спасител.

овој Спасител беше испратен од Бога т.е Бог Самиот Исус Христос за да ги земе гревовите на грешниците (т.е гревот на светот) преку крштевањето и ја исплати казната на Крстот со крвопролевањето , точно онака како што беше ветено.

Сега откако човекот ќе поверува во вистината неговите/нејзините гревови се избришани од неговото/нејзиното срце и на местото од нив човекот го прима Светиот Дух од Бога.

Заради престапот на Адам и Ева телото беше осудено на смрт т.е. вечна разделба од Бога затоа што телото е слабо и секогаш греши, секогаш ги бара похотите. Телото човечко секогаш сака да го следи Божјиот Закон (т.е законот на гревот) но не може да го чува што и да прави.

Така човекот доаѓа до разбирање дека не може да престане да греши поради телото но преку вера во евангелието е направен праведен пред Бога.

Видете Бог еднаш засекогаш ги очисти гревовите на светот, и казната за сите беше платена. како таков гревот е мртов. Луѓето кои сеуште извршуваат гревови тие фактички извршуваат мртви гревови затоа што во Божјиот поглед неам грев.

Апостолот Павле исто така вели во Римјаните „секогаш го правам она што не го сакам, а не го правам она што го сакам.“

За луѓето кои сеуште не се спасени заради што немаат правилна вера тие се сеуште во грев затоа што не веруваат дека Исус Христос еднаш засекогаш ги очисти гревовите. За нив тоа е тешко да се верува и така тие се оттргнуваат од Бога , веруваат на свој начин, го распнуваат Исус секој ден во нивното срце и на крај ќе бидат исфрлени во пеколот.

Штом човекот не верува во Исусовото крштевање и крвта на Крстот заедно како праведното дело од Исус кое ја исполна Божјата правда,таквиот човек Исус не го познава. Затоа вели во Библијата во евангелието во Матеја дека Исус на некои ќе им рече: Бегајте од Мене вие кои правите беззаконие. Јас не ве познавам.

Тие не беа никогаш крстени во Христа и како такви тој не ги знае нив. (иако Тој ги спаси нив сите, но тие не го признаа Него за вистинскиот Бог).

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 23:54
Па каде вели Апостолот Павле дека треба да бараме секој еден ден прошка?(во врска со покајничките молитви. Човекот само еднаш се покајува од сите гревови , се врти и оди кај Бога.) Ако човекот секој ден се покајува и бара прошка за гревовите дневни (како што е напишано во некои молитвеници) тој човек го распнува Исус секој еден ден во своето срце, зошто без крвопролевање проштевање не станува.

Со велењето молете се постојано, тој вели да се молиме за евангелието, за луѓето кои сеуште не се спасени, да бараме од Бога што ни е потребно и да му благодариме на Бога постојано за се.

Дали вие се молите пред јадење и дали му благодарите на Бога за добрата ноќна починка?

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 00:11

Ако согласно твоето толкување, секојдневното покајување значи секојдневна жртва, тогаш како би кажале дека Христовата жртва е совршена, ако е секојдневна? Секојдневната жртва во Стариот Завет не беше совршена, затоа и беше секојдневна. Но, Христовата жртва е совршена, па затоа и не е секојдневна, туку, како што вели св.Апостол Павле во своето послание до Евреите:

Eвреи 9,28. така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев на оние што Го очекуваат за спасение.

Петар кога ги повика луѓето на покајание, не ги повика на крвопролевање. Напротив:

Дела на светите Апостоли

2,38 А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.

Во Посланието на св. Апостол Јаков пак читаме:

5,15 и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.
5,16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.

Зошто Апостол Јаков им велел на Христијаните дека молитвата ќе го спаси болниот и ќе му се простат гревовите, па дури им велел и да си ги исповедаат гревовите, ако како што велиш, со тоа повторно се распнува Христа?

-------------

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 08:05
Овде не станува збор за покајнички молитви.

Исус е вечна совршена жртва за сите гревови од целиот свет, без разлика дали се тоа гревови од минатото, лични гревови, наследени, гревови сегашни и гревови од иднинаа. Исус со неговото праведно дело не изостави ниту еден дел.

Затоа и вели дека болниот ќе оздрави ако направил гревови.

Праведникот греши исто како што и неверникот греши.
Ако праведникот направи толку гревови но не признае пред Бога дека бил немоќен и за тоа ги извршил гревовите, тој/таа може да се разболи. Овде верата е таа што браќата и сестрите кои се праведни заедно ќе го помолат Бога за негово здравје и Бог ќе им ја сослуша молитвата зошто и Самиот вели каде се 2 или 3 правдни на молитва во име таму сум и Јас.

Покаението е едно.(тоа е одвраќање од служење на богови и отфрлање на сопствената правда како што се и покајничките молитви кои не се според Библијата). Откакоо човекот во потполно разбирање ќе се покае пред Бог признавајчи дека е гробен грешник тој ќе се научи за евангелието на водата и Духот и ќе биде крстен во името на Исуса Христа т.е Бог ќе му го даде Светиот Дух како дар за неговата вера.

Кога човекот ќе се покае по втор пат тој веќе го распнал Исус во своето срце и како така Бог ќе му го одземе Светиот Дух и повеќе тој човек нема пристап кон Бога.

Праведникот на друга стана кога не направи грев тој/таа тоа преку вера мора да признае пред Бога дека направил грев. Т.е со други зборови тој таа мора да го признае законот Божји и да сфати и признае пред Бога дека не може да го чува законот заради слабоста на телото. После тоа особата која е праведна и погрешила исповеда преку вера во крштевањето на Исус и неговото крвопролевање дека и тој грев која го извршила веќе беше положен врз Исус преку крштевањето и со крвта беше казната платена за гревот така да нема повеќе осудение за неа/него. Тоа е молитва на вера.

Законот е вечен. Штом законот вели ова е грев, иако Бог ги премавна гревовите законот сеуште постои и ние ред Бога мораме тоа да го признаеме. Но поради вистинската вера законот на гревот и гревот и Сатаната немаат власт над праведните. Тоа е оригиналната молитва.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 08:10
Зошто Апостол Јаков им велел на Христијаните дека молитвата ќе го спаси болниот и ќе му се простат гревовите, па дури им велел и да си ги исповедаат гревовите, ако како што велиш, со тоа повторно се распнува Христа?

Исповедање на грев значи признавање на гревот да е грев според Божјиот Закон.

Пример, јас и ти сме праведни и браќа во Христа. Јас денес ќе се налутам на тебе и ќе останам лута заради нешто. Кога јас според Законот ќе сфатам дека лутината ме направи да ја посакам твојата смрт (т.е убиство според Законот), јас го признавам тоа пред Бога и истото ти го признавам(исповедам) и теба бака: Брате извини ме се налутив и ти погрешив. Штомм ти го имаш Божјиот дух во тебе ти неможеш друго освен да речеш: Бог ни ги опрости сите гревови и Фаламу на Бога што ни даде вечно искупение во Христа.

Затоа и исус вели дека на братот треба да му се опрости 77 пати пута 7. Т.е. верување во совршеното евангелие не бара опростение туку признавање и здраво сфаќање на словото Божјо.

Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 11:48
[/QUOTE] Odamna na forumov ne sme imale vakvi originalni misli i sogleduvanja...    [/QUOTE]

Се согласувам, Marinceska може ли да ми кажеш на која група на христијани припаѓаш?
како се нарекувате и како му служите на Бога?

благодарам однапред

-------------
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 14:12

Marinceska, hristijanskovo objasnuvanje ti drzhi voda:

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Исус е вечна совршена жртва за сите гревови од целиот свет, без разлика дали се тоа гревови од минатото, лични гревови, наследени, гревови сегашни и гревови од иднинаа. Исус со неговото праведно дело не изостави ниту еден дел.

Isto taka:

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Покаението е едно. Откакоо човекот во потполно разбирање ќе се покае пред Бог признавајчи дека е гробен грешник тој ќе се научи за евангелието на водата и Духот и ќе биде крстен во името на Исуса Христа т.е Бог ќе му го даде Светиот Дух како дар за неговата вера.

Tokmu zatoa chovek ne mozhe da se kae vtor, tret i koj znae koj pat...

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Кога човекот ќе се покае по втор пат тој веќе го распнал Исус во своето срце и како така Бог ќе му го одземе Светиот Дух и повеќе тој човек нема пристап кон Бога.

Vtoro pokajuvanje nema, no zatoa ima ispovedanje na storenite grevovi (mislam deka ima greshka vo originalniot tekst - namesto "ne napravi" veruvam deka trebalo da stoi "kje napravi"):

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Праведникот на друга стана кога не направи грев тој/таа тоа преку вера мора да признае пред Бога дека направил грев.

Zatoa shto:

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Законот е вечен. Штом законот вели ова е грев, иако Бог ги премавна гревовите законот сеуште постои и ние ред Бога мораме тоа да го признаеме. Но поради вистинската вера законот на гревот и гревот и Сатаната немаат власт над праведните. Тоа е оригиналната молитва.

Se izvinuvam shto originalniot tekst go editirav na ovoj nachin, no smetam deka vaka e popregleden i pojasen.

Ako gresham neka bidam popraven.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 19:12
Se izvinuvam shto originalniot tekst go editirav na ovoj nachin, no smetam deka vaka e popregleden i pojasen. Ako gresham neka bidam popraven.

Не како вие е попрегледно така правите за да ви биде појасно. Сега, да грешката печатна е како што е поправивте во право сте, така треба да биде.

Добро направивте.

„Vtoro pokajuvanje nema, no zatoa ima ispovedanje na storenite grevovi (mislam deka ima greshka vo originalniot tekst - namesto "ne napravi" veruvam deka trebalo da stoi "kje napravi")“

Точно е да второ покајување нема. Исповедање на грев исто се случува еднаш. После поново раѓањето од вода и Дух има признавање на грев и исповедање на вера. Во македоската библија многу пати пишува исповедање на гревови додека во англиската која јас ја користам пишува признавање.

Но без разлика кога човекот го сфати евангелието тој ја сфаќа и има разбирање за преводот.

Сепак Фала за помошта на форумов.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 19:24
Се согласувам, Marinceska може ли да ми кажеш на која група на христијани припаѓаш? како се нарекувате и како му служите на Бога? благодарам однапред

Ние сме Божји народ поново родени од вода и Дух според заповедта од Бога во Јован 3:5.

Ние сме наречени поново родени Христијани т.е. Христијани.

Службата на Бога зависи од повикот Божји. Брат ми во Христа е евангелиста и пастир. Сестра ми во Христа е секогаш во молитва.

Јас сум евангелиста, толкувач преведувач и ќе бидам пастирка.

Другите браќа и сестри во Христа имаа слична служба, а сите ние имаме една иста и основна служба : Сведоштво за вистинското евангелие , евангелието на водата и Духот стриктно според Библијата.

Сведоштвото ние го даваме на секој еден кој сака да знае. на пример на фејсбук, сите имаме блогови на кои ги ставаме проповедите и сведоштвата, на нашата телесна фамилија и сведочиме , на нашите пријатели, другари и на секој еден човек без разлика кој, во што верувал или од каде е.

Потоа, ние преведуваме книги кои го содржат сведоштвото за евангелието, секој на свој јазик(на кого му е дадено од Бога, да може да преведува) и тие книги се распространуваат бесплатно ширум светот.

Ние, скоро сите од нас, имаме светска работа (работа за пари) , а што заработуваме го користиме за помош на браќата и сестрите кои имаат помалку и за распространување на евангелието.

Ние исто така организираме проповеднички вечери на кои исто така евангелието е проповедано.

Ние исто така имаме и бев страница преку која можаат да се нарачаат бесплатните книги, преку која човек може да се зачлени како соработник.

Така накратко ова е кои сме и како ние му служиме на Бога.

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 20:29
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Јас сум евангелиста, толкувач преведувач и ќе бидам пастирка.

Како потоа ни велиш дека го имате значењето на сокриеното Евангелие, кога дури и во она што е откриено се гледа спротивност со тоа жената да е пастир в Црква:

1 Коринтјани 14,35 Ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома, зашто е срамно жената да зборува во црква.

Ова зарем не говори јасно против тоа жена да поучува в Црква?

Само не говори ми дека и ова е нешто сокриено, затоа што ова е мошне јасно и секој писмен може да го прочита и да го дознае значењето.

Пред некоја вечер на плоштадот во Скопје имаше собрано група евангелисти кои делеа некакви ливчиња. Јас не зедов. Имаше некаков собир таму, иако не се заинтересирав да дознаам нешто повеќе. Вие да не бевте тие што делеа? Имаше ли нешто освен делењето ливчиња?

-------------

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 21:10
Па да јас не се противречам на тоа но кога немам маж самата јас сум и маж и жена.

Истото така Бог рече во евангелието дека роденото од тело е тело а роденото од Дух е дух. Дали сега Духот е маж или жена?

Во Црквата мажот е пастир јас не сум против тоа но реков дека ќе бидам пастирка (како жена на пастир кој ќе ми го даде Бог за маж). Како велат во македонија дека жената на попот е попајџа!

Не сум јас од нив. Незнам за кои зборувате и не сум позната кои се.

Јас во овој момент сум во Холандија. А за една недела ќе бидам во Охрид.

Ако сте земеле од ливчињата и можевте да ми кажевте кои се тогаш ќе можев да ви кажам дали се наши (од истата заедница) или не се.

Зошто Апостолот Павле овде рече дека срамно е за жената да говори в Црква е заради тогашните загорчени Евреи. Но сепак веруваме како што е напишано и вели ме Амин на тоа. не само што беа загорчени го рече тоа Павле но затоа што жената беше искушана од Сатаната, што исто сака да каже дека жената има поголеми чувства и емоции кои можат да бидат добро место за играње на Сатаната и како што знаеме дека жената е покревко суштество од мажот и лесноо може да се искуша.

Јасно е напишаното во Библијата.

Постирано од: alf
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 21:30
.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 21:53
Фала на поканата но реков Ќе бидам , сеуште не сум. Се што е од Бога ќе дојде во негово време. А тоа со стапот неговото значење е ова: мерилото за се на праведните им е словото Божјо, преку правдата Божја ние му ја скршивме главата на Сатаната зошто веруваме дека кнезот од овој свет беше победен преку делото Христово.

Зошто Бог на почетокот почна да ги дели работите. Небо -земја,темнина-светлина,ден-ноќ,Бог-човек,маж-жена....итн.... паведник - грешник. Што било причината да ги подели? Целиот уво сум претворен пастирке,да слушнам.

Вели во Библијата 1 Петрово глава 1:20 Кој навистина беше предопределен пред создавањето на светот, а се јави во овие последни времиња заради вас;

Во почетокот во Божјата Промисла Тој ги создаде небото и земјата. Овде небото (кое е небесата) се однесува на Светлината (Исус Христос) , а земјата се однесува на човечкото срце.

Во Божјата Промисла Бог виде и знаеше дека Ангелот Луцифер ќе се крене против него и дека ќе сака да завладее над чедата негови , луѓето и затоа го испланира ова вака.

Бог е милостив и чувствителен Бог кој не направи во Неговото обличие (срцето) , но заради искушението падна човекот под грев и власта на смртта.

Заради правото на слободна волја која му е дадена на созданието Божјо, Бог овде јасно ја оддели темнината од Светлината денот од ноќта и така натаму.

Вели мажот и жената не се одделени туку преку вистинска вера тие се едно во Бога. Како што вели мажот ќе се прилепи за жената и ќе станат едно тело.

причината за ова е што Бог од почетокот ни го даде нас евангелието и ни даде нас избор. Бог неможе да престојува во средината на Сатаната (т.е. гревот) затоа се одделени праведните од грешниците.

Бог -човек, Исус изврши дела на земјава за кои рече дека ако имаме малку вера (како синапово зрно) ние кои веруваме ќе извршуваме дела поголеми од неговите.

Во евангелието има разлика помеѓу верник и неверник, светлина и темнина. (исус и Сатаната)

Како што се Царството небесно и пеколот. Награда за верување (Царството Небесно), и казната за неверието - вечна разделба од Бога (царството на пеколот) Кој како ќе избере и верува таму ќе оди преку истата вера.

Слободна волја на избор.

Па и самиот грнчар кој прави грнчиња ги поделува нив на помали поголеми и поскапи и поефтини, убави неубави.

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 22:01
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Па да јас не се противречам на тоа но кога немам маж самата јас сум и маж и жена.

Истото така Бог рече во евангелието дека роденото од тело е тело а роденото од Дух е дух. Дали сега Духот е маж или жена?

Во Црквата мажот е пастир јас не сум против тоа но реков дека ќе бидам пастирка (како жена на пастир кој ќе ми го даде Бог за маж). Како велат во македонија дека жената на попот е попајџа!

Не сум јас од нив. Незнам за кои зборувате и не сум позната кои се.

Јас во овој момент сум во Холандија. А за една недела ќе бидам во Охрид.

Ако сте земеле од ливчињата и можевте да ми кажевте кои се тогаш ќе можев да ви кажам дали се наши (од истата заедница) или не се.

Зошто Апостолот Павле овде рече дека срамно е за жената да говори в Црква е заради тогашните загорчени Евреи. Но сепак веруваме како што е напишано и вели ме Амин на тоа. не само што беа загорчени го рече тоа Павле но затоа што жената беше искушана од Сатаната, што исто сака да каже дека жената има поголеми чувства и емоции кои можат да бидат добро место за играње на Сатаната и како што знаеме дека жената е покревко суштество од мажот и лесноо може да се искуша.

Јасно е напишаното во Библијата.

Насекаде во Новиот Завет се говори само за мажи како Епископи, презвитери, ѓакони. Едноставно, никаде не се споменува жена. Затоа и велам, тоа кое вие го говорите, е во спротивност со Светото Писмо, независно како вие го толкувате. Чинам дека ги знаете стиховите и нема потреба да ги повторуваме овде.

Жената на свештеникот е неречена попадика во маалските разговори, но, нема никаква фунцкија во рамките на Црквата. Тоа е разлика која треба да се прави кога се споредуваат вакви нешта. Не може да се споредуваат баби и жаби.

-------------

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 22:08
Не е споредувам овде баби со жаби. Но дали Духот е маж или жена?

Друго кој ги знае најдобро слабостите женски ако не самата жена.

Жените кои се поново родени се пастирки зошто ги водат младите жени (новата генерација) во вистинската вера и така тие имаат функција во евангелието.

Нема жената која е побожна да разговара за женски манки со патирот туку со жената на пастирот(како што и мислам дека одговара).

Кај Бога секој човек е исто затоа што Бог гледа во срцето на човекот а човечкото срце не е ни маж ни жена.

Зависно од тоа за која црква говорите затоа што не сите кои се нарекуваат Цркви се и како Божји Цркви од Бога признати.

Во нашата црква сигурно е дека и жената има функција која е иста како и од таа на мажот е распространување на евангелието.

Па и жената си има пријателки и на нив им го проповеда евангелието. Срцето на праведникот е Црква(храм) Божји каде престојува Светиот Дух.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 22:29
Marinceska, некаде прочитав дека ти пиша дека христијанинот откако ќе направи грев не треба да бара прошка за тој грев од Бог. (Поправи ме ако погрешно сум прочитал). Но како тогаш го толкувате оној дел од Исусовата молитва каде Исус не поучува меѓу другото да бараме од Бог да ни ги прости гревовите:

„ прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој наш должник“ (ев. Лука 11:4, Библијата)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 22:35
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Не е споредувам овде баби со жаби. Но дали Духот е маж или жена?

Друго кој ги знае најдобро слабостите женски ако не самата жена.

Жените кои се поново родени се пастирки зошто ги водат младите жени (новата генерација) во вистинската вера и така тие имаат функција во евангелието.

Нема жената која е побожна да разговара за женски манки со патирот туку со жената на пастирот(како што и мислам дека одговара).

Кај Бога секој човек е исто затоа што Бог гледа во срцето на човекот а човечкото срце не е ни маж ни жена.

Зависно од тоа за која црква говорите затоа што не сите кои се нарекуваат Цркви се и како Божји Цркви од Бога признати.

Во нашата црква сигурно е дека и жената има функција која е иста како и од таа на мажот е распространување на евангелието.

Па и жената си има пријателки и на нив им го проповеда евангелието. Срцето на праведникот е Црква(храм) Божји каде престојува Светиот Дух.

Остави ги философиите. Жените може да се родени повторно, како и мажите, но во Новиот Завет мошне јасно е напишано кои се функциите во Црквата и кој ги држи. Секаква философија, теоретизирање се излишни. Новиот Завет е јасен.

-------------

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 23:01
Македон, Новиот Завет јасно вели дека епископот може да има жена, па сепак православните цркви не им дозволуваат на епископите да имаат жена. Новиот Завет јасно вели дека нема повеќе човечки свештеници во новозаветната црква и дека Еден е посредникот меѓу Бог и луѓето, а православните цркви се уште си ја негуваат таа служба во црквите.
Така што подобро обрни внимание на гредата наместо на раската среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Август.2011 во 23:02
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Македон, Новиот Завет јасно вели дека епископот може да има жена, па сепак православните цркви не им дозволуваат на епископите да имаат жена. Новиот Завет јасно вели дека нема повеќе човечки свештеници во новозаветната црква и дека Еден е посредникот меѓу Бог и луѓето, а православните цркви се уште си ја негуваат таа служба во црквите.Така што подобро обрни внимание на гредата наместо на раската среќа

За тоа ќе говориме во темата целибат, впрочем имам одговорено таму. Дури и ако имал жена, не значи тоа дека и тогаш не бил во некој вид целибат.

-------------

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 03:27
Само да ве поздравам и да ви кажам дека сте ми ја уништиле темата :)

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 03:36
Izvini, oprosti, ama pardon... ova e otvoren demokratski forum i se nasochuva onamu kade shto kje ne povede interesot na chlenovite.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Reformator
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 03:40
Така, така... ќе видиме дали и чичко судија така ќе мисли хаха. Ако бе штом ви е вака интересно продолжете. Само не знам кај ќе ги ставам наредните постови. Еве сте стигнале да дискутирате дури и за тоа дали жените можат да проповедаат во црква и за целибатот. Моите наредни постови ќе бидат ,,надвор’’ од текот на темата :)

-------------
http://hristijanskiportal.blogspot.com/

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 04:57
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Јас сум евангелиста, толкувач преведувач и ќе бидам пастирка.

Ti pozheluvam uspeh vo tvojata rabota i planovite za idnina.

Ovaa tvoja rechenica me navede da posocham neshto pomalu znajno megju hrsitijankite vernici.

Treba da se podvleche deka vo najranite godini na hristijanskoto dvizhenje postoeala neverojatna otvorenost kon zhenata. Isus lichno ja prekrshi evrejskata tradicija govorejkji otvoreno so zheni i vkluchuvajkji gi vo svojata grupa na sledbenici. Ushte povekje, vo prvite dvaesettina godini posle Hristovoto raspetie zhenite imale liderski pozicii vo lokalnite hrsitijanski grupi i tie rabotele kako evangelisti i uchiteli. Duri i Pavle pishuva vaka:

28 Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.
ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ, Глава  3 

Da ne ostane samo ovoj citat kako nekakov k*riozitet kje go posocham i ovoj Pavlov citat:

  7 Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене.
ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ, Глава  16  

Iako na pochetokot mazhite i zhenite hristijani se sobiraa zaedno (meshano), vo sredinata na vtoriot vek crkvata pochna da ja sledi tradicijata od sinagogite za delenje na mashkite i zhenskite vernici.

Na krajot od vtoriot vek onaa grupa koja denes ja znaeme kako katolichko-pravoslavna pochnaa otvoreno da go osuduva zhenskoto participiranje vo bogosluzhbata, a grupite koi prodolzhuvaa da go pravat toa gi nareche eretichki.

Potkrepa za vakviot stav katolichko-pravoslavnite hristijani naogjaat vo pseudo-Pavlovite: Poslanieto do Kolosjanite. Poslanieto do Efesjanite, Prvoto Poslanie do Timoteja i Vtoroto Poslanie do Timoteja, pisanija za koi nikogash ne se znaeshe deka postojat dodeka svoerachno na masa ne gi stavi togashniot episkop Irenie koj beshe prviot i najglasniot togashen promoter na posochenoto osuduvanje.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 11:09
Остави ги философиите. Жените може да се родени повторно, како и мажите, но во Новиот Завет мошне јасно е напишано кои се функциите во Црквата и кој ги држи. Секаква философија, теоретизирање се излишни. Новиот Завет е јасен.

Ви кажав и пак ќе ви кажам ова што го говорите е зависно од тоа за која Црква вие зборувате.

Сепак сеуште не ми одговоривте на пашањето дали Духот е маж или жена?

Најпрво од се треба евангелието да сфати преку кое може да се научи за Божјта љубов кон нас.

Јас не ви филозофрам ниту пак теоретизирам. Сигурно да Новиот Завет е јасен не го противречувам ова.

Евангелието Христово е здрава наука и Бог го даде толку едноставно да и дете со неговиот неразвием ум може да го разбере.

Еве во претходната порака вие ми го посочивте овој стих: Ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома, зашто е срамно жената да зборува во црква.(1 Коринтјаните 14:35)

Еве ви споредба на она што сакам да ви го кажам: 1 Коринтјаните 7:13-14 : А жената која има маж, кој не верува, а кој се согласува да живее со неа, да не го напушта мажот, 7:14 зашто мажот кој не верува се осветува преку жената, а жената која не верува се осветува преку мажот.

зашто мажот кој не верува се осветува преку женатаАко сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома

Вели во првиот стих дека ако сакаат жените да научат нешто да ги прашаат дома своите мажи, а во вториот стих рече дека мажот кој не верува ,а се согласува да живее со жената, нека не се делата, зошто преку жената мажот се осветува.

Видете ако мажот кој не верува во евангелието како може жената да научи нешто од него.

И друго вели дека преку жената која верува мажот се осветува, тоа осветување е преку сведожтвото на евангелието која жената секој еден ден му го предава намажот. Кога жената вака го води мажот кој не верува кон Исус не е таа пастирка.

Па која е разлика, што те прави да си пастир? Дали е тоа бројот на овците?

И друго: рековте дека жеанта може да биде поново родена преку вера во евангелието, тоа е точно. Но каде вели Бог за жените дека тие ќе бидат ќерки Божји преку поново раѓањето. Бог зборува во Библијата за синови Божји. Сега дали се жените исклучени од овој благослов?

Затоа ве прашав на почетокот дали Духот е маж или жена?

Да ви дадем еден едноставен пример на ова размислување:
Во едно домаќинство живеат маж, жена и четири дечиња. Мажот паѓа во некава физичка болест и неможе повеќе да работи и да ја обезбеди фамилијата. Така зарем овде жената нема да потрча да работи за да ја одгледа фамилијата. Зарем мажот на оваа жена ќе и се налути нејзе затоа што се грижи за фамилијата поради што законот рекол дека жената не смее да работи (т.е. мажот треба да се грижи за фамилијата), или пак Бог ќе и засмета нешто за грев затоа што тоа е против законот?

Постирано од: alf
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 11:50
.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 11:59
Marinceska, некаде прочитав дека ти пиша дека христијанинот откако ќе направи грев не треба да бара прошка за тој грев од Бог. (Поправи ме ако погрешно сум прочитал). Но како тогаш го толкувате оној дел од Исусовата молитва каде Исус не поучува меѓу другото да бараме од Бог да ни ги прости гревовите: „ прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој наш должник“ (ев. Лука 11:4, Библијата)

Реков дека праведникот кој станал праведник преку правилна вера во Христа не смее повторно да бара прошка за направениот грев затоа што тој/таа со тоа го распнува Христа во неговото/нејзиното срце. Да.

Евреите 6: 5-6:„ О, откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век, 6 отпаднаа, - не е можно пак да бидат обновени за покајание, кога повторно со себеси го распнуваат Синот Божји и Го хулат.“

Овде вели откако го вкусија добриот збор т.е откако постанаа праведни пред Бога преку вера. Отпаѓањето овде е неверието дека Исус некако бил неспособен да ги земе и премавне сите гревови на светот. Вели дека не е можно да бидат обновени за покајание, т.е. Бог ни испрати еден Спасител. Исус нема повторно да дојде на земјава и пак да оди по патот по кој одеше за да повторно страда и да го спаси “неверникот“ (кој исто се спомнува во библијата да е еретик) од гревот. Спасението е СВРШЕНО и СОВРШЕНО.

Господовата молитва е вака:

1. Оче наш кој си на небесата! Кој може да му рече на Бога Оче наш ако не оној кој е роден од Него! Кој може да му рече на Бога Оче ако не верува дека Оној Кој слезе од небесата Исус Христос е Бог! Зарем грешникот има некакво право да му рече на Бога Оче наш? Тој/таа не го познал Бог за вистински негов/нејзин Отец. Зашто вели во Писмото на сите кои Го примија, сите кои веруваат во Неговото име, им даде можност да станат синови Божји Јован 1:12 Мк Библија 1990 год.)

2. Да се свети името твое да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата! Преку славата(благодарноста) и проповедта(сведоштвото) од праведните кои се секојдневно оддадени кон Бога се слави и свети Божјото име.

Царството Божјо веќе дојде, за тоа и сведочеше Јован Крстителот (Царството е наближи рече а со Христа и дојде) и Исус Самиот. Овде тоа значи да биде вистината за вашето евангелие ширум светот распространета и да се познае вистината како што се знае на небото така да се познае и во срцата на сите луѓе. (Молитва за оние кои сеуште не се спасени)(Тројца се кои сведочат на небесата и Тројца се кои сведочат на земјата и овие се согласни, т.е. сведочат за делото Христово за крштевањето и крвта на Крстот кои ја исполнаа Божјата правда)

3. Нашиот насушен леб, давај ни го секој ден! Учи не секој ден за љубовта ваша и обезбеди не со се што ни е потребно (материјали, храна, пари) за распространување на вашето евангелие)

4. Прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој должник! (Фала Ти Оче за Господа Исуса Христа кој го испративте да прими крштевање со кое ги одзеде сите гревови на целиот свет преку рацете на Јован Крстителот и ја исплати казната за сите гревови, ни даде нас совршено и вечно искупение од грев. Ние веруваме дека сме еднаш засекогаш опростени за сите гревови и како опростени и ние можеме да им опростуваме на оние кои ни се нам должници зошто Вие Боже ги очистивте и нивните гревови)

5. И не нè воведувај во искушение, но избави не од злото!” (Чувај не Оче секој ден , грижи се за нас секој ден и не давај им на злите да не искушуваат)(книгата Јов)

Грешникот кој сеуште не е спасен, а сака да ја искаже оваа молитва кон Бога кај строфата која вие ми ја посочивте треба да признае дека сеуште не е спасен од гревовите и дека погрешно верува во Бога и така да бара од Бога помош за да се сретне со Спасителот Исус. Тогаш Бог навистина на грешникот ќе му испрати праведник на патот за да му сведочи за евангелието Христово и да биде спасен.

Грешникот не може на Бога да му рече Оче мој туку тој вели Господи Боже Создадителе на небото и земјата , те молам помогни ми. Со ова тој вели дека слушнал за Бога дека е Господ и дека има искрена желба да верува во Него. Овде грешникот признава дека Бог е Еден.

Тоа е едноставно: Ако човекот е опростен за сите свои гревови тој/таа може и да им ги опрости гревовите и на други.(не велам овде дека праведникот е бог туку праведникот преку сведоштвото за Христа го посочува човекот кој погрешил дека и двајцата се луѓе и дека и двајцата се опростени пред Бога преку вера во вистинското евангелие. Ако праведникот не го направи ова, тој /таа му направил место на Сатаната да го мачи братот и така може и накрај да се убие заради тоа. Тука е најден Духот на полза). праведникот може да опрости грев затоа што тој/таа ја познал Божјата милост и љубов за човештвото и сака да секој човек биде спасен, та така да се исполни Божјата волја во секое срце.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 12:02
Marinceska , со змија се преставува времето,твоето време. Главата е твојот почеток,а крајот - смрта Да ја фатиш змијата за опашката тоа значи да ја допреш смрта,постојано да ја држиш смрта во раката,а да се потпираш на почетокот,односно да пиеш вода од самиот извор,каде минатото,иднината и сегашноста е едно или вечност.

Каде е сведоштвото за Христа во ова. Библијата од почетокот до крајот е слово на спасението , слово за Спасителот Исус Христос.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 12:05
Ако Бог поделил,ти стремисе да споиш,а не да ја зголемуваш разликата. Да бидеш миротворец. Љубовта ги спојува мажната и жената,колку ли голема љубов и вера ќе ти треба, светлината и темнината да ги споиш. Односно во праведник и грешник да нема разлика. Симнисе се во безданата и испитаја темнината,после качисе на небото и испитаја светлината. Сама провери дали се верни зборовите во Библијата:

Ова е е библиски. Значењето на миротворец е да преку сведоштвото за Христа да го помириш грешникот со Бога.

Сигурено е да има разлика помеѓу праведен и грешник, погледано од Божја погледна точка.

Па што има Бог заедничко со гревот или Исус со Сатаната?

Оние кои се пеколот не можат да одат во небесата и обратно (параболата за сиромавиот Лазар и богатиот Лазар)

Постирано од: alf
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 12:24
.

Постирано од: Marinceska
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 13:43
Originally posted by Marinceska Marinceska , со змија се преставува времето,твоето време. Главата е твојот почеток,а крајот - смрта Да ја фатиш змијата за опашката тоа значи да ја допреш смрта,постојано да ја држиш смрта во раката,а да се потпираш на почетокот,односно да пиеш вода од самиот извор,каде минатото,иднината и сегашноста е едно или вечност. Каде е сведоштвото за Христа во ова. Библијата од почетокот до крајот е слово на спасението , слово за Спасителот Исус Христос. Poveli. Евреите: 13:20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус, За кого е спасението,за праведните или грешните?

Ве прашав каде е сведоштвото за Христа во протолкуваното.

Праведните се спасени преку вера, но тие ја извршуваат Божјата волја преку сведоштво на евангелието на грешниците за да создадат мир помеѓу Бога и грешникот та и тој грешник да постане праведен (чедо Божјо)

Во цитатот од Евреите не вели ништо за змијата ниту за стапот!!!

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 14:18
Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Остави ги философиите. Жените може да се родени повторно, како и мажите, но во Новиот Завет мошне јасно е напишано кои се функциите во Црквата и кој ги држи. Секаква философија, теоретизирање се излишни. Новиот Завет е јасен.

Ви кажав и пак ќе ви кажам ова што го говорите е зависно од тоа за која Црква вие зборувате.

Сепак сеуште не ми одговоривте на пашањето дали Духот е маж или жена?

Најпрво од се треба евангелието да сфати преку кое може да се научи за Божјта љубов кон нас.

Јас не ви филозофрам ниту пак теоретизирам. Сигурно да Новиот Завет е јасен не го противречувам ова.

Евангелието Христово е здрава наука и Бог го даде толку едноставно да и дете со неговиот неразвием ум може да го разбере.

Еве во претходната порака вие ми го посочивте овој стих: Ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома, зашто е срамно жената да зборува во црква.(1 Коринтјаните 14:35)

Еве ви споредба на она што сакам да ви го кажам: 1 Коринтјаните 7:13-14 : А жената која има маж, кој не верува, а кој се согласува да живее со неа, да не го напушта мажот, 7:14 зашто мажот кој не верува се осветува преку жената, а жената која не верува се осветува преку мажот.

зашто мажот кој не верува се осветува преку женатаАко сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома

Вели во првиот стих дека ако сакаат жените да научат нешто да ги прашаат дома своите мажи, а во вториот стих рече дека мажот кој не верува ,а се согласува да живее со жената, нека не се делата, зошто преку жената мажот се осветува.

Видете ако мажот кој не верува во евангелието како може жената да научи нешто од него.

И друго вели дека преку жената која верува мажот се осветува, тоа осветување е преку сведожтвото на евангелието која жената секој еден ден му го предава намажот. Кога жената вака го води мажот кој не верува кон Исус не е таа пастирка.

Па која е разлика, што те прави да си пастир? Дали е тоа бројот на овците?

И друго: рековте дека жеанта може да биде поново родена преку вера во евангелието, тоа е точно. Но каде вели Бог за жените дека тие ќе бидат ќерки Божји преку поново раѓањето. Бог зборува во Библијата за синови Божји. Сега дали се жените исклучени од овој благослов?

Затоа ве прашав на почетокот дали Духот е маж или жена?

Да ви дадем еден едноставен пример на ова размислување:
Во едно домаќинство живеат маж, жена и четири дечиња. Мажот паѓа во некава физичка болест и неможе повеќе да работи и да ја обезбеди фамилијата. Така зарем овде жената нема да потрча да работи за да ја одгледа фамилијата. Зарем мажот на оваа жена ќе и се налути нејзе затоа што се грижи за фамилијата поради што законот рекол дека жената не смее да работи (т.е. мажот треба да се грижи за фамилијата), или пак Бог ќе и засмета нешто за грев затоа што тоа е против законот?

Marinceska, воопшто нема потреба од философии, св. Апостол Павле е мошне јасен. И покрај тоа што тој ги изедначува мажот и жената, тој не дозволува жената да учествува во богослужбата. Мошне јасно. Затоа и кажав дека нема потреба од философии. св. Апостол Павле кажал дека жената во Црква треба да молчи. Секако, тоа не значи дека воопшто не треба да праша нешто.

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Август.2011 во 14:21
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Marinceska Marinceska напиша:

Јас сум евангелиста, толкувач преведувач и ќе бидам пастирка.

Ti pozheluvam uspeh vo tvojata rabota i planovite za idnina.

Ovaa tvoja rechenica me navede da posocham neshto pomalu znajno megju hrsitijankite vernici.

Treba da se podvleche deka vo najranite godini na hristijanskoto dvizhenje postoeala neverojatna otvorenost kon zhenata. Isus lichno ja prekrshi evrejskata tradicija govorejkji otvoreno so zheni i vkluchuvajkji gi vo svojata grupa na sledbenici. Ushte povekje, vo prvite dvaesettina godini posle Hristovoto raspetie zhenite imale liderski pozicii vo lokalnite hrsitijanski grupi i tie rabotele kako evangelisti i uchiteli. Duri i Pavle pishuva vaka:

Ама св. Апостол Павле го напишал и ова:

1 Koринтјаните
14,34 Жените да молчат во црквите; зашто ним не им е дозволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели Законот.
14,35 Ако сакаат да научат нешто, нека ги прашаат своите мажи дома, зашто е срамно жената да зборува во црква.

-------------

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk