IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Скопје...како една од Европските Метропол
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаСкопје...како една од Европските Метропол

 Внеси реплика Внеси реплика
Прашање: Одобрувате ли разубавување на градот Скопје !?.
Одговор Гласови Статистика
2 [100,00%]
0 [0,00%]
0 [0,00%]
Темата е затворена, не се дозволени нови гласови

Автор
Порака
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Директен линк до овој коментар Тема: Скопје...како една од Европските Метропол
    Испратена: 15.Јуни.2011 во 12:49
Управната зграда на „Водовод“ со овален дизајн.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, со цел информирање на јавноста, испратија слика со идејното решение од изгледот на новата Управна зграда, која набрзо ќе почне да се гради на местото на старите бараки на Кале. Нејзината изградба ќе почне на истата локација каде што ќе биде и Градската куќа, чија изградба почна неодамна. Финансиската конструкција од јавното претпријатие ќе ја соопштат дополнително.

Најавата за нов објект за „Водовод“ беше предмет на критика изминативе месеци во Советот на Град Скопје, како нешто што не може да се смета за приоритет за граѓаните и вработените, кога претпријатието не знае како да се справи и да го реши проблемот со 60 отсто загуби на вода на годишно ниво. Опозициските советници реагираа исто така дека со поскапувањето на водата за 100 отсто пред четири години, во времето на мандатот на Трифун Костовски, граѓаните очекувале нови инвестиции во инфраструктурата, замена на азбестните цевки, а не нов објект за администрацијата.

Објаснувањето од градоначалникот Коце Трајановски, како одговор на реакциите за бесцелно трошење пари, беше дека градбата е неодложна. Бараките, според градските власти, но и раководните лица од „Водовод“, не овозможувале основни услови за нормално одвивање на работните активности, имајќи предвид дека се привремени објекти, подарени по земјотресот во 1963 година.

Како аргумент плус дека не е време за нова Управна зграда, советниците го наведоа фактот дека во привремени објекти, подарени по земјотресот, работат и вработените во Градското собрание, во „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Градски паркинг“, вработените во подружници на „Водовод“ по скопските населби, како и голем дел од државните претпријатија, на пример, Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Дебар маало. (Ј.И.)

линк:
#
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 16:36
стигнавме до тоа ниво да правиме зграда на претпријатието за водна инфраструктура на градот да има објект инспириран од Пантеон... имаат ли воопшто осет за нешто тие што ги наредуваат и „планираат“ објективе???

не сакам да си трошам тастатура со архитектонски муабети бидејќи никој и онака нема да ми ги поферма...

а Скопје, си е една од европските метрополи со или без објектов, а и самиот објект не дефинира дали Скопје било метропола или не

туку, зошто имаше потреба од темава, кога веќе си постои тема Ск2014? или пак веќе, ако намераваш дискусијава да се води само за објектот или за Скопје, слободно можеше да ја отвориш во Архитектура и дизајн

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 00:08
Има тема за ова СКОПЈЕ 2014

Оваа ја затворам.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.