Испечати | Затвори го прозорот

Скопје...како една од Европските Метропол

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24601
Датум на принтање: 25.Октомври.2024 во 23:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Скопје...како една од Европските Метропол
Постирано од: novace
Наслов: Скопје...како една од Европските Метропол
Датум на внесување: 15.Јуни.2011 во 12:49
Управната зграда на „Водовод“ со овален дизајн.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, со цел информирање на јавноста, испратија слика со идејното решение од изгледот на новата Управна зграда, која набрзо ќе почне да се гради на местото на старите бараки на Кале. Нејзината изградба ќе почне на истата локација каде што ќе биде и Градската куќа, чија изградба почна неодамна. Финансиската конструкција од јавното претпријатие ќе ја соопштат дополнително.

Најавата за нов објект за „Водовод“ беше предмет на критика изминативе месеци во Советот на Град Скопје, како нешто што не може да се смета за приоритет за граѓаните и вработените, кога претпријатието не знае како да се справи и да го реши проблемот со 60 отсто загуби на вода на годишно ниво. Опозициските советници реагираа исто така дека со поскапувањето на водата за 100 отсто пред четири години, во времето на мандатот на Трифун Костовски, граѓаните очекувале нови инвестиции во инфраструктурата, замена на азбестните цевки, а не нов објект за администрацијата.

Објаснувањето од градоначалникот Коце Трајановски, како одговор на реакциите за бесцелно трошење пари, беше дека градбата е неодложна. Бараките, според градските власти, но и раководните лица од „Водовод“, не овозможувале основни услови за нормално одвивање на работните активности, имајќи предвид дека се привремени објекти, подарени по земјотресот во 1963 година.

Како аргумент плус дека не е време за нова Управна зграда, советниците го наведоа фактот дека во привремени објекти, подарени по земјотресот, работат и вработените во Градското собрание, во „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Градски паркинг“, вработените во подружници на „Водовод“ по скопските населби, како и голем дел од државните претпријатија, на пример, Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Дебар маало. (Ј.И.)

линк:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8995FDB211CF7642B413F96984138F91 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8995FDB211CF7642B413F96984138F91
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8995FDB211CF7642B413F96984138F91 -

-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти



Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 15.Јуни.2011 во 16:36
стигнавме до тоа ниво да правиме зграда на претпријатието за водна инфраструктура на градот да има објект инспириран од Пантеон... имаат ли воопшто осет за нешто тие што ги наредуваат и „планираат“ објективе???

не сакам да си трошам тастатура со архитектонски муабети бидејќи никој и онака нема да ми ги поферма...

а Скопје, си е една од европските метрополи со или без објектов, а и самиот објект не дефинира дали Скопје било метропола или не

туку, зошто имаше потреба од темава, кога веќе си постои тема Ск2014? или пак веќе, ако намераваш дискусијава да се води само за објектот или за Скопје, слободно можеше да ја отвориш во Архитектура и дизајн



-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Јуни.2011 во 00:08
Има тема за ова forum_posts.asp?TID=21685 - СКОПЈЕ 2014

Оваа ја затворам.




-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk