|
Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Interesno e spirose kako site shto ne go spodeluvaat tvoeto veruvanje, tvoeto razbiranje za Boga, Bozhjoto Carstvo i Bozhjiot Sin gi osuduvash kako Bozhji protivnici.
Ubavi paroli, sovrsheni himni za Sovrshenata na Hrista i Sovrshenosta Bozhja i Sovrshenata Svetlina i Sovrshenata Sovrshenost... No na Sinot Bozhji ne mu trebaat nitu obvinuvanja i sudenja od zemnite cheda, nitu pak paroli koi kje "svedochat" za negovata Sovrshenost i Sovrshenosta na negoviot Otec,... toj kje gi prepoznae onie koi kje se pokazhat na delo vrshejkji ja voljata na negoviot Tatko. 21 ”Секој што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е на небесата. Матеј, глава 7 14 Зашто тесна е портата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се оние што го наоѓаат. Матеј, глава 7 I sega da se vratime na temata bidejki, kako i sekogash, postojano se odalechuvame so nekakvi voopshteni fraziranja za Sovrshenosta na Sovrshenoto. Temata shto si ja postavil e "Rehabilitacijata na Vistinskiot Sv. Dimitrija Solunski", pa ako imash argumenti i fakti so koi kje mozhesh da potvrdish deka onoj za kogo znaeme e lazhniot, a postoi nekoi drug vistinski, togash ponudi gi tuka za nashe informiranje. Iako tvrdish deka mora sekoja vlast da se pochituva, razbravme deka ne mozhesh da ne upatish kako treba toa da se pravi bez da se pochituvaat nejzinite vodachi, simboli, politiki i ureduvanje, taka shto kje smetame deka se zavrshuva sekoja natamoshna diskusija vo taa nasoka. |
|||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Spirose, на ова нема да ти одговорам, замисли се сам за истото, но, очебијни факти нема да коментирам, затоа што се тоа- факти, независно дали јас верувам во тоа или не. Војната на св.Константин и Лициниј е факт, кој никој досега не го негирал, дури ни Црквата. Или сметаш дека и Црквата лаже за тоа? |
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Пред да говориш дека требало да го препуштат толку лесно на напаѓачите, те молам, прочитај го oва.
На кој начин системот е телепатски инспириран од демоните? Пак ќе прашам, зарем Христос не плаќаше данок? Во однос на поседувањето земја, не се сложувам дека тоа требале да го сторат на тој начин што ќе станат бунтовници против системот на начинот на кој станале. Од друга страна ја нарекувале Црквата сатанско дело, не прифаќале државна власт, се организирале во заедници кои се обидувале да ја отфрлат власта на државата во која живееле. Едноставно, тоа е бунт против државата. Се сложувам дека државата треба да работи за граѓаните, но желбата за уништување на државата не е произлезена од Светото Писмо, каде јасно Бог ја поддржува израелската држава.
Зарем е грев да се биде civis Romanus? Павле не бил Христов ученик, но Бог Му се открил на св.Павле. Не случајно и Апостолите подоцна го прифаќаат.
Според ова што го читам, можам да заклучам дека според тебе, државата е плод на ѓаволска вибрација? Пак ќе кажам, тоа е во спротивност со учењето на Христос, а и на Светото Писмо. Знам за поделбата на богомилите, но кажи ми, според тебе, совршените богомили зарем треба да живеат без држава, закони, право?
Тие со тоа што не плаќаа данок самите си се наклеветија. Некој ако не плати данок нема да има потреба некој да го клевети за да бидам гонет за тоа дело. Истото ќе се случи ако нападне институција на системот. А точно е дека св.Сава ги разобличуваше нивните учења.
Наместо одговор, ќе направам куса споредба. Св.Константин ги заштити Христијаните од прогон, со тоа што Лициниј ја почна војната. Дали св.Сава и Кралот почнаа војна, или пак ги населија богомилите во определени делови на државата? Или пак ако сакаш земи ги и донатисите. Тие самите бараа суд од Императорот, што во Римската Империја имал сила на закон, па подоцна неколкупати ја погазија неговата волја, за на крај, св.Константин со војска да ја имплементира својата одлука, односно законот. Дали св.Сава и Немања почнаа војна против богомилите и го правеа и она што Лициниј?
Тие во Босна живееле во сопствена држава, каде што плаќале данок, го почитувале системот и немале проблем. Ќе те потсетам дека имало градови во Византија во кои живееле богомили кои го почитувале системот кои имале и заштита од Императорите во определен временски период. Изменето од Македон - 22.Ноември.2010 во 22:42 |
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
БОГ да чува и да брани, Македоне! Како можеш и да помислиш такво нешто, а камоли да пишеш!? Вистинската (Света Духовна) Црква Христова е Видливото Тело на Вистината (Тело Христово)! Таа никогаш не лажела, не убивала, ... дури и кога како јагне била убивана, се молела за своите убијци! Јас верувам дека Вистинскиот Св. Димитрија и’ припаѓа на Таа Црква и е многу посветол од што тоа светот - преку одредени извори - го знае! Поздрав п.с. Со добра совест можам да верувам, дека дури - после покајанието и крштевањето на смртна постела - и Св. Константин и’ пристапил на истата Црква! За случките и фактите на туѓото и неговото дејствување, пред крштевањето или после смртта, ... Изменето од spiros - 23.Ноември.2010 во 19:50 |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Oвие подолу се твои зборови spirose, a не мои, кажани две страни поназад.
Ако Црквата го прифаќа сето житие, а ти ги отфрлаш некои делови, тогаш, согласно кажаното, Црквата не е во право и не е вистинска, или не ја кажува вистината со житието. Тоа произлегува од тие зборови кои си ги кажал ти.
Дали тоа значи дека според тебе св.Константин не бил Христијанин на Првиот Вселенски Собор и дека сите оние писма до персискиот Цар во одбрана на Христијаните, војните кои ги водел со Лициниј за заштита на Христијаните, биле само маска? Не очекувам одговор, само размисли за тие прашања, сепак темата е за св.Великомаченик Димитриј, да не ја расипеме повторно, има тема за св.Константин и Елена, таму може да дебатираме за нив. Изменето од Македон - 25.Ноември.2010 во 19:20 |
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
На памет не ми паѓа да се воздигам над Апостолите (Очевидци), над Црквата и практиката кои/која лично Исус ги/ја избрал и потврдил! Сите други кои го прават тоа, јас не сум тој кој што ќе ги суди, но сум тој кој што ќе ги опомене и упати кон Чистата Вистина! Поздрав п.с. Животите на Св. Димитрија Солунски и Св. Константин Велики се многу посвети од што тоа светот може да го свати или разбере, дури посвети и од она што житијата го соопштуваат за ними, бидејќи тие го оделе - или се обрнале кон - Патот на Совршената Вистина (Христос), како што е проповедан и живеен од страна на сите Вистински Апостоли (Очевидци) и верни следбеници! п.п.с. Дали си приметил дека со денот на Св. Димитрија Солунски (Митровден) започнува најтемниот дел од годината, а после случката во 306то лето ГОСПОДОВО, полека но сигурно започнува милитаризацијата на грчко-римската верзија на христијанството, во кое започнуваат да се практицираат одредени практики и учења, кои Христос, Вистинските Апостоли и следбеници никогаш не ги практицирле или учеле!? Изменето од spiros - 25.Ноември.2010 во 20:01 |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Не следам такви нешта, ниту верувам во такви симболики, затоа што доколку е така, тогаш некој може да каже дека со некој друг празник започнува да се наголемува деноти од тоа да изведува заклучоци, а сите знаеме дека функцијата на празниците во Христијанстото не е поврзана со големината на денот. Во однос на грчко-римскаа верзија на Христијанството, само ќе кажам дека сеуште не докажа постоење на таква верзија, бидејќи како што видов, не се дистанцираше од Црквата, велиш дека житијата се точни, а од друга страна пак говориш дека не се познати фактите. Самиот си противречиш, како што кажав и погоре. Изменето од Македон - 25.Ноември.2010 во 20:09 |
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Денот засигурно доаѓа брате, денот доаѓа кога сите што се воздигаат и се прават за први, прави и единствени вистински, кои си земаат за право - како царови световни - да се издигаат дури и над праксата, учењето и допустите на Светите Апостоли Христови (Очевидци), сите неслучајно избрани од народот израилев ...! Денот доаѓа! Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас! (Прв Епистел до Коринтјаните 4:8) |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Ова ли е доказот за противречностите кои ги изнесе? |
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Плодовите се “доказот“, брате! Вистинските Христови Апостоли и следбеници, никогаш никого не убивале, ниту давале благослов за убиство и војни, додека најголемите световни (братоубијни) војни и крвопролитија се случиле баш (и) помеѓу “крстените“ членови на грчко/римските верзии, који се’уште себеси гордо се прогласуваат како единствени вистински! По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? (Ев.Матеј 7:16) Изменето од spiros - 09.Ноември.2012 во 21:08 |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |