|
Да помогнеме на жртва на насилство!!! |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Ноември.2010 во 01:08 |
Да им помогнеме на Ирена и Катерина!Ирена и Катерина
Ирена Петковиќ е урбана девојка од Скопје која сите ја препознаваме како уредник на култниот портал Aber.net, која често ја гледавме на насловните страници по Македонските списанија и многумина од нас лично ја познаваат.
Ирена Петковиќ е пред и се Македонски државјанин на кого Македонските институции парализирани и бавни какви што ги дал господ се неспособни да и помогнат, уште повеќе затоа што се уплашени бидејќи ќе треба отворено да се конфронтираат со Белгиските институции за да ја истераат правдата на виделина!Без премногу патетика и драма, суштината е оваа.
Ирена Петковиќ во моментов се наоѓа во прифатилиште во Белгија, физички малтретирана од таткото на нејзината ќерка! На што и покрај тешките повреди Белгиската полиција не реагира!
Катерина нејзината ќерка е одземена од нејзе со 15 минутна судска одлука, само врз основа на тоа дека таткото е високо рангиран дипломат во Европската комисија a Белгискиот суд го штити Францускиот државјанин кој е со историја на алкохолизам и обид за убиство врз Ирена, само врз основа на фактот дека е дел од Европските институции.
Ирена е беспомошна и оставена на немилоста на нефункционалните Белгиските институции!Само со јавен притисок и поддршка можеме да и помогнеме на Ирена да се врати назад во Македонија со Катерина и да го добие третманот кој го заслужува секое човечко суштество без разлика во која држава живее и со каков социјален статус е!
Ирена не се предава и постојано постира информации во оваа група на Фејсбук во која можете да ги повикате вашите пријатели во знак на поддршка: http://www.facebook.com/home.php?sk=group_146217212091526&ap=1
Деталните информации можете да ги прочитате и на CNN iReport овде:http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511368 и овде:http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511814
ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ИРЕНА И НА КАТЕРИНА да ги добијат своите основни човекови права, да можат да живеат нормален и достоинствен живот и набргу да можеме да ги видиме ЗАЕДНО во Македонија!!!
======== Доколку се чувствувате дека сте повикани да им помогнеме и доколку сте во можност да помогнеме, ајде да се обидеме и потрудиме со сите сили!! Да помогнеме лично, но и раширете го овој апел секаде каде можете, особено до сите институции (странски конзулати, амбасади , претставништва, бизниси... во Македонија, но и конзулати, амбасади , претставништва, бизниси... наши во други земји) кои се релевантни да помогнат по ова прашање... Господ нека им помогне.... а и ние!! >Изменето од Pravoslavie - 03.Ноември.2010 во 02:14 |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |