Ирена Петковиќ е урбана девојка од Скопје која сите ја препознаваме како уредник на култниот портал Aber.net, која често ја гледавме на насловните страници по Македонските списанија и многумина од нас лично ја познаваат.
Ирена Петковиќ е пред и се Македонски државјанин на кого Македонските институции парализирани и бавни какви што ги дал господ се неспособни да и помогнат, уште повеќе затоа што се уплашени бидејќи ќе треба отворено да се конфронтираат со Белгиските институции за да ја истераат правдата на виделина!Без премногу патетика и драма, суштината е оваа.
Ирена Петковиќ во моментов се наоѓа во прифатилиште во Белгија, физички малтретирана од таткото на нејзината ќерка! На што и покрај тешките повреди Белгиската полиција не реагира!
Катерина нејзината ќерка е одземена од нејзе со 15 минутна судска одлука, само врз основа на тоа дека таткото е високо рангиран дипломат во Европската комисија a Белгискиот суд го штити Францускиот државјанин кој е со историја на алкохолизам и обид за убиство врз Ирена, само врз основа на фактот дека е дел од Европските институции.
Ирена е беспомошна и оставена на немилоста на нефункционалните Белгиските институции!Само со јавен притисок и поддршка можеме да и помогнеме на Ирена да се врати назад во Македонија со Катерина и да го добие третманот кој го заслужува секое човечко суштество без разлика во која држава живее и со каков социјален статус е!
Ирена не се предава и постојано постира информации во оваа група на Фејсбук во која можете да ги повикате вашите пријатели во знак на поддршка: http://www.facebook.com/home.php?sk=group_146217212091526&ap=1 - http://www.facebook.com/home.php?sk=group_146217212091526&ap=1
Деталните информации можете да ги прочитате и на CNN iReport овде: http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511368 - http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511368 и овде: http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511814 - http://ireport.cnn.com/docs/DOC-511814
ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ИРЕНА И НА КАТЕРИНА да ги добијат своите основни човекови права, да можат да живеат нормален и достоинствен живот и набргу да можеме да ги видиме ЗАЕДНО во Македонија!!!