IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Антон Панов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Антон Панов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 16:02
Чоли јас го имам делото „Печалбари„ во оригинал и верувај не би сакал да го видиш

Изменето од mungos80 - 26.Август.2010 во 16:02
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 16:06
Originally posted by чоли чоли напиша:


Би ли пеjстнал не само корицата, но и делови од "Печалбари" за да видим "македонскиот език" на коj е пишана пиесата?


Ќе биде интересно. Реченицата
„ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“
ми се гледа да е превод на македонски литературен јазик.


Кога виделе Србите дека со директна србизација нема да стане тоа што го замислиле, се вратиле кон старите идеи на Србо-Македонците.

Мислам дека се појавиле и некакви весници. Ми се врти „Луч“, ама да не зборувам одпамет....


Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 19:27
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Чоли јас го имам делото „Печалбари„ во оригинал и верувај не би сакал да го видиш

Зошто мислиш што не сакам да го видам? Напротив... Премного сум лубопитен. Даj скан, па после ке коментираме.
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 19:31
Mungose, navistina, daj samo edna strana od "Pechalbari" da go vidime jazikot kakov bil.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 20:27
Човекот што од битот направи класика

Ако битот на еден народ се идентификува со тоа што ги кажува и прикажува традицијата и обичаите, тогаш битот на македонскиот народ се осмислува преку делото на Антон Панов „Печалбари“, рече Лорета Георгиевска од Институтот за македонска литература на вчерашниот научен собир во ДПМ, посветен на стогодишнината од раѓањето на овој драматург.

- Без Панов и Чернодрински, немаше да се појават ниту „Диво месо“, ниту постмодерната драма - оценува таа.
„Печалбари“ на Антон Панов е прва претстава изведена на македонски јазик. На сцената на Народно позориште во Скопје првпат е одиграна во сезоната 1935/36 година.

- Успехот на претставата бил евидентен. Осумдесет претстави на матичната сцена и на гостувања во текот на пет сезони, што е апсолутен рекорд во тоа време, неколку нови постановки и претстава за која, како што пишувал Живоиновиќ („Прво приказивање комада на македонском језику“, Позориште 4-5, 1965 г.) се барало билет повеќе - вели д-р Мишел Павловски.

Тој и таков неоспорен и за многумина зачудувачки успех на оваа драма ги отвори вратите за македонските автори во предвоениот скопски театар, оценува д-р Павловски.

- По „Печалбари“ следувале и „Парите се отепувачка“ на Крле, „Ленче кумановче“ на Иљоски и други - потсетува тој.

За вредноста на делото на Панов многу е зборувано. Сепак, според Јованка Стојановска-Друговац, внесувањето на македонскиот јазик, тогаш се уште некодифициран, во македонската култура е меѓу најважните.

- Вредноста на делото на Панов се истакнува со тоа што тој го напушти пишувањето на дијалект и придонесе за внесување на македонскиот литературен јазик во нашата современа култура - вели Стојановска-Друговац.

И. В.

Не ќе можете да ме изнесете во сандакот, ходникот   ми е тесен

Кочо Урдин, зборувајќи на минатонеделното чествување на Антон Панов во Струмица, раскажа помалку познати моменти од животот на истакнатиот драматург, кои „Време“ во неколку извадоци ги пренесува.

Ја имав ретката среќа уште во далечната 1936 и '37 година да го гледам драматургот и писател Антон Панов во кафеаната на татко ми Миљо Урдино, во центарот на Струмица. Таа кафеана во тоа време беше сврталиште на сите видни струмичани. Меѓу најмаркантно облечените и со достоинствено држење се издвојуваше Панов, околу чија маса се собираа видни граѓани и зборуваа за нешто што јас не го разбрав...

Струмица имаше во тоа време многу даровит свет: музичари, артисти и други... Така, во 1937 година, во времето кога не викаа Јужносрбијанци и кога за македонски збор се јадеше ќотек или стапови во жандармерските станици, во големата сала на Монополот, се подготвуваше пиесата „Печалбари“ од Антон Панов, кога македонскиот збор со сиот свој раскош и неуништивост рикна и ги исполни душите на многубројната публика, која ракоплескаше френетично и во екстаза... Името на Панов триумфира. Ја имав ретката чест да играм како дете на 7 години во неговата пиеса. Уште се сеќавам на репликата: „Мамо, еве го тате!“

Минаа години... По славата и успехот на „Печалбари“, Панов има минато низ многу драми и искушенија и голтано горчини колку Царевите кули... Но и покрај тоа, тој блестеше со достоинство и гордост. Беше самосвесен за своето дело и неговата национална чистота и придонес за Македонија и македонската култура.

Која беше причината што дојде да живее во Струмица не се сеќавам... Но, Антон Панов доби стан во тогаш најновата зграда на три ката, која води од гимназијата кон казармата. Живееше на првиот кат лево. Јас живеев на трети кат горе. Често пати одев кај него на разговори, со мене понекогаш доаѓаше и поетот Љубиша Ташковски. Темите ни беа творештвото и животот.

Пред тоа, 1946 и '47 година со Фреди Фиданчев и со неговиот голем брат Ниче летуваме на Дојран. Панов доаѓаше, често во друштво со Венко Марковски и со неговата сопруга. Тие беа отседнати, исто, во Стар Дојран. Тогаш мене и на Фреди ни читаше дел од „Пиликатник“. Тој, за жал, веќе беше оболен. Во очите имаше некаков темен сјај, смевот беше избегал од неговите усни. Беше често замислен и на нешто многу, многу огорчен. Веројатно поради одредени судири со власта. Можеби некој ден ќе шикне вистината... Не знам... Но, тогаш Панов се жалеше дека тешко живее, дека материјално не стои добро и дека смртта му тропа на вратата, а тој со болна насмевка велеше дека сандакот нема да може да му влезе во собата оти е ходникот тесен.

Во тоа време ме избраа за пратеник. Раководев со работничкиот универзитет, колонијата ме побараа да станам директор и на театарот. Гледајќи како се гаси животот во очите на Панов ги молев тие од власта да помогнат барем материјално, тие ветуваа и мрмореа и така течеше времето. На една седница на Собранието на Македонија, на Лазар Мојсов, тогаш виден политичар, Трпе Јаковлевски, член на ЦК, и Томе Момировски, министер за култура, им пријдов. Реков: „Големиот Антон Панов живее со мене во иста зграда. Тешко е болен. Досега, за жал, не му е доделена највисоката републичка награда '11 Октомври'. Ако умре без таа награда, историјата и Македонија нема да ни простат“.

За среќа, по извесно време, додека Панов беше жив, во весниците прочитав дека му е доделена наградата. Не можеше да оди да ја прими. Му ја донесе тогашниот претседател на Друштвото на писатели Анте Поповски.

По извесно време Панов почина...
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.