Испечати | Затвори го прозорот

Антон Панов

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23106
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 14:51
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Антон Панов
Постирано од: mungos80
Наслов: Антон Панов
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 02:53
Антон Панов (Стар Дојран, 13 април 1906 – Струмица, 28 август 1968) е македонски писател. Тој е роден во куќата на сиромашен рибарски трговец. Познато е дека и мајка му потекнува од сиромашна рибарска фамилија. Основно училиште и првите четири класа гимназија ги заврши во Струмица, а од петтиот до осмиот клас учи во Белград, не завршувајќи ја гимназијата. Меѓутоа паралелно со гимназијата, Панов посетува и музичко ушилиште во Белград каде што учи виолина, соло пеење и балет. Во фокусот на неговиот интерес беа музиката и драмата.

Во македонската литература Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3.03.1936 година, а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 02:54
   Феноменот на најпознатото дело на Антон Панов
'Печалбари" го донесе обичниот човек на сцената
На 70-годишнината од премиерата на претставата 'Печалбари", да се потсетиме на драмата никната од срцевината на нашата земја, на еден силен писател што ја изненади тогаШната јавност со својата појава

Антон Панов е роден во 1907 или 1908 година во Дојран, во трговско семејство. Детството го помина под импресија на војната, чиишто последици и дојранчани ги чувствувале на своите плеќи. Уште на 17-годишна возраст останал препуштен самиот на себе и со сопствени сили се борел за развојот на сопствената интелектуална личност. Неговата драма †Печалбариии се појавува како резултат на таа животна борба, но и на формирањето на неговиот талент за литература. Таа претставува плод на долгите авторови набљудувања и размислувања за македонскиот начин на живеење и на сфаќање на животот. Драмата †Печалбариии, како што тврди и самиот автор, е голема негација на појавата на комплексот печалба, негација на градскиот ситнотрговски дух, негација на една општа црта на ситничарење, што се протегала врз целиот Балкан. †Печалбариии доаѓаат како осуда на сў негативно, што се јавува како израз на животните конвенционалности и опачини.
Трагедијата на главниот лик Костадин произлегува од тие два елемента: од конвенционалноста на жената Симка и од изопаченоста на средината. Костадина го нагризува изопаченоста и тој Ј подлегнува на печалбата - стихија, но во исто време имајќи ја на ум трагичната судбина на својот татко и насетувајќи на крајот иста судбина и за својот син. Сите заминуваат, многумина се враќаат, но некои и коските ги оставаат таму.
Под наслов "Огромен успех на Печалбари во Скопјееи, списанието †Сценааи (Белград 10.03.1936 година) пишува: "Печалбари, првото дело на младиот јужносрбијански (читај македонски) драматичар Г. Антоние Пановиќ, беше прикажана во вторникот пред целосно полн салон. Младиот писател беше предмет на спонтани овации и воодушевување на гледачите. Последната слика, со својата драматичност, толку ја возбуди публиката, што сета сала придушено плачеше над несреќната судбина на младата печалбарка и нејзиниот синни.
Внесените дополнителни столови во театарскиот салон не можеле да ја задоволат желбата на скопската публика. Поимотните граѓани од соседните градови (Тетово, Гостивар, Куманово, Велес), не жалеле пари за да дојдат на претставата. Целиот град, пишуваат весниците, особено деловите во кои претежно живеел домашниот печалбарски свет, зборувал за успехот на претставата. За да го провери интересот на публиката, Управата вовела една вонредна претстава и сите места ги распродала. "В театар се оди како на причесна, а главните јунаци од пиесата станаа најпопуларните личности во Скопје. Посебно треба да се истакне дека Театарот ги привлече во својата зграда и луѓето кои никогаш пред тоа не стапнале во неа. Среќен што се гледа себеси на сцената и го слуша својот говор, локалниот свет почна поживо да се интересира и за другите приредби во Театарот (((†Глумачка реччи бр.19, Белград, 1.05.1936 година).
По премиерата, Антон Панов изјавил дека напорите вложени од актерите во изведбата на †Печалбариии биле несебични и со голема љубов. Во таа пригода, особено му се заблагодарува на режисерот Јосиф Срдановиќ, кој во доволна мера се доближил до неговата концепција, и на Перо Јовановиќ, кој со ликовите го изразил карактеристичниот тип на Македонецот, потоа на Мери Подхраски, која ја играла конвенционалната и топла Симка, и на госпоѓата Срдановиќ, којашто ја совладала најкомпликуваната ролја; на Стојчевиќ кој со правилното сфаќање реално го протолкувал Костадина; на Перо Матиќ кој го дал стихијниот тип на Караман Атанас како жртва на печалбата и стихијата.
За прикажувањето на †Печалбариии се говорело како за успешен потфат македонскиот фолклор да се прикаже во вистинската светлина и во него да се најдат мотиви за драмско уметничко творештво. "Во нас допира до солзи 'лелекот' кој нў гони душевните народни кризи да ги сфатиме како рефлекси на дневното трпење во натпреварот за залак. И оттука внатрешното согорување на 'печалбарите' се искачува сў до голготска трагичност. Ние мораме да се соживееме со сите животни перипетии на овој народ, кој се истакнува со карактерни особини за култ кон работата и честааи (Скопски гласник, 21.03.1936 година).
Во еден друг критички осврт се вели: "Во прекрасните народни мелодии и носии, народот на Јужна Србија (читај Македонија) ги покажа богатството и силата на својот дух, кој уште од Немањиќ па сў до денешен ден успеал целосно да ја зачува својата сила, без да потклекне и под најтешките удари на тешкото и долго робување. Денес на јужносрбијанските (читај македонските) песни се воодушевуваат не само браќата од разни краеви на нашата земја, туку и странците. Тој херојски народ не потклекна под ниедна тешкотија што му ја нанесуваше непријателот, туку сите тешкотии ги поднесуваше простум. Тој не даде само луѓе кои се истакнаа во овој крај, туку има свои претставници и за општојугословенското дело. Такви луѓе имаме многу, како одлични војници и политичари, писатели итн., така што неисцрпниот вруток на овој народ не пресуши ни по војнатааи (Вардар, 15.04.1936 година).
Со †Печалбариии театарот организирал турнеја низ Македонија и Србија во градовите: Лесковац, Врање, Сурдулица, Владичин Хан, Власотинце, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Дебар, Ростуше, Гостивар, Тетово, Приштина, Вучитрн и Косовска Митровица, на која биле прикажани 27 претстави пред 4.590 гледачи. Премиерата на †Печалбариии, е одржана на 3 март 1935 година, а потоа е изведена уште девет пати пред 6.715 гледачи. Со тоа претставата имала рекорден просек гледачи во сезоната, т.е. по 671 лице на претстава. Претставата се прикажувала и во наредните четири сезони, поточно во сезоните 1936/37, 1937/38, 1938/39 и 1939/40. Вкупниот број прикажани претстави изнесува 71, што ги гледале вкупно 28.442 гледачи.
Народниот театар во Ниш ја прикажал пиесата †Печалбариии на 7.05.1936 година, во режија на Драгослав Кандиќ; Народно позориште во Белград на 3.09.1936 година, во режија на Радослав Весниќ; Народно позориште на Босанска Краина на 7.04.1937 година, во режија на Васо Косиќ; Народно позориште во Сараево на 30.10.1937 година, исто така во режија на Васо Косиќ. По војната пиесата †Печалбари и е поставувана на сцените на: Македонскиот аматерски театар при Централната македонска младинска комисија во Софија на 1.12.1946 година, во режија на Герасим Младенов; Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја на 7.11.1947 година, во режија на Илија Милчин и Крум Стојанов; Српско народно позориште во Панчево на 14.01.1951 година; Народно позориште од Ниш на 5.04.1951 година; Народно позориште од Лесковац на 31.05.1951 година; Народно позориште од Крагуевац на 21.10.1951 година; Народно позориште од Заечар на 18.09.1952 година; Народно позориште од Бела Црква на 25.06.1952 година; Народно позориште од Цетиње на 4.04.1953 година; Народно позориште од Крушевац во мај 1954 година; Народно позориште во Косовска Митровица во 1954/55 година; Народно позориште во Шабац на 27.02.1955 година; Народно позориште во Мостар на 7.10.1955 година; Народно позориште во Титово Ужице на 17.11.1956 година; Народно позориште во Зеница на 17.11.1956 година и Народно позориште во Суботица на 12.01.1961 година.
Една мошне добра драма никната од срцевината на нашата земја, еден снажен писател ја изненади тогашната јавност со својата појава. Антон Панов со †Печалбариии решително влезе во современата македонска литература.
Иако драмските творби пишувани на македонски јазик се појавија најдоцна во рамките на големото словенско јазично семејство, тие со својот квалитет и освежувачки теми извојуваа значајно место во драмското творештво во пошироки рамки. За ова сведочи прикажувањето на сцените на кои претставите се презентираа на македонски јазик.
Но, по ослободувањето, некој како да сакаше да си поигра со пиесата †Печалбариии и со нејзиниот автор во Македонија, а и не само со него. Дали тоа беше зависта спрема авторите за постигнатиот успех пред војната и нашиот примитивизам, односно идејата дека од нас сў почнува а не од сите заедно, но факт е дека премиерата на †Печалбариии во повоено Скопје се одржа дури во 1949 година, пет години по ослободувањето, како дваесет и прва премиера.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 02:55
АНТОН ПАНОВ поет, раскажувач, драмски писател. Роен е на 13 април 1906 година во Стар Дојран. Починал на 28 август 1968 година во Струмица. Еден од најистакнатите македонски драмски автори меѓу двете светски војни. Поезија почнал да пишува уште како ученик непосредно по Првата светска војна, а наскоро ќе се оформи како прозаист и драмски писател. Од овој период датира и неговиот незавршен роман Живи гробови. Најголем дострел ќе доживее со изведбата на неговата драма Печалбари (1936), која освен во Скопското народно позориште ќе биде изведена и во Белград, Ниш и во други места. Автор е на расказите: Роденденот на Серјожа Јегоркин (1928), Тимка (1930), Го јаделе болви (1930). Автор е на драмите: Печалбари (1936), Стега (подоцна преработена под наслов Вероника, 1939), Препородени (1950), Самракот (1951), Градинар (1958), Пиликатник (1959).


-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 02:58


Каснаковски дали и Антон Панов е србин,или можи е бугарин???

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 05:30
Антон Панов вераоватно се е родил како Бугарин (сигурно така е пишело на екзархиското крштелно свидетелство во 1906 г.).
Антоние Панович до 1941 г. бил Србин (jужен) а умрел како Македонец во 1968 г. Што има чудно?
---
ПП: Само ме осветли на каков език били напишани творбите му: Препородени (1950), Самракот (1951), Градинар (1958), Пиликатник (1959)? Ако са на српски език, значи Панович е умрел како Србин.
Зоштото неможе да е верно следново: Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета и в истото време долото му да е наградено со награда на Српската кралска академиjа. Нема логика. По вероватно делото му е пишано на jужносрбиjански диалект, како тогава са викали на македонските говори. ("Печалбари", првото дело на младиот јужносрбијански драматичар Г. Антоние Пановиќ... Денес на јужносрбијанските песни се воодушевуваат не само браќата од разни краеви на нашата земја, туку и странците...)
Би ли пеjстнал не само корицата, но и делови од "Печалбари" за да видим "македонскиот език" на коj е пишана пиесата?

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 07:32
ЦРНО ЈАГНЕ, ДИВ БАЛКАН
ПЕТРЕ БАКЕВСКИ

     
     
     
Кај Чапа растеше гневот, незадоволството. Целиот лов мораше да му го предаде на својот стопан, а тој му даваше ситна заработувачка, колку да преживее. Се чувствуваше во стеги, како да беше насила втурнат во поликатникот. Еден ден реши да отиде кај Антон Панов. Се беше распрашал кој е човекот, зошто дошол во Дојран, зошто живее осамен живот. Во Дојран слушаше разни приказни за враќањето на писателот во неговото родно место. Едни велеа дека е протеран од Белград, други дека се одродил од својот народ, прифатил да го викаат Антонио Пановиќ оти Србите му дале многу пари, па сега се кае, бега од тој грев, не сака никого да види. И којзнае дали осаменоста го лекува гревот! Тоа е миговно бегство, на брзаница повлечен потег кој ја допира бездната. Се пропаѓа, се тоне, се допира дното. Чапа слушаше и други приказни за Антон Панов. Некои луѓе му зборуваа дека токми нешто големо, дека е поврзан со некоја тајна македонска организација која се подготвува да дигне востание против Србите. Тоа посебно го беше заинтересирало, оти неговиот гнев кон Србите, кон сиромаштијата и кон заробеноста во пиликатникот, го предизвикаа да го побара. Чапа дозна дека тој е писател кој пишува на свој мајчин, македонски јазик. Дозна и за големиот успех на неговата пиеса "Печалбари", ама сето тоа докрај не му беше јасно. Некои работи му изгледаа нелогични. Ако од српската власт е прифатен, му е изведена драма, станал славен, му дале пари, зошто се вратил во Дојран? Не можеше да најде логично објаснување, освен тоа дека е тајно испратен од организацијата, дека подготвува нешто големо и важно. А, Антон Панов беше свој, чуден човек. Ја сакаше осаменоста, од дете копнееше да се врати во родниот крај, го сакаше езерото, риболовот, и над сў птиците, оти тие од детството му гракаа во сонот, во несониците. Посебно ги сонуваше таму во Белград, оти ноќите му беа осамени, долги. Мугрините ги пречекуваше сам, со студец во постелата, копнееше неговата татковина еден ден да биде слободна, замислуваше голем, блескотен театар крај Вардар, ама театар што ќе го изгради неговиот народ и што ќе се гордее дека во него ќе играат македонски артисти, слободно ќе зборуваат на македонски јазик и што еднаш ќе дојде слободата без потсечени крилја. Беше опседнат со пиликатникот. Сакаше да напише драма, така ја нарече, "Пиликатник", тоа му беше идејата. Имаше многу симболика во насловот. Сега така го доживуваше својот народ и својата земја. Затворени во пиликатник, постојано некој им ги потсекува крилјата на луѓето, им ја одзема волјата за живот, им ја сотрува слободата, ги затвора во мрежи над главите, им го смрежува и небото, а птиците прогонувачи им ги пушта да им ја цицаат крвта. Голема идеја беше тоа. Тој знаеше дека во птиците се крие душата на човекот. Секоја птица е една човечка душа. Но, како да ги разликува добрите од лошите птици, ашто на земјата постојат и добри и лоши луѓе. Тој одговор го бараше секое утро, посебно кога се загледуваше во летот на птиците. И посебно кога ги набљудуваше оамените птици, оти преку осаменоста, преку последниот крик, преку очајот и паѓањето, најмногу се патува кон вистината. Таа е скриена во паѓањето, миговна е, трепнува, може да се дофати. Тресокот на земјата, во водата, последната предишка пред скончувањето е порака што како глуво ехо се разнесува до човекот. Тоа е порака, голема порака, треба да се разбере и да се растајни. Но, како? Тоа го мачеше Антон, тоа му го кинеше сонот. Му пројуруваше трпнеж во душата, му пламнуваше немир и неспокој, ги бараше тајните патишта за одгатнување на големата загатка. Знаеше дека сў е поврзано, слеано, проткаено и зависно едно од друго. Земјата и небото се допираа, водите и сонцето постојат заемно, смртта и животот се условени едно од друго, постојат и љубовта и омразата, доброто и злото, изгревот и заодот, светкавиците и тишината, сонот и јавето, сў постои едно наспроти друго, и сў е условено, се врти во земната и ѕвездена оска на постоењето.

Крај езерото, во густеж од чинари и тополи, си имаше воденица. Ја сакаше воденицата. Сам мелеше жито, си правеше брашно. Имаше направено и фурна, мала, колку за свои потреби. Во неа печеше убав, набабрен леб што мирисаше на буковина. Поголем дел од денот го минуваше на воденицата. Тука и пишуваше. Тоа беше негов свет во кој ги стивнуваше јанѕите на осаменоста.

Чапа дојде пред воденицата. Го побараа Антон. Се чудеше како може писател да работи, да живее во воденица. И зошто му е воденица? Само што се поздравија, Чапа му рече:"Велат, си бил писател. Ти си првиот човек-писател што го запознав. Писателите се чудни луѓе. Така сум слушал. Ама,ти не ми изгледаш чудно. Обичен човек, добро развиен, мажиште. Сам ли си?".

Антон не знаеше на што побргу да му одговори.

"Некој ти ја наполнил главата со разни бубалки", му рече.

"Не се бубалки", му возврати Чапа. "Јас сакам да читам. Сум читал повеќе книги, знам нешто за некои писатели".

"Остави ги книгите, батали ги писателите!", му рече Антон, одмавна со раката, влезе во воденицата, а миг потоа извади две столчиња, повторно влезе, изнесе масиче, го покани Чапа да седнат. "Седни, не сме во пиликатник, бре", додаде, се насмеа, па продожи: "Имаш ли некоја мака?"

Чапа носеше кратка коса, црна, очите му играа во лицето, беше слабичок, но печено момче, жилаво, пред да изговори некој збор ги мрдаше, ги шеткаше јаболкниците во образите, вртеше лево-десно со главата, нервчик. Тоа за што дојде кај Антон не беше мака! Како да му одговори! Помисли малку, се почеша по кратката, црна коса, седна на столот, му рече:

"Немам мака. Не е тоа мака!"

"Тогаш што е работата?"

"Имам една идеја, скриена желба, копнеж, сон, морам да летнам одовде".

"Да летнеш?!" се зачуди Антон.

"Да летнам! Да, да летнам!"

"Како да летнеш?"

"Како птица. Птиците летаат. Како нив сакам да летам!"

"Ама, човекот не може да лета".

"Може!"

Антон помолкна, стана од столот, направи чекор-два кон влезот на воденицата, се сврте кон Чапа, го праша: "Сакаш ракија?"

Чапа беше изненаден од понудата. Не очекуваше дека ќе биде срдечно пречекан, па уште и почестен со ракија.

"Ракија, зачудено возвикна. "Да, сакам, сакам!" го рече тоа, иако дотогаш не пиел ракија, ја избегнуваше, не сакаше, и покрај тоа што многу рибари го тераа понекогаш и да се напие. Овој пат веднаш ја прифати понудата од Антон оти му беше важно со овој човек да поразговара, да му ја каже својата идеја, да се спријатели и да му помогне да летне како птица.

Антон донесе шише со ракија, две чоканчиња, влезе во воденицата и бргу-бргу се врати со неколку големи црвени домати, носеше и чинче, рече, "Да си направиме и малку мезенце, оти ракија без мезе не се пие, убива ракијата", па пак влезе внатре, извади зејтинче, киселинка, донесе и солца, троа сиренце, "Козјо е, убаво, најубаво сирење!", додаде и почна да ги сече доматите, да го подготвува мезенцето. Ги наполни чоканчињата, го фати своето чоканче за врат, го потчукна другото, му рече на Чапа: "Ајде, на здравје!" Чапа голтна од ракијата, лута беше, остра, серт, голтна уште еднаш, сети како низ грлото му минува оганче, гори, низ градите му пламнуваа жарчиња, го згрчи лицето, лутеница го стори, воздивна длабоко, "Оф", рече, "ама ракија!".


-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 07:46
И тука има нешто
http://www.rastko.rs/rastko/delo/13219 - http://www.rastko.rs/rastko/delo/13219

Васил Тоциновски
Расказите на Антон Панов

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 09:29
И повторно истиот случај,како може од „ бугарски „ град да излезе србин???
Има многу вакви примери ,ама не ви одат во прилог на вашата бугарштина,па така ќе негирате и што уште не.

Но треба да знаете дека и овој не бил Попович.Како што реков порано презимето.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 10:02
Па зошто да не може? I ne izleguva Srbin, tuku srboman.

Цитирај Едни велеа дека е протеран од Белград, други дека се одродил од својот народ, прифатил да го викаат Антонио Пановиќ оти Србите му дале многу пари, па сега се кае, бега од тој грев, не сака никого да види. И којзнае дали осаменоста го лекува гревот!



-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 10:59
Е да не забравиме Никола Пашиќнамигнување

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 13:12
Антон Панов никаде не изјавил дека е Бугарин или Србин, јасно е како ден. Тоа што некому не му одговара истото, поради вплетканоста во разни пропагандни врски, не значи дека е така.
Драмата "Печалбари" е напишана на македонски говор, а во неа белградските кругови не се претставени позитивно.

-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 13:21
Originally posted by чоли чоли напиша:

Антон Панов вераоватно се е родил како Бугарин (сигурно така е пишело на екзархиското крштелно свидетелство во 1906 г.).

Антоние Панович до 1941 г. бил Србин (jужен) а умрел како Македонец во 1968 г. Што има чудно?


Согласно твојата логика, од 1393 година се до создавањето на Бугарската Егзархија, во Бугарија се раѓаа Грци, затоа што сите имаа грчки имиња, запишани така во крштениците, тоа и самите добро го знаете, особено оние што чуваат крштеници од периодот пред Егзархијата.





Originally posted by чоли чоли напиша:


---
ПП: Само ме осветли на каков език били напишани творбите му: Препородени (1950), Самракот (1951), Градинар (1958), Пиликатник (1959)? Ако са на српски език, значи Панович е умрел како Србин.


Сите дела му се пишувани на македонски јазик, на српски литературен јазик нема дело дури ни во периодот меѓу двете светски војни.

Originally posted by чоли чоли напиша:


Зоштото неможе да е верно следново: Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета и в истото време долото му да е наградено со награда на Српската кралска академиjа. Нема логика. По вероватно делото му е пишано на jужносрбиjански диалект, како тогава са викали на македонските говори. ("Печалбари", првото дело на младиот јужносрбијански драматичар Г. Антоние Пановиќ... Денес на јужносрбијанските песни се воодушевуваат не само браќата од разни краеви на нашата земја, туку и странците...)
Би ли пеjстнал не само корицата, но и делови од "Печалбари" за да видим "македонскиот език" на коj е пишана пиесата?


Делото е пишувано на македонскиот народен говор. Доколку сакаш да го прочиташ, но на македонски стандарден јазик, http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/Pechalbari_kniga.pdf - повели .

-------------


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 13:30
Originally posted by Македон Македон напиша:


Делото е пишувано на македонскиот народен говор. Доколку сакаш да го прочиташ, но на македонски стандарден јазик, http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/Pechalbari_kniga.pdf - повели .


Веке ги видов "Печалбарите" адаптирани кон современата литературна норма. Се пак е интересно да се види во оригинал, зоштото македонските говори са доста различни. Дали доjранските говори са по близки до егеjските или до централните говори?



-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 13:36
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Делото е пишувано на македонскиот народен говор. Доколку сакаш да го прочиташ, но на македонски стандарден јазик, http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/Pechalbari_kniga.pdf - повели .


Веке ги видов "Печалбарите" адаптирани кон современата литературна норма. Се пак е интересно да се види во оригинал, зоштото македонските говори са доста различни. Дали доjранските говори са по близки до егеjските или до централните говори?



Чоли, дејствието во драмата "Печалбари" се случува во едно село во Западна Македонија, а не во Дојран, а тоа ме тера да помислам дека нема да се употребува дојрански говор за да се опише говорот на селата во Западна Македонија.

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 16:02
Чоли јас го имам делото „Печалбари„ во оригинал и верувај не би сакал да го видиш

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 16:06
Originally posted by чоли чоли напиша:


Би ли пеjстнал не само корицата, но и делови од "Печалбари" за да видим "македонскиот език" на коj е пишана пиесата?


Ќе биде интересно. Реченицата
„ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“
ми се гледа да е превод на македонски литературен јазик.


Кога виделе Србите дека со директна србизација нема да стане тоа што го замислиле, се вратиле кон старите идеи на Србо-Македонците.

Мислам дека се појавиле и некакви весници. Ми се врти „Луч“, ама да не зборувам одпамет....




-------------


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 19:27
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Чоли јас го имам делото „Печалбари„ во оригинал и верувај не би сакал да го видиш

Зошто мислиш што не сакам да го видам? Напротив... Премного сум лубопитен. Даj скан, па после ке коментираме.

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 19:31
Mungose, navistina, daj samo edna strana od "Pechalbari" da go vidime jazikot kakov bil.



-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 20:27
Човекот што од битот направи класика

Ако битот на еден народ се идентификува со тоа што ги кажува и прикажува традицијата и обичаите, тогаш битот на македонскиот народ се осмислува преку делото на Антон Панов „Печалбари“, рече Лорета Георгиевска од Институтот за македонска литература на вчерашниот научен собир во ДПМ, посветен на стогодишнината од раѓањето на овој драматург.

- Без Панов и Чернодрински, немаше да се појават ниту „Диво месо“, ниту постмодерната драма - оценува таа.
„Печалбари“ на Антон Панов е прва претстава изведена на македонски јазик. На сцената на Народно позориште во Скопје првпат е одиграна во сезоната 1935/36 година.

- Успехот на претставата бил евидентен. Осумдесет претстави на матичната сцена и на гостувања во текот на пет сезони, што е апсолутен рекорд во тоа време, неколку нови постановки и претстава за која, како што пишувал Живоиновиќ („Прво приказивање комада на македонском језику“, Позориште 4-5, 1965 г.) се барало билет повеќе - вели д-р Мишел Павловски.

Тој и таков неоспорен и за многумина зачудувачки успех на оваа драма ги отвори вратите за македонските автори во предвоениот скопски театар, оценува д-р Павловски.

- По „Печалбари“ следувале и „Парите се отепувачка“ на Крле, „Ленче кумановче“ на Иљоски и други - потсетува тој.

За вредноста на делото на Панов многу е зборувано. Сепак, според Јованка Стојановска-Друговац, внесувањето на македонскиот јазик, тогаш се уште некодифициран, во македонската култура е меѓу најважните.

- Вредноста на делото на Панов се истакнува со тоа што тој го напушти пишувањето на дијалект и придонесе за внесување на македонскиот литературен јазик во нашата современа култура - вели Стојановска-Друговац.

И. В.

Не ќе можете да ме изнесете во сандакот, ходникот   ми е тесен

Кочо Урдин, зборувајќи на минатонеделното чествување на Антон Панов во Струмица, раскажа помалку познати моменти од животот на истакнатиот драматург, кои „Време“ во неколку извадоци ги пренесува.

Ја имав ретката среќа уште во далечната 1936 и '37 година да го гледам драматургот и писател Антон Панов во кафеаната на татко ми Миљо Урдино, во центарот на Струмица. Таа кафеана во тоа време беше сврталиште на сите видни струмичани. Меѓу најмаркантно облечените и со достоинствено држење се издвојуваше Панов, околу чија маса се собираа видни граѓани и зборуваа за нешто што јас не го разбрав...

Струмица имаше во тоа време многу даровит свет: музичари, артисти и други... Така, во 1937 година, во времето кога не викаа Јужносрбијанци и кога за македонски збор се јадеше ќотек или стапови во жандармерските станици, во големата сала на Монополот, се подготвуваше пиесата „Печалбари“ од Антон Панов, кога македонскиот збор со сиот свој раскош и неуништивост рикна и ги исполни душите на многубројната публика, која ракоплескаше френетично и во екстаза... Името на Панов триумфира. Ја имав ретката чест да играм како дете на 7 години во неговата пиеса. Уште се сеќавам на репликата: „Мамо, еве го тате!“

Минаа години... По славата и успехот на „Печалбари“, Панов има минато низ многу драми и искушенија и голтано горчини колку Царевите кули... Но и покрај тоа, тој блестеше со достоинство и гордост. Беше самосвесен за своето дело и неговата национална чистота и придонес за Македонија и македонската култура.

Која беше причината што дојде да живее во Струмица не се сеќавам... Но, Антон Панов доби стан во тогаш најновата зграда на три ката, која води од гимназијата кон казармата. Живееше на првиот кат лево. Јас живеев на трети кат горе. Често пати одев кај него на разговори, со мене понекогаш доаѓаше и поетот Љубиша Ташковски. Темите ни беа творештвото и животот.

Пред тоа, 1946 и '47 година со Фреди Фиданчев и со неговиот голем брат Ниче летуваме на Дојран. Панов доаѓаше, често во друштво со Венко Марковски и со неговата сопруга. Тие беа отседнати, исто, во Стар Дојран. Тогаш мене и на Фреди ни читаше дел од „Пиликатник“. Тој, за жал, веќе беше оболен. Во очите имаше некаков темен сјај, смевот беше избегал од неговите усни. Беше често замислен и на нешто многу, многу огорчен. Веројатно поради одредени судири со власта. Можеби некој ден ќе шикне вистината... Не знам... Но, тогаш Панов се жалеше дека тешко живее, дека материјално не стои добро и дека смртта му тропа на вратата, а тој со болна насмевка велеше дека сандакот нема да може да му влезе во собата оти е ходникот тесен.

Во тоа време ме избраа за пратеник. Раководев со работничкиот универзитет, колонијата ме побараа да станам директор и на театарот. Гледајќи како се гаси животот во очите на Панов ги молев тие од власта да помогнат барем материјално, тие ветуваа и мрмореа и така течеше времето. На една седница на Собранието на Македонија, на Лазар Мојсов, тогаш виден политичар, Трпе Јаковлевски, член на ЦК, и Томе Момировски, министер за култура, им пријдов. Реков: „Големиот Антон Панов живее со мене во иста зграда. Тешко е болен. Досега, за жал, не му е доделена највисоката републичка награда '11 Октомври'. Ако умре без таа награда, историјата и Македонија нема да ни простат“.

За среќа, по извесно време, додека Панов беше жив, во весниците прочитав дека му е доделена наградата. Не можеше да оди да ја прими. Му ја донесе тогашниот претседател на Друштвото на писатели Анте Поповски.

По извесно време Панов почина...

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk