IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Зодијакот управува со здравјето
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зодијакот управува со здравјето

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Зодијакот управува со здравјето
    Испратена: 13.Август.2010 во 12:56
Научниците тврдат дека зодијакот го определува не само карактерот на лочноста туку и неговата здравствена состојба. Оваа теза е поддржана од едно ново истражување кое ги утврдува силните и слабите страни на одделни астролошки знаци.


Во направеното истражување кое го направил Кристијан Темл, лекар и писател, биле вклучени 140.000 луѓе. Темл покажал кој астролошки знак какви силни страни има и кои ризици се можни за здравјето. Еве ги неговите заклучоци:

Овен
Кај овенот добро функционира системот за варење, заболувањата на бубрезите се среќаваат поретко. Покрај тоа, во средината на животот на луѓето од овој знак се развива силна мотивација да се грижат за здравјето. Можни се проблеми со срцето и со заболување на зглобовите.

Бик
Кај бикот исто така дигестивниот систем функционира непречено во повеќето случаи, а ризиците се поврзани со белите дробови. Проблеми со крвниот притисок нема. Поодговорен однос за заштита на здравјето биковите започнуваат да покажуваат по 60-годишна возраст.

Близнаци
Близнаците пак живеат здраво додека се млади и од сите зодијаци, луѓето од овој знак најмалку се среќаваат со проблеми со прекумерна тежина. Ризиците се кај кардиоваскуларниот систем, а кај мажите постои закана од алкохолна зависност, особено во присуство на голем стрес.

Рак
Раковите речиси и немаат проблеми со стресот - тие се помирни, што се гледа по добриот крвен притисок. Проблемите за нив доаѓаат од дигестивниот систем и од жолчката, а од сите зодијаци, кај раковите постои најголема опасност од заболувања на бубрезите.

Лав
Лавовите во принцип немаат проблеми со зголемената тежина, бидејќи тие се грижат за здравјето. Не се многу загрозени од  ризикот да заболат од срцеви болести или висок крвен притисок, но мора да внимаваат на белите дробови, особено пушачите.

Девица
Кај девиците бубрезите функционираат без проблеми, коските и зглобовите се стабилни и немаат проблеми со крвниот притисок ниту во староста. Во тој период од животот, сепак, се зголемува ризикот од прекумерната тежина и срцеви заболувања.

Вага
Вагите се најмногу изложени на ризик од срцеви заболувања, опасност од висок крвен притисок, кој се зголемува секоја наредна година. Има ризици од заболувања на црниот дроб и дијабетес. Силни им се жолчката, бубрезите и белите дробови.

Скорпија
И скорпиите исто така не ми требало да ги загрижуваат белите дробови а и повеќето луѓе од овој зодијак не пушат. Загриженост не треба да произлегува ни од нивото на холестерол, но најризичен фактор кај скорпиите е стресот.

Стрелец
Стрелците обично имаа добра фигура и тие се спортски типови. Срцето им е доста цврсто, исто така и дигестивниот систем им е многу издржлив. Најнебезбедна сфера е коскениот систем.

Јарец
Јарците колку се понеразумни во младоста толку позаинтересирани се да стават акцент на здрав начин на живот како напреднува возраста. Можни се проблеми со крвниот притисок, со размената на материите и со нивото на холестерол.

Водолија
Кај луѓето од овој знак како најслаб орган од нивното тело се белите дробови. Грижа можат да создадат и црниот дроб и жолчката. Затоа пак цревата и дигестивниот тракт нема да бидат извор на непријатности.

Риби
Тие многу ретко заболуваат од дијабетес, во важно е во подоцнежната возраст да стават акцент на движењето и спортот. Меѓу слабите страни им се болестите на цревата и црниот дроб, како и на жолчката и бубрезите.
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 15:44
најдов друга статија, исто според зодијаците, но со различни податоци од првата...

Зодијаци и храна

Поголемиот дел од Рибите консумираат сосема погрешна храна, а секој десетти Лав или Овен е тажен поради килограмите што се складираат околу стомакот

Астрологијата можеби нема да ги реши сите проблеми врзани за прекумерната тежина, но одредени планети навистина влијаат врз навиките, па така и врз телесната тежина. Рибите имаат големи проблеми со вишокот течности, а Водолиите се дебелат поради мрзливоста бидејќи често одат во ресторани за брза храна. Од сите знаци најалергични на храна најчесто се Биковите.

ОВЕН

Јадете помали порции, но почесто, без оглед на тоа колку имате работа. Вие сте личност што станува ужасно вознемирена кога е гладна.

БИК

Осигурете се дека вечерата ќе ви го задоволи вкусот. Сите видови месо за вас се добар избор. Добро е да ги јадете со зеленчук.

БЛИЗНАЦИ

Одбегнувајте силно кафе затоа што не ви прави добро. Јадете во кругот на семејството и на пријателите, бидејќи така помалку ќе јадете

РАК

Лесно добивате на тежина, но, исто така, водите сметка за бројот на изедените калории. Јадете само ако сте смирени.

ЛАВ

Доколку не можете да живеете без вкусни сендвичи, подгответе ги со многу зеленчук и со здраво месо, како што се мисиркино и пилешко.

ДЕВИЦА

Немојте да јадете многу леб и тешка храна. Одбегнувајте се' што е мрсно, многу зачинето и обидете се што побргу да џвакате.

ТЕРЕЗИЈА

Разбудете се порано и подгответе појадок што ќе ви даде доволно енергија за цел ден. Така навечер ќе јадете помалку.

СКОРПИЈА

Не пијте алкохол, особено додека работите. За вас водата е најздраво пиење, а доколку можете да се контролирте, идеална мерка е чаша вино.

СТРЕЛЕЦ

Одбегнувајте неквалитетна храна и лоша атмосфера. И едното и другото ќе ве изнервираат и ќе јадете премногу.

ЈАРЕЦ

Сакате да готвите, но без експериментирање. Сепак, наполнете го фрижидерот со храна, како што се конзерви со туна.

ВОДОЛИЈА

Научете да јадете во моментот кога ќе почувствувате дека тоа е доволно дури доколку вашата хуманитарна природа се бунтува против тоа.

РИБИ

Рибите треба да избегнуваат кисела храна, пржена сланина и луто. Имаат многу чувствителен желудник, кој лошо реагира на тешки јадења.

Изменето од Charmedgirl18 - 17.Август.2010 во 15:44
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 16:11
Originally posted by Charmedgirl18 Charmedgirl18 напиша:


БЛИЗНАЦИ

Одбегнувајте силно кафе затоа што не ви прави добро. Јадете во кругот на семејството и на пријателите, бидејќи така помалку ќе јадете

 


AAaaaaaaa.....не Samo toa nemoj da baras od meneeизненадување
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 18:18
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:


Originally posted by Charmedgirl18 Charmedgirl18 напиша:

БЛИЗНАЦИ

Одбегнувајте силно кафе затоа што не ви прави добро. Јадете во
кругот на семејството и на пријателите, бидејќи така помалку ќе јадете

 
AAaaaaaaa.....не Samo toa nemoj da baras od meneeизненадување

не би сакала да сум на твое место...
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 21:36
ЈАРЕЦ
Сакате да готвите, но без експериментирање. Сепак, наполнете го фрижидерот со храна, како што се конзерви со туна.


Ахаа... ова не да е погодено -.-
Јас повраќам од туна во конзерва.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 13:25
Тема: Зодијакот управува со здравјето
газење%20од%20смеење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.