Научниците тврдат дека зодијакот го
определува не само карактерот на лочноста туку и неговата здравствена
состојба. Оваа теза е поддржана од едно ново истражување кое ги утврдува
силните и слабите страни на одделни астролошки знаци.
Во направеното истражување кое го направил Кристијан Темл, лекар и
писател, биле вклучени 140.000 луѓе. Темл покажал кој астролошки знак
какви силни страни има и кои ризици се можни за здравјето. Еве ги
неговите заклучоци:
Овен
Кај овенот добро функционира системот
за варење, заболувањата на бубрезите се среќаваат поретко. Покрај тоа,
во средината на животот на луѓето од овој знак се развива силна
мотивација да се грижат за здравјето. Можни се проблеми со срцето и со
заболување на зглобовите.
Бик
Кај бикот исто така дигестивниот
систем функционира непречено во повеќето случаи, а ризиците се поврзани
со белите дробови. Проблеми со крвниот притисок нема. Поодговорен однос
за заштита на здравјето биковите започнуваат да покажуваат по 60-годишна
возраст.
Близнаци
Близнаците пак живеат здраво додека се
млади и од сите зодијаци, луѓето од овој знак најмалку се среќаваат со
проблеми со прекумерна тежина. Ризиците се кај кардиоваскуларниот
систем, а кај мажите постои закана од алкохолна зависност, особено во
присуство на голем стрес.
Рак
Раковите речиси и немаат проблеми со
стресот - тие се помирни, што се гледа по добриот крвен притисок.
Проблемите за нив доаѓаат од дигестивниот систем и од жолчката, а од
сите зодијаци, кај раковите постои најголема опасност од заболувања на
бубрезите.
Лав
Лавовите во принцип немаат проблеми со
зголемената тежина, бидејќи тие се грижат за здравјето. Не се многу
загрозени од ризикот да заболат од срцеви болести или висок крвен
притисок, но мора да внимаваат на белите дробови, особено пушачите.
Девица
Кај девиците бубрезите функционираат
без проблеми, коските и зглобовите се стабилни и немаат проблеми со
крвниот притисок ниту во староста. Во тој период од животот, сепак, се
зголемува ризикот од прекумерната тежина и срцеви заболувања.
Вага
Вагите се најмногу изложени на ризик
од срцеви заболувања, опасност од висок крвен притисок, кој се зголемува
секоја наредна година. Има ризици од заболувања на црниот дроб и
дијабетес. Силни им се жолчката, бубрезите и белите дробови.
Скорпија
И скорпиите исто така не ми требало да
ги загрижуваат белите дробови а и повеќето луѓе од овој зодијак не
пушат. Загриженост не треба да произлегува ни од нивото на холестерол,
но најризичен фактор кај скорпиите е стресот.
Стрелец
Стрелците обично имаа добра фигура и
тие се спортски типови. Срцето им е доста цврсто, исто така и
дигестивниот систем им е многу издржлив. Најнебезбедна сфера е коскениот
систем.
Јарец
Јарците колку се понеразумни во
младоста толку позаинтересирани се да стават акцент на здрав начин на
живот како напреднува возраста. Можни се проблеми со крвниот притисок,
со размената на материите и со нивото на холестерол.
Водолија
Кај луѓето од овој знак како најслаб
орган од нивното тело се белите дробови. Грижа можат да создадат и
црниот дроб и жолчката. Затоа пак цревата и дигестивниот тракт нема да
бидат извор на непријатности.
Риби
Тие многу ретко заболуваат од
дијабетес, во важно е во подоцнежната возраст да стават акцент на
движењето и спортот. Меѓу слабите страни им се болестите на цревата и
црниот дроб, како и на жолчката и бубрезите.