|
ИЛИНДЕН |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20-ти Јули по стариот стил, односно според Јулијанскиот календар е она што е 2-ри Август според Грегоријанскиот календар, односно задутре, на 2-ри Август, ќе биде 20-ти Јули според Јулијанскиот календар. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Решението на АСНОМ за создавање на македонската држава Изменето од Македон - 01.Август.2010 во 02:03 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЈА-1903 ГОДИНА
Илинденската слободарска традиција се вклопи во континуитетот на македонската народноослободителна борба. На 2 август 1903, беше кренато Илинденското востание, епохален чин во македонското националноослободително движење. Тоа беше само повод да се разбранат вековно тлеените стремежи на македоснкиот народ, кој наоѓајќи се во османското ропство, веќе пет векови се бореше да се искачи кон пиедесталот на слободата. Во последната деценија на деветнаесеттиот век во Македонија наполно созреаја општествено-политичките и националноослободитените услови за организационо оформувања на револуционерните настроенија на македонскиот народ. Во 1893 година, во Солун беше создадена македонската револуционерна организација, која во лицето на “Внатрешната македонска револуционерна организација” (ВМРО) одигра голема улога во сплотувањето на македонските маси за извојување на слободата, на самобитната и самостојната македонска држава. Во период на скоро една деценија оваа организација успеа да ги обедини сите македонски општествени сили, да ја рашири организационата мрежа низ цела Македонија, да го канализира на правилен пат националноослободителното движење. Во почетокот на Јануари 1903 година, Централниот комитет на Внатрешната организација, иако за тоа не беше поволна ни внатрешната ни надворешната ситуација на Македонија, а на тоа се спротивставија и видни дејци на оваа Организација, донесе решение да се подигне востание во летото на истата година. Решението за востание означуваше нова фаза во развитокот на македонското националноослободително движење и пресвртница во неговата историја. По донесувањето на решението за подигање на востание во сите македонски области, кои ја составуваа историските и географските граници на Македонија, а кои влегуваа во националните окрузи, беа спроведени сериозни поготовки за изведување на востанието. По извршените подготовки, востанието беше прогласено за 2 август 1903 година, кој ден се паѓа на народниот празник - Свети Илија, по што и самото востание е наречено Илинденско востание. Востанието ги опфати сите делови на Македонија, а најголем замав имаше во западните делови на Македонија, во Битолскиот вилает. Тука револуционерните сили беа најбројни и најдобро организирани и покажаа најголем ентузијазам во заштитата на македонската револуција. Како резултат на тоа малото македонско планинско гратче Крушево на едно отклонување на железничката пруга Скопје - Прилеп - Битола, беше заземено од востаниците и во него беше формирана слободната македонска република, наречена Крушевската република, која постоеше десетина дена. Слични акции во создавањето слободна територија имаше и во Охридско, Костурско, Леринско и во другите делови на Македонија. Тогаш цела Македонија се наоѓаше во востанички пожар. Тоа траеше скоро три месеци. Цели три месеци Македонија се наоѓаше во револуционерен бран на отпор и борба за слобода. Против тој отпор на македонските обесправени маси турската власт концентрира огромни воени сили и во востаничките упоришта беа испратени огромни воени експедиции, кои придонесоа за задушување на македонската илинденска револуција. Изразениот стремеж на Македонците во време на Илинденското востание да се здобијат со слобода, покажаниот беспримерен хероизам во текот на востанието, неопишаните масакри на османската солдатеска над незаштитеното население, предизвика силен бран на симпатии и солидарност сред меѓународната јавност. Епичната борба на Македонците во време на востанието наиде на широк публицитет во печатот. Преку печатот се рашири интересот сред меѓународната јавност за македонскиот Илинден. Сето тоа придонесе во меѓународната јавност да се појави цело едно движење во корист на Македонците, таканареченото “промакедонско” или “филимакедонско” движење. Ова движење се ангажира во полза на македонските работи, преку најразлични промакедонски манифестации во повеќе земји на Европа и Америка. Статистика на зверствата и опустошувањата во Македонија и Одринско за време на востанието – 1903 Битолски вилает: востанието ги опфаќа: Битолската, Костурската, Леринската Охридската и Кичевската околија. Битолската каза, најголемата во вилаетот, се состои од четири нахии (подоколии) – Битолска, Демир Хисарска, Ресенска (Горно Преспанска) и Долно Преспанска – и брои: 3 града и 265 села со 25.252 куќи и 154.910 жители. Од селата 198 се христијански, 21 муслимански и 46 мешовити. Од куќите 18.286 се христијански, 6.399 муслимански и 567 од други вери. Од жителите 116.615 се христијани, 35.315 муслимани и 2.980 други. Од 198 христијански села 33 беа потполно опожарени, 5 – делумно и околу 20 ограбени. Од 18.286 христијански куќи опожарени беа 2.424 (13,70%) и останаа без покрив 14.096 души. Бројот на искланите жители се искачува на 513 души, а на обесчестените моми и жени на 1.092. - Ресенска нахија: од 21 христијанско село 16 беа опожарени. Жителите на 711 куќи (од вкупно 3.691) – 4.182 души (од вкупно 19.765 христијански жители) – останаа без покрив, без покуќнина, без добиток, само со една глава на голите рамена. О бесчестени се 610 – повеќе од половината во целата околија! Има села, како Крушје, опожарувани, ограбувани и обесчестувани по два три пати. Во с.Петрино, мало село од 13 куќи, беше обесчестена целата женска челад – 25 жени и моми. При нападот на логорот, каде што беа сместени семејствата од Дупени и Ехла, аскерот одвлече 200 жени и моми и откако ги обесчести преку ноќтта, гин одведе во Ресен. - Битолска нахија: опожарени се само 3 села – Ѓавато, Метимир и Смилево, со масовни измачувања и обесчестувања. Најмногу настрадаа смилевци при нападот на нивниот логор. Неколку смилевски и ѓаватски бебиња беа фрлени од аскерот во огнот. Во Метимир, село од 25 куќи, беа обесчестени 60 жени и моми – скоро целата женска челад. - Демир Хисарска нахија: од 2.099 христијански куќи изгореа 555. При нападот на Слепчанскиот манастир „Св. Иван Претеча“ војската искла, освен калуѓерите, селските слуги и работниците, уште и десетина луѓе, слепи и болни, засолнети во манастирот. - Долна Преспа: од 32 христијански села беа опожарени, целосно или делумно 8, од 1.649 христијански куќи – 291 Битолската околија го држи второто место по бројот на опожарени христијански куќи, прво по бројот на искланите жители и прво по бројот на обесчестените моми и жени. Костурската каза, брои 128 села (заедно со Костур) со 13.223 куќи и 74.272 жители. Од селата 98 се христијански, 12 муслимански и 18 мешовити. Од куќите 10.554 се христијански и 2669 муслимански. Од жителите 62.338 се христијани и 11.884 муслимани. Од 98 христијански села, 18 беа опожарени целосно и 6 делумно. Од 10.554 христијански куќи 2.750 беа опожарени (26.20%) и и останаа без покрив 15.650 души. Исклани и отепани жители 413, обесчестени моми и жени 396, запленети жени и моми 30. Костурската околија го зазема првото место по бројот на опожарени куќи (26.20%), трето по бројот на искланите и испотепани жители, прво по бројот на запленетите жени и моми и второ по бројот на обесчестените. Леринската каза, брои 78 села со 10.391 куќи и 60.025 жители. Од селата 40 се христијански, 20 муслимански и 18 мешовити. Од куќите 6.458 се христијански и 3933 муслимански. Од жителите 37.505 се христијани и 22.520 муслимани. Од 40 христијански села, 12 беа опожарени целосно или делумно. Од 6.458 христијански куќи изгореа 902. Без покрив останаа 5.096 души. Убиени и исклани 229 души, обесчестени моми и жени 227. Леринската околија по бројот и процентот на опожарени куќи (13.90%) и исклани жители, како и по бројот на обесчестени моми и жени, го држи претпоследното место во вилаетот. Охридската каза, брои 101 село со 8.893 куќи и 60.305 жители. Од селата 75 се христијански, 14 муслимански и 12 мешовити. Од куќите 6.112 се христијански и 2.781 муслимански. Од жителите 43.368 се христијани и 16.937 муслимани. Од 75 христијански села, 32 беа целосно опожарени, а 10 делумно. Од 6.112 христијански куќи изгореа 2.064. Од 16.937 христијански жители 13144 останаа без покрив. Бројот на искланите и отепани жители се искачува на 419, а на обесчестените моми и жени 362. Охридската околија го држи процентно првото место во вилаетот и по бројот на опожарени куќи (38.80%) и по бројот на обездомените жители (30-40%) и по бројот на испотепаните и искланите (1%). По бројот на обесчестени жени и моми (362), е на трето место: после Битолската (1894) и Костурската (396); меѓутоа процентно, и во тој однос е на прво место. Кичевската каза, брои 118 села со 5.880 куќи и 39.590 жители. Од селата 81 се христијански, 21 муслимански и 16 мешовити. Од куќите 3.248 се христијански и 3.632 муслимански. Од жителите 21.800 се христијани и 17.790 муслимани. Од 81 христијански села, 10 се целосно или делумно опожарени. Од 3.248 христијански куќи 506 се опожарени. Од 21.800 христиојански жители 3.620 останаа без покрив. Исклани и отепани христијани 204, обесчестени моми и жени 73. Кичевската околија го држи последното место во вилаетот по бројот на опожарените куќи и обездомените жители, по бројот на испотепаните и искланите, како и на обесчестените моми и жени. Меѓутоа процентно, таа е на трето место (по Охридската и Костурската) по бројот на опожарените куќи (15-50%) и на второ (по Охридската) по бројот на искланите жители. Вкупно, во востанатата област на Битолскиот вилает од 21 јули до 20 септември, беа: Опожарени целосно или делумно 122 села со 8.646 куќи и останати без покрив 51.606 жители; убиени и исклани 1.779 души; обесчестени 2.152 жени и моми и запленети 37. Одрински вилает: востанието опфаќа делови од Лозенградскиот санџак: целата Малко Трновска каза, дел од Лозенградската, неколку села од Василикоската и 3 од Визенската. Од 24 христијански и 14 мешовити села во Лозенградската каза, опожарени беа целосно или делумно 16. Од 9.000 христијански куќи изгореа 1.090. Испоклани и испотепани беа 1.025 (13,30%!). Обесчестени жени и моми 241, запленети 91. Без покрив останаа 5.213 души. Две третини од населението во настраданите села побегна во Бугарија. Од 3.590 христијански куќи во М. Трновската каза изгореа 1.020 (28,40%!). Бројот на испокланите и испотепани 950, го достига невероватниот процент 5% од целото христијанско население. 611 жени и моми беа обесчестени и 36 запленети. 5.239 души (27.40% - повеќе од ?) избега во Бугарија. Василикоската околија брои само 10 христијански села. Од нив изгореа 5. Тука се случија најмалку обесчестувања, но пак најмногу клања. Само во месноста „Узун буџак“, беа стигнати од аскерот и отепани 130 души од семејствата на с.Пиргопуло, кои бегаа кон Бугарија. Процентот на испотепаните во Василикоско го надминува и тој во М. Трновско: 5.70%! (Во Охридско, најокрвавената околија во Битолскиот вилает е 1%). Воопшто, М. Трновско и Василикоско го држат првото место по жртви во текот на востанието од 1903 година. Вкупно, во Одринскиот вилает, или поточно во четирите кази, беа: Од 92 христијански села 66 беа целосно или делумно опожарени. Од 17.754 христијански куќи изгореа 2.610. Испоклани и испотепани – 2.565 души (во Битолскиот вилает – 1.779). Обесчестени жени и моми 920, запленети 135. Обездомени 12.880 души. Избегани во Бугарија 20.000 души. Во Солунскиот вилает, најмногу пострада Серскиот санџак, каде се случија и повеќе четнички напади и борби со аскерот. Разлошката околија, каде што се крена и вооруженото население, понесе страдања и даде жртви, кои се равни со некои околии од Битолскиот вилает. Опожарувања и клања се случија во Мехомија, Бачево и Белица. Други села беа ограбени. Стотици селани беа подложени на измачувања. Од 3.580 христијански куќи во таа околија изгореа 612 (12.50%), беа обездомени 2.500 души, 207 испотепани и испоклани (1%), 35 жени и моми обесчестени и 4 запленети. Во Неврокопската околија, најмногу пострадаа селата Обидим и Кремен, а во Мелничката – Пирин. Во целиот Серски санџак, беа опожарени во 10 села – 1.090 куќи, испоклани 290 души, обесчестени 50 жени и 4 запленети. Без покрив останаа 5.772 души. Во Солунскиот санџак на систематски терор беа подложени Тиквешката околија, а од селата во другите околии се случија палежи и убиства во Балинци (Дојранско), Под (Воденско), Смоквица (Гевгелиско) и др. Во Скопскиот санџак, главно после борбите со четите, беа опожарени и подложени на поголеми или помали клања селата: Долно Трогерци (Штипско), Ново Село, Витоша, Вранинци, Просек (Кочанско), Луково (Штипско) и др. Вкупно во санџакот беа опожарени 94 куќи и испоклани 60 души. Рекапитулација: Во четирите вилаети пострадаа повеќе или помалку 16 околии, во кои: 201 село беа целосно или делумно опожарени, 12.440 куќи во тие села опожарени, 4.694 души беа испотепани, испоклани и живи изгорени. 3.122 жени и моми беа обесчестени, 176 жени и моми беа запленети, 70.835 души беа обездомени, 30.000 души избегаа во Бугарија. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за востанието
Киро Кипроски Бигорски - На крајот на 19 и во почетокот на 20 век во Галичник, во Мијачијата и во селата по долината на реката Радика беше присутен слободарскиот дух. Населението, неможејќи да го издржи османлискиот јарем и пљачкосувањата што ги вршеле арнаутските качачки банди од Албанија, ги прифаќале принципите на Тајната македонска одринска револуционерна организација за учество во вооружено востание, за да се изборат за национална и социјална слобода. Галичаните ја отфрлале се' поприсутната големосрпска и големобугарска пропаганда. Целосно се носочувале кон револуционерните организации, формирале комитети, поткомитети и преземале други форми на дејствување, за подобро да се подготват за големиот ден - за востанието. bigorski_1908 Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за револуционерното Илинденско востание, при што одиграл многу значајна улога во координацијата и во организацијата на населението за нивно вклучување во сеопштото востание. Тука се одржувале голем број тајни активности на Галичко-реканскиот комитет за собирање облека, храна, оружје за востаниците. Во активностите биле вклучени монасите на чело со игуменот на манастирот, јеромонахот Партениј, кои успевале да конструираат и да изработат две топчиња, со кои беше почната вооружената борба против Османлиите во реонот на Копачка. Според професорот д-р Ванче Стојчев, илинденците имале 17 дрвени топчиња, од кои шест во Крушево, а четири топчиња Османлиите заробиле во Битола и ги однеле во Истанбул, кои се чуваат како воени трофеи. „Низ вековите Бигорскиот манастир одиграл значајна улога во јакнењето и зацврстувањето на македонскиот дух на населението, не само во неговата околина, туку и на поширокиот регион на западниот дел на денешната територија на Македонија“, вели игуменот на манастирот, архимандритот Партениј. На почетокот на минатиот век Бигорски бил главна база за дејствување во подготовките на Галичко-реканскиот комитет и дал голем придонес населението од сите села околу реката Радика да бидат организирани и покрстени како членови на ВМРО. Документите во печатена и во електронска форма, заедно со многу книги и документи, како што рече отец Партениј, изгореле во минатогодишниот пожар што го зафати манастирот. Но, се прават напори да се обезбедат тие документи, кои се наоѓаат во архивите на соседните држави. Во Бигорскиот манастир била создадена мајсторска работилница и складиште за оружје. Монасите Гаврил и Гаврил Русин излеале и направиле две топчиња. Во една ноќ, неколку дена пред 2 август 1903 година, браќата Филип и Угрин Канчевски, од Галичник, кои потекнувале од угледна сточарска и патриотска фамилија, со свои коњи ги презеле топчињата и со мака низ стрмнините над манастирот, успеале да пристигнат до местото Краиште. На патот кон Крушево биле обезбедувани од галичката чета. Патот ги водел низ планината Бистра, за да пристигнат на договореното место над селото Душегубица (Кичевско). Ноќта спроти Илинден, со двете манастирски црешови топчиња беше објавено Илинденското востание. „Скришум, да не чујат шпионите, дедо ми Филип ми раскажуваше за својот подвиг, за движењето ноќе низ планинските беспаќа, да не ги откријат непријателите, со брат му Угрин успеале да ги пренесат црешовите топчиња од Бигорскиот манастир до договореното место што им го дал Комитетот“, се сеќава осумдесетгодишниот д-р Јанко Канчески. Покрај топчињата, кои биле натоварени на еден коњ и камуфлирани, облеката и храната за востаниците биле товарени на неколку коњи, собрани од галичани. За храброста на дедовците, додава тој, ми раскажуваа и татко ми Коста и чичковците Тане, Заге и Драган. Шеесет и тригодишниот Миле Канчески ни вели дека дедо му Угрин, на 24 години, бил многу храбар и голем македонски патриот, секогаш подготвен да го даде животот за Македонија, за македонскиот народ да се ослободи од османлиското ропство, кое било неиздржливо. За пренесувањето на црешовите топчиња од Бигорскиот манастир во Крушево ми зборувал татко му Ладе, со аманет на дедо му, приказната да се пренесува од колено на колено, на децата и внуците, а тие, исто така, да им ја пренесуваат на своите деца и внуци се' додека постои родот и породот. „Чувствата се големи и импресивни кога сознав дека моите предци во илинденскиот период се зафатиле да ги пренесат црешовите топчиња и да бидат активни во подготовката на Илинденското востание, многу се израдував и горда сум што потекнувам од револуционерна-патриотска фамилија“, со восхитување зборува праправнуката на Филип, Елизабета Канческа-Милеска, министерка за култура, и додава: „Не дека потекнувам од семејството на моите прадедовци Филип и Угрин, кога татко ми ми раскажуваше за нивниот подвиг од очите почнаа да ми капат солзи, од нивната храброст, од подвигот што го направиле во тоа тешко време“. Авторот Георги Трајчев својата „Книга за Мијаците”, отпечатена во 1941 година, во Софија, речиси 30 години по нејзиното пишување, им ја посветува на Галичник и на Мијаците и на Бигорскиот манастир. Авторот по потекло бил Мијак, роден во Крушево, а во Галичник престојувал како инспектор по образование. Манастирот служел и како главна база на дејствување во подготовка на комитетите. На тој начин сите села што се наоѓале на двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. Сите служби биле организирани од игуменот јеромонахот Партениј и од монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснака (кој бил добар техничар), запишал Трајчев. Покрај мажите од Галичко-реканскиот регион, кои учествувале во подготовките на Илинденското востание, и жените активно учествувале во подготовките на Илинденското востание. Во периодот од 15 август 1902 до 20 јуни 1903 година организацијата имала многу успешни активности во подобрувањето на организираноста, а посебно во собирањето пари, при што биле собрани 560 наполеони и големо количество облека. На Смилевскиот конгрес (23 април 1903 година) било донесено решение Галичко-реканскиот реон да остане легален орган и по објавувањето на востанието, да му биде на располагање на Кичевскиот револуционерен реон за да му доставуваат храна, облека, пушки, патрони, лекови, а во случај на напад на османлиските војски во Кичевскиот регион да можат четите да се префрлаат во Галичко, каде што ќе ги кријат. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |