Испечати | Затвори го прозорот

ИЛИНДЕН

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22957
Датум на принтање: 04.Август.2025 во 16:51
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ИЛИНДЕН
Постирано од: mungos80
Наслов: ИЛИНДЕН
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 21:55
Илинден односно денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за македонскиот народ. Тој е празник на 3 настани од духовна и национална природа кај македонците. Првиоот празник е денот на Св. Илија. Вториот настан е дента на почетокот на Илинденското востание во 1903 и како трет настан е Првото заседание а АСНОМ во 1944 година. Духовниот момент и двата други историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Коментари:
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 21:56
Крушевски манифест (2-3 август 1903 г.)

Слобода или смрт
Штаб на крушоските востаници
Илинден 1903г.
Прокламација до турскиот народ во Крушоската Револуциона Околија
Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и от неговите китни села без разлика на вера, народност, пол и убежденија, неможејќи веќе да трпиме иранијата на жедните за крф и гладните за човечко мо муртати шчо гледаат и нас и вас, да дотераат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мисла и богата земја Македонија да заприлаегат на пуста пустина, денеска дигнафне глава решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си кладофне главата в торба, за да заживјеме чоечки или пак да умриме јуначки! Бидејќи от дело - предело си живејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои. Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирниот, трудољубивиот и чесниот турски нарот шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брати и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуаме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки: требит да знајте оти вашиот имот, вашиот живот, вашат вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет, скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот, верата и честа, ние сне зеле пушка. Ние не сне муртати на сфојата земја шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството; ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на лумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатираат нашиот труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме. Ние не само ве имеме како сфои браќа туку и ве жалиме како сфои браќа, бидејќи разбираме, оти и вие сте робје како нас, робје на царот, и на царските бегој, ефендии и паши, ројбе на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината от четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас, да дојдите заедно да водиме борба! Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме против вашите и наши душмани! Елате пот бајракот на „Афтономна Македонија"! Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се к*ртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуват!... Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскиот бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајракот за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. „Слобода или смрт" јет писано на нашите чела и на нашиот крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немаат враќање. Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте сонас, како што сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со еднонешчо - а тоа јет голема помош: да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Госпот Бог да блослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија"!

Н.К. Мајски, Илинден, стр. 36-38.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:01



Главен штаб на II македонски
револуционен округ
Врф „Победоносец"
15 јули, 1903г.

До центровите и селските началници и народот

Браќа,

Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!

Доста толку маки, доста толку страм! Хилјади пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!

Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!

Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Ве целиваме братски
Штабот

Н.К. Майски, Илинден. Драма в пет действия 1923, стр. 49.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:03
Смилевскиот конгрес

Од 2-7 мај 1903.- во селото Смилево, Демирхисарско, се одржа Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание

Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ донел решение за одржување на окружен конгрес на ВМОРО во почетокот на мај 1903 година во с.Смилево, согласно решението на Општиот – Солунски конгрес (јануари 1903). Околиските комитети биле известени за времето и местото на одржување и за бројот на делегатите што требало да учествуваат. Во обезбедувањето на учесниците на конгресот биле ангажирани околу 2000 вооружени лица. Околу Смилево биле воспоставени засилени стражи, а за обезбедување на селото е активирана селската полиција. За одржување на постојана врска со Окружниот и со околиските центри била организирана посебна к*рирска служба.

Соселаните на Груев ја сфаќаа, покрај честа, којашто им се направи, и целата тешка одговорност од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село. Затоа месното раководно тело, на чело со својот претседател Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи. Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина на час, час и половина растојание, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото. Одделенија од по 3—4 четници биле пооставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар и по патчето. Сите раководни тела по тие села знаеле, дека во Смилево се собрани најголемите војводи. Стотици и стотици работници иле на нога. И конгресот заработил во спокојство и полна сигурност.

Смилевскиот конгрес започнал со работа на 2 мај (17 април с.ст) 1903 и траел до 7 мај (22 април с.ст.), во Чурановиот дом и на него присуствувале 32 делегати, но продолжиле да пристигнуваат нови и кон крајот на конгресот, бројот им надминал 45. На конгесот присуствувале Д. Груев, претставник на Централниот комитет, а А. Лозанчев, Г. Пешков и Г. Поп Христов — членови на Окружниот револуционерен комитет. Борис Сарафов учествувал како ревизор на четите; од неговите луѓе заседавале како делегати за воени прашања: Димитар Дечев, јункер и поручик Стојков.

Реоните биле претставувани од:

* Битолскиот — од Ѓорѓи Сугарев од Битола, Парашкев Цветков од Плевен, Никола Петров - Русински од Малешевско.
* Демир-Хисарскиот — од Јордан Пиперката и Димитар Матлиев, охриѓанец.
* Крушевскиот — од Никола Карев од Крушево и Иванчо од Латово.
* Кичевскиот — од свешт. Тома Николов, Димитар Спространов, Васил Попов и од војводите Арсо, Јанаки и Ванчо Мицкови.
* Прилепскиот — од Петар Ацев, Јордан Тренков и Тале Христов.
* Ресенскиот — од Славејко Арсов од Штип, Никола Кокарев, потпоручникот Александар Панајотов од В. Трново и Велјан Илиев (познат под псевдонимот Пенчо) од с. Смилево.
* Леринскиот — од Георги Папанчев од Сливен и Михаил Чеков од с. Екшису, Леринско.
* Костурскиот — од Васил Чекаларов и Пандо Кљашев.
* Охридскиот — од Лука Групчев и Христо Узунов (и двајцата охриѓани), Тасе Хростов, Дејан Димитров (Мицковски) и Аргир Маринов.

По предлог на Сарафов, за претседател бил избран Д. Груев. За секретари биле посочени и прифатени Г. Поп Христов и Пар. Цветков.

Првата точка на дневниот ред била: извештаи за состојбата на реоните.

Се покажало, дека целиот округ располага со 8—9000 пушки: Охридско 1500, Костурско над 1000, Ресенско 960, Кичевско 540 и др. Најнеподготвен се покажал Прилепскиот реон (со мошне малку пушки и тоа не сосем погодни). После доаѓаа: Крушевскиот, (со исклучок на градот и на неколку села: Пуста-рака, Горно и Долно-Дивјаци и др.). Битолскиот (со исклучок на реонот: Смилево, Ѓавато, Цапари и др.).

Делегатите на неподготвените реони се изјасниле против востанието и го критикуваа остро поведението на Лозанчев, затоа што на Солунскиот конгрес го претставувал цело Битолско, без претходно да го земе мислењето на одделните реони во округот. Делегатите на најподготвените околии — Костурско, Демир-Хисарско и Охридско настојуваа за востание. Највоинствен бил Костурскиот делегат Чакаларов, а најголем противник за востанието — П. Ацев.

Спорот продолжил доста долго. Воинствените настојувале, неподготвените се противеле.

Понатамошните спорови се сметале за бескорисни и се започна конкретна, деловна работа: како да им се помогне на неподготвените реони; какво востание да се направи; кога да се востане; како да се искористи времето за востанието.

На прилепчани им се ветиле извесно количество пушки, гилзи и барут. На крушевчани гилзи од патрони „Гра“ и др. Надежта била во Охридско, кадешто веќе редовно се доставуваа пушки и други материјали од Арнаутите, пренесувани по езерото.

Како врховна револуционерна власт се избра Главен востанички штаб, задолжен да раководи со приготвувањето до востанието и дејствијата во текот на самото востание. Во Штабот влегле Д. Груев, Борис Сарафов и А. Лозанчев, со евентуални помошници: Г. П. Христов (за Д.Груев), П. Ацев (за Сарафов) и Л. Поп Трајков (за Лозанчев). Членовите на Штабот се избрале со јавно гласање, а нивните заменици — со тајно. Се прифатило и непротоколарно решение да бидат вклучени кон Главниот штаб, во случај да дојдат за време на востанието, уште и: Хр. Матов, П. Тошев и Ѓорче Петров

Конгресот го ополномоштил Главниот востанички штаб да ја определи, во спогодба со Централниот комитет и со другите окрузи, датата на востанието, но во никој случај не порано од месец јули. Се имало предвид да се пополни, колку што е возможно, недостигот на бојни резерви, да се достават санитарни материјали, да се складира нужното количество храна и да се мине набрзина кон еден к*рс на воена обука. На Штабот му се доверуваше и да влезе во спогодба со другите окрузи и да дејствува на било каков начин за да востанат и тие.

Одново започнале спорови околу карактерот на востанието: масово или партизанско. Преодолеало и се усвои од сите делегати, мислењето за партизанско востание. Од вооружените луѓе во секој реон се составуваат чети од по 30—50 луѓе. Четите да дејствуваат по изработен план, без да го ангажираат целото население. При покрупни напади, што изискувало поголеми сили, одредот, веднаш по извршената акција, да се раздели на чети и да се распрска за полесно криење и хранење.

Се мислело, дека така селата ќе можат да се запазат и востанието ќе биде подолготрајно. Исто така се решило, да не се допуштат жестокости над мирното турско население и да се штедат турските села, освен ако турците не започнат да ги палат нашите.

Власта во реоните им се повери на горските раководства. Градските раководства се поставуваа во услуга на горските раководства и им се препушташе да извршуваат информациона, посредничка и интендантска служба — исполнување на разни порачки и испораки. На реонските раководства им се довери да ги разделат своите реони на центри и да изберат централни војводи, кои би поминале по еден к*рс на воена обука под раководството на: Никола Дечев, јункер — во Демир-Хисарско, Кичевско и Битолско; Стојков, поручик — во Охридско; Тод. Христов, потпоручник — во Крушевско; Панајотов, потпоручник — во Ресенско и Преспанско; Папанчев, потпоручник, — во Леринско; Ив. Попов, фелдфебел — во Костурско.

Сарафов и Ник. Дечев изработиле „Востанички дисциплински устав“ за правата, должностите и казните на востаниците, десетарите, централните и реонските војводи. Тој устав, приготвен според воените устави, се прифатил со мали измени. Сарафов изработил и една инструкција за инструкторите, задолжени да раководат со к*рсот на обуката.

По сите прашања, што се однесува до техничката страна на востанието — материална подготовка, обука, тактика и др. Борис Сарафов, како најкомпетентен, зборувал најмногу и дал вредни совети.

Додека заседавал конгресот, во Солун и Битола се случија потресни настани. Солунската филијала на Отоманската банка беше разрушен на 16 април вечерта во навечерието на конгресот. Гоце Делчев загина во Баница. Заседанијата беа на привршувањето, кога во Битола, како последица на солунските атентати, на 23 април се изврши колеж над христијаните.

За донесените решенија конгресот ги известил Централниот комитет во Солун и Задграничното претставништво во Софија во кое биле д-р Х.Татарчев и Х.Матов. Конгресните документи им ги предал делегатот на конгресот – свештеникот Т. Николов.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:11
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:




Главен штаб на II македонски
револуционен округ
Врф „Победоносец"
15 јули, 1903г.

До центровите и селските началници и народот

Браќа,

Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!

Доста толку маки, доста толку страм! Хилјади пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!

Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!

Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Ве целиваме братски
Штабот

Н.К. Майски, Илинден. Драма в пет действия 1923, стр. 49.


Кажав ти jaс дека не знаеш бугарски, та си преведувал смешки...

Каде виде високо викат да си платиме?
Пишува "Крфта на нашите невино загинати брака од турската тираниjа вика високо за одмазда"!

И кога jасно пишува "народот на Македониjа и Одринско" зошто си го пропуштил?

И истиот ти пишуваш за "лагите на бугарите"?

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:13
Македонски железници за време на Илинденското востание 1903


Изградбата и пуштањето во експлоатација на железничките линии Солун – Скопје (1873 год.), Скопје – Косовска Мировица (1874 год.), Солун – Битола (14 јуни 1894 год.) и Солун – Деде Агач (19 мај 1896 год.), како и поврзувањето со српската железница и македонската железница во 1888 година, преку кои централната и западната железничка мрежа во Европа се поврза со Цариград и Ориентот, требаше да има огромно значење за општиот развој на Македонија. Наместо тоа македонските железници имаа една од пресудните улоги во борбите за националното ослободување на Македонскиот народ, за време на илинденската епопеја во 1903 година.

Истовремено пуштањето во сообраќај на македонската железница се совпаѓа со времето кога во Македонија се разгорува борбата за национално ослободување на македонскиот народ од османлиската власт. Во Солун, при крајот на 1893 година, биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација - организирана сила, која ќе ги канализира, обедини и раководи борбите на македонскиот народ за ослободувањето од вековното и тешко Османлиско ропство. Оваа организација, наречена Тајна македонско-одринска револуционерна организација (подоцна Внатрешна македонска револуционерна организација - ВМРО) започнала забрзано да се шири по сите македонски градови и села, особено по 1896 година кога бил донесен Устав во кој дефинитивно и наполно јасно биле формулирани целите и задачите на Организацијата. Долгогодишните идејно-политички и војнички подготовки на македонското население резултираа со кревање на востание на Илинденското востание на 2 август 1903 година, во поголемиот дел од Македонија.



Македонските железници кои во мирновремени услови би биле носители на економскиот прогрес на Македонија, гледано од аспект на револуционерната борба во основа одиграле негативна улога. Поврзувањето на Цариград, односно на Азискиот дел на Турција со Македонија со железнички линии, според авторите на “Историјата на железниците во Македонија 1873 - 1973” од стратешка гледна точка претставувало: “Предност за режимот какво што можел само да посака. Линиите им овозможувале на властите во било кое време, брзо и сигурно, да префрлуваат свои трупи од азискиот дел на државата во Македонија, а во самата Македонија во загрозените подрачја. Подвижноста на турскиот аскер како и можноста за масовно и брзо префрлување на воени материјали по изградбата на железничките линии биле такви што не можело да се споредат со периодот пред нивната изградба. Според тоа, за вооружените чети на Македонската револуционерна организација железниците се јавувале како опасно орудие во рацете на непријателот против кое требало да се борат”.

Од друга страна, странските компании и нивните Влади, кои имаа концесии за експлоатирање на турските железници, биле заинтересирани за продолжување векот на Турската империја, а не за нејзиното рушење. Знаејќи дека клучните позиции во управата и експлоатирањето на железниците ва Македонија ги држеле странци кои биле противници на било каква револуционерна дејност, може со сигурност да се претпостави каква беше улогата на македонските железници пред и за време на Илинденското востание во 1903 година. Малубројните работници кои завземале пониски места во хиерархијата неможеле да ги попречат возовите полни со војска кои отоманската власт ги испраќала на боиштата во Македонија.



Македонските железници се до Илинденското востание не биле изложени на некои позначајни диверзии од страна на организираните македонски чети. Непосредно пред востанието, започнало сериозно да се размислува за диверзии на железничките линии. Гоце Делчев бил еден од првите кој со својата чета, ноќта на 18 март 1903 година ја изврпшл првата крупна акција врз железницата. Големиот железнички мост при Ангиста (Драмско) бил дигнат во воздух. Бил срушен и тунелот близу до мостот, на едно место биле прекинати шините, а на две места телеграфските жици. Акцијата била хирушки прецизно изведена, така да како што пишува самиот Гоце вое едно свое писмо: „ И најдобриот воен инженер би ни завидел".

Месец дена подоцна, на 28 април вечерта, близу до солунската станица, познатите гемиџии (солунските атентатори) извршиле уште една посериозна диверзија на железницата. Возот што идел од Цариград нагазил на динамитен патрон. Оштетена била локомотивата и блискиот вагон. На местото на настанот, иследните органи пронашле околу 1 кг динамит кој, доколку експлодирал, ќе предизвикал голем број на човечки жртви, бидејќи во возот патувале околу 120 патници (Истиот ден, тие (Павел Шатев) извршиле атентат на бродот „Гвадалкивир" а следните денови ги извршиле и другите атентати во Солун).

Почетокот на Илинденското востание налагало да се преземат акции врз железничките линии со цел да се прекинат сообраќајните врски и да се попречи доаѓањето на нови трупи на турската армија. За таа цел, Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ и воопшто реонските раководства планирале најголеми можни диверзии по железниците. Тргнувајќи од фактот дека се можни невини жртви помеѓу цивилното население и раководејќи се од најхумани чувства, Главниот штаб испратил писмо до Управата на железниците во Солун за да ја предупреди неа и цивилното население дека ќе биде опасно да се патува по железниците во текот на борбите. Во писмото кое е потпишано од Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев, членови на Главниот штаб, а било со датум од 25 јули 1903 година се наведува:

„До Дирекцијата на Ориенталните железници во Турција

Господине Директоре

Главниот штаб на Македонско-одринскиот-револуционерен комитет има чест да ја извести почитуваната Дирекција на Ориенталните железници дека овие денови реши да отпочне со востанието во името на слободата на христијанското население во Македонија и од Одринскиот вилает, против турскиот режим, којшто од 5 столетија наваму не само што не ги признава најосновните човечки права, туку не покажал и не дава ни најмала гаранција за животот, среќата и честа на христијанското население, кое благодарение на овој режим, дојде до последната крајност, поради што е принудено да му објави борба на својот крвен непријател со повикот — „Слобода или смрт!"

Бидејќи ова востание по апсолутна неопходност ќе биде проследено од некои атентати врз железничките патишта, гореспоменатиот Главен штаб има намера (што е и човечно) да ја извести Вашата почитувана Дирекција таа да има предвид за време на овие денови да не им позволи на жителите од овие краишта да патуваат со Ориенталната железница, за да не станат невини жртви.

Примете, Господине, израз на нашата длабока почит.
Ова писмо го испраќаме преку брз к*рир заради ова".

Ова писмо, како што пишува во “Историјата на железниците во Македонија 1873 – 1973”, преставува прв официјален документ со кој се навестува блиското востание. Иако властите не сакале да ја сфатат ситуацијата серирзно, инспекторот (директорот) на железниците Емануел Штајнер, по добивањето на писмото го издава следново соопштение дека: „Дирекцијата на источните железници ги предупредува г.г. патниците дека не им ја гарантира сигурноста по линијата Солун - Битола".

Во “Историјата на железниците на Македонија” ќе видиме дека за востаниците на почетокот на Илинденското востание, покрај нападите на воени и жандармериски одреди, стражи, гарнизони, телеграфот, како главна цел имале да ја “напаѓаат железницата, иако била многу добро чувана. Првиот напад врз железницата бил извршен на станицата во Екшису каде што била дигната во воздух свртницата, фенерите на две други свртници биле искршени и била оштетена една дресина. На самата линија, близу до с. Кравари, биле уншптени 600 метри двоен телефонски тел, а кај селото Баница; - 1000 м. Кај Сорович бил дигнат во воздух и еден 4 м долг мост. Во исто време била нападната и линијата Солун - Скопје. Прво била прекината железничката и телефонската линија меѓу Градско и Велес, а потоа и самата линија. На 10 август ноќта, четата на гевгелискиот војвода Сава Михајлов го минирала железничкиот мост кај Гевгелија и самата линија во едно растојание од 900 м. Експлозиите, поради нееднаквата должина на истовремено запалените фитили, се јавувале во интервали од секунди и минути, така што се добил ефект на едно страшно бомбардирање. Мостот, долг околу 20 м летнал во воздух, а сосема била уништена и линијата на неколку стотини метри. Оваа диверзија била една од првите и најуспепши извршени по железниците во времето на Илинденското востание”. Најголем број диверзии по железничките линии биле извршени во соседни околии на Солун, Воденско и Гевгелиско и други. Тоа всушност била најголемата помош која солунскиот санџак му ја дал на Востанието.

Илинденското востание најмасовно и најдинамично било во Битолскиот вилает. Кога започнало Востанието голем број турска војска се наоѓала во Косово. Поголем број од таа војска со железница била префрлувана за Градско и оттаму за Битолскиот вилает. Војската која доаѓала од Мала Азија била превезувана до Солун и оттаму по линијата за Битола. Значи диверзиите по линиите, нормално, биле драгоцена помош на востанатиот народ особено во Битолскиот вилает. Но, поради будното чување од една страна и поради недоволната подготвеност и немањето доволно средства кај востаниците, од друга страна, диверзиите по железниците кои би му нанесле поголеми штети на непријателот, имало многу малку.

Кон крајот на Востанието, како резултат на исцрпеноста и неспособноста на востаничките чети да се спротивстават на многубројната турска војска, членовите на Главниот штаб - Даме Груев и Борис Сарафов - решиле да организираат посебно напади по железниците. Железничките линии, кои и дотогаш биле цел за напад, оттогаш како да станале главна цел на востаниците. По пристигнувањето на Ѓорче Петров од Бугарија со голема чета и со поголеми количества експлозивни материјали, било испланирано едно помасовно рушење на линијата од Воден до Лерин. Г. Петров предложил да се соберат поголеми сили во Битолско и Леринско и заедно со костурски чети, со околу 1000 четници, да се нападне линијата од двете страни кај Сорович, да се заангажира во борба аскерот, за да може еден диверзантски одред да ја разруши железничката линија во една голема должина до Воден. Ѓорче Петров со писма ги повикувал и гевгелиските, ениџевардарските и воденските војводи да организираат слични акции по железниците. Меѓутоа акцијата не била спроведена откако востаниците разбрале дека линијата околу Сорович била чувана од околу 14.000 аскери.





За да се спречат диверзиите и да се овозможи нормален транспорт на свежи трупи и воен материјал во реоните каде се воделе борбите, турските власти распоредија повеќе единици на турската армија за заштита на железничките линии. Особен проблем при транспортирањето на трупите претставувале единиците составени од мобилизирани Албанци, кои од Косово биле испраќани за Битола за задушување на востанието. Тие биле толку недисциплинирани што стрелале и од самите вагони. Тоа го правеле и на самата скопска станица што предизвикало крајно незадоволство и кај дипломатските претставници на големите сили. Австроунгарскиот конзул во извештајот до својата влада ги наречува „башибозуци што носат оружје по наредба на владата".

Диверзиите кои биле извршени врз желизничките линии, кај власта предизвикала недоверба и непријателство како кон железничкиот персонал од немуслиманската припадност, така и кон христијаните населени долж железничките линии. Христијанското население било изложено на невидено малтретирање од многубројната војска која ги чувала железничките линии и од војската која се транспортирала по железниците. Турската Влада која била претходно обвинета дека не е способна да го обезбеди мирот и редот во Македонија, уште во предилинденскиот период, по диверзијата кај Ангиста презела ригорозни репресали врз македонското население. Во десетина села во Драмско, биле подложени на ужасни репресалии над 180 души, а над 150 биле уапсени.

За време на Илинденското востание, диверзијата извршена на 14 август на линијата Скопје - Солун. Близу до селото Кофла на р. Вардар, кога еден востанички одред дигнал во воздух воз со 32 вагони кој носел војска за Битола преку Градско, предизвикал огромен бес кај турската армија. На 15 август во Зелениково пристигнал воен воз со два баталјона војници - анадолци (од Анадолија) одејќи за Битола. Група војници на чело со офицерите се нафрлила врз спомнатите работници кои во моментот работеле на линијата и започнале да ги мачат. Во знак на одмазда и предупредување, војската извршила масакар во станицата Зелениково. Била ликвидирана групата која долги години работела на линијата, на чело со Тоде Илија. Биле убиени: Аце Китан, Трпе Анџе, Атанас Трајко, Данче Петрушев. Исто така и втората работна грула на чаушот Петро Диме и неговите четворица другари, кои ја одржувале железничката линиија, била уапсена и одведена во скопскиот затвор, заради наводно учество во диверзијата на мостот кај Зелениково.

Австроунгарската влада, врз основа на опширниот извештај на својот конзул во Скопје, Бохумил Пара, кој се повикал на изјавата на шефот на станицата Роиди, барала строго да се казнат виновниците за масакрот во железничката станица. Иако Портата дала ветувања, како и во други слични ситуации, таа не презела соодветни мерки за да ги повика на одговорност офицерите кои го извршила злочинот во Зелениково. Додека “царскиот железнички комесар во Скопје, со цел да се замачкаат работите, настојувал што поитно да се закопаат искасапените трупови, генералот Амди - паша изјавил дека било оправдано убиството на работниците во Зелениково, а спомнатите железнички работници биле прогласени за комити”. Омразата кон разбунтуваната раја била толку голема пто им се дозволувало на војеката и полицијата да вршат недела кои често личеле на геноцид.

Илинденското востание до есента 1903 година било во крв задушено. Меѓутоа, диверзиите по железничките линии, според авторите на “Историјата на железниците на Македонија 1873 – 1973”, продолжиле и понатаму. Сето тоа го правело крајно несигурно патувањето по железниците, а владата ја терало да држи и натаму голем број војска за чување на железничките линии што претсетавувало голем товар за месното македонско население вдолж самите линии.



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:18
Лавче преводот е во кратки црти,не е се преведено,има и уште еден дел испуштен за „нека бог го благослови правото на делото и денот на востанието„.

Одринско ќе си е во вашата тема,овде си е за Македонската борба, за Македонскиот непокор.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:28
Добро, видов дека не е целото, ама документ се преведува точно, како тоа ке пишеш еден збор, а ке испуштиш вториот?
Па тоа менува целата смисла на писмото!
Искрено, немам коментар повеке.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:33
Абре а кој побара коментар од тебе????
Терај си ја работата што ти е дадена од МПО и шетај по тоа ахивите нивни,исто како што твоите предци за време на најголемите крвопролевање во Македонија шетале низ европа и русија за да го прикажат делото како бугарско.



ТЕМАТА НЕ Е ОТВОРЕНА ЗА ЈАС ДА ТИ ОБЈАСНУВАМ ТЕБЕ ШТО СМЕ ТУКУ ЗА ДА МЛАДИТЕ ПРОЧИТАТ ЗА НЕПОКОРОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ.

Да видиме зошто има три илиндени,зошто баш тој ден е денот кога Македонецот се крева на востанија за својата слобода.

НИКОЈ НЕ САКА ДА СЕ ОБЈАСНУВА СО ВАС,И ТАКА СТЕ НЕВАЖНИ.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:39
                   Првото

Битка кај Херонеја (338 п.н.е.)

Битката кај Херонеја (338 п.н.е.), се одиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип II Македонски. Таму Македонците и Тесалијците под командата на Филип (со 32,000 војска) ги поразил помалите комбинирани сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија во Грција.

Битката се водела по класичните принципи на војување - фалангата на Атина и нејзиниот сојузник, Теба наспроти македонската фаланга на Филип. Атињаните биле на левото крило, а Тебанците на десното (со важниот Свет батаљон) најдесно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија. Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото - иако надгледуван од најдобрите команданти на кралот. Славните коњички придружници биле сместени позади македонската борбена линија.

Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие грчките линии. Александар бил прв што ги разбил тебанските линии, проследен од храбар баталјон (веројатно роднини и пријатели); откако го видел ова, Филип се заложил да нападне со сет бес, а Атињаните - страствени, но неувежбани - не можеле да им се спротистават на македонските ветерани. Со повлекувањето на Атињаните, Тебанците останале да се борат сами и биле поразени. Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени.
[уреди]
Ефект

Грчките полиси биле поразени и потпаднале под македонска власт, но немале статус на робови и не плаќале данок. На Општиот Мир вклучен во зимата 338/7 г.п.н.е. на Грците им била дозволена слобода и автономија но сепак била ограничена, следните обврски наметнати од Филип II Македонски, забрането им било:
насилно менување на уредувањето
нова прераспределба на земјата
отпишување на долговите
ослободување на робовите
терање на политичките противници
конфискација на имотите
враќање на политичките бегалци
стапување во служба на други држави
здружување во сојузи
меѓусебни борби

Преку склучениот мир по битката кај Херонеја, Филип II Македонски иако воено не ги окупирал (освен поставените четири воени бази околу островот Евбеја), сепак остварил негово мешање во внатрешните работи на полисите и приватната сопственост на нивните граѓани, а со тоа и нивна подредена положба во однос на Македонците


                 Второто
ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1903 ГОДИНА
http://mk.wikipedia.org/wiki/Илинденско_востание - ЛИНК


                 Третото

Антифашистичко Собрание за Народно Ослободување на Македонија



- И Л И Н Д Е Н -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!....     “

Панко Брашнаров -Историскиот говор на првото заседание

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:40
               П Р О Г Л А С
ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

2 Август, 1944 г.


Удрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија На 2 август 1944 година - Илинден - се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија - АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот “Св.Прохор Пчински“, во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:

Македонија ја прогласи за федерална држава, во нова демократска федеративна Југославија. Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.

Се донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој граѓанин и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.

Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.

Македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.

Илинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.

Се формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.

Се формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.

Се избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.

Македонски народе!

Со овија основни историски решенија се удрени темелите на македонската федерална држава. Това се први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това се првите плодови на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодови претставуваат остварување на вековните идеали на нашиот народ.

Македонски народе!

Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија е одржано во најжестокиот бој во оваја војна, кога се кинат фашиските синџири, кога геројската Црвена армија настапува кон Берлин, а мошните сојузнички армији настапуваат од запад и југ на Париз и Германија, кога нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија навлегува во последен бој со фашиските окупатори. Во оган и крв на развихрената и решавашта битка, во зората на победата, македонскиот народ преку своето Антифашистко народно собрание си ја кажа думата за својата судба.

Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ами ги превземаат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Оние изнајдуваат нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да (го) поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар. Од друга страна, това исто се готви и од најголемиот издајник и слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.

Македонски народе! Родољуби и родољубки!

Слободата е на прагот! Темелите на нашата федерална држава се удрени! Ама баш није сите треба да бидеме на штрек. Сега баш треба да се прибериме сите во Народно-ослободителниот фронт на Македонија во нашата Народно-ослободителна војска, за да (ги) сачуваме придобивките на досегашната борба. Краен е час за секој еден Македонец да го отфрли секое колебание и тргне во последен бој за слобода на нашиот вековно поробен народ.

Во името на новата македонска држава, во името на нејното изградување, ние ви викаме:

Уште повеќе зацврснете го единството на целокупниот македонски народ преку Народно-ослободителниот фронт на Македонија - единството, кое ти овозможи создавање на македонската држава, единството, које ќе ти ја сочува таја држава!

Стани целиот на воражено востание и навлези во својата Народно-ослободителна војска на Македонија, војската која ти создаде држава и која ќе знае да ти ја сочува! Разрасни ги што по скоро своите бригади во мошни дивизии и корпуси!

Уште посилно пристапите кон формирањето на народно-ослободителните одбори, органите на новата народно-демократска власт, преко која треба да се соберете за изградувањето на новата македонска држава!


ДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА!

ДА Е ЖИВО АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

ПРЕЗИДИУМ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА


Претседател: МЕТОДИ АНДОНОВ - ЧЕНТО, трговец од Прилеп.

Потпретседатели: ПАНКО БРАШНАРОВ, учител од Велес и ЕМАНУИЛ ЧУЧКОВ, директор на гимназија од Штип.

Секретари: ЉУБЧО АРСОВ, банк(арски) чин(овник) од Штип и др. ВЛАДИМИР ПОЛЕЖИНОВСКИ, правник од Кичево.

Членови:

ВЕНКО МАРКОВСКИ, поет од Скопје;

ЦВЕТКО УЗУНОСКИ, работник од Преспа,

БОГОЈА ФОТЕВ, земљоделец од с. Бистрица (Битолско);

генерал-мајор МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ, командант на НОВ и ПО на Македонија, од Штип;

СТРАХИЛ ГИГОВ, нач(алник) (на) персон(алниот) отдел на Гл(авниот) штаб, од Велес;

ПЕТРЕ ПИРУЗЕ, адвокат од Охрид;

КИРИЛ ПЕТРУШЕВ, работник од Скопје;

ИВАН ЈОРГОВ, свештеник од с. Дреново (Кавадарско);

ЕПАМИНОНДА ПОП-АНДОНОВ, професор од Струмица;

ГЕНАДИЕ ЛЕШКОВ, земљоделец од с. Дреново (Бродско);

ЌЕМАЛ АГОЛИ, студент од Дебар;

ЛАЗАР СОКОЛОВ, економист од Куманово;

ВЕРА АЦЕВА, домаќинка од Прилеп;

КАМБЕР ХАСАН, земљоделец од с. Д. Дисан (Неготинско);

АЦО ПЕТРОВСКИ, кројач од Скопје;

МЛАДЕН ГЕОРГИЕВ ЧЕЛОПЕЧКИ, земљоделец од с. Челопек (Кумановско);

ЉИЉАНА ЧАЛОВСКА, ст(удент) од Битола.


ЧЛЕНОВИ НА АСНОМ:

Тетово:

Тодор Ципоски, работник

инж. агр. Јордан Блажевски


Кичево:

Злате Кленовски, земљеделец

Д-р Владо Полежиновски, јур(ист)


Галичник:

мајор Тихомир Милошевски ком(андант) на ИИИ-та македонска бригада

Јелисије Поповски, банк(арски) чин(овник)

Мино Минов, работник

Живко Брајковски


Гостивар: Чедо Филиповски, работник

Александар Георгиев, град(ежен) инж(енер)

Видоје Смилевски, банк(арски) чин(овник)


Дебар:

Киро Стојанов, свештеник


Ресен:

подпор(учник) Наум Веслиевски,зам(еник) ком(андант) на ИИИ-та бригада

Јонче Трпевски, работник

Георги Ивановски, учител

Илија Божиновски, чинов(ник)


Битола:

др. Киро Миљовски, вет(еринарен) лек(ар)

вазд. мајор Вангел Чукаловски ком(андант) на И-ва удар. бригада

капетан Коста Јашмаков, началник на штабот на ИИИ уд(арна) бригада

Петар Манговски, адвокат

Васил Карангеловски, зам(еник) ком(андант) на ИВ-та макед(онска) бриг(ада)

Нафи Сулејман, земљоделец

Илија Илијевски, адвокат


Крушево:

Томо Кутурец, чиновник

Наум Наумовски, полком на ИИ-та ударна бригада

Злате Билјановски, зам(еник) пол(итички) ком(есар) на ИИИ уд(арна) бригада.


Велес:

Бано Андреев Ронков, пол(итички) ком(есар) на Гл(авниот) штаб на Македонија

Благој Х. Панзов, адвокат

Благоја Левков, адвокат

Мино Богданов, чиновник

Маца Карбева, домаќинка

Стоилко Иванов, учител


Неготино:

пор(учник) Лазар Калајџиев

Најдо Стаменин, работник

Лазо Мојсов, студент права

Боро Чаушев, работник


Струмица:

Благоја Минков, работник

Борис Поцков, типог(рафски) раб(отник)


Радовиш:

Багоја Тошевски, чиновник


Штип:

Кирил Глигоров, адвокат

Исак Сион, чиновник

Димче Беловски, чиновник


Кочани:

Никола Вражиловски, канд. адвокат


Виница:

Киро Михајловски, пол(итички) ком(есар) на ИВ -та македонска бригада


Берово:

Страхил Бајовски, учител


Скопие:

потпол(ковник) Панче Неделковски, зам(еник) ком(андант) на Гл(авниот) штаб

Петар Богданов-Кочко, композитор

Милева Сабо, работничка

Ќемал Сејфула, занатчија

Асен Симитчиев, канд. адв(окат)

д-р Димитар Миовски, лекар

Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пук(овник)

Душан Лукаров, работник

инж. агр. Славко поп-Антовски

Борис Атков, чиновник


Прешево:

Абдула Алија, работник


Охрид:

Лазар Гиновски, земљоделец

Кирил Чаулев, студент


Струга:

Владо Малески, студент

Васил Калајџоски, судија


Прилеп:

инж. арх. Кирил Георгиевски

Борко Темелков, работник

Димче Миревски, професор

Милан Стефанов, земљод(елец)

поруч(ник) Методи Поповски, ком(андант) на ИИ-та бригада

Тодор Ношпал, трговец

Петар Михајлов, Тиквар, работник

Кирил Крстев, работник


Св. Николе:

Ванчо Бурзевски, чиновник

Лазар Кулишев, работник


Кавадарци:

Никола Минчев, банк(арски) чин(овник)

мајор Димче Туриманџовски, пом. нач(алник) на Гл(авниот) шт(аб) на Мак(едонија)

Иван Радњански, земљедел(ец)

Методи Џунов, земљедел(ец)


Гевгели:

Ристо Бајалцалиев, чиновник

Димитар Зафиров, журнал(ист)

пор. Иван Танев, аѓутант на Гл(авниот) штаб

Олга Петрушева, домаќинка

Јанко Шопов, техник

Атанас Бојков, ком(андант) (на) Струм(ичкиот) одред

Никола Пеев, работник

Димитар Теменугов, п(олитички) комесар на Стр(умичкиот) о(дред)


Куманово:

Мара Нацева, работничка

Веселинка Малинска, чин(овник)

Гојчо Стефков, работник

Вазд. пор(учник) Боро Равњански,

Борис Чушкаров, пол(итички) ком(есар) на ИИИ-та уд(арна) бригада

Стојан Тодоровски, чиновн(ик)


Кратово:

Др. Никола Мицев, вет(еринарен) лек(ар)

пор(учник) Боро Милевски, ком(андант) на ИВ-та бригада


Крива Паланка:

Трајко Цветанов, студент

Боро Арсов, адвокат


Петрич:

Атанас Атанасов, работник

Васил Василев, работник


Костур:

Димитри Манџовски, зем(јоделец)

Васил Ивановски, работник


Кукуш:

Димитар Влахов, публицист

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 22:41
                  Р Е Ш Е Н И Е
на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за прогласуене на Илинден - 2 август - за народен државен празник на македонската држава




Член 1



Илинден - 2 август - се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободуене от вековното ропство и (за) создаване на слободната и суверена Федерална македонска држава.

Член 2



Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот “Св. отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.


Претседател: Методи Андонов -Ченто, с.р.
Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 23:19
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

[QUOTE=mungos80]

Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!



kaj go vide be Iligdenзбунетост


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 23:22
...За да дискутираме по предлогот на ЦК се собравме овде во Софија на заседание околу 20 души видни организациски сили. Учествуваа: Матов, Татарчев, Пере, Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Давидов, Делчев, Силјанов, Герџиков, В'лчо Андонов од Охридско, Сава Михаилов, Пушкаров, Хаџи Николов и др. Се збиравме на неколку пати од 16 до 24 души.

Матов и Татарчев го прочитаа писмото и брзо ја искажаа својата согласност. Големото мнозинство од собранието ја поткрепуваше идејата за востание... Против востанието категорично станавме само јас и Делчев. Пере не се искажа извинувајќи се дека е нов, дојден од затвор, дека не е добро информиран за вистинската положба овде и внатре, а интимната мисла му била против востанието.

Делчев се обиде да ги урне мислењата, тој немаше дар за зборување, се искажа дека е категоричен противник на такво востание како што проектираа, а е за востание какво што бевме планирале јас и тој. Делчев се запали, се испоти, се расфучи.

Јас станав и држев реч тогаш, што траеше шест часа. Како што ми признаа тие, ја разбив увереноста на оние што беа се изјасниле за востание и мнозина од нив станаа (Силјанов, Герџиков и др.) и ми признаа: „Ти си несоборлив во твоето мислење". Јас ги разоткрив вештачките пристапи за кревање на востанието. Матов, Татарчев протестираа. Фактите што ги приведуваа тие дека ќе имало избувнување на населението, еден по еден ги урнав по признавањето на оние што биле во тие места. На пр. фактот дека селаните излегле со оружје в шума не е уште знак за востание, туку само да избегнат за да не им го земат оружјето Турците и да не настрадаат лично... Точките по однос на опасноста дека ќе пропадне оружјето ги побивав исто така: опасноста не е толку голема; го уверував собранието дека не треба никогаш да се плашиме дека една околија што е подготвена за востание ќе го предаде своето оружје, ами напротив - ако е едно население готово да го предаде своето оружје, тогаш тоа не е подготвено за востание.

По однос на фактичката подготвеност со сигурни податоци, што мене ми беа познати повеќе одошто на самиот ЦК, им докажав дека можеме да ги сметаме за што-годе подготвени само седум околии: Костурската, Леринската, Битолската, Демир-Хисарската, Кичевската - Битолско; во Солунско само Кукушката и тоа доста слабо; во Струмичко само Струмичката околија и тоа со незгодни пушки кримки и во Скопско само Штипската околија, со кримки и со мартинки... Го уверував собранието: ако го прогласиме ова востание, ќе ја подбиеме идејата за сенародно востание за долго време, зашто ќе се кренат само во неколку околии. Уверував дека е сега невозможно сенародно востание, зашто уште нема подготовки, ниту нужни материјали. За одоваде Вардарскиот дел им претскажував дека ние ќе работиме против сами себеси, зашто ќе ја повториме 1895 година - востание само со чети од Бугарија што ќе биде против основните задачи на Организацијата како што ги разбиравме тогаш.

Како резултат на сето тоа апсолутното мнозинство реши да им се соопшти во Солун од името на сите присутни дека сме против земеното решение за востание. Борис и Славчо (Ковачев - б.р.) навидум се согласија (гласаа против). Останаа еамо Матов, Татарчев, Хаџи Николов и уште еден -двајца што гласаа за востание. бевме натоварени јас и Матов да го пишуваме писмото. Јас побарав тој и јас да го составиме поодделно проектот за одговор. Во собранието мојата редакција, поотворена и порешителна се прими и се испрати во Солун како мислење на овдешните претставници на Организацијата. За забележување е дека најмногу беа за востание оние што не мислеа да земат и Не зедоа учество во востанието. И во Солунскиот кoнгрес беа за востание најмногу оние околии штo подоцна не зедоа учество, Солунската на пример, макар што во Солун се изигра најважната улога за прогласување на востанието.

Спомени на Гъорчо Петров, стр. 154-157.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 23:30
kas nemozam da vi gi razberam datite

20 juli ili 2 avgust




Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 23:31
vo 1903 koga e bil ilinden?


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 08:24
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Абре а кој побара коментар од тебе????
Терај си ја работата што ти е дадена од МПО и шетај по тоа ахивите нивни,исто како што твоите предци за време на најголемите крвопролевање во Македонија шетале низ европа и русија за да го прикажат делото како бугарско.



ТЕМАТА НЕ Е ОТВОРЕНА ЗА ЈАС ДА ТИ ОБЈАСНУВАМ ТЕБЕ ШТО СМЕ ТУКУ ЗА ДА МЛАДИТЕ ПРОЧИТАТ ЗА НЕПОКОРОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ.

Да видиме зошто има три илиндени,зошто баш тој ден е денот кога Македонецот се крева на востанија за својата слобода.

НИКОЈ НЕ САКА ДА СЕ ОБЈАСНУВА СО ВАС,И ТАКА СТЕ НЕВАЖНИ.


Полека, не биди нервозен, не викаj, не сме во мааленска крчма.
Кога пишуваш сo големи букви е признак на слабост и недостаток на аргументи.
Тука сепак е форум, не читалиште, така да секоj може да искаже своj став.
Сигурно не знаеш дека такви долги текстови, кои ставиш тука, никоj не ги чита, и тоа е докажано. На интернет секоj пост, коjшто е повеке од 5-6 реченици, се подминува.

Сепак да прашам, ако можеш да обjасниш:

На реонските раководства им се довери да ги разделат своите реони на центри и да изберат централни војводи, кои би поминале по еден к*рс на воена обука под раководството на: Никола Дечев, јункер — во Демир-Хисарско, Кичевско и Битолско; Стојков, поручик — во Охридско; Тод. Христов, потпоручник — во Крушевско; Панајотов, потпоручник — во Ресенско и Преспанско; Папанчев, потпоручник, — во Леринско; Ив. Попов, фелдфебел — во Костурско.

Во коjа воjска биле тие jункери, потпоручици, фелдфебели?
Бидеjки македонците се борели против бугарите и нели Делчев беше кажал нешто за некои офицери, кои немало да стапнат во Македониjа?

намигнување



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 14:43
И Канада ќе го слави Илинден
29.07.2010 - 09:47 | Македонија
Во Отава првпат годинава македонскиот празник Илинден официјално ќе биде одбележан од владата на Канада.


Церемонија во организација на канадскиот протокол досега била приредена само за националните празници на САД, Франција и Швајцарија, соопшти Амбасадата на Република Македонија во Канада.

Македонија е петта земја за која ќе свири оркестарот на Кралската гарда во свечени униформи и со традиционалните шкотски гајди. Прославата ќе се одржува пред Канадскиот парламент, а оркестарот на Кралската гарда ќе свири македонски и канадски песни.

- Во оваа прилика пред стотици Македонци кои организирано доаѓаат од Торонто, Отава и од Монтреал, како и пред видни претставници на канадското општество ќе се одвива и протоколот на менување на знамињата. По овој настан, гостите со македонски и канадски знамиња ќе се упатат на свечен прием во организација на македонската амбасада во Отава, информира Амбасадата.

Претходниот ден, 1 август, ќе биде одржан и традиционалниот илинденски пикник во близина на Торонто, на кој се очекува да присуствуваат неколку десетици илјади Македонци. Таму свечено ќе се обратат амбасадорот на Македонија во Канада Љубен Тевдовски и претседателот на организацијата „Обединети Македонци’ Мендо Бакаловски.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 14:47
Добро, тогаш наброj инструкторите од Србиjа, Албаниjа, Грциjа и Романиja.

Ако сакаш дебатираj, твоjа воља, jас мислам дека историски документ мора да се преведува коректно, тоа ми беше поентата.

И другото е контрадикторност- секаде цитирате Делчев "додека моето рамо jа крепи пушката, бугарски офицер нема да стапне во Македониjа", кое никаде го нема кажано и напишано, а наброjуваш бугарски офицери инструктори- па нели тие се колегите му од военото училиште во Софиjа!?

Значи и jас како тебе можам да кажам: покажи ми слика, писмо, документ на Гоце со пушката, кога ги кажува тие зборови!голема%20насмевка

И накраj главниот воен инструктор е Марко Лерински од Котел!

Благодарение на воената подготовка на Марко војвода и на неговите организациони способности, неговата чета станува училиште за подготовка на четници и војводи за целата револуционерна организација.
Марко Лерински е првиот кој предложува да се подигне сеопшто востание во Македонија и Одринско.


Како може еден бугарин да е во основата на  македонското востание?
И он е опеан во песна!

Песна за Марко Лерински

Денеска петок, сабота,
утре е света недела.

Марко војвода пристигна
во това село Пателе.

Проклети биле чпиони,
Марко војвода предадоа.

Надојдоа турски табори,
Марко војвода сардисаа.

Зафати битка голема,
Марко војвода загина.

Проклети биле чпиони,
Марко шчо го предадоа.    намигнување






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 14:59
Зар не е училиштето эа Турски офицери

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 15:27
Тефиков е помак, ако тоа имаш предвид.голема%20насмевка

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 15:33
Зар денес Турците у Бугарија уште ги сметате эа помаци кога тие јасно кажуваат дека се Турци

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 21:33
Да се вратиме на темата.

Има воени учители од Белгија,Ерменија,има доброволци од Црна Гора.

А за изјавите за Делчев или за огромниот ефект на Лерински за тоа не е проблем да се дебатира.Но истотака да се каже за оние жители од на пример село Смилево кој до крајот на месец август успевале да живееат во слободно Смилево,за битките на пределот кај планината за кон Охрид.Или за теророт што го трпеле селата по востанието.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Јули.2010 во 14:07
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Абре а кој побара коментар од тебе????
Терај си ја работата што ти е дадена од МПО и шетај по тоа ахивите нивни,исто како што твоите предци за време на најголемите крвопролевање во Македонија шетале низ европа и русија за да го прикажат делото како бугарско.



ТЕМАТА НЕ Е ОТВОРЕНА ЗА ЈАС ДА ТИ ОБЈАСНУВАМ ТЕБЕ ШТО СМЕ ТУКУ ЗА ДА МЛАДИТЕ ПРОЧИТАТ ЗА НЕПОКОРОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ.

Да видиме зошто има три илиндени,зошто баш тој ден е денот кога Македонецот се крева на востанија за својата слобода.

НИКОЈ НЕ САКА ДА СЕ ОБЈАСНУВА СО ВАС,И ТАКА СТЕ НЕВАЖНИ.


Mungos80, имаш две опомени, ако видам уште еден ваков коментар, добиваш суспензија одма и тоа со рок подолг од вообичаените 2-3 дена.
Форумот е јавен, секој кој сака, може да земе збор, од никого не се бара да донесе потврда за национална припадност, а ако видам уште еднаш предци и потомци да се замешуваат, знаеш што следува.

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 31.Јули.2010 во 08:44
ИНТЕРВЈУ: ВАНЧО ЃОРЃИЕВ, ИСТОРИЧАР

Востанието беше неизбежно

Сто и седум години по Илинденското востание во македонската историографија, се чини, се' уште не се расчистени дилемите за тоа дали тоа било прерано или не со оглед на разликите во раководството на тогашната Тајна македонска револуционерна организација. Историчарот Ванчо Ѓорѓиев во интервјуто за „Дневник“ предупредува дека во последно време во јавноста, како резултат на неукост и некомпетентност, се појавуваат сосема искривени тези за одредени настани и личности од тој славен период од македонската историја. Ѓорѓиев е автор на неодамна промовираното капитално дело „Подземна република - Даме Груев и македонското револуционерно движење“, во кое се претставени бројни, досега, непознати документи за една од најголемите фигури во македонското револуционерно движење.

Дали, навистина, тие разлики биле толку решавачки за неговиот неуспех?

- Во досегашната историографија, барем во најголем дел, преовладуваше мислењето што и вие го спомнавте, дали е прерано или задоцнето. Тоа е наједноставниот одговор кога не се прави анализа на настаните. Всушност, тоа не е одговор на прашањето затоа што во историјата никогаш не можеме да дадеме одговор со да или не, историјата не е егзактна наука бидејќи кај неа постојат многу сложени констелации и односи. Затоа и прашањето за тоа дали востанието било навреме, предвреме или задоцнето, јас го гледам поинаку. Да се одговори треба да се види ситуацијата во Македонија, влијанието на надворешните фактори, односите меѓу одредени личности... И ако сите ги споредиме, ќе видиме дека навистина востанието било - неминовно. Не би рекол дали е кренато прерано, навреме или задоцнето, туку дека било неизбежно.

Зарем неизбежноста не можеше да се сопре или поинаку да се организира ако процените зборуваа дека ќе се доживее неуспех?

- На Илинденското востание му претходеше Горноџумајското востание инспирирано во 1902 година од врховистите и кое предизвика реакција на големите сили против Турција за да изврши реформи во Македонија. Тој дипломатски притисок на Русија и на Австро-Унгарија беше мотивиран и од нивните сознанија дека допрва во Македонија ќе претстои големо движење што ќе ги загрози нивните политички интереси. Сето тоа психолошки влијае врз луѓето во македонската револуционерна органзација. Во нашата историографија обично се вели дека овој настан, односно дипломатското раздвижување околу реформите, всушност требало да биде добар сигнал дека меѓународната политика не е соодветна. Јас го поставувам прашањето поинако. Прво, зошто велат дека меѓународната политика била несоодветна. Дали само поради ставот на рускиот амбасадор кој кон крајот на 1902 година имаше мисија по балканските земји и се сретна со нашите дејци Христо Матов и Христо Татарчев и кој порача дека треба да се воздржат од какво било востаничко дејствување во Македонија за да и' остават простор на дипломатијата да даде соодветни реформи. И сега, со оглед на тој негов негативен став во историографијата се гради мислење дека ете, на Организацијата и' бил познат ставот на големите сили. Но, тоа е еден став, на една страна и влада. Прашањето можеме да го поставиме и поинаку. Дали таквите дипломатски раздвижувања и реформите, кои започнаа во февруари не влијаеја обратно врз организацијата и тие да појдат со една друга основа и логика? Ако веќе врховистите со едно толку слабо востаничко движење во Македонија, го предизвикаа меѓународниот фактор, каде би отишла работата ако ние со нашиот потенцијал и капацитет посериозно го поставиме прашањето? Другиот момент што придонесе за силно востаничко движење во Македонија беше што Организацијата веќе долго се подготвуваше за востание. Значи, имаме амбиент во кој големиот дел од населението веќе стана нетрпелив. Тоа беше состојба што тешко можеше да се контролира. Така што одреден авторитет, сеедно дали Гоце Делчев или Даме Груев, тешко можеше целосно да ги контролира состојбите. Реално, никој од нив како поединец не можеше да се наметне и да пресече. Така што поставувањето на прашањето дали бил пресуден Гарванов, Делчев, Груев или Сарафов е прашање што веќе нема таква тежина како во досегашното црно-бело гледање на работите.

РАЗЛИКИ САМО ЗА КАРАКТЕРОТ

Од каде тогаш разликите меѓу првите луѓе во Организацијата за кревањето на востанието - Гоце Делчев барал една метода, Даме Груев друга?

- Последниве години кај нас ми се чини од некомпетентни извори се поставува прашањето и се шпекулира со факти особено за односите на Гоце и на Даме. Станува збор за непознавање на односите и затоа се доаѓа до такви заклучоци. Треба да знаеме дека ниту еден од нив двајца не учествуваше на Солунскиот конгрес кога се донесе одлука за кревањето на востанието. Груев беше во затвор во Мала Азија, а Делчев во Софија. Одлуката за кревањето на востанието ја донесе ЦК на чело со Иван Гарванов. Навистина, составот на тој ЦК е без морален кредибилитет, но сепак е донесена одлука што мораше да се почитува. Таа одлука предвидуваше востанието да биде напролет во 1903 година, без да се прецизира датум и дека ќе има општостратегиски карактер, на територијата на цела Македонија и во еден момент. Напоредно со ова, најеминентните луѓе - Делчев, Петров, Сандански...- во Софија одржуваат советување, кое отишло во премногу аналитички и критички води. Од него се извлекуваат тези дека едните биле „за“ а другите „против“ востанието. Тоа е многу црно-бело гледање на работите. Ако се проучи целиот материјал што е на располагање од тоа советување ќе видиме дека таму полемиката се води за карактерот на востанието односно, дали тоа да биде масовно востание со учество на целото население или тоа да биде востание што ќе има партизански - терористички карактер.

Ако Гоце Делчев, кој тогаш оди повеќе кон анархистички идеи, бил против востанието, зошто тогаш влегол во Источна Македонија со чета и товари експлозив? Тој изврши атентат кај тунелот и мостот Ангиста што сведочи дека сака борба. Ако имало нетрпение меѓу Делчев и Груев, зошто Гоце двапати, преправен во други личности, го посетува во битолскиот затвор? Таквите теории дека имало заговори воопшто не држат ако се имаат предвид овие аргументи.

Има теза дека Груев не бил информиран за состојбите на теренот, па затоа на Смилевскиот конгрес брзо се решил за востанието.

- Мислам дека квалификацијата оти немал информации оти во тој период бил во затворот, е паушална. Тој бил совршено информиран за настаните, како во затворот во Битола, во кој го посетуваат Гоце Делчев и другите соборци, така и во затворот во Подрум-кале во Турција, каде што беа затворени значајни личности од Централниот комитет. Не можам да верувам дека не бил доволно информиран. Во секој случај, и кога се вратил од затворот, решението за востанието веќе било донесено во Солун и тој се најде пред свршен чин. Состојбата во Македонија беше предвостаничка. Гемиџиите веќе поставија динамит во Солун, многуте чети крстосувања, имаше судири, каков и да било обид за враќање на состојбите назад би било сизифовска работа. На Смилевскиот конгрес од Никола Карев, Петар Ацев и другите повторно беше оспорено востанието бидејќи е неподготвено. Авторитетот на Греувски е пресуден и тој ги пресекол работите велејќи: „Луѓе, зошто се занимаваме со работите што однапред се решени. Сега треба да разговараме како треба да го изведеме востанието“.

Во што, според вас, треба да се бараат причините за неуспехот на востанието?

- Илинденското востание имаше трагичен крај . Но, мора да бидеме свесни за тоа со колкава сила требаше да се справат нашите востаници и дали воопшто можеле да се справат. Тие за тоа беа свесни и затоа неколкупати во подготвителниот период беше укажувано дека целта не им е да се победи Турција, туку да не дозволиме таа да не ги победи нив. Иако се зборува за „болниот на Босфор“, тоа е моќна империја. Не треба да имаме илузии дека можеби предавствата решиле. Востаниците имаа цел и да се предизвика дипломатски и евентуално воен притисок врз Турција и тоа беше постигнато со издигнувањето на македонското прашање на политички план. Друго беше прашањето дали реформите беа доволни.

ВО ФУНКЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА

Што е тоа ново што досега не сме го знаеле за Даме Груев?

- Постојат досега непознати писма и преписки што ги водел и кои даваат нова светлина за неговата улога во македонското револуционерно движење. Тој е човек со цврста волја и кој никогаш не се откажал од својата идеја за разлика од други. Некои основоположници на организацијата ќе ги сретнете само во почетокот, а потоа никаде ги нема. Даме е главната карика во создавањето на организацијата и на нејзината мрежа, личност што директно и отворено се судрува со Врховниот комитет и неговиот претседател Даниел Николаев. На преговорите со бугарскиот премиер Стефан Стамболиев, кога бугарската влада се обидуваше да ја стави организацијата под своја контрола, категорично се спротивстави на тоа. Не дозволи организацијата да се стави под бугарската контрола и да се користи како нивно средство за борба против други пропаганди во Македонија. Бараше целосна независност на организацијата во Македонија. Новото е и во поглед на неговото влијание во постилинденскиот период, кој во досегашната историографија беше претставен како судир на „левицата“ и „десницата“. Јас така не гледам на судирот, туку како на судир на две концепции. Од нив, едната е за децентрализација на движењето, а другата, чиј застапник е Груев, за старата идеја за централизирано раководство од ЦК па надолу. И тој мораше да прави одредени компромиси. Организацијата навлезе во демократски период, но таква широка демократија во принцип е пречка за една организација која е илегална и тоа го отежнуваше нејзиното функционирање.

Од каде тогаш едно негово писмо до Бугарија во кое вели дека сме бугарско население?

- Тоа е едно писмо од Главниот штаб на востаниците испратено во моментот на очај. Се случува во септември кога турската војска прави ужасни репресалии врз македонското население, кога горат селата и се прават ужасни злосторства во Битолскиот револуционерен округ. По наговор на Борис Сарафов тој прифаќа да испрати писмо до бугарската влада, во кое се бара Бугарија да и' објави војна на Турција. Таму се наведува дека страда бугарското население и дека бугарската влада не треба со рамнодушност да гледа на тоа. Се разбира, Бугарија тоа не го прифати, а и самиот Сарафов подоцна навел дека не очекувале некаков ефект од тоа. Јас не го избегнувам ниту тој документ кој бугарската страна го користи за да го прикаже „бугарскиот карактер на востанието“. Тоа е испратено во момент на очај и во ситуација слична на она во која давеникот се фаќа и за сламка. Тоа писмо е резултат на тактиката. По тоа, тој веќе во писмото до Хусеин Хилми-паша јасно наведува дека тоа е македонски народ.

Како гледате на она што се објавува во македонската историографија?

- Генерално, македонска историографија е релативно млада како и нашата земја. Во почетокот, додека бевме во југословенската заедница, многу од работите биле третирани во зависност од тогашната политика и владејачката идеологија. Но, и во тој период се направени одредени истражувања, поставени се контурите. По осамостојувањето, ми се чини дека и историографијата влезе во плурализам и во една криза затоа што повеќе почна да функционира во функција на политиката. Одредени автори почнаа да протежираат одредени политички ставови наместо да се обидат да останат независни. Умешноста е во тоа кој од авторите ќе успее да се ослободи од идеологијата, дневната политика. Секој е исполитизаиран, колку што си дозволува.

Бранко Ѓорѓевски



Нема докази за предавството на Гоце Делчев

Во јавноста се' уште се појавуваат мислења со кои на Груев му се припишува вината за смртта на Гоце Делчев. Во прилог на тоа се наведуваат и спомените на Ѓорче Петров. Имаат ли тие основа?

- Во спомените на Ѓорче Петров стои само дека Даме Груев со својот став за востанието му нанел морален удар на Делчев. Потоа, кога ќе се извулгаризираат работите, добиваат друг контекст. За овој период од историјата многу лесно се лепат етикети дека некој е предавник. Испаѓа дека како само предавства да постоеле во нашата историја. Така резонираат неуки и некомпетентни лица. Неоспорно е дека во историјата на македонското револуционерно движење имало предавства, но не може насекаде да се лепат такви етикети. Не може предавник да е оној што нешто признал под тортурата на турските власти или кој одбил да даде пари за организацијата. Предавник е оној што тоа го прави смислено и за одредена цел. Без конкретни докази не можам да прифатам теза дека имало смислено предавство на Делчев кој, можеби, загинал и по сплет на околности во периодот кога и власта и востаниците имале засилени активности. Османлиските документи не потврдуваат ништо во таа смисла. Не сакам да верувам дека бил предаден зашто имал поинаков став за востанието. Тоа апсолутно го исклучувам.


Грешката на Даме

- Мислам дека една од грешките што во своето дејствување ја направил Даме Груев била во тоа што во периодот по Илинденското востание не ги прифати мерките од договорените Мирцштешки реформи од октомври 1903 година. Тие мерки ја предвидувале можноста христијанското население да добие десетпроцентната застапеност во институциите во Османлиската Империја. За тоа ќе имаше и меѓународен надзор. Но, Груев тоа не го прифати иако сметам дека со тоа работите ќе одеа по друг колосек бидејќи е сосема друга ситуација кога сте вклучени во системот и кога не сте. Мислам дека сето тоа беше последица и на недоволното политичко-аналитичко искуство во македонското револуционерно движење кое им недостасуваше за разлика од дејствувањето на теренот - вели Ѓорѓиев.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 31.Јули.2010 во 23:30
Последната кавга на Гоце и Даме во Солун
Една од клучните епизоди пред Илинденското востание е средбата на Гоце Делчев и Даме Груев во Солун за време на велигденските празници во 1903 година. Таа веќе со децении го предизвикува вниманието на нашите историчари, дури и на тие што сметаат дека во врска со нејзе нема веќе што да се каже или да се открие. Од многумина е прифатено мислењето дека, помалку или повеќе, и двајцата останале на своите гледишта: Даме за поддршка на решението од Солунскиот конгрес за кревање востание, а Гоце за продолжување на борбата со акции далеку од населените места, кои ќе ја спречат одмаздата на Османлиите врз цивилното население.

Што навистина се зборувало на таа средба? Прашање е дали тоа некогаш дефинитивно ќе биде откриено. Интересно е сведоштвото на војводата Лазар Димитров (1869 г. с. Дренок, Дебарско – 1945 г. Пловдив), публикувано на 5 мај 1930 година во Пловдив во спомен на загинувањето на Делчев.

„По желба и настојување на пријателите да го кажам тоа што го знам за становиштето на Гоце Делчев за Илинденското востание, за средбата со Даме Груев за време на Велигден 1903 година во Солун и за порамнувањето на нивните гледишта по тоа прашање, решив да ги напишам подолу изложените мои спомени“, почнува Димитров.

Тој го опишува нашироко познатото влегување на Делчев во Солун во селска облека, со кошница вапсани јајца, а потоа вели дека на вториот или третиот ден од Велигден, претпладне, бил итно повикан од еден служител да се јави во Учителската гимназија во Солун.

„Се јавив во гимназијата (чиј објект одамна не постои, н.з.) и го сретнав Делчев во долниот салон крај скалите што водеа кон горниот салон, пред кабинетот за физика и математика. Беше облечен во нова европска облека. Ме пречека насмевнат и се поздравивме празнично. Потоа ми кажа дека ме викнал за да ми соопшти дека се сретнал со Груев и дека го разгледувале прашањето за востанието. Крајниот резултат бил дека и тој, Гоце, се согласил да се прогласи востанието на крајот од летото, но партизанско-четничко, а не масовно. Такво беше и решението на конгресот. Со тоа се стави крај на спорот за кревање на востанието и не остануваше ништо друго освен да се брза со подготовките. Се разделивме со желби за успех. Тоа беше мојата последна средба со Гоце“, запишал Димитров пред 80 години.

Христо Поп Коцев (1869, Ново Село, Штип – 1933, Варна), учител и член на ЦК на ВМРО, на 9 јули 1922 година во зборникот Илинден, за солунските настани од тие денови во кои главно се задржува на случувањата поврзани со атентатите на гемиџиите, меѓу другото запишал:

„На Велики четврток, тогаш кога се читаа евангелијата, едно момче дојде и му прошепоти на Гарванов дека Гоце пристигнал. Гарванов излезе од црквата и го пречека скапоцениот гостин. Следниот ден дојде до средбата. Даме и Гоце нашироко разменија мислења за востанието. Даме веќе беше убеден во неопходноста од востанието, додека Гоце продолжуваше да биде партизан на анархичните акции. Најпосле и тој се согласи“.


Чакаларов против Даме


Како што може да се забележи станува збор за двајца непосредни сведоци на настаните, но нијансите во нивните записи воопшто не се мали. За Димитров, Гоце се согласил само на партизанско востание, а од сведоштвото на Поп Коцев се стекнува впечаток дека на крајот Гоце се приклонил кон размислувањата на Даме.

Истата 1922 година, во истиот зборник, објавено е и сведоштвото на Козма Георгиев Чуранов (син на човекот во чија куќа е одржан Смилевскиот конгрес), кој на Коста Црношанов му го прераскажал тоа што го чул од илинденскиот војвода Димитар Кромидаров од Смилево, кој пак бил другар со Даме и кому овој му го раскажал целиот разговор со Гоце во Солун. Целта на сведоштвото на Козма, како што самиот навел, е да се побијат тврдењата што и тогаш владееле, а според кои „содржината на разговорот меѓу Гоце и Даме никому не е позната“.

И според Димитар, средбата се случила на Велики петок. Гоце сметал дека решението за востание е избрзано, зашто сите окрузи не се доволно подготвени. На тоа, Даме, меѓу другото, одговорил:

„Не сме целосно подготвени, но тоа се чини невозможно. Секое одлагање за да се подготвиме уште повеќе може да биде причина да го изгубиме и тоа што сега го имаме, без да се ангажираме во отворена борба... Сите востанија се случувале за да се предизвикаат светските фактори да се справат со состојбата создадена од востанието. На истиот начин и ние го очекуваме нашето ослободување. Колку и да се подготвуваме, ние нема да ја скршиме турската власт, но ќе го предизвикаме тоа што го предизвикале сите востанија – вмешувањето на големите сили во работите на Турција“.





Димитар раскажувал дека и Гоце и Даме дошле до едно исто становиште – дека востанието е неизбежно. Во некои реони како масовно, во други според можностите. „Во тие востанички дејствија нема да можат да се избегнат ни атентатите до кои толку многу држел Делчев“, се сеќавал Димитар пренесувајќи го кажаното од Даме.

Ова е приближно на линијата на сфаќањата, кои поаѓаат од тоа дека Груев имал една, а Делчев друга идеја за начинот на ослободување на Македонија. Меѓутоа, во Дневникот на Васил Чакаларов, легендарниот костурски војвода, Даме е сместен во групата луѓе врз кои треба да се врши притисок за да се крене востанието. Кога на 19 април 1903 година (според стариот календар) во Смилево стигнала веста за солунските атентати, Даме Груев се обидел да објасни дека бил направен обид атентатите да се спречат или барем да се одложат до почетокот на востанието. Чакаларов тоа го сфатил сосема поинаку, па запишал:

„Како и да е, јас се радувам (на Солунските атентати, н.з.) и нека си говорат Груевци и компанија, тие мислат и следната година да не дигаат востание. Но тоа само по себе ќе си дојде...“. Овие зборови на Чакаларов се неверојатни: Даме, човекот кого сите го обвинуваат дека е еден од виновниците за предвременото востание по пет века ропство, од костурчанецот е обвинет дека всушност сака да го одолговлекува кревањето против Турците. А Чакаларов бил многу нешта во животот, но не и човек кој не знае што зборува.


Разочаран Гоце


Од друга страна, за многу македонски историчари, меѓу кои и проф. Михајло Миновски, дилеми нема. Врз основа на неговите истражувања, меѓу Даме и Гоце немало согласност. Во „Златна книга – 100 години ВМРО“, објавена во 1993 година, за средбата во Солун запишал: „Наместо сомисленик и соработник, Делчев сретна опонент... По разидувањето со Груев, Делчев немаше веќе што да очекува од актуелниот состав на ЦК во Солун. Му преостануваше акцијата - менувањето на донесената одлука за востание да ја води со окружните раководства и со војводите... Делчев го напушти Солун и се упати во Серскиот револуционерен округ, каде што закажа окружен конгрес на кој требаше да се донесе решение против кревање востание“.

Ваквите заклучоци исто така се поткрепени од сведоштва, како, на пример, тоа на Ѓорче Петров кој во неговите „Спомени“ тврди дека во Солун „Делчев го доживеа последниот удар на разочарувањето“. Рафаел Камхи, единствениот македонски Евреин, илинденец, кој живееше до 1970 година, забележал:

„Изутрина отидов во хотелот. Даме веќе беше станал. Порачав кафе и чекав тој да ми каже нешто за средбата во Солун со Гоце. Но тој не зборуваше ништо. Го запрашав: ‘Кажи нешто за Гоце, што прави тој, ме поздрави ли?‘ Ми одговори дека имам многу здравје од Гоце. Друго ништо не зборувавте?

Најпосле ми одговори: „Со Гоце не можевме да се разбереме и многу студено се разделивме“.

Михаел Герџиков, човекот кој подоцна се оженил со девојката на Гоце (за што имал добиено аманет), по повод неговото загинување во Баница навел: „Судбината отстрани една голема пречка во борбата да се спроведат решенијата од Солунскиот конгрес“.

Дел од овие сведоштва се базирани врз основа на кажувањата на Пејо Јаворов, првиот биограф на Делчев, кој некаде во Серско, од него лично слушнал што разговарале двајцата војводи во Солун, по што се разделиле, а Гоце се упатил кон Баница.

Така доаѓаме до тоа дека и едната и другата верзија се базирани на документирани сведоштва, но во нив постојат доста спротивставени вистини. Според првите, Гоце на крајот се согласил со Даме, според вторите, на средбата само биле зацврстени нивните разлики. Што од тоа е точно? Веројатно ќе треба да помине уште време, уште истражувања, и во секој случај, разгледување и на околностите во кои различните сведоштва се дадени. Колку што е неразумно да се каже дека некој од сведоците не ја говори вистината, толку е разумно во барање на вистината да се претпостави дека, на пример, сведоштвото на Димитров е дадено во услови на потреба од глорификација на настаните и затскривање на евентуалните несакани моменти. Значи, можно е неговиот запис за согласноста меѓу Гоце и Даме да е малку „разубавен“. Но од друга страна и тврдењето на Ѓорче, кое е спротивно на тоа на Димитров, а кој бил во „војна“ со цело ВМРО и кој повеќе ги сакал столиците и ладната кригла со пиво во софиските меани, можеби не би издржало посеопфатна анализа. Оттука, тешко е да се долови апсолутната вистина за тој настан, а со тоа и апсолутната вистина за самото востание. И додека тоа не се случи, останува секој да му поклони верба на гледиштето кое лично го смета за поиздржано.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 31.Јули.2010 во 23:35
Крушевската прокламација


Тешко дека некогаш ќе се реши мистификацијата околу манифестот на Крушевската република. Постоела ли навистина онаа прекрасна прокламација, напишана во знакот на старите македонски традиции за социјална правда и човечност или 20 години подоцна, во патриотски набој и наплив на инспирација, ја испишал Никола Киров Мајски, крушевчанец, близок соработник на Никола Карев и значајно име на раната македонска публицистика, како литературна фикција во својата драма „Илинден“?

„Ние, вашите вечни комшии, познајници и пријатели от хубавото Крушево и от неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да ја трпиме тиранијата на жедните за крф и гладни за човечко месо муртати шчо гледаат и нас и вас да дотераат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлега на пуста пустина, денеска дигнафне глава и решифме со пушка да се браниме от тие ваши и наши душмани и да добиеме слобода“.

Длабоко социјална и со многу демократско чувство за рамноправност (во беда и ропство, додуша) оваа прокламација е силно инспиративна слика за социјалниот момент во земјава во мугрите на 20 век.

Мајски тврди дека непосредно пред востанието Карев му наложил да ја напише прокламацијата до турското население во крушевската револуционерна околија. Откако го прочитал текстот, Карев наложил да се даде на влашкиот учител Ванчу Петреску да го преведе прогласот на турски и да го умножи во 17 примероци, колку што имало мешани и турски села во тогашната крушевска околија. „Оригиналот задржи го за својата архива - тој ќе и треба на историјата“, рекол Карев. Но ниту оригиналот е зачуван, ниту пак некој од турските преводи. Мајски, по 20 години, повторно ја напишал декларацијата по сеќавање.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 31.Јули.2010 во 23:36
„Душата ми е преполна со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица и запљускујат е целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самоиловата држава за да се роди денеска нова, светла македонска држава. Во овој момент земјата на нашите покојници, многубројни народни херои паднале и посеале коските си по цела Македонија, им станује полека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите илинденци и денешните илинденци за остварување на идејалот на две поколенија и две епохи - слободна, обединета Македонија“.

Кожата ми се ежи повторно секогаш кога одново ќе го прочитам поетичното обраќање на учителот од Велес, Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор за одржување на Првото заседание на АСНОМ, искажано при целосна тишина на отворањето на заседанието во манастирот „Прохор Пчињски“ кога се ставени темелите на државата.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Август.2010 во 01:33
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

kas nemozam da vi gi razberam datite20 juli ili 2 avgust


20-ти Јули по стариот стил, односно според Јулијанскиот календар е она што е 2-ри Август според Грегоријанскиот календар, односно задутре, на 2-ри Август, ќе биде 20-ти Јули според Јулијанскиот календар.

-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Август.2010 во 02:02
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

„Душата ми е преполна со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица и запљускујат е целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самоиловата држава за да се роди денеска нова, светла македонска држава. Во овој момент земјата на нашите покојници, многубројни народни херои паднале и посеале коските си по цела Македонија, им станује полека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите илинденци и денешните илинденци за остварување на идејалот на две поколенија и две епохи - слободна, обединета Македонија“.

Кожата ми се ежи повторно секогаш кога одново ќе го прочитам поетичното обраќање на учителот од Велес, Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор за одржување на Првото заседание на АСНОМ, искажано при целосна тишина на отворањето на заседанието во манастирот „Прохор Пчињски“ кога се ставени темелите на државата.






-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Август.2010 во 02:02
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

„Душата ми е преполна со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица и запљускујат е целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самоиловата држава за да се роди денеска нова, светла македонска држава. Во овој момент земјата на нашите покојници, многубројни народни херои паднале и посеале коските си по цела Македонија, им станује полека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите илинденци и денешните илинденци за остварување на идејалот на две поколенија и две епохи - слободна, обединета Македонија“.

Кожата ми се ежи повторно секогаш кога одново ќе го прочитам поетичното обраќање на учителот од Велес, Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор за одржување на Првото заседание на АСНОМ, искажано при целосна тишина на отворањето на заседанието во манастирот „Прохор Пчињски“ кога се ставени темелите на државата.




Решението на АСНОМ за создавање на македонската држава

-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 11:11
ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЈА-1903 ГОДИНА
Илинденската слободарска традиција се вклопи во континуитетот на македонската народноослободителна борба.

На 2 август 1903, беше кренато Илинденското востание, епохален чин во македонското националноослободително движење.
Тоа беше само повод да се разбранат вековно тлеените стремежи на македоснкиот народ, кој наоѓајќи се во османското ропство, веќе пет векови се бореше да се искачи кон пиедесталот на слободата.
Во последната деценија на деветнаесеттиот век во Македонија наполно созреаја општествено-политичките и националноослободитените услови за организационо оформувања на револуционерните настроенија на македонскиот народ.
Во 1893 година, во Солун беше создадена македонската револуционерна организација, која во лицето на “Внатрешната македонска револуционерна организација” (ВМРО) одигра голема улога во сплотувањето на македонските маси за извојување на слободата, на самобитната и самостојната македонска држава.
Во период на скоро една деценија оваа организација успеа да ги обедини сите македонски општествени сили, да ја рашири организационата мрежа низ цела Македонија, да го канализира на правилен пат националноослободителното движење.
Во почетокот на Јануари 1903 година, Централниот комитет на Внатрешната организација, иако за тоа не беше поволна ни внатрешната ни надворешната ситуација на Македонија, а на тоа се спротивставија и видни дејци на оваа Организација, донесе решение да се подигне востание во летото на истата година.
Решението за востание означуваше нова фаза во развитокот на македонското националноослободително движење и пресвртница во неговата историја.
По донесувањето на решението за подигање на востание во сите македонски области, кои ја составуваа историските и географските граници на Македонија, а кои влегуваа во националните окрузи, беа спроведени сериозни поготовки за изведување на востанието. По извршените подготовки, востанието беше прогласено за 2 август 1903 година, кој ден се паѓа на народниот празник - Свети Илија, по што и самото востание е наречено Илинденско востание.
Востанието ги опфати сите делови на Македонија, а најголем замав имаше во западните делови на Македонија, во Битолскиот вилает.
Тука револуционерните сили беа најбројни и најдобро организирани и покажаа најголем ентузијазам во заштитата на македонската револуција.
Како резултат на тоа малото македонско планинско гратче Крушево на едно отклонување на железничката пруга Скопје - Прилеп - Битола, беше заземено од востаниците и во него беше формирана слободната македонска република, наречена Крушевската република, која постоеше десетина дена.
Слични акции во создавањето слободна територија имаше и во Охридско, Костурско, Леринско и во другите делови на Македонија.
Тогаш цела Македонија се наоѓаше во востанички пожар.
Тоа траеше скоро три месеци.
Цели три месеци Македонија се наоѓаше во револуционерен бран на отпор и борба за слобода.
Против тој отпор на македонските обесправени маси турската власт концентрира огромни воени сили и во востаничките упоришта беа испратени огромни воени експедиции, кои придонесоа за задушување на македонската илинденска револуција.
Изразениот стремеж на Македонците во време на Илинденското востание да се здобијат со слобода, покажаниот беспримерен хероизам во текот на востанието, неопишаните масакри на османската солдатеска над незаштитеното население, предизвика силен бран на симпатии и солидарност сред меѓународната јавност.
Епичната борба на Македонците во време на востанието наиде на широк публицитет во печатот.
Преку печатот се рашири интересот сред меѓународната јавност за македонскиот Илинден.
Сето тоа придонесе во меѓународната јавност да се појави цело едно движење во корист на Македонците, таканареченото “промакедонско” или “филимакедонско” движење.
Ова движење се ангажира во полза на македонските работи, преку најразлични промакедонски манифестации во повеќе земји на Европа и Америка.



Статистика на зверствата и опустошувањата во Македонија и Одринско за време на востанието – 1903
Битолски вилает:
востанието ги опфаќа:
Битолската,
Костурската,
Леринската
Охридската и
Кичевската околија.

Битолската каза, најголемата во вилаетот, се состои од четири нахии (подоколии) – Битолска,
Демир Хисарска,
Ресенска (Горно Преспанска) и
Долно Преспанска – и брои:
3 града и 265 села со 25.252 куќи и 154.910 жители.
Од селата 198 се христијански, 21 муслимански и 46 мешовити.
Од куќите 18.286 се христијански, 6.399 муслимански и 567 од други вери.
Од жителите 116.615 се христијани, 35.315 муслимани и 2.980 други.

Од 198 христијански села 33 беа потполно опожарени, 5 – делумно и околу 20 ограбени. Од 18.286 христијански куќи опожарени беа 2.424 (13,70%) и останаа без покрив 14.096 души.
Бројот на искланите жители се искачува на 513 души,
а на обесчестените моми и жени на 1.092.

- Ресенска нахија:
од 21 христијанско село 16 беа опожарени.
Жителите на 711 куќи (од вкупно 3.691) – 4.182 души (од вкупно 19.765 христијански жители) – останаа без покрив, без покуќнина, без добиток, само со една глава на голите рамена. О
бесчестени се 610 – повеќе од половината во целата околија!
Има села, како Крушје, опожарувани, ограбувани и обесчестувани по два три пати.
Во с.Петрино, мало село од 13 куќи, беше обесчестена целата женска челад – 25 жени и моми.
При нападот на логорот, каде што беа сместени семејствата од Дупени и Ехла, аскерот одвлече 200 жени и моми и откако ги обесчести преку ноќтта, гин одведе во Ресен.

- Битолска нахија: опожарени се само 3 села – Ѓавато, Метимир и Смилево, со масовни измачувања и обесчестувања.
Најмногу настрадаа смилевци при нападот на нивниот логор.
Неколку смилевски и ѓаватски бебиња беа фрлени од аскерот во огнот.
Во Метимир, село од 25 куќи, беа обесчестени 60 жени и моми – скоро целата женска челад.

- Демир Хисарска нахија: од 2.099 христијански куќи изгореа 555.
При нападот на Слепчанскиот манастир „Св. Иван Претеча“ војската искла, освен калуѓерите, селските слуги и работниците, уште и десетина луѓе, слепи и болни, засолнети во манастирот.

- Долна Преспа: од 32 христијански села беа опожарени, целосно или делумно 8, од 1.649 христијански куќи – 291
Битолската околија го држи второто место по бројот на опожарени христијански куќи, прво по бројот на искланите жители и прво по бројот на обесчестените моми и жени.

Костурската каза, брои 128 села (заедно со Костур) со 13.223 куќи и 74.272 жители.
Од селата 98 се христијански, 12 муслимански и 18 мешовити.
Од куќите 10.554 се христијански и 2669 муслимански.
Од жителите 62.338 се христијани и 11.884 муслимани.
Од 98 христијански села, 18 беа опожарени целосно и 6 делумно.
Од 10.554 христијански куќи 2.750 беа опожарени (26.20%) и и останаа без покрив 15.650 души.
Исклани и отепани жители 413,
обесчестени моми и жени 396,
запленети жени и моми 30.
Костурската околија го зазема првото место по бројот на опожарени куќи (26.20%), трето по бројот на искланите и испотепани жители, прво по бројот на запленетите жени и моми и второ по бројот на обесчестените.

Леринската каза, брои 78 села со 10.391 куќи и 60.025 жители.
Од селата 40 се христијански, 20 муслимански и 18 мешовити.
Од куќите 6.458 се христијански и 3933 муслимански.
Од жителите 37.505 се христијани и 22.520 муслимани.
Од 40 христијански села, 12 беа опожарени целосно или делумно.
Од 6.458 христијански куќи изгореа 902.
Без покрив останаа 5.096 души.
Убиени и исклани 229 души, обесчестени моми и жени 227.
Леринската околија по бројот и процентот на опожарени куќи (13.90%) и исклани жители, како и по бројот на обесчестени моми и жени, го држи претпоследното место во вилаетот.

Охридската каза, брои 101 село со 8.893 куќи и 60.305 жители.
Од селата 75 се христијански, 14 муслимански и 12 мешовити.
Од куќите 6.112 се христијански и 2.781 муслимански.
Од жителите 43.368 се христијани и 16.937 муслимани.
Од 75 христијански села, 32 беа целосно опожарени, а 10 делумно. Од 6.112 христијански куќи изгореа 2.064.
Од 16.937 христијански жители 13144 останаа без покрив.
Бројот на искланите и отепани жители се искачува на 419, а на обесчестените моми и жени 362.
Охридската околија го држи процентно првото место во вилаетот и по бројот на опожарени куќи (38.80%) и по бројот на обездомените жители (30-40%) и по бројот на испотепаните и искланите (1%).
По бројот на обесчестени жени и моми (362), е на трето место:
после Битолската (1894) и Костурската (396);
меѓутоа процентно, и во тој однос е на прво место.

Кичевската каза, брои 118 села со 5.880 куќи и 39.590 жители.
Од селата 81 се христијански, 21 муслимански и 16 мешовити.
Од куќите 3.248 се христијански и 3.632 муслимански.
Од жителите 21.800 се христијани и 17.790 муслимани.
Од 81 христијански села, 10 се целосно или делумно опожарени.
Од 3.248 христијански куќи 506 се опожарени.
Од 21.800 христиојански жители 3.620 останаа без покрив.
Исклани и отепани христијани 204, обесчестени моми и жени 73.
Кичевската околија го држи последното место во вилаетот по бројот на опожарените куќи и обездомените жители, по бројот на испотепаните и искланите, како и на обесчестените моми и жени.
Меѓутоа процентно, таа е на трето место (по Охридската и Костурската) по бројот на опожарените куќи (15-50%) и на второ (по Охридската) по бројот на искланите жители.

Вкупно, во востанатата област на Битолскиот вилает од 21 јули до 20 септември, беа:
Опожарени целосно или делумно 122 села со 8.646 куќи и останати без покрив 51.606 жители;
убиени и исклани 1.779 души;
обесчестени 2.152 жени и моми и
запленети 37.

Одрински вилает:
востанието опфаќа делови од Лозенградскиот санџак:
целата Малко Трновска каза, дел од Лозенградската, неколку села од Василикоската и 3 од Визенската.
Од 24 христијански и 14 мешовити села во Лозенградската каза, опожарени беа целосно или делумно 16. Од 9.000 христијански куќи изгореа 1.090.
Испоклани и испотепани беа 1.025 (13,30%!).
Обесчестени жени и моми 241, запленети 91.
Без покрив останаа 5.213 души.
Две третини од населението во настраданите села побегна во Бугарија.

Од 3.590 христијански куќи во М. Трновската каза изгореа 1.020 (28,40%!).
Бројот на испокланите и испотепани 950, го достига невероватниот процент 5% од целото христијанско население.
611 жени и моми беа обесчестени и 36 запленети.
5.239 души (27.40% - повеќе од ?) избега во Бугарија.

Василикоската околија брои само 10 христијански села.
Од нив изгореа 5.
Тука се случија најмалку обесчестувања, но пак најмногу клања.
Само во месноста „Узун буџак“, беа стигнати од аскерот и отепани 130 души од семејствата на с.Пиргопуло, кои бегаа кон Бугарија.
Процентот на испотепаните во Василикоско го надминува и тој во М. Трновско: 5.70%!
(Во Охридско, најокрвавената околија во Битолскиот вилает е 1%).
Воопшто, М. Трновско и Василикоско го држат првото место по жртви во текот на востанието од 1903 година.
Вкупно, во Одринскиот вилает, или поточно во четирите кази, беа:
Од 92 христијански села 66 беа целосно или делумно опожарени.
Од 17.754 христијански куќи изгореа 2.610.
Испоклани и испотепани – 2.565 души (во Битолскиот вилает – 1.779).
Обесчестени жени и моми 920, запленети 135.
Обездомени 12.880 души.
Избегани во Бугарија 20.000 души.

Во Солунскиот вилает, најмногу пострада Серскиот санџак, каде се случија и повеќе четнички напади и борби со аскерот.
Разлошката околија, каде што се крена и вооруженото население, понесе страдања и даде жртви, кои се равни со некои околии од Битолскиот вилает.
Опожарувања и клања се случија во Мехомија, Бачево и Белица.
Други села беа ограбени.
Стотици селани беа подложени на измачувања.
Од 3.580 христијански куќи во таа околија изгореа 612 (12.50%),
беа обездомени 2.500 души, 207 испотепани и испоклани (1%), 35 жени и моми обесчестени и 4 запленети.

Во Неврокопската околија, најмногу пострадаа селата Обидим и Кремен, а во Мелничката – Пирин.
Во целиот Серски санџак, беа опожарени во 10 села – 1.090 куќи,
испоклани 290 души, обесчестени 50 жени и 4 запленети.
Без покрив останаа 5.772 души.
Во Солунскиот санџак на систематски терор беа подложени Тиквешката околија, а од селата во другите околии се случија палежи и убиства во Балинци (Дојранско), Под (Воденско), Смоквица (Гевгелиско) и др.

Во Скопскиот санџак, главно после борбите со четите, беа опожарени и подложени на поголеми или помали клања селата: Долно Трогерци (Штипско), Ново Село, Витоша, Вранинци, Просек (Кочанско), Луково (Штипско) и др.
Вкупно во санџакот беа опожарени 94 куќи и испоклани 60 души.

Рекапитулација:

Во четирите вилаети пострадаа повеќе или помалку 16 околии, во кои:
201 село беа целосно или делумно опожарени,
12.440 куќи во тие села опожарени,
4.694 души беа испотепани, испоклани и живи изгорени.
3.122 жени и моми беа обесчестени,
176 жени и моми беа запленети,
70.835 души беа обездомени,
30.000 души избегаа во Бугарија.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 09:24
Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за востанието
Киро Кипроски

Бигорски - На крајот на 19 и во почетокот на 20 век во Галичник, во Мијачијата и во селата по долината на реката Радика беше присутен слободарскиот дух. Населението, неможејќи да го издржи османлискиот јарем и пљачкосувањата што ги вршеле арнаутските качачки банди од Албанија, ги прифаќале принципите на Тајната македонска одринска револуционерна организација за учество во вооружено востание, за да се изборат за национална и социјална слобода. Галичаните ја отфрлале се' поприсутната големосрпска и големобугарска пропаганда. Целосно се носочувале кон револуционерните организации, формирале комитети, поткомитети и преземале други форми на дејствување, за подобро да се подготват за големиот ден - за востанието.
bigorski_1908
Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за револуционерното Илинденско востание, при што одиграл многу значајна улога во координацијата и во организацијата на населението за нивно вклучување во сеопштото востание. Тука се одржувале голем број тајни активности на Галичко-реканскиот комитет за собирање облека, храна, оружје за востаниците. Во активностите биле вклучени монасите на чело со игуменот на манастирот, јеромонахот Партениј, кои успевале да конструираат и да изработат две топчиња, со кои беше почната вооружената борба против Османлиите во реонот на Копачка. Според професорот д-р Ванче Стојчев, илинденците имале 17 дрвени топчиња, од кои шест во Крушево, а четири топчиња Османлиите заробиле во Битола и ги однеле во Истанбул, кои се чуваат како воени трофеи.

„Низ вековите Бигорскиот манастир одиграл значајна улога во јакнењето и зацврстувањето на македонскиот дух на населението, не само во неговата околина, туку и на поширокиот регион на западниот дел на денешната територија на Македонија“, вели игуменот на манастирот, архимандритот Партениј. На почетокот на минатиот век Бигорски бил главна база за дејствување во подготовките на Галичко-реканскиот комитет и дал голем придонес населението од сите села околу реката Радика да бидат организирани и покрстени како членови на ВМРО. Документите во печатена и во електронска форма, заедно со многу книги и документи, како што рече отец Партениј, изгореле во минатогодишниот пожар што го зафати манастирот. Но, се прават напори да се обезбедат тие документи, кои се наоѓаат во архивите на соседните држави.

Во Бигорскиот манастир била создадена мајсторска работилница и складиште за оружје.

Монасите Гаврил и Гаврил Русин излеале и направиле две топчиња. Во една ноќ, неколку дена пред 2 август 1903 година, браќата Филип и Угрин Канчевски, од Галичник, кои потекнувале од угледна сточарска и патриотска фамилија, со свои коњи ги презеле топчињата и со мака низ стрмнините над манастирот, успеале да пристигнат до местото Краиште. На патот кон Крушево биле обезбедувани од галичката чета. Патот ги водел низ планината Бистра, за да пристигнат на договореното место над селото Душегубица (Кичевско). Ноќта спроти Илинден, со двете манастирски црешови топчиња беше објавено Илинденското востание.

„Скришум, да не чујат шпионите, дедо ми Филип ми раскажуваше за својот подвиг, за движењето ноќе низ планинските беспаќа, да не ги откријат непријателите, со брат му Угрин успеале да ги пренесат црешовите топчиња од Бигорскиот манастир до договореното место што им го дал Комитетот“, се сеќава осумдесетгодишниот д-р Јанко Канчески. Покрај топчињата, кои биле натоварени на еден коњ и камуфлирани, облеката и храната за востаниците биле товарени на неколку коњи, собрани од галичани. За храброста на дедовците, додава тој, ми раскажуваа и татко ми Коста и чичковците Тане, Заге и Драган.

Шеесет и тригодишниот Миле Канчески ни вели дека дедо му Угрин, на 24 години, бил многу храбар и голем македонски патриот, секогаш подготвен да го даде животот за Македонија, за македонскиот народ да се ослободи од османлиското ропство, кое било неиздржливо. За пренесувањето на црешовите топчиња од Бигорскиот манастир во Крушево ми зборувал татко му Ладе, со аманет на дедо му, приказната да се пренесува од колено на колено, на децата и внуците, а тие, исто така, да им ја пренесуваат на своите деца и внуци се' додека постои родот и породот.

„Чувствата се големи и импресивни кога сознав дека моите предци во илинденскиот период се зафатиле да ги пренесат црешовите топчиња и да бидат активни во подготовката на Илинденското востание, многу се израдував и горда сум што потекнувам од револуционерна-патриотска фамилија“, со восхитување зборува праправнуката на Филип, Елизабета Канческа-Милеска, министерка за култура, и додава: „Не дека потекнувам од семејството на моите прадедовци Филип и Угрин, кога татко ми ми раскажуваше за нивниот подвиг од очите почнаа да ми капат солзи, од нивната храброст, од подвигот што го направиле во тоа тешко време“.

Авторот Георги Трајчев својата „Книга за Мијаците”, отпечатена во 1941 година, во Софија, речиси 30 години по нејзиното пишување, им ја посветува на Галичник и на Мијаците и на Бигорскиот манастир. Авторот по потекло бил Мијак, роден во Крушево, а во Галичник престојувал како инспектор по образование.

Манастирот служел и како главна база на дејствување во подготовка на комитетите. На тој начин сите села што се наоѓале на двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. Сите служби биле организирани од игуменот јеромонахот Партениј и од монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснака (кој бил добар техничар), запишал Трајчев.

Покрај мажите од Галичко-реканскиот регион, кои учествувале во подготовките на Илинденското востание, и жените активно учествувале во подготовките на Илинденското востание.

Во периодот од 15 август 1902 до 20 јуни 1903 година организацијата имала многу успешни активности во подобрувањето на организираноста, а посебно во собирањето пари, при што биле собрани 560 наполеони и големо количество облека. На Смилевскиот конгрес (23 април 1903 година) било донесено решение Галичко-реканскиот реон да остане легален орган и по објавувањето на востанието, да му биде на располагање на Кичевскиот револуционерен реон за да му доставуваат храна, облека, пушки, патрони, лекови, а во случај на напад на османлиските војски во Кичевскиот регион да можат четите да се префрлаат во Галичко, каде што ќе ги кријат.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk