IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Некои општи заблуди околу христијанското учење
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Некои општи заблуди околу христијанското учење

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 01:21
Bidejki za slikanjeto i izobrazuvanjeto posocheni vo vtorata zapoved imame posebno otvorena tema - Не прави идол или слика на она што е горе, ve zamoluvam natamoshnite diskusii vo toj pravec da gi vodite tamu.







Изменето од Messenger - 27.Јули.2010 во 01:22
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 01:31
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Apsolutno se slozhuvam so interpretacijata na citiranite delovi... do poslednot pasus so koj shto 100% go negirash prethodno kazhanoto. Ne mozhe da go oddelish egoto i suetata od edno neshto, a ne od drugo. Faktichki najgolemata sueta kaj chovekot se javuva od onie neshta koi toj gi prifatil kako negovi vodechki vrednosti vo zhivotot. Vistinskoto oddeluvanje od egoto i suetata e potpolnoto odvojuvanje od site vrzuvanja (attachments). Bez toa samo se lazheme sebe si, samo zhiveeme vo iluzija deka go vrtime drugiot obraz. A toa e gjavolskoto vo seta ovaa rabota.

Поради огромната маса на залажувачки желби чиј исход завршува лошо, изгледа дека ослободувањето треба да се случи со самото отстранување на желбата. Тоа најизразито е во будистичкото учење за излез од проклетството на посакувањето.
Сепак не е точно дека желбите се погрешни, суетни и егоистички. Само проблемот е што до вистинскиот (што е можно подобар) квалитет и форма на желбите и мотивациите треба да се дојде низ нивно прочистување. За прочистување и осветување на желбите и нивно правилно оформување потребен е Оној кој ги осветува. Исходот на подвигот за ослободување од посакувањето без Бог ќе заврши со човек-камен кој ништо не чувствува и ништо не го интересира. Тоа не е ослободување, тоа е умирање. Тоа го гледам како клучна мана на половичност во будистичкиот подвиг.
Недостатокот од Бог кој би го исполнил испразнетото со отстранувањето на желбите.

Мала дигресија: интересно е што многу од Светите Отци зборуваат дека унинието (униние е нешто како состојба на безволност) бил голем проблем во еден период од нивниот духовен развој. Односно отстранувањето на острастените световни желби, при недоисполнетост со чиста внатрешна духовна волја и мотивација водела до состојба од повеќегодишен проблем на потреба од себепринудување наместо природно чисти и силни внатрешни осветени желби.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Vo poshirok smisol citiranite delovi ne velat "nemaj vrednosti" ili "ne gi neguvaj vrednostite", tuku velat ne se protivstavuvaj na onoj koj ne gi vrednuva istite i ne se obiduvaj nasila da dokazhuvash neshto shto ne mu e dadeno na nekogo toa da go razbre vo dadeniot moment. Toa se nadovrzuva na onoa "sechii ushi ne se za sekoj zbor". Nasilnosta na vteruvanjeto na sopstvenite vrednosti ili nasilnototo branenje na istite ne e nishto povekje od nasilnost. A nasilnosta ne e nishto drugo tuku gjavolska rabota.

Ova me potseti na edna anegdota...

Imeno, nekoj vernik se nashol vo raspravija so nekoj nevernik i malu po malu rabotata stanala tolku zholchna shto nevernikov mu udril shlakanica na vernikot. Ovoj, kako posveten hristijanin mocheshkum mu go zavrtil drugiot obraz. Onoj mu udril ushte edna shlakanica. Vernikov ne rekol nuti eden zbor, tuku samo se nasmevnal srekjen i gord shto mu se ukazhala shansa da se dokazhi kako "vistinski dosleden Hristov sledbenik". Vo toj mig sopernikot mu udril treta shlakanica, a vernikov molnevito mu vozvratil so tupanica!

- Abe shto pravish choveku? - se iznenadil shamardzhijata na vakvata reakcija - Pa neli ti velish deka treba da se vrti drugiot obraz?

- Shto se chudish - mu odgovoril vernikot - Vo Pismoto pishuva samo za dva shamara. Izvini, ama jas nemam tri obraza!


Ако некој рече дека sard се прави премногу паметен или дека sard е премногу глуп или било што. Што е повеќе или помалку точно. Дури и да не е точно христијанското решение со свртувањето на образот е навистина да му се прифати нападот. Соодветно на формата на критика сериозно или со себеисмевање да си додаде со отворање на тие мани кај себе. Тогаш и критичарот ќе зборува и христијанинот ќе додава за себе и критичарот ја губи силата. Полека престанува да постои потребата од критика. Оној кој го врти другиот образ му го одзема оружјето на критиката од критичарот. Онолку колку што било оправдано шамарењето во мерата на понизно вртење на образот извршено е ослободување од таа мана. А доколку не било оправдано шамарењето со вртењето на образот се оневозможило создавање на непостоечката мана. Ако критичарот е прилично негативно настроен тоа подолго ќе потрае. Сепак прашање е на време кога ќе му ја одземе силата и ќе го реши проблемот што ќе создаде блискост меѓу нив.
Во примерот погоре христијанинот веќе претходно не го вртел образот на поситните ментални шамари. Па поради ескалацијата што дошла поради невртење на образот при поситните шамари, дошло до жолчност и до примање реални шамари од неверникот и потреба од вртење на физичкиот образ од верникот. Што и тука не било успешно изведено, бидејќи иако верникот формално ги примал физичките шамари, тој внатрешно не се помирил со својата вина и извинување зошто работите дошле доттука.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

P.S. Go pozdravuvam otvaranjeto na ovaa tema za koja na ovoj podforum odamna postoeshe potreba. Samo smetam deka treba da najdeme nachin kako vizuelno da gi oddeluvame citatite i diskusiite po niv... oti inaku s'e kje se ispomesha i nema da postoi nikakov pregled vo diskusiite.

Благодарам за поддршката за оваа тема.
За жал нема можност за поместување на постовите погоре, подолу. Не ми текнува ништо друог освен кога се постави на разгледување една погрешна предрасуда да се почека да подзаврши дискусијата, пред да биде поставена нова.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 01:29
Кој е христијанин/ка!?

Една од општите заблуди што постои кај огромно мнозинство е дека за некој себе си да се смета за христијанин доволно е да биде крстен и да се изјаснува дека верува дека дошол Исус Христос и дека тој бил Господ Спасител.
Но според она кое навистина го учи Православната Црква право за некој формално да се смета за христијанин покрај тоа што треба да биде крстен и да го признава Господ Исус Христос како негов Спасител е да биде причесник заедно со Црквата - заедницата на верници. Верникот треба да се причестува со телото и крвта Христова. Преку примањето на светите божествени дарови на причеста да го прими во себе Христовиот божествен Дух. И со тој акт да има заедничко причество со останатите верници, што сите заедно ги прави една зедница - Црква.
Но за верникот да стекне право на причест неопходно е да се удостои за причест со исправен христијански живот. Што може да потрае подолго време. За исклучително тешки случаи дури и никогаш да не успее. Дури откако ги исполни формалните правила на христијанското живеење ќе стекне можност за причестување. Дали е достоен или не се утврдува во исповедта и го утврдува заеднички со свештеникот кој го исповедал.
Крстениот верник кој достојно се причестува, според канонските и другите црковни правила се смета за дел од Црквата, односно се смета за христијанин.
За жал такви верници кои стекнуваат право за формално да се наречат за христијани ги има многу малку. Дали оние кои имаат формално право да се сметаат за христијани се и суштински христијани. Тоа се утврдува пред Бог, на самиот Божји суд. Но оние кои не ги исполнуваат условите за формално да се сметаат за христијани, воопшто не може да сметаат за признавање како христијани.
Знам многумина во умот ќе се побунат, што пишува овој, кој тогаш ќе се спаси. Ама така стои во правилата утврдени уште од почетокот, а кажано е малкумина ќе се спасат.

Евангелие според Матеј Гл 7
13 Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и тесен е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив;
14 а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат.


Изменето од sard - 29.Јули.2010 во 01:46
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 02:55
Originally posted by sard sard напиша:

Но за верникот да стекне право на причест неопходно е да се удостои за причест со исправен христијански живот. Што може да потрае подолго време. За исклучително тешки случаи дури и никогаш да не успее. Дури откако ги исполни формалните правила на христијанското живеење ќе стекне можност за причестување. Дали е достоен или не се утврдува во исповедта и го утврдува заеднички со свештеникот кој го исповедал.


Sard, znachi smetash deka sveshtenikot e toj shto treba da presudi dali nekoj e dostoen za prichest ili ne?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 04:16
Свештеникот и верникот заеднички одлучуваат.
Не може човек сам да се оценува за својата состојба. Верникот може да си мисли дека е исправен и да си дозволи пристап кон причеста. За секој испит секогаш е потребна и надворешната потврда од легитимно лице за да ја потврди состојбата на оној кој сака да го мине тој испит. Мислењето на свештеникот се смета како мислење на Црквата-заедницата. Доколку одреден свештеник прави грешки во тој правец, тогаш Црквата-заедницата ќе му го одземе тоа право.

Текстот погоре не сакав да биде предолг. Недостојното причестување не само што не го ослободува и очистува верникот од гревовите, туку силно го осудува и ја влошува неговата состојба. Доколку свештеник даде дозвола на недостоен да се причести, тогаш вината и последиците од недостојното причестување паѓаат на двајцата. Свештеникот и кога дава одоброение за причестување, тоа не го ослободува верникот од одговорноста. Верникот самиот треба да се испита себе си и покрај дозволата.

Прво послание на апостол Павле до Коринтјаните Гл 11   
24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: “Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!”
25 по вечера, исто така, зеде и чаша, па рече: “Ова чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!”
26 Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.
27 Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
28 Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.


Во практичниот живот најчеста ситуација е свештеникот да смета дека верникот веќе може да пристапи кон причест, а верникот да не се чувствува за достоен. Во денешно време ова е честа причина за судир на мислења, меѓусебно убедување меѓу верник и свештеник. Многу ретка е обратната ситуација. Верникот да смета дека е достоен, а свештеникот да не мисли така. Скоро секогаш е во ситуација на голема опрелестеност на верникот. Не постои ограничување верникот да се исповеда кај друг свештеник и од него да побара пристап за причест. Од таму отстранета е можноста достојниот христијанин да не добие причест поради своеволност на свештеник.

Изменето од sard - 29.Јули.2010 во 04:29
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 15:43
Sard, bidejki na ovoj podforum doagjaat chlenovi i gosti koi ne se vernici ili se samo nominalni hristijanski vernici, dali mozhe prvin da objasnish shto znachi prichest. Na toj nachin lugjeto kje mozhat polesno da te razberat vo komentarite i eventualno da se javat so prashanja i repliki.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 20:38
Originally posted by sard sard напиша:

Свештеникот и верникот заеднички одлучуваат.
Не може човек сам да се оценува за својата состојба. Верникот може да си мисли дека е исправен и да си дозволи пристап кон причеста. За секој испит секогаш е потребна и надворешната потврда од легитимно лице за да ја потврди состојбата на оној кој сака да го мине тој испит. Мислењето на свештеникот се смета како мислење на Црквата-заедницата. Доколку одреден свештеник прави грешки во тој правец, тогаш Црквата-заедницата ќе му го одземе тоа право.

Текстот погоре не сакав да биде предолг. Недостојното причестување не само што не го ослободува и очистува верникот од гревовите, туку силно го осудува и ја влошува неговата состојба. Доколку свештеник даде дозвола на недостоен да се причести, тогаш вината и последиците од недостојното причестување паѓаат на двајцата. Свештеникот и кога дава одоброение за причестување, тоа не го ослободува верникот од одговорноста. Верникот самиот треба да се испита себе си и покрај дозволата.

Прво послание на апостол Павле до Коринтјаните Гл 11   
24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: “Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!”
25 по вечера, исто така, зеде и чаша, па рече: “Ова чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!”
26 Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.
27 Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа.
28 Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.


Во практичниот живот најчеста ситуација е свештеникот да смета дека верникот веќе може да пристапи кон причест, а верникот да не се чувствува за достоен. Во денешно време ова е честа причина за судир на мислења, меѓусебно убедување меѓу верник и свештеник. Многу ретка е обратната ситуација. Верникот да смета дека е достоен, а свештеникот да не мисли така. Скоро секогаш е во ситуација на голема опрелестеност на верникот. Не постои ограничување верникот да се исповеда кај друг свештеник и од него да побара пристап за причест. Од таму отстранета е можноста достојниот христијанин да не добие причест поради своеволност на свештеник.



Зошто го извртувате чистото слово Господово и му накалемувате работи кои што не се запишани во Библијата?
Зошто им ја „МАТИТЕ ВОДАТА“ на оние кои што жеднеат да пијат од чистата вода која што тече од Божјиот кладенец - Библијата?

Еве што зборува Библијата:

Но, човекот да се испита САМИОТ СЕБЕ и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
(1 Коринтјаните 11:28)

И каде во овие зборови го најде терминот СВЕШТЕНИК, или дозвола (одобрение) од свештеник за некој да јаде од Господоватѕа вечера, или свештеникот и верникот дека заеднички одлучуваат??? Каде?????

Одговорот е НИКАДЕ!!!

Па нели Словото вели: Но, човекот да се испита САМИОТ СЕБЕ и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша, а не за тоа да одлучува свештеник или двајцата заедно.

Совеста е таа која што на верникот ќе му докаже дали тој смее или не сме да јаде од Господовата вечера.

Кога тоа не постои, зошто им ја МАТИШ ВОДАТА на луѓето, пријателе??? Зошто???

И каде во оваа глава го најде зборот ПРИЧЕСТ?

Па нели насловот на оваа глава е: Како треба да се молиме и да ја јадеме ВЕЧЕРАТА ГОСПОДОВА.

Кога постои ГОСПОДОВА ВЕЧЕРА, зошто го накалемуваш терминот ПРИЧЕСТ?


Со почит, Госпел.





Изменето од gospel - 29.Јули.2010 во 20:53
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 17:21
Originally posted by gospel gospel напиша:


Зошто го извртувате чистото слово Господово и му накалемувате работи кои што не се запишани во Библијата?
Зошто им ја „МАТИТЕ ВОДАТА“ на оние кои што жеднеат да пијат од чистата вода која што тече од Божјиот кладенец - Библијата?

Еве што зборува Библијата:

Но, човекот да се испита САМИОТ СЕБЕ и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.
(1 Коринтјаните 11:28)

И каде во овие зборови го најде терминот СВЕШТЕНИК, или дозвола (одобрение) од свештеник за некој да јаде од Господоватѕа вечера, или свештеникот и верникот дека заеднички одлучуваат??? Каде?????

Одговорот е НИКАДЕ!!!

Па нели Словото вели: Но, човекот да се испита САМИОТ СЕБЕ и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша, а не за тоа да одлучува свештеник или двајцата заедно.

Совеста е таа која што на верникот ќе му докаже дали тој смее или не сме да јаде од Господовата вечера.

Кога тоа не постои, зошто им ја МАТИШ ВОДАТА на луѓето, пријателе??? Зошто???

И каде во оваа глава го најде зборот ПРИЧЕСТ?

Па нели насловот на оваа глава е: Како треба да се молиме и да ја јадеме ВЕЧЕРАТА ГОСПОДОВА.

Кога постои ГОСПОДОВА ВЕЧЕРА, зошто го накалемуваш терминот ПРИЧЕСТ?

Со почит, Госпел.

Напишаното во Библијата очекува една нормална здраворазумност од човекот при нејзиното разбирање. Очекувањето на здраворазумност освестена од Светиот Дух е напишано во самата неа. Јасно е дека кажаното од апостолите е со ист авторитет како и кажаното директно од Господ Христос, затоа што самиот Господ ги овластил за тоа. Така јасно е и дека оние после апостолите она кое заедно ќе го одлучуваат е со ист авторитет како кажаното од апостолите. Бидејќи е кажано од Светиот Дух во нив, во нас. Околу ова нема спор меѓу вероисповедите.

Бидејќи во Библијата не може да биде запишан секој можен детаљ, врз основа на начелата и системот во неа верниците низ Верата во Бог заедно, соборно, бидејќи кога се заедно и соборно Духот на Бог пребива ги доразјаснуваат сите детаљи потребни во животот потврдувајќи ги врз основа на начелата и Духот на Библијата.

Така оние епископи и презвитери и ѓакони (свештенички чинови запишани во Библијата) како и целата Црква овластени од апостолите според здраворазумноста на Духот продолжиле да го уредуваат христијанскиот живот.

Според препознавањето на редот Божји јасно е дека Бог и Самиот ја почитувал формата за актите да бидат валидни. Каква би била Библијата доколку би била бесправна. Таа ги почитува правните закони, односно ни ги дооткрива правните закони кои природно ги чувствуваме. Правните закони како и сите закони се нешто како математичките закони. Ги решаваш и најдуваш решение за равенката. Гревот е беззаконие. Нешто каде нема или има нарушен ред, постапка, форма, процедура. Постапките се валидни кога се сторени во одредена форма. Така Отците го имале Духот на Верата во себе и знаеле или испитувале додека не им биде откриено како да се применуваат Божјите одредби. Така и за причесната.

Сосема нормално и здраворазумски е за причесната дека не може верникот сам да се причестува. Како би изгледало тоа!? Ќе земе верникот парче леб и сам ќе си брцне од бурето со вино и ќе рече еве во Твој спомен се причестувам, бидејќи мислам дека сум достоен за да ја пијам Твојата крв и се хранам со твоето Тело. Не е ли ова нездраворазумско и ненормално. Како ГРЕШНИКОТ може да се потпре на својата пореметена совест!? Во која област тоа така се применува. Кој е тој кој може да одреди нешто во однос на самиот себе. Каде тоа постои во природата некој сам да ја испитува својата достојност без консултирање со нешто надвор од него.

Причесната природно се врши пред се соборно во Црквата, инаку не би биле Црква. А за Црквата заедницата на верници да не биде распашано стадо некој мора да ги води чиновите. Чиновите ги водат оние кои се одредени како надгледници (свештениците: епископи, презвитери, ѓакони). Кога веќе верникот иде кај свештеникот да се причести, а утврдена е обврската за исповед, тој нормално е дека не смее да дозволи причест на недостоен. Така свештеникот и верникот заеднички одредуваат за достојноста. При тоа верникот САМИОТ одлучува за својата достојност и после дозволата на свештеникот. И натаму се се развива природно и има некој ред.
Господ во Библијата никогаш не го употребил зборот имам сила за ова. Туку секогаш во повеќе од стотици случаи вели имам ВЛАСТ, ОВЛАСТУВАЊЕ.
Затоа се што се прави треба да се прави со власт односно со благослов, кој е преносен од она кое Бог го благословил.
Гревот е безредие, хаос, самоволие. Погоре пишував за процедуралноста како исправниот пат. Протестантизмот го напушта процедуралниот пат, и врши нарушување на редот. Без овластување секој си зема целосна слобода, секој сам за себе да одлучува за се. И јасни се последиците. Изгубена страхопочит, што ние се фаќаме за глава кога ќе видиме како протестанти ноншалатно дури и со пагански танци пристапуваат кон она пред кое треба да се трепери.
Протестантскиот анархистички пристап е надвор од умот.
Самата Библија е утврдена од свештеници, а ти велиш кај пишува свештеници. Демек ја почитувате Библијата, а ваму свештениците низ кои Светиот Дух го извршил изборот на свештените книги во неа, не ги признавате.

ова беше пошироко образложени но краток одговор на твоето прашање.

---------------------
Она кое го прашуваш „И каде во овие зборови го најде терминот СВЕШТЕНИК, или дозвола (одобрение) од свештеник за некој да јаде од Господоватѕа вечера“

Се открива од самиот чин:

Господ е тој кој ЛИЧНО како првосвештеник им ја дал причесната на апостолите при заеднички соборен момент. Не зеле тие самите секој сам и одвоено. Тоа значи дека немаме право да ја земаме секој самостојно и своеволно, туку соборно преку овластените од НЕГО.
---------------------


53 А Исус им рече: “Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, НЕ ЌЕ ИМАТЕ ЖИВОТ ВО СЕБЕ.
54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55 Зашто Моето тело е ВИСТИНСКА храна, и Мојата крв - ВИСТИНСКО питие.
56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.

Бог овде јасно кажува „АКО НЕ ГО ЈАДЕТЕ ТЕЛОТО НА СИНОТ ЧОВЕЧКИ И НЕ ЈА ПИЕТЕ КРВТА НЕГОВА, НЕ ЌЕ ИМАТЕ ЖИВОТ ВО СЕБЕ. И тоа не е САМО симболично туку ВИСТИНСКА храна и ВИСТИНСКО питие.

Ако за едно исто нешто е пишувано на повеќе места. Сите тие се поклопуваат и заедничката слика го комплетира ставот. Така ако она претходно цитираното се поклопи со ова се добива целата слика. Во СПОМЕН на Богочовекот, НЕОПХОДНО за да има живот во себе христијанинот треба да ја пие КРВТА НЕГОВА и да јаде од ТЕЛОТО НЕГОВО.

Причест како и општо словенската етимологија се совршено оформени зборови кои одлично ги претставуваат самите чинови. Се примање се стекнува чест во учествувањето во Христовиот Дух и Неговата Црква.

Изменето од sard - 30.Јули.2010 во 18:00
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 21:14
Зошто бегаш од одговорот, и моите зборови ги извртуваш во друг правец?

Никаде не ти реков дека верникот сам треба да ја јаде Господната Вечера, (сам да си земе од лебчето и сам да си брцне во бурето) туку дека верникот е тој кој што преку својата совест треба да се испита дали е достоен да јаде или не од господната вечера, а свештеникот откако ќе види дека верникот е спремен да јаде од господната вечера, да му дозволи да учествува на тој сакрамент.

Во никој случај свештеникот не смее да ја преземе улогата на верникот, за тој да одлучи место верникот, дали тој треба или нетреба да јаде Господна вечера.

А сето останато што го напиша нема никаква врска со теологија, туку со Философија.

Улогата на свештенството беше во Стариот завет, членовите на црквата Христова се повикани да бидат Проповедници а не свештеници, како што и самиот апостол Павле за себе кажува: „ па затоа сум поставен како ПРОПОВЕДНИК и АПОСТОЛ.....“(1 Тимотеј 2:7)

И за крај, сето останато што го напиша ти е само празно млатење слама, ништо друго. Далеку од теологија.






Со почит, Госпел.
   
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2010 во 20:52
Подолго ти пишав за да ти опишам како се откриваат одговорите на најтананите прашања.

Така ако библискиот чин:
Апостолите од првосвештеникот Христос биле повикани и лично од Него биле причестени со Неговото тело и крв. Тогаш така треба да се одвива овој чин.

Свештениците, Црквата повикува кон спасение, кон причестување. Свештениците го вршат тоа, (веројатно во случај на нужност постојат можности за промени во формата). Штом свештеникот повикува за причест, замисли некој може со крајно исмевање и изживување да пристапува кон причест и да тврди дека е достоен. Може и неверник да е и да бара причест. Што треба да стори свештеникот? Да му дозволи да добие од најголемата светиња Христовата крв и Христовото тело. Здраворазумски е дека не смее да го причести без верникот да ги исполнил формалните услови. Така верникот добива дозвола за причест од својот духовен раководител или барем од исповедникот само доколку тие знаат дека ги исполнува формалните услови. Откако свештениците, Црквата му даваат пристап, на верникот останува одговорноста САМИОТ да одлучи дали треба да се причести. Иако му е дадена дозвола за пристапување тој најдобро знае за тоа колку ги исполнува условите за достојност. Така и двете страни и Црквата и верникот учествуваат во донесувањето на одлуката. Дозволата од Црквата ија чува светињата од исмевање, го штити верникот кој нема доволно јасна претстава кон каков чин пристапува, а истовремено верникот ја има слободата за сопствената одлука.
Немањето стандард за верниците при причеста одржуван од Црквата води кон губење на страхопочита и губење на значењето (банализирање) на светиот чин.

Значи сето е изведено од начинот на кој била изведена првата причест.

Изменето од sard - 01.Август.2010 во 21:06
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 12:52
Се сложувам со gospel (а воедно и со Библијата), верникот треба да се испита самиот себе, а потоа да земе од лебот и виното. Никој не може и не смее да го направи тоа за него, ниту старешината, ниту пасторот, ниту ткн. "свештеник".

Историски гледано многу е јасно зошто се појавило ова посредничко испитување (свештеникот да му дозволува на мирјанинот да се причести) во католичката црква и во православните цркви. Со појавата на свештенската класа (над мирјаните), тие си земале ингиренции над ткн. "свети тајни" за да можат полесно да владеат над мирјаните. Па така, ако мирјанинот е послушен на свештениците, тие ќе му дозволат да земе од "спасението", а доколку е непослушен, тогаш не.

Во овој конктест добро е да се спомне современиот пример кога МПЦ им даде епитамија (забрана за причестување, крштевање, венчавање и сл) на погребалните фирми од Крива Паланка затоа што овие продаваа свеќи по цена од 300 ден/килограм, додека МПЦ продава по 900 ден/килограм и со тоа им го нарушуваа бизнисот (монополот) на МПЦ.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D5D323489142934CB2C00AC088AB085E

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,047 секунди.