IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2018 во 11:19
&amp;#208;&amp;#155;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;»


Ликер смоква коктел

Состојки
6 парчињ смоква
40мл сок од вишна
320мл маракуја сок( ставив газиран маракуја сок )
40мл коцки мраз
20 мл темен рум ( 20мл ликер )
20мл вотка

Одлична комбинација на состојки
Смоквата измијте ја добро.
Ако е од зелените смокви излупете ја, аако е од темните и зрела,оставете ја лушпата.
Исечете ја на парчиња и редете во чашата,
Додајте го мразот.Во чаша за коктели или апаратче, додајте ги течните состојки па измешајте добро.
Полијте врз мразот.
Декорирајте со мента,нанеили кое било парче зеленило.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2018 во 10:52

Dave’s Kitchen: Есенски коктел за секоја пригода


Оваа недела Dave’s Kitchen ни ја презентира својата верзија на есенски коктел. Она што го прави посебен овој коктел е интересната комбинација на состојки и додатокот на карамел кој дава посебен вкус при секоја нова голтка.


Потребни состојки:

  • 300 мл. ферментиран алкохолен пијалак од јаболка
  • 150 мл. бело пенливо вино
  • Карамел за декорација

Начин на подготовка: 

Промешајте го алкохолниот пијалак од јаболка со белото пенливо вино. Чашата декорирајте ја со карамел, па потоа претходно приготвениот пијалак ставете го неа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2020 во 10:23

Безалкохолно мохито со малина – освежувачки коктел за жешките летни денови кои доаѓаат


Вкусот на овој пијалак е добитна летна комбинација, за сите. Доколку сте љубители на безалкохолните коктели, тогаш ова ќе биде вистински избор за вас.

Мохито малина, е пијалак во кој што може да ужива целото семејство. Едноставно и брзо се прави, има феноменален вкус и изгледа одлично.

По желба, овој коктел може да го направите и со алкохол, но изборот е ваш.

Состојки:

- 3/4 шолји шеќер
- 3 лимети
- 2 чаши свежи малини
- 12-14 крупно исечкани, свежи лисја од нане и неколку цели лисја за декорација
- 1 литар минерална вода со вкус на лимета 

Подготовка:

Во загреано тенџере додадете го шеќерот со една шолја вода и мешајте додека шеќерот не се растопи.

Потоа смесата оставете да се излади. Исцедете ги лиметите.

Во голем бокал измешајте 1 чаша малини, нане и сок од лимета. Додадете коцки мраз.

Додадете минерална вода, а потоа измешајте. Исечкајте ги останатите лимети и послужете го пијалакот со декорација по ваш избор.

Доколку сакате да пробате алкохолна верзија од пијалакот, додадете бел рум.



Изменето од Valerija - 17.Јуни.2020 во 10:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2020 во 10:37

1. Negroni

Овој коктел е многу познат и големи се шансите веќе да сте го пробале. Сѐ што ви е потребно е џин, кампари и сладок вермут, а и парче портокал не е на одмет. А, колку ќе ставите зависи од личниот вкус.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-02.jpg

2. Old Fashioned

Овој коктел е еден од оние пијалоци кои докажуваат дека не мора да биде комплицирано за да биде вкусно. Оригинално, тој се прави со виски, но може и со текила или рум. Покрај алкохол, потребно ви е и мала количина шеќер и некој горчлив безалкохолен пијалак. Сами одлучете што ќе ставите, бидејќи само од вас зависи каков вкус ќе има.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-03.jpg

3. Boulevardier

Во прашање е комбинација од виски, кампари и вермут. Вообичаено ова е женски пијалак, а се прави така што ќе ја наполните чашата со мраз и ќе додадете еднакви количини од трите пијалаци.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-04.jpg

4. The Gold Rush

Дали некогаш сте пробале џин со мед? Ако одговорот е „не“ тогаш препорачуваме задолжително да го направите тоа. Овој коктел е сличен на тоа – се прави од бурбон и мед. Во длабока чаша ставете го алкохолот, додадете ароматичен мед и неколку коцки мраз.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-05.jpg

5. Margarita

Сигурни сме дека барем за него сте чуле. Овој коктел се базира на текила, а ви требаат и свеж лимон и шеќер. Лимонот исцедете го во текилата, а шеќерот ставете го или на врвот од чашата или внатре како дел од пијалакот.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-06.jpg

6. Caipirinha

Пуштете самба музика и заиграјте со овој бразилски пијалак. Сѐ што треба да направите е да изгмечите парче лимон и да го валкате во шеќер, а потоа да го ставите во чаша со рум. Промешајте со мразот и внимателно пијте.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-07.jpg

7. White Russian

Ова е уште еден навистина познат пијалак кој е навистина лесен за подготвување. Бидејќи е руски, секако дека во основата има вотка. За да го направите, измешајте чаша вотка со 2 лажици нес кафе и лажиче млеко или слатка павлака. Резултатот е вкусен коктел кој сигурно ќе ви се допадне.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-08.jpg

8. Great Gatsby

Уште познат како „цветен коктел“ кој во него содржи цеден грејпфрут и вотка, а количината зависи од личниот вкус. 

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-09.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2020 во 09:56


Домашно мохито со малини

Консумирањето на засладените газирани напитоци не e најдобриот избор за освежувње, бидејќи истите се штетни за нашето здравје,особено за тежината. Денес ви откриваме една чудесна алтернатива за истите!

Состојки

  • 500 гр малини
  • 20 гр нане
  • 200 гр шеќер
  • 70 гр лимон

Начин на подготовка

  • Добро измијте го лимонот и добро залејте го со врела вода, а потоа добро исечете ги на кругови со ширина од 5 мм. Не заборавајте даги отстраните сите семиња, со цел да го избегнете горчеливиот вкус.
  • Обилно исплакнете ги листовите од нането и малините. Налејте вода во сад и доведете ја до точка на вриење.
  • На дното на стерилизирана тегла поставете ги малините, неколкуте листови на нане и исечениот лимон. Покријте ја теглата со капак и оставете ја да претстои 20 минути.
  • По 20 минути исипете ја водата од теглата во тава и додадете шеќер. Варете го сирупот 5 минути, а потоа вратете го назад во теглата со овошјата. Затворете ја теглата со капак, свртете ја надолу и оставете ја додека да се излади целосно.


Изменето од Valerija - 16.Јули.2020 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 19:37

Мартини со кокос: Рецепт за неодоливо кремаст зимски коктел


Мартини со кокос: Рецепт за неодоливо кремаст зимски коктел


Со текот на времето се појавија бројни рецепти за мартини, а за време на карантинот, креативната страна се разбуди, па така е создаден еден нов рецепт за мартини со вкус на кокос.


  • 30 милилитри вотка
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • 45 г крем од кокос
  • 30 милилитри Малибу

Начин на подготовка:

  1. Изладете ги сите состојки.
  2. Измешајте ги сите состојки во шејкер и добро протресете. Истурете во чаши.
  3. Украсете по избор!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.