Коктели
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22925
Датум на принтање: 07.Февруари.2025 во 09:37 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Коктели
Постирано од: Mindy
Наслов: Коктели
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 15:42
High libido coctail (Коктелот е за три особи)Состојки - 1/2 л суво бело вино
- 1 чаша коњак
- 30 гр цимет во стапчиња
- малку ванила
- 30 гр џинџер мелен
- 3 лажичи шекер
- малку мелено мускатно оревче
Во
виното ги ставаме циметот,ванилата и џинџерот и ги ставаме во фрижидер
да отстојат 48 ч.Го цедиме виното и во него го додаваме шекерот,коњакот
и мускатното оревче.Добро промешуваме и служиме.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 15:51
Bacardi Bride`s Bowl coctailСостојки - 1 ананас исецкан на мали парченца или една конзерва од 750 гр
- 1 портокал сечен во кругови
- 120 мл сок од лимон
- 120 мл сок од портокал
- 1 1/2 шоља сок од ананас
- 1 шоља коњак
- 1 l Bacardi rum
- 1 l кисела вода
- 3 дози ликер од цреши
- 2 л шампањ или суво пенушаво вино
Во
поголем стаклен сад погоден за пунч или сангрија се става ананасот
,портокалот,сокот од лимон, портокал и ананасот,коњакот,ликерот и се
прелива со Bacardi.Се остава во фрижидер 2 ч.Пред сервирање се
додава пенушавото вино и киселата вода. Дозата е за 25 особи.
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 16:01
ALEXANDAR MACEDONIAN THE GREAT cocktail
Состојки
- 1/3 од чашата коњак
- 1/3 крем од какао или Baileys ликер
- 1/3 чаша шлаг или млечен сладок крем
- здробен мраз
Се мешаат состојките во шејкер.
-------------
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 19.Јуни.2007 во 19:59
coctail BLACK RUSSIAN
Состојки
-------------
|
Постирано од: snegulka
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 14:17
Сина Месечина (Blue Moon)
Наполни го шејкерот со мраз и додај:
35 ml џин
15 ml Blue Curacao ликер
45 ml свеж сируп од лимон (цеден лимон измешан со шеќер)
90 ml сок од ананас
Истреси го добро шејкерот, а потоа сервирај го во висока чаша наполнета со мраз. За декорација може да се искористи едно тркалце лимон.
Коко Шанел (Coco Channel)
Се земаат следниве состојки:
- 30 ml џин
- 30 ml ликер од кафе
- 60 ml шлаг
Се ставаат во шејкер со мраз, се меша и се сервира во мартини чаша.
Валкана Девица (Dirty Virgin)
Се зема шејкер и се ставаат неколку коцки мраз. Потоа се додава:
- 45 ml џин
- 15 мл ликер од чоколадо
Сето добро се меша и се сервира во висока чаша.
------------- http://www.glitter-graphics.com">
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:40
Не знам зошто нема ваква тема
Куба Либре
СОСТОЈКИ
50ml бел рум
100ml Кока-кола
половина зелен лимон
мраз
ПОДГОТОВКА
Cuba Libre се служи во висока чаша без рачка.
Ставете во чашата неколку коцки мраз, а потоа додајте го румот и налејте ја Кока-колата.
Пресечете ја половинката зелен лимон на две четвртинки. Едното парче исцедете го во чашата, а со другото украсете.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:42
Tequila Sunrise
СОСТОЈКИ
60ml текила
120ml сок од портокал
25ml гренадин
мраз
ПОДГОТОВКА
Во обична висока чаша со мраз налејте ја текилата, па потоа сокот од портокал.
Промешајте.
Многу внимателно налејте гренадин по рабовите на чашата. Тој ќе потоне и природно ќе се слее со останатите состојки.
Украсете ја чашата со парче портокал исечено во форма на полумесечина и цреша.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:43
Космополитен
СОСТОЈКИ
30ml водка
15ml ликер од портокал
15ml сок од боровинки
поливина зелен лимон
мраз
ПОДГОТОВКА
Космополитен се служи во чаша за мартини.
Во чашата ставете мраз и оставете го да стои додека го приготвувате коктелот.
Во шејкер ставете ги сокот од боровинки, ликерот од портокал и водката. Исцедете половина зелен лимон и додајте мраз.
Растресете го шејкерот. Штом однадвор се појави кондензација, состојките се добро промешани. Потребни ви се околу 20 секунди.
Истурете го од чашата мразот кој го ставивте претходно.
Прецедете ја течноста од шејкерот и налејте ја во чашата.
Украсете со кора од портокал или лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:45
Sex on the beach
СОСТОЈКИ
50ml водка
25ml ликер од праска
60ml сок од портокал
60ml сок од боровинки
мраз
ПОДГОТОВКА
Коктелот се служи во висока чаша без рачки.
Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од праска и на крајот сокот од портокал и боровинки. Најдобро е да користите пресно исцеден сок од портокал. Наместо сокот од боровинки можете да користите гренадин.
Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
Украсете со парче портокал исечен како полумесечина или цреша.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:46
Маргарита
СОСТОЈКИ
40ml текила
20ml ликер од портокал
10ml сок од зелен лимон
сол
мраз
ПОДГОТОВКА
Чашата во која што се служи коктелот Маргарита треба да биде во форма на инка т.е. горниот дел да биде проширен.
Со парче лимон навлажнете го работ на чашата и потопете го во сад со покрупна сол.
Состојките ставете ги во шејкер и додајте мраз.
Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
Потоа прецедете ја течноста и налејте ја во претходно приготвената чаша.
Украсете го коктелот со парче зелен лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:47
Мохито
СОСТОЈКИ
50ml бел рум (Havana Club, Bacardi)
2 ч.л. шеќер
1 зелен лимон
10 ливчиња од нане
мраз
газирана вода
ПОДГОТОВКА
Мохито се служи во висока чаша без рачка.
Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.
Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот.
Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода.
Украсете со парче зелен лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:50
Between the sheets
Потребни состојки:
30 милилитри Бел рум
20 милилитри Џус од лимон
30 милилитри Triple Sec
30 милилитри Brandy
Подготвување:
тавете ги сите состојки, потоа ставете мраз, и на крајот протресете.
За декорација лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 10:58
Одлична тема
Pina Colada
Потребни состојки:
- 60 мл бел рум, - 3 лажици кокосово млеко ( или кокосов ликер ), - 3 лажици издробен ананас ( или сок од ананас ).
Подготовка:
- Ставете ги сите состојки во блендер и додајте два шола ситни парчиња мраз. Мешајте кратко со голема брзина. Ставете во чаша и послужете со цевче.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 11:08
Long Island Ice Tea
Потребни состојки: 20мл водка
20мл рум
20мл текила
20мл џин
20мл безбоен ликер од портокали
20мл спрајт
ликер од малини
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во шеќер за коктели наполнет до половина со ледени коцки и потоа сервирајте во чаша.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 04:40
White Russian
White Russian (Бел Русин; Бел Руски) е сладок коктел кој секој треба
да го знае. Во основата има водка и е со арома на кафе и слатка
павлака. Коктелот не е традиционален руски пијалок, но е именуван така
поради основната состојка во него – водката.
Состојки
50ml | водка |
25ml | ликер од кафе
|
25ml | слатка павлака (хопла) |
| мраз |
http://www.femina.mk/images/articles/39/large/white-russian.jpg">
Подготовка
Овој коктел се служи во обична ниска чаша.
- Ставете неколку коцки мраз во чашата.
- Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од кафе и
на крајот додајте ја слатката павлака. Наместо павлаката можете да
користите и млеко.
- Растресете го шејкерот. Потребни се околу 20 секунди.
- Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата за коктелот.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 04:43
Коктел за заљубени
Состојки за двajца:
- 100 грама замрзнати јагоди
- 1 мала чаша вотка
- 1 мала чаша коњак од круша
- 4-6 коцки мраз
- 3 мл швепс
Начин на подготовка:
Измиксирајте
ги смрзнатите јагоди со 0,5 мл швепс. Тоа поделете го во две чаши за
коктел, додадете го мразот, вотката, коњакот и на крај швепсот. Чашите
треба да бидат високи. Украсете ги со една јагода на чашата.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 04:47
Е ова не го знаев
Хороскоп и коктели
Во пресрет на лудите деноноќни забави коктелите се идеален пијалак за подобрување на вашето расположение. Сепак
овој пат ви нудиме избор на најразновидни коктели во зависност од
вашиот хороскопски знак. Бидете инвентивни и направете ја својата
домашна забава поинаква од другите. Овен или бик, скорпија или водолија
не е важно, покажете ја својата креативност и уживајте. Овните
сакаат се што е скапо па затоа за нив се препорачува коктел од скапи
пенливи вина. Земете една праска или калинка и блендирајте ја со малку
мраз. Откако ќе го направите тоа прелијте со пенливо вино. Биковите се
познати како знак кој ужива во храната. Бидејќи станува збор за
вистински гурмани и коктелот кој што го подготвувате за нив треба да
има интензивен вкус. Во чаша ставете неколку зашеќерени јагоди и
прелијте со слатко вино по сопствен избор.
Близнаците важат за визуелен тип на луѓе па затоа
коктелот кој што ќе им го приготвите треба да изгледа убаво. Помешајте
еднакви количини од овошен чај, сируп од мандарина и пиво. Доколку
сакате можете да додадете и парчиња од свежо овошје.
Раковите
преферираат добар вкус но и добар мирис па затоа најмногу уживаат
во јаки коктели. Помешајте еднакви количини на вотка, ликер од ментол,
сок од лимон,сируп од лимон, минерална вода и послужете со мраз.
Лавовите
сакаат се што е гламурозно, скапо и во тренд па затоа нема да згрешите
доколку им подготвите коктел кој што е навистина луксузен. Затоа
разгледајте ги новите трендови и од таму одберете соодветен коктел.
Девицата е позната по својата пребирливост па затоа
е мошне тешко да се задоволи. Нивниот коктел треба да биде едноставен
но внимателно подготвен. Во чаша со минерална вода додадете сок од еден
портокал и малку рум. Коктелот послужете го со мраз.
Терезиите
сакаат нивниот коктел да биде во најразлични бои. Затоа треба да
посветите поголемо внимание на неговиот изглед .Измешајте еднаква
количина на бело вино, вотка и сируп од портокал. Послужете со мраз и
задолжително украсете со вишни, јагоди или друго овошје. Мистичните
скорпии сакаат мистични коктели. Кога го подготвувате нивниот коктел не
ги мешајте содржините туку само налевајте една по друга. Колку е
посилен коктелот толку е подобар. Во висока чаша налејте рум, џин,
ликер од мента и така послужете.
За класичниот тип на стрелец
би можеле да подготвите комплициран коктел составен од јагоди, топка
сладолед и на крајот прелиен со пенливо вино. Традиционалната природа
на јарците сака проверени рецепти. За нив ќе биде доволен и обичен
коктел како што е џин тоникот.
Водолиите сакаат нови нешта па ќе бидат среќни
доколку им понудите нешто ново. Можете да помешате виски со сок од
свежо исцеден лимон и портокал и потоа да додадете тоник.
За рибите
подгответе овошен коктел но не заборавајте да додадете некоја егзотична
состојка. Обидете се да ги заинтригирате. Земете парчиња од диња и
лубеница и прелијте ги со рум, ликер од кокос и малку сируп од јагода.
Доколку сакате можете да го разблажите коктелот со минерална вода и
мраз.
Мене ми погодиле како за чудо
(извор ...бармени.мк)
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 04:53
Red Devil
- 0,04 л Водка
- 0.04 л Amaretto
- 0.04 л Southern Comfort
- 0.04 л Gin
- 0.06 л Triple Sec
- 0.06 л Џус од Портокал
- Малку Grenadine (црвен сируп)
Алкохолот се меша во шејкер полн со ситен мраз. Потоа се додава џусот и црвениот сируп. Се служи во високи чаши. Наздравје.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 05:02
Сазерак (еден од најстарите коктели) Состојки: - 5 мл ликер со вкус на анасон - 8 гр бел шеќер - 20 мл вода - 8 капачиња Peychaud bitters - коцки мраз - 235 мл бурбон виски - 55 гр сок од лимон Начин на подготовкаПред
да се подготви коктелот ставете ги чашите во фрижидер. Ставете го
ликерот од анасон во чашата, на тој начин што ќе ги намокрите ѕидовите
од чашата. Додајте ја водата, шеќерот и bitter-от во чашата, и мешајте.
Додајте ги коцките мраз, ставете го вискито и на крај сокот од лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јули.2010 во 05:12
Ледено кафе со чоколада
Потребни состојки:
- 30 грама Шлаг
- 50 грама Сладолед од чоколада
- 50 грама Сладолед од ванила
- 150 милилитри Млеко
- 2 Кафе филџан/и
- 5 грама Ванилин шекер
Подготвување:
Со миксер се матат кафето, млекото, сладоледот и ванилиниот шеќер.
Се истура во високи чаши со коцки лед и веднаш се послужува.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Јули.2010 во 18:12
Каротинска бомба
Исечете на парчиња 1 кг моркови, 4 излупени портокали и 1 китка копар. Сето тоа ставете го во соковник за да добиете густ сок. Во сокот ставете малку мелени бадеми и послужете го во чаши со коцки мраз. Овој сок е идеален за совршено поцрнета кожа. Тој микс е концентрат на каротин кој го стимулира производството на меланин и ја штити кожата од предвремено стареење
-------------
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 01.Август.2010 во 15:50
obozavam kokteli....ovde vo sk vo kubanski posleden pat piev i mnogu bese ubav koktelot...ama go zaboraviv kako se vikase...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 23:39
Лубеница Мартини
Потребни состојки:
- 60 грама Шеќер
- 3 лажица/ци Сол
- 250 милилитри Сок од лубеница
- 30 милилитри Сируп од шеќер
- 1 парче/чиња Лимон
- 150 милилитри Водка
Подготвување:
- Се мешаат шеќерот и солта. Висока и широка чаша за мартини се натопува по работ со ливче од лимонот и се вала во шеќерот и солта.
Може да се декорира со парче од лубеницата.
Во шејкер се става сокот од лубеница, исцедениот сок од лимонот и сирупот и
неколку коцки лед. Се промешува добро.
Целата смеса се става во спремената чаша за мартини.
-
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 23:42
Bloody Mary
Објавено: 04/01/2010 год.
Потребни состојки:
- 100 милилитри Доматен сок
- 60 милилитри Вода
Подготвување:
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 23:48
Вулкано
Потребни состојки:
- 50 милилитри Шампањ
- малку Кора од лимон
- 50 милилитри Водка
- 50 милилитри Blue Curacao
Подготвување:
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 12:36
Пенесто фрапе од банани и кикирики
Потребно:
2 банани 1 лажица сок од лимон 2 лажици мед 100 мл ладно млеко 1 лажица путер од кикирики 100 мл изладена павлака за шлаг
Приготвување: излупените банани исечете ги, испрскајте ги со сокот од лимонот и ставете ги во блендер. Додадете ги медот, млекото, путерот од кикирики и сето тоа добро испасирајте го. Откако ќе добиете мазна смеса, исклучете го блендерот и лефтерно измешајте ја павлаката за шлаг. Напивката сипајте ја во високи чаши и послужете ја.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 05:18
Коктел - Blue moon
Потребни состојки:
- 45 милилитри Цеден Лимон
- 90 милилитри Сок од Ананас
- 35 милилитри Џин
- 15 милилитри Blue Curacao
Подготвување:
Шејкерот го полниме со мраз, па ги додаваме сите состојки.
Добро се протресува шејкерот, а потоа се сервира бо високи чаши.
Се декорира со парчиња лимон.
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 13:03
Како да направите совршена маргарита
Доколку саката да се напиете
навистина вкусна маргарита, внимавајте на текилата зашто добрата текила
не треба да биде ниту премногу слатка ниту премногу солена и важно е да
е направена од висококвалитетни природни состојки.
Познатиот
коктел мајстор Jonathan Pogash направи модифицирана верзија на овој
популарен коктел која едноставно ја нарече - Evolutionary Margarita.
Маргаритите
повеќе не се мешаат со слатка "Triple Sec" текила или со текили полни
со адитиви. Во последно време, се’ повеќе се ставаат солени состојки.
Искусните
бармени препорачуваат маргарита со свежи пиперки и сок од агава,
помешани со природно слатката CORZO Reposado текила. Се става и зелен
лимон и малку црвено пиперче. Еве го рецептот:
- 60 ml Corzo Reposado Tequila
- 15 ml ликер Grand Marnier
- 15 ml или помалку сок од агава за вкус
- 20 ml свежо цеден сок од зелен лимон
- 6-8 мали парченца жолта или црвена пиперка
Измешајте ги парченцата пиперка со
сокот од агава и од зелен лимон во шејкер, па додадете ги останатите
состојки и убаво промешајте со мраз. Украсете ја чашата со пиперче и со
парче зелен лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 13:10
sneska_v напиша:
<h1 ="title">Bloody Mary</h1>
<div ="date_published">
Објавено: 04/01/2010 год.
<h4 ="title">Потребни состојки:</h4>
<ul ="namirnici_single_recept">100 милилитри Доматен сок 60 милилитри Вода <h4 ="title">Подготвување:</h4>
<div ="text">
<a href=""></>Ставете ги состојките во шејкер и додадете 4 коцки мраз, истите промешајте ги малку. Сипете го пијалокот во чаша и по желба и креативност може да додадете сок од лимон, Табаско, сол, бибер и др.
|
...наместо магдонос ставете две-три ливчиња од босилок.
се мези со домашна,коњак..или мастика по желба...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 23:10
Направете енергетска напивка
Енергетските напивки, кои многумина ги користат за време на напорните спортски тренинзи ги надоместуваат дневното внесување на јагленородни хидрати и загубената течност, треба да се пијат по вежбањето, констатираа американските истражувачи. Тие му помагаат на организмот да создадат залихи на гликоген во мускулите, кој ги чува и им ја зголемува енергијата. Можете и сами да направите енергетска напивка. Во 1 литар топла вода измешајте 60 грама шеќер, малку сол и 200 мл овошен сок, па течноста пијте ја 20 минути по вежбањето.
-------------
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 03.Октомври.2010 во 16:48
Коктел - Blue moon
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
45 милилитри Цеден Лимон
90 милилитри Сок од Ананас
35 милилитри Џин
15 милилитри Blue Curacao
ПОДГОТОВКА:
Шејкерот го полниме со мраз, па ги додаваме сите состојки.
Добро се протресува шејкерот, а потоа се сервира бо високи чаши.
Се декорира со парчиња лимон.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Ноември.2010 во 13:02
Вински коктели
Лошото расположение кое ни го носи есента, избришете го со освежителните и отмени коктели со вино.
Овие пијалаци ќе ви обезбедат совршен почеток за секоја забава, а сигурно и добро расположение.
Цвет од портокал
Потребно е: 20 мл кампари, 20 мл ликер од праска, 60 мл сок од портокал, пенливо вино
Подготовка: Измешајте ги сите состојки, освен пенливото вино, во шејкер или блендер со мраз, па процедете во чаша со една до две коцки мраз. Потоа додадете го пенливото вино и декорирајте со парче портокал.
Харлем блуз
Потребно е: 30 мл виски, 10 мл вермут, 40 мл сок од портокал, 10 мл сок од лимон, шампањ
Подготовка: Помешајте ги сите состојки, освен шампањот, во блендер со мраз и процедете во чаша. Потоа додадете го шампањот. Украсете со парче лимон.
Коктел со јаболка
Потребно е: 300 гр јаболка, 3 парчиња лимон, 2 лажици шеќер, 2 стапчиња цимет, 1л суво бело вино, 300 мл минерална вода
Подготовка: Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки парчиња. Наредете ги во кружна чинија и прекријте ги со парчињата лимон. Посипете ги со шеќер, додадете цимет и истурете го виното. Оставете да отстои во фрижидер една ноќ, пред да го послужите додадете минерална вода.
Есенска берба
Потребно: 250 мл бело слатко вино, 250 мл сок од портокал, 250 мл сок од праска, 250 мл газирана минерална вода, коцки мраз
Подготовка: Измешајте ги сите состојки, освен виното, во шејкер и распределете во чаши на кои претходно сте им го протриле работ со лимонов сок и сте ставиле шеќер. Додате го и виното и коцки мраз.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 07:10
Топол сок од јаболко во крушка
Еве што ви треба за 4 пијалаци:
- 4 зимски бледо-жолтеникави цврсти крушки
- 2 стапчиња цимет
- 4 парчиња ѕвездест анасон
- 200 мл текила
- 150 мл свежо приготвен сок од јаболка
Прво, издлабете ги крушките како што е покажано на сликата. Месото од крушките ставете го во блендер и измиксајте го. Во мало тенџерче ставете ги сокот од јаболка и пирето од круши. На средно-ниска температура мешајте додека да се загрее смесата и да се разреди. Откако смесата ќе биде течна, ставете ги анасонот и стапчињата цимет. Исклучете ја ринглата и мешајте пет-шест минути. Потоа, извадете ги зачините и ставете ја текилата. Сокот претурете го во претходно издлабените крушки. Вистинско зимско уживање.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Февруари.2011 во 08:51
/zabava/interesno/7420-koktel-qangliska-maglaq - Коктел - „англиска магла“ |
Согласно тмурното и магливо време кое се најавува за деновиве, ви предложуваме еден интересен коктел, кој бргу се подготвува, и може да ве расположи.
Го носи името Лондонска или Англиска магла.
Состојки
Начин на подготовка
Ставете 100 ml Ред бул директно во чаша, ставете коцка мраз и полека по желба додавајте пинаколада. Почекајте 1 минута пијалокот да го добие саканиот изглед (пинаколадата поради мразот полека се спушта). Додадете резанки од лимон и портокал по работ на чашката.
Време на подготовка: 3 минути. |
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Февруари.2011 во 22:51
SIDECAR
Состојки:
2 oz. Бренди
1/2 oz. Triple Sec
1 oz. Џус од лимон
Опис:
Во шејкер наполнет до половина со коцки мраз, ставете ги сите состојки. Протресете добро. Процедете во коктел чаша.
Тип на чаша: Коктел чаша
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 13:00
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=313 - Шејк од зелени јаболка
Одличен начин да го почнете денот-ШЕЈК ОД ЗЕЛЕНИ ЈАБОЛКА. Ем вкусно, ем здраво. Секако, Вие можете да си комбинирате свои овошја, па дури и зеленчуци во шејкот, но јаболката се одлични за конзумирање наутро, особено за појадок.
Потребно за 1 шејк:
- 2 зелени јаболка
- 150 мл. млеко
- цимет
Подготовка: Измијте ги јаболката, излупете ги и исечете ги на коцки. Ставете ги во блендер, додајте го млекото и миксајте додека не се добие еднолична смеса. Ако е премногу густо, додајте уште малку млеко, ако е многу ретко, додајте уште јаболка. Ставете го шејкот во голема чаша и од горе попрскајте со цимет. Ставете некоја коцка мраз, ако сакате.
Супер свежо и здраво утро, нели?
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 14:10
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=336 - Вотка пунч со јагоди
Потребно:
- 60 мл. вотка
- 60 мл. ликер од јагоди ( или 200 гр. блендани јагоди)
- 30 мл. сок од ананас
- 30 мл. сок од вишни
- многу мраз
- две јаготки сечени на половинки
- шеќер
- шејкер
Поготовка: Во шејкерот ставете ги мразот, вотката, ликерот, соковите од ананас и вишна и мешајте додека не се соединат. Миксот претурете го во соодветна чаша на која ќе и ги извалкате рабовите со шеќер. Ставете уште мраз. Ставете ги парчињата јагоди
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 29.Март.2011 во 16:34
ова за другата година
8-МИ МАРТОВСКИ КОКТЕЛ
Состојки:
- 45 ml виски
- 5 ml слатко vermouth вино
- 7,5 ml бренди од цреша
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во миксер за коктели со мраз по ваша желба.
Потоа целата мешавина ставете ја во претходно изладена чаша за мартини.
Украсете го мартинито со марачино цреша.
Уживајте во пијалокот.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 29.Март.2011 во 16:35
LOVE COCKTAIL
Состојки за двajца:
- 100 грама замрзнати јагоди
- 1 мала чаша вотка
- 1 мала чаша коњак од круша
- 4-6 коцки мраз
- 3 мл швепс
Подготовка:
Измиксирајте ги смрзнатите јагоди со 0,5 мл швепс.
Тоа поделете го во две чаши за коктел, додадете го мразот, вотката, коњакот и на крај швепсот. Чашите треба да бидат високи. Украсете ги со една јагода на чашата.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 29.Март.2011 во 16:36
FRENCH KISS
Состојки:
- 15 ml Amaretto
- 15 ml Какао крем
- 15 ml Ликер од бело чоколадо
- Чоколаден сируп
Подготовка:
Измешајте си сите состојќи и откако добро ќе се измешаат ставете ги во изладено чаша за мартини во која претходно ќе ставите од чоколадниот сируп.
Уживајте во пијалокот.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 29.Март.2011 во 16:38
ЗЕЛЕНА СОБА (GREEN ROOM)
Состојки:
- 30 ml сув вермут
- 15 ml бренди
- 2 капки ликер од портокал
Подготовка:
Се мешаат сите состојки со мраз и се сервираат во коктел чаша !!!
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 29.Март.2011 во 16:46
BETWEEN THE SHEETS
Состојќи:
- 30 милилитри Бел рум
- 20 милилитри Џус од лимон
- 30 милилитри Triple Sec
- 30 милилитри Brandy
Подготвување:
Ставете ги сите состојки, потоа ставете мраз, и на крајот протресете...
За декорација лимон.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Мај.2011 во 19:55
КОКТЕЛ ОД ЗЕЛЕН ЧАЈ
Време на приготвување: 10 минути
Потребни состојки
* листо ви од
* 2 парчиња лимети
* 2 лажици Бакарди рум
* 100 мл зелен чај оладен
Начин на подготовка
Во соодветни чаши за послужување на овој кокте ставете исечени листови од нане,парчиња од лимети, и додајте рум.
За крај до врвот наполнете ја чашата со оладениот зелен чај и промешајте.
Сервирајте ладно.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Мај.2011 во 19:56
ВУЛКАНО
Време на приготвување: 5 минути
Потребни состојки
• 50 милилитри Шампањ
• малку Кора од лимон
• 50 милилитри Водка
• 50 милилитри Blue Curacao
Начин на подготовка
Вотката и ликерот се мешаат заедно со мраз, потоа се полнат високи чаши до половина и се дополуваат со добро оладено шампанско.
Се служи украсен со кора од лимон.
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јули.2011 во 12:44
Каротинска бомба
Исечете 1 кг моркови, 4 излупени портокали и 1 китка копар на парчиња. Ставете го сето тоа во соковник за да добиете густ сок. Ставете малку мелени бадеми во сокот и послужете го во чаши со коцки мраз. Овој сок е идеален за совршено поцрнета кожа. Оваа мешавина е концентрат на каротин, кој го стимулира производството на меланин и ја штити кожата од предвремено стареење.
-------------
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 20.Јули.2011 во 12:06
Коктел Blue Summer
Летото е во полн ек. Се разладувате на некоја плажа? Веројатно
ќе посакате да пробате и некој тренди коктел. Во продолжение еден освежителен предлог:
Состојки
Начин на подготовка
Се додава битер лемон по вкус, 30 ml вотка "Finlandia", 30ml џин,5 ml ликер "Blue Curacao" и се украсува по желба.
Време за подготовка: 3 минути.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Јули.2011 во 13:13
Коктел Modern Love
Состојки
Начин на подготовка
Коктелот се подготвува директно во висока чаша, а се декорира со грејпфрут.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 04.Август.2011 во 15:34
Дефинитивно од сите коктели што ги имам пробано, пинаколада ми е најгрд. Пред некој ден го пробав коктелот Mai Tai, но некако повеќе како на сок да беше... Куба либре ми е еден од најдобрите, а исто така и текила санрајс и маргарита. Добри се и Long Icland Ice Tea и Cosmopolitan.
Се надевам ќе пробам уште некој ова лето, па ќе пишам.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Септември.2011 во 11:16
Коктели кои ги "палат" жените
Познат бармен издал книга со рецепти за коктели кои имаат посебно
секси делување на понежниот пол. Нема пијалак кој е поеротичен од
коктелите кои...
...се привлечни и по вкус и по изглед.
Шарените бои и ефектните декорации особено им се атрактивни на
жените, а умерената количина алкохол може и најсрамежливите девојки да
ги поттикне на флерт.
Главниот бармен на берлинскиот хотел Савој, Имкер Озкилич, долги
години работел како бармен и точно знаел како делуваат коктелите на
понежниот пол.
Во книгата „33 Коктели“ ги напишал рецептите за коктелите кои најмногу ги „палат“ жените:
|
Ladykiller
- 30 ml џин
- 10 ml бренди од марели
- 10 ml Cointreau (ликер од портокал)
- 60 ml сок од ананас
- 60 ml сок од маракуја
Се сервира во висока чаша (за долги пијалаци), работ на чашата се
натопува со портокал и се обложува со шеќер.Се додаваат парче портокал и
цреша за декорација.
|
|
Sex on the Beach
- 40 ml вотка
- 20 ml ликер од праска
- 70 ml сок од ананас
- 70 ml сок од брусница
Се сервира со мраз во долга чаша за пијалак, а за декорација се додава пороткал. |
|
One Night Stand
- 30 ml Drambuie (ликер од виски, мед и билки)
- 20 ml сок од портокал
- 10 ml сок од лимон
- Шампањ
Во чаша се ставаат измешаните сокови и ликерот. На крајот одозгора се става шампањот.
|
|
Pretty Woman
- 20 ml ликер од праска
- 10 ml блага павлака
- 20 ml сок од шипки
- 10 ml ликер од кокос
- 100 ml сок од ананас
Се меша со мраз и се сервира во долга чаша за пијалак. |
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 22.Октомври.2011 во 07:55
BLUEBERRY CHI CHI
Состојки:
- 1 oz. Водка
- 1/2 Џус од портокал
- 1/2 Pina Colada Mix
- 1 oz. Ликер од малина
- 1 oz. Џус од вишна
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки со мраз и процедете во чаша со мраз.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 22.Октомври.2011 во 07:56
FAIR SEX
Состојки:
- 30 мл Џин
- Сируп од шеќер
- 15 мл Бренди од вишна
- 30 мл Grenadine
Состојки:
Комбинирајте џин, BOLS Maraschino, BOLS Бренди од вишна, џус од лимон и сируп од шеќер по ваш вкус во шејкер половина полн со мраз исцедете во изладена коктел чаша.
Гарнирајте со вишна!
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 22.Октомври.2011 во 07:56
BLOODY BRAIN SHOOTER
Состојки:
- 40 мл вотка (по можност со вкус на јагода) - малку сок од лимета - 20 мл ирски крем
Подготовка:
Најнапред изладете ја убаво вотката, за да се добие добра текстура. Потоа, промешајте ја вотката и сокот од лимета во шејкер.
Налејте ја содржината во мали чашки за алкохол. Со помош на сламка додадете ирски крем во пијалакот. Тоа ќе го направите така што ќе ја ставите сламката во ирскиот крем, ќе повлечете од кремот и со прстот ќе го затворите горниот дел од сламката.
Потоа, сламката ставете ја во пијалакот, тргнете го прстот од неа и ирскиот крем ќе падне во пијалакот, при што ќе имитира изглед на мозок. За потполн впечаток, можете да додадете неколку капки црвен сируп кој ќе создаде илузија на крв.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:41
White Russian
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/white-russian"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2Fwhite-russian&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">>
White Russian (Бел Русин; Бел Руски) е сладок коктел кој секој треба да го знае. Во основата има водка и е со арома на кафе и слатка павлака. Коктелот не е традиционален руски пијалок, но е именуван така поради основната состојка во него – водката.
Состојки
50ml |
водка |
25ml |
ликер од кафе (Kahlua) |
25ml |
слатка павлака (хопла) |
|
мраз |
http://www.femina.mk/images/articles/39/large/white-russian.jpg">
Подготовка
Овој коктел се служи во обична ниска чаша.
- Ставете неколку коцки мраз во чашата.
- Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од кафе и на крајот додајте ја слатката павлака. Наместо павлаката можете да користите и млеко.
- Растресете го шејкерот. Потребни се околу 20 секунди.
- Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата за коктелот.
Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:42
Tequila Sunrise
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/tequila-sunrise"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2Ftequila-sunrise&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">>
Tequila Sunrise (текила санрајз) е коктел кој освен што изгледа убаво има и неверојатен вкус. Коктелот го носи тоа име, затоа што неговите состојки ги пресоздаваат боите на изгрејсонцето.
Состојки
60ml |
текила |
120ml |
сок од портокал |
25ml |
гренадин |
|
мраз |
http://www.femina.mk/images/articles/34/large/tequila-sunrise.jpg">
Подготовка
- Во обична висока чаша со мраз налејте ја текилата, па потоа сокот од портокал.
- Промешајте.
- Многу внимателно налејте гренадин по рабовите на чашата. Тој ќе потоне и природно ќе се слее со останатите состојки.
- Украсете ја чашата со парче портокал исечено во форма на полумесечина и цреша.
Варијации
Ако имате авантуристички дух и сакате да пробате нови работи, ви предлагаме неколку варијации:
Tequila Sunset – заменете го гренадинот со бренди од капинки. Caribbean Sunrise – заменете ја текилата со рум. Vodka Sunrise – заменете ја текилата со водка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:43
Куба Либре
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/куба-либре"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2F%D0%BA%D1%83%D0%B1%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D1%80%D0%B5&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">>
Cuba Libre (во превод „Слободна Куба“) е освежителен коктел кој сигурно ќе ве измами да го пробате во текот на топлите пролетни и летни денови. Одличен е ако сакате да ги изненадите своите пријатели, затоа што повеќето луѓе го сакаат, а се приготвува многу лесно.
Легенди за потеклото http://www.femina.mk/images/articles/869/large/kuba-libre.jpg">
Двете најпознати марки на рум, Havana Club и Bacardi, имаат своја верзија за тоа како и кога настанал коктелот.
Според Havana Club, коктелот Куба Либре за прв пат бил послужен во Куба во 1900г. Се смета дека во таа година колата за прв пат била пренесена во Куба од американските војници.
Според Bacardi, коктелот Куба Либре бил создаден за време на Шпанско-американската војна. Еден ден, група американски војници се собрале во кубански бар. Некој од нив порачал златно Bacardi со кола, коцки мраз и малку зелен лимон. Пијалокот предизвикал љубопитност кај останатите војници кои исто така го порачале. Еден војник решил дека треба да наздрават со зборовите „Por Cuba Libre“ (за слободна Куба) во чест на ослободувањето на островот, па така коктелот го добил и своето име. Но, оваа приказна има еден мал пропуст. Шпанско-американската војна и ослободувањето на Куба се случиле во 1898г., додека Кока-колата за прв пат во Куба се појавила во 1900г.
Иако точната приказна за настанувањето на коктелот Куба Либре е непозната и сложена, добро се знае рецептот за неговото приготвување, кое е многу лесно и едноставно.
Состојки
50ml |
бел рум |
100ml |
Кока-кола |
½ |
зелен лимон |
|
мраз |
Подготовка
Cuba Libre се служи во висока чаша без рачка.
- Ставете во чашата неколку коцки мраз, а потоа додајте го румот и налејте ја Кока-колата.
- Пресечете ја половинката зелен лимон на две четвртинки. Едното парче исцедете го во чашата, а со другото украсете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:44
Пина Колада
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/пина-колада"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">>
Пина Колада е сладок коктел кој во себе содржи рум, кокосов крем и сок од ананас. Најчесто се служи со издробен мраз. Тој е еден од најраспространетите коктели низ баровите во Македонија, но тоа не треба да ве спречува да си направите свој во домашни услови.
Потекло
Се смета дека Пина Коладата потекнува уште од 20 век, кога во Куба бил создаден пијалок кој се нарекувал piña fria (студен ананас). Се правел од дробен ананас, шеќер и мраз.
Модерниот коктел Пина Колада се верува дека е создаден во бар во Сан Хуан, Порторико, во 1950г. Поради тоа, во 1978г. овој коктел е прогласен за официјален коктел на Порторико.
Состојки
30ml |
бел рум |
30ml |
кокосов крем (или кокосово млеко) |
30ml |
сок од ананас |
|
мраз |
http://www.femina.mk/images/articles/1040/large/pina-kolada.jpg">
Подготовка
- Чашата во која ќе го служите коктелот наполнете ја со мраз и оставете ја настрана.
- Ставете ги во блендер румот, кокосовиот крем, сокот од ананас и 8 коцки мраз. Потоа пуштете го блендерот да меша додека мразот целосно не се издроби. Треба да добиете скоро хомогена смеса.
- Испразнете ја чашата којашто претходно ја ставивте да се лади, а потоа налејте ја во неа смесата од блендерот.
- Украсете со парче ананас, мараскино цреша, две сламки и коктел чадорче.
Можете да употребите различни количини на дадените состојки. Пример: ако сакате посилен коктел, употребете двојно количество на рум (60ml). Некои сметаат дека оригиналниот рецепт препорачува 45ml бел рум, 90ml кокосов крем и 180 ml сок од ананас.
Ако сокот од ананас е блуткав или киселкав, додајте во коктелот шеќер во прав.
Варијации
- King Henry – на коктелот Пина Колада додајте му вотка.
- Piñita Colada (девствена Пина Колада) – без рум.
- Chi Chi – вотка наместо рум.
- Amaretto Colada – амарето наместо рум.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:46
Сангрија
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/сангрија"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2F%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">>
Правите приватна забава со омилените пријатели и ви треба лесен, колоритен и вкусен летен пијалок? Нема подобар избор од сангријата. Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено или бело вино ќе го задоволи секој вкус, а вие нема да останете без пофалби за инвентивната забава.
Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија.
Традиционална сангрија
http://www.femina.mk/images/articles/1109/large/sangria.jpg">
Состојки
1 шише |
црвено вино (1 литар) |
½ чаша |
бренди |
½ чаша |
свежо цеден сок од портокал |
¼ чаша |
шеќер |
1 |
портокал, исечен на тенки кругови |
1 |
лимон, исечен на тенки кругови |
1 |
зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови |
1 |
јаболко, исечено на тенки полумесечинки |
1 чаша |
газирана вода |
|
мраз |
Подготовка
Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори.
Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.
Сангрија бланка (бела сангрија)
Кога сангријата се приготвува со бело вино, се нарекува сангрија бланка. Еве рецепт за сангрија наменет за љубителите на белото вино.
http://www.femina.mk/images/articles/1109/large/sangria-blanca.jpg">
Состојки
1 шише |
суво бело вино (750ml) |
½ чаша |
свежо исцеден сок од портокал |
½ чаша |
свежо исцеден сок од лимон |
¼ чаша |
ликер од портокал (Triple sec) |
½ чаша |
шеќер |
1 |
лимон, исечен на тенки кругови |
1 |
портокал, исечен на тенки кругови |
250ml |
газирана вода |
|
мраз |
Подготовка
Во голем бокал ставете ги сокот од лимон, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот.
Додајте го виното, ликерот и исечканите плодови. Оставете го бокалот да стои во фрижидер барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и послужете во чаши со мраз.
Совети
- Сангријата секогаш се служи ладна.
- Од овошје можете да користите портокали, лимони, лимета, јаболка, праски, јагоди, боровинки, ананас, манго, грозје, диња и сл.
- Наместо шеќер можете да ставите мед.
Искористете ја својата фантазија и креативност и направете своја оригинална сангрија, којашто ќе ја памети целото друштво.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:48
Космополитен
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/космополитен - http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2F%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180 - >
Космополитен (Cosmopolitan) е софистициран коктел базиран на водка и зачинет со аромата на портокал и брусница. За прв пат е создаден во Сан Франциско, а станува популарен во 80-тите и 90-тите години. Накратко се нарекува Космо.
-
Состојки
-
- 30ml |
водка |
- 15ml |
ликер од портокал (Triple sec, Cointreau) |
- 15ml |
сок од брусница |
- ½ |
зелен лимон |
- |
мраз |
- Подготовка
- Космополитен се служи во чаша за мартини.
http://www.femina.mk/images/articles/35/large/cosmopolitan.jpg">
1.Во чашата ставете мраз и оставете го да стои додека го приготвувате коктелот.
2.Во шејкер ставете ги сокот од брусница, ликерот од портокал и водката. Исцедете половина зелен лимон и додајте мраз.
3.Растресете го шејкерот. Штом однадвор се појави кондензација, состојките се добро промешани. Потребни ви се околу 20 секунди.
4.Истурете го од чашата мразот кој го ставивте претходно.
5.Прецедете ја течноста од шејкерот и налејте ја во чашата.
6.Украсете со кора од портокал или лимон.
Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:51
Sex on the beach
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/sex-on-the-beach"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2Fsex-on-the-beach&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">>
Sex on the beach (Секс на плажа) е еден од најпопуларните коктели. Освежителен е и вкусен. Едноставно вреди да се проба.
Состојки
50ml |
водка |
25ml |
ликер од праска |
60ml |
сок од портокал |
60ml |
сок од боровинки |
|
мраз |
http://www.femina.mk/images/articles/38/large/sex-on-the-beach.jpg">
Подготовка
Коктелот се служи во висока чаша без рачки.
- Во шејкер со мраз налејте ја прво водката, потоа ликерот од праска и на крајот сокот од портокал и боровинки. Најдобро е да користите пресно исцеден сок од портокал. Наместо сокот од боровинки можете да користите гренадин.
- Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
- Прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
- Украсете со парче портокал исечен како полумесечина или цреша.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:52
Даикири
Даикири (Daiquiri) е едноставен коктел со незаборавлив вкус. Ако румот е вашиот омилен пијалок нема како, а да не ви се допадне овој коктел.
Состојки
60ml |
бел рум |
30ml |
сок од зелен лимон |
2 ч.л. |
шеќер (или 20ml шеќерен сируп) |
|
мраз |
Подготовка
Даикири се служи во чаша за мартини.
- Ставете неколку коцки мраз во чашата и оставете ги додека го приготвувате коктелот.
- Во шејкер со мраз ставете ги румот, шеќерот (шеќерниот сируп) и исцедете 30ml сок од зелен лимон.
- Растресете го шејкерот за околу 20 секунди.
- Отстранете го мразот од чашата во која ќе го служите коктелот.
- Исцедете ја течноста и украсете со тенко исечено кругче зелен лимон.
Варијации
Ви предлагаме да пробате и неколку популарни варијации на коктелот Даикири:
- Papa Doble – употребeте двојно повеќе рум од оригиналната рецепта. Хемингвеј обожавал да пие силно Даикири, па од таму доаѓа оваа варијација на коктелот.
- Hemingway Special – шеќерот заменете го со еднакви количини сок од грејпфрут и ликер мараскино.
- Јагодово Даикири – заедно со другите состојки во шејкерот додајте 5 јагодки.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:53
Мохито
http://www.femina.mk/рецепти/пијалоци-и-коктели/мохито"> http%3A%2F%2Fwww.femina.mk%2F%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8%2F%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%2F%D0%BC%D0%BE%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%BE&layout=button_count&locale=mk_MK&node_type=link&sdk=joey&show_faces=false&width=180">> http://www.femina.mk/images/articles/32/large/mojito.jpg">
Историја на коктелот Мохито
Коктелот Мохито потекнува од Куба, но има различни приказни за тоа како е создаден. Според една приказна коктелот Мохито е создаден во 16 век од пиратот сер Френсис Дрејк, кој го подготвувал со примитивна верзија на рум, шеќер, зелен лимон и нане. Коктелот направен од тие состојки се нарекувал „El draque“ или „Змејот“.
Според друга верзија, Мохито е создаден во 19 век од робовите кои што работеле на полињата со шеќерна трска.
Многумина сметаат дека вистинскиот дом на овој коктел е ресторанот „La Bodeguita del Medio“ во Хавана, каде што Ернест Хемингвеј бил лојален гостин.
Состојки
50ml |
бел рум (Havana Club, Bacardi) |
2 ч.л. |
шеќер |
1 |
зелен лимон |
10 |
ливчиња од нане |
|
мраз |
|
газирана вода |
Подготовка
Мохито се служи во висока чаша без рачка.
- Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња.
- Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот.
- Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот.
Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода.
- Украсете со парче зелен лимон.
Варијации
Постојат различни верзии на овој коктел. Оригиналното Бакарди Мохито се прави со: 12 ливчиња нане, ½ зелен лимон, 45ml Бакарди бел рум, 2 супени лажици шеќерен сируп и малку газирана вода.
Експериментирајте и обидете се да создадете ваша верзија на освежителниот коктел Мохито.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2011 во 12:54
Камиказе
Камиказе (Kamikaze) е популарен коктел, чие име има јапонско потекло. Така е именуван поради неговото разорно дејство. Еднакви количини на водка, ликер од портокал и сок од зелен лимон, можат да се служат како коктел во чаша за мартини или во мала чаша за текила како шот.
Состојки
30ml |
водка |
30ml |
ликер од портокал (Triple sec, Cointreau) |
30ml |
сок од зелен лимон |
|
мраз |
Подготовка
Камиказе се служи во мала чаша, како за текила
- Наполнете ја чашата со мраз и оставете ја да се лади додека го приготвувате коктелот.
- Во шејкер со мраз ставете ги водката, ликерот од портокал и сокот од зелен лимон. Можете да употребувате и сок од жолт лимон, но што и да го изберете најдобро е да користите пресно исцеден сок.
- Растресете го шејкерот. Доволно е тоа да го правите 20 секунди.
- Отстранете го мразот од чашата, прецедете ја течноста и налејте ја во чашата.
- Украсете со парче лимон.
За да постигнете посилен визуален ефект можете да користите Blue Curacao (син ликер од портокал), кој ќе му даде сино-зелена боја на коктелот.
Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 16:36
Champurrado – Мексикански чоколаден напиток
Champurrado e мексикански пијалак кој е дел од фамилијата на топли напитоци атоле. Овој пијалак се служи или наутро со чуро (еден вид долгнавеста крофна), како појадок или доцна попладне како ужина. Чампарудо е особено популарен за време на Божиќ, кога се служи заедно со тамале — тесто кое може да се наполни според вашиот вкус.
СОСТОЈКИ • 2 големи лажици палента или пченкарно брашно • 2 големи лажици мелен амарант • ½ стапче цимет или ванила • 250 мл вода • малку сол • 40 мл млеко • 25–50 гр темно чоколадо ПОДГОТОВКА Во сад за варење промешајте ги првите четири состојки и варете на средно-јака температура. Кога смесата ќе почне да врие, додајте сол и варете на умерен оган уште 10-тина минути со затворен поклопец. Потоа, со постојано мешање, додадете го млекото. Кога повторно ќе зоврие, додадете коцки темно чоколадо и мешајте додека не се растопи целосно. Се сервира врело.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 15.Јануари.2012 во 06:52
Мохито со шампањско
Потребни состојки: - 100 г шеќер
- 170 мл вода
- 6 зелени лимони, исечкани на резанки
- ливчиња нане
- 450 мл бел рум
- поголемо количество кршен мраз
- 700 мл шампањско
Начин на подготовка: Во мал метален сад ставете ги шеќерот и водата и загрејте ги додека не добиете густ шербет. Откако ќе го тргнете од оган, оставете го на собна температура да се олади. Во голем бокал искомбинирајте ги шербетот, резанките зелен лимон и ливчињата нане и убаво измешајте ги со дрвена лажица. Потоа додадете го румот и повторно убаво измешајте. Земете неколку тенки високи чаши за вино и во нив ставете 1/3 искршен мраз. Потоа додадете од измешаниот пијалак уште 1/3, а последната третина пополнете ја со шампањско. Декорирајте со неколку ливчиња нане. . Виски со црвен портокал
Потребни состојки: - коцки мраз
- 75 мл цеден џус од црвен портокал
- 50 мл виски
- 15 г шеќер во прав
- 1 капка алкохолен битер (пијалак со горчлив вкус)
- 1 резанка црвен портокал
Начин на подготовка: Една ниска чаша наполнете ја со неколку коцки мраз. Додадете го сокот од црвен портокал, вискито, шеќерот во прав, битерот и убаво промешајте. Декорирајте со резанка портокал. . Варено вино
Потребни состојки: - 1 калифорниски портокал
- 1 литар сок од јаболка
- 30 г мед
- свеж ѓумбир, ситно сечкан
- 10 суви боровинки
- 10 стапчиња цимет
- 1 шише суво црвено вино
Начин на подготовка: Олупете го портокалот и испланирајте како да го искористите бидејќи за коктелот ни е потребна само неговата кора. Во голем метален сад измешајте ги кората од портокалот, сокот од јаболко, медот, ѓумбирот, сувите боровинки и две стапчиња цимет. Оставете ги 20 минути на загреана рингла. Потоа пополека почнете да го додавате виното и оставете го на оган убаво да се загрее. Сипете го пијалакот во широки стаклени чаши и декорирајте со останатите стапчиња цимет. . Чоколаден коктел со вкус на мента
Потребни состојки: - 20 мл текила
- 30 мл узо
- чоколаден сируп
- шеќерно бастунче
- 20 мл чоколаден ликер
- мраз
Начин на подготовка: Врвот на една чаша за мартини украсете го со чоколаден сируп и трошки од искршено шеќерно бастунче. Алкохолните состојки и мразот ставете ги во шејкер и убаво протресете ги. Добиениот пијалак сипете го во чашата за мартини, а дополнително декорирајте со шеќерно бастунче.
kafepauza
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 15.Јануари.2012 во 07:05
1. Есенски зачин- 30 мл вотка
- 60 мл сок од јаболко
- 15 мл сок од лимон
- 15 мл сируп
Состојките се комбинираат во шејкер со мраз и убаво се протресуваат. Се гарнира со стапче цимет и парче јаболко.
2. Искрата од Малибу- 30 мл рум Малибу
- 30 мл сок од грејпфрут
- неколку капки Гренадин
- Откако состојките ќе се измешаат во шејкер, коктелот се истура во чаша полна со шампањ и се декорира со парчиња јагоди.
3. Розова лимонада- 60 мл Absolut Citron вотка
- 15 мл ликер Куантро
- 15 мл ракија од праска
- 30 мл Limoncello
- 30 мл кисел микс
- 15 мл сок од лимон
- неколку капки Гренадин
Работ на чашата се премачкува со лимонов сок и се обложува со шеќер. Се декорира со кора од лимон.
4. Крем од цимет- 60 мл ирски крем Бејлис
- 15 мл Goldschlager
- 15 мл ликер со вкус на карамелизирани бонбони
Внатрешноста на чашата се декорира со чоколаден прелив, а работ од чашата се натопува со чоколаден сируп и се обложува со рендано чоколадо.
5. Шеќерно стапче- 45 мл вотка
- 15 мл мента ракија
- 15 мл крем од какао
Како што кажува името, овој коктел се декорира со новогодишно шеќерно стапче.
6. Оревокршачка- 45 мл вотка
- 15 мл ликер Amaretto
- 15 мл бел крем од какао
Работ на чашата се обложува со мелени ореви, додека на дното може да се додаде една мараскино вишна.
7. Божиќно кисело- 60 мл Мидори (алкохол од диња)
- 30 мл ликер од лимон Limoncello
- 60 мл кисел микс
За да се добие одличен контраст на боите, светло зелениот коктел се служи во чаша во која на дното има мараскино вишна.
8. Ноќ во Аспен- 90 мл кафе
- 30 мл ликер Frangelico
- 15 мл ванила-коњак
Коктел наменет за поладните денови, кој, за дополнителна енергија, се декорира со шлаг, морско оревче и зрна кафе.
9. Ног од Југот- 120 мл Eggnog
- 15 мл ликер од бело чоколадо
- 30мл ликер Southern Comfort
Егног е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова година. Рецептот содржи само сирови јајца. Гарнирајте со рендано чоколадо.
10. Лаванда- 45 мл вотка
- 30 мл француско бело вино Lillet
- 30 мл сируп од лаванда
- 15 мл сок од лимон
За целосно да се долови името на овој коктел, се декорира едноставно се гранче лаванда.
kafepauza
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 15.Јануари.2012 во 07:45
Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“
„The Carrie“ – Кери
Потребни состојки: - 60 ml SKYY вотка
- 15 ml свежо цеден сок од лимон
- 15 ml свежо цеден сок од зелен лимон
- 1 кафена лажичка шеќер
- 1 голтка ликер Crème de cassis
Начин на подготовка Во еден поплиток сад сипете малку од ликерот, превртете ја чашата за мартини обратно и натопете ја површината во него. Потоа во тацна сипете шеќер и кристализирајте ја чашата. Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги состојките и додадете неколку коцки мраз. Енергично тресете ја мешалката за убаво да се изедначи пијачката и потоа сипете ја во чаша за мартини. Завршете го коктелот со отсипување една капка од ликерот crème de cassis на врвот. „The Samantha“ – Саманта
Потребни состојки: - 60 ml SKYY вотка со вкус на ананас
- 30 ml свежо цеден сок од зелен лимон
- 20 ml ликер Triple Sec
- 20 ml чоколаден ликер Crème de cacao
Начин на подготовка Ставете ги состојките и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и промешајте убаво. Сипете ја пијачката во секси чаша за мартини. Декорирајте со резанка од зелен лимон. „The Charlotte“ – Шарлот
Потребни состојки: - 45 ml SKYY вотка со вкус на грозје
- 90 ml газиран сок 7- Up
- 7 ml свежо цеден сок од лимон
- 7 ml црвено вино
Начин на подготовка
Исцедете пола лимон и сипете го во мешалка за коктели. Додајте ги вотката со вкус на грозје, сокот 7–Up и неколку коцки мраз, а потоа промучкајте. Пијачката сипете ја во http://www.sparklingstemware.com/collins-nyb-glasses-set-of-6-1389" rel="nofollow - висока чаша Collins (сет од 6 чаши чинат 42,60 американски долари) полна со коцки мраз. На крајот, заруменете го котелот со црвено вино. „The Miranda“ – Миранда
Потребни состојки: - 60 ml SKYY вотка со вкус на ѓумбир
- 2 супени лажици сируп од мед (за да направите сируп од мед, потребно е да измешате една лажица вода со една лажица мед)
- 20 ml свежо цеден сок од лимон
Начин на подготовка Ставете ги сите состојки во мешалка за коктели, додадете неколку коцки мраз и промешајте силно. Сипете го добиениот коктел во замрзната чаша за мартини. Од лимоновата кора направете декоративна лента, која ќе ја замотате на стапче за коктел. „The Mr. Big“ – Ѕверка
Потребни состојки: - 60 ml SKYY вотка со вкус на цреша
- 15 ml бурбон Wild Turkey 101
- 20 ml Кока-кола
Начин на подготовка Сипете ги вотката, бурбонот, колата и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и мешајте. Подготвената пијачка сипете ја во голема чаша за пунч од 3,5 dl. На крајот декорирајте со марачино цреша. kafepauza
Mozam da se pofalam deka sum go probala The Carrie - Keri i navistina mi se dopadna.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 15.Јануари.2012 во 07:50
Немирно тартини- 60 мл вотка
- 60 мл сируп од мед
- 120 мл минерална вода
Вотката и сирупот мешајте ги во шејкер со неколку коцки мраз. Претурете во чаша. Дополнете ја чашата со минерална вода. .
Жежок празничен коктел- 45 мл вотка
- 60 мл сок од брусница
- 60 мл кокосова вода
- неколку замрзнати брусници
- зелени шеќерни кристали
Измешајте ги течните состојки во шејкер со неколку коцки мраз. Врвовите од чаша за мартини обложете ги со зелените шеќерни кристали. Претурете го коктелот во чашата. Ставете неколку замрзнати брусници. .
Кремасто млеко- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер во прав
- 500 мл млеко
- 250 мл изматен шлаг
- 120 мл текила
- 1 лажичка рендано морско оревче
- 4 белки
Изматете ги жолчките со шеќерот. Откако жолчките ќе станат бледо жолти, ставете ги текилата, млекото, шлагот и морското оревче. На страна, изматете ги белките со една лажица шеќер. Потоа, полека, без многу мешање, додадете ги белките во жолчките. Смесата оставете ја да се олади. Претурете ја во стаклени чаши и декорирајте со цимет. .
Зимски ароматизиран сок од јаболка- 200 мл свеж сок од јаболка
- 200 мл црвено вино
- 2 стапчиња цимет
- 3 каранфилчиња
- сок од еден портокал
- 100 мл бренди
Во голем сад измешајте ги сите состојки. Оставете еден час да впијаат зачините. Извадете ги циметот и каранфилчето и претурете во чаши. .
Франција во чаша- 60 мл џин
- 60 мл сок од лимон
- 120 мл ладен шампањ
- 2 лажички шеќер во прав
Во шејкер измешајте ги џинот, лимоновиот сок и шеќерот со коцки мраз. Течноста претурете ја во долга чаша за шампањ. Дотурете шампањ и декорирајте со замрзната малина. .
Јаболкова снегулка- 90 мл вотка
- 90 мл сок од јаболко
- 90 мл ликер од јаболко
Состојките измешајте ги во шејкер со коцки мраз. Сервирајте со парчиња зелено јаболко.
|
Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 21.Јануари.2012 во 21:59
http://2.bp.blogspot.com/_yoQxqVo5KJU/TPkAATuBbDI/AAAAAAAAEWQ/v171DlyJYg0/s1600/caipirinha2.jpg" rel="nofollow">
|
Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 21.Јануари.2012 во 22:00
CAIPIRINHA
Состојки:
2 лажици Шеќер 1 четврт лимета 2 1/2 oz. Cachaca Опис:
Пасирајте
го шеќерот со четврт лимета во старомодна чаша. Наполнете ја чашата со
коцки мраз. Ставете the cachaca во чашата. Измешајте добро.
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 14:43
КОКТЕЛИ: ВКУСНО И АЛКОХОЛНО
Повеќето од нас најчесто уживаат во пиењето на коктели, но имаат многу
мало познавање за нив. Дали можеби сте знаеле дека првиот коктел
настанал во Америка во средината на 16-тио век и се правел од шеќер,
бурбон и мента? Името „коктел“ е дело на Шпанците кои за време на
походите во Латинска Америка уживале во борбите со петли по кои се пиела
мешавина од повеќе пијалаци во различни бои налик на опашка од петел
(анг. cock tail).
Bloody Mary- според едно тврдење овој коктел
настанал како лек за мамурлак измислен од George Jessel. Сепак,
многумина се сомневаат во ова тврдење и велат дека барменот Peter
Patriot е вистинскиот творец на овој познат и мошне баран коктел.
Mai Tai-
овој овошен коктел од бел и златен рум, со сок од ананас, портокал и
лимета е дело на Victor Buergon уште познат и како „Трговецот Вик“. Кога
го служел луѓето викале „Mai Тai Roa“ што значи „многу добро“.
Manhattan – или уште крал на коктелите е еден од
оние коктели кои важат за чиста класика. Се прави од виски и горчлив
сок, а е измислен во клубот „ Manhattan“ во Њујорк 1870-та година.
Mojito
–традиционално се прави од бел рум, шеќер, лимета, сода и нане. Важи за
еден од најбараните и најосвежителните коктели на светот кој се служи
со толчен мраз.
Martini – современиот рецепт е сува верзија која вклучува вермут и џин, а станува популарна во почетокот на 20-тиот век.
За да направите одличен котел не треба сте професионалец ниту пак
да поседувате кој знае каква професионална опрема. Потребен ви е само
еден шеќер и соодветни чаши во кој што ќе го служите. Кај еден коктел
освен рецептот најважно е и како го презентирате. Затоа вложете се
максимално и потрудете се вашиот коктел да заличи на оригиналот.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 30.Април.2012 во 14:46
КОКТЕЛ МЕРЛИН МОНРО
Пијалокот што го носи името на Мерилин Монро ги обединува
сензуалноста и гламурот на шампањот со примамливоста и незадолжителната
отменост поврзана со добро послужениот коктел.
Основа за коктелот Мерилин Монро е добро изладен шампањ,
бренди со вкус на јаболко и сосема малку гренадин. По желба се додава
иситнет мраз и се украсува со црешки.
Оригиналот: 30 ml бренди со вкус на јаболко 120 ml шампањ помалку од 1 мала лажичка гренадин
Нежно се мешаат бренди и шампањ, се додава малку генадин и по желба се украсува со цреши.
Бидејќи не е лесно да се најде бренди од јаболка, прифатлива е и втората варијанта: Се мешаат бренди (коњак), сок од јаболка и 120 ml шампањ (пенливо вино), па се додава капка гренадин и се украсува со цреши.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Мај.2012 во 15:21
Коктели: Вкуснo и алкохолно
Повеќето од нас најчесто уживаат во пиењето на коктели, но имаат многу мало
познавање за нив. Дали можеби сте знаеле дека првиот коктел настанал во Америка
во средината на 16-тио век и се правел од шеќер, бурбон и мента? Името „коктел“
е дело на Шпанците кои за време на походите во Латинска Америка уживале во
борбите со петли по кои се пиела мешавина од повеќе пијалаци во различни бои
налик на опашка од петел (анг. cock tail).
Bloody Mary- според едно тврдење овој коктел настанал како
лек за мамурлак измислен од George Jessel. Сепак, многумина се сомневаат во ова
тврдење и велат дека барменот Peter Patriot е вистинскиот творец на овој познат
и мошне баран коктел.
Mai Tai- овој овошен коктел од бел
и златен рум, со сок од ананас, портокал и лимета е дело на Victor Buergon уште
познат и како „Трговецот Вик“. Кога го служел луѓето викале „Mai Тai Roa“ што
значи „многу добро“.
Manhattan – или уште крал на коктелите е еден од оние
коктели кои важат за чиста класика. Се прави од виски и горчлив сок, а е
измислен во клубот „ Manhattan“ во Њујорк 1870-та година.
Mojito –традиционално се прави од бел рум, шеќер,
лимета, сода и нане. Важи за еден од најбараните и најосвежителните коктели на
светот кој се служи со толчен мраз.
Martini –
современиот рецепт е сува верзија која вклучува вермут и џин, а станува
популарна во почетокот на 20-тиот век.
За да направите одличен котел не треба сте професионалец ниту пак да
поседувате кој знае каква професионална опрема. Потребен ви е само еден шејкер и
соодветни чаши во кој што ќе го служите. Кај еден коктел освен рецептот најважно
е и како го презентирате. Затоа вложете се максимално и потрудете се вашиот
коктел да заличи на оригиналот.
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.idividi.com.mk%2Fstil%2Fishrana%2F766737%2Findex.html&t=IDIVIDI%3A%20%D0%9A%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%3A%20%D0%92%D0%BA%D1%83%D1%81%D0%BDo%20%D0%B8%20%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 12.Јули.2012 во 13:06
Синоќа за прв пат пробав Камиказе и ми е преубав коктел, како на изглед така и на вкус ...ммм. Останавме цела вечер на камиказе, можеби си го најдов совршениот коктел за мене... или можеби се уште не. Има уште за пробување, но тешко дека некој ќе го заземе неговото место.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 05:22
PINK LEMONADE
Состојки:
- 1 дополнете со Спрајт
- 1 oz. џус од боровница
- 2 oz. Sweet and Sour Mix
- 1.5 oz. Водка
Подготовка:
Наполнете ја чашатата за мешање со мраз и горните состојки освен 7-уп. Протресете и ставете во чаша со 7-уп.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 05:23
ALLIANCE
Состојки:
- 1 oz. Џин
- 1 oz. Сув вермут
- 2 мали прснувања Aquavit
Подготовка:
Ставете ги состојките во шејкер, додадете мраз, протресете и процедете во чаша со мраз.
|
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 05:23
XAIBALBA
Состојки:
- 0.5 oz Екстракт од ванила
- 0,5 oz Чоколаден сируп
- 0.5 oz Grain Alcohol
- 0.5 oz Butterscotch виски ликер
Подготовка:
Измешајте во дупла шот чаша и чукнете ја.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 04.Декември.2012 во 12:20
MEZO MEZO=mineralna voda+kampari+martini
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 10.Јули.2013 во 18:30
Одамна ја почнав сезонава
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Јули.2013 во 19:27
Пет неодоливи коктели за уживање во летните ноќиМоре,
плажа, бранови, полна месечина ,весел ритам и секако голем, шарен,
вкусен коктел...дефинитвно ова се првите асоцијации кога ќе се спомене
зборот лето.
Не може лето без песо чна плажа, а по долгите денови на брегот, топлите ноќи се резервирани за уживање со одличен коктел.
Не
можеме да ве однесеме на море, но затоа можеме да ви препорачаме
неколку коктели за ова лето, па научете да ги припремате и изненадете ги
пријателите. Велат, со добро друштво не е важно каде сте, па уживајте
во коктелите и на вашиот балкон.
Tequila Sunrise- бидејќи секогаш не потсетува на лудите летни забави на плажа
50мл текила
сок од портокал
1.8мл Grenadine сируп
Ставете
ја текилата во чаша со лед и потоа додадете го сокот од портокал.
Измешајте. Потоа додадете го и Grenadine сирупот набрзина со вертикално
превртување на шишето. Декорирајте со сламка, чадорче и кругче од
портокал зачесено на половината.
Sex on the Beach, најпознатиот летен коктел
30мл водка
25мл шнапс од праска
сок од рибизли
сок од грејпфрут
Додадете
водка и шнапс од праска во чашата. Наполнете ја со еднакви мерки сок од
рибизли и сок од грејпфрут и промешајте. За декорирање, нема работи
вашата фантазија.
Long Island Ice Tea – за љубителите на различни алкохолни пијалоци
20мл водка
20мл рум
20мл текила
20мл џин
20мл безбоен ликер од портокали
20мл спрајт
ликер од малини
Измешајте ги сите состојки во шејкер за коктели наполнет до половина со ледени коцки и потоа сервирајте во чаша.
Cuba Libre, многумина тврдат дека ова е првиот коктел во светот
60мл бел рум
сок од 1 зелен лимон - лимета
Кока Кола
Ставете го сокот од лимонот во чаша. Потоа додадете го ледот, Кока Колата, румот и измешајте. Послужете го во широка чаша.
Мохито- број еден коктел за на плажа
1/2 чаша свежо нане
2 зелени лимони , се сечат на кругови
2 чаши мелен мраз
1 чаша сируп од лимон и нане
1 литар бел рум
1/2 чаша свеж сок од лимон
газирана минерална вода
Ставете
ги ливчињата нане и зелен лимон со 2 чаши мелен мраз на дното од голем
стаклен сад. Додај сируп од нане и лимон, рум, сок од лимон, и многу
повеќе мраз. Ставете минерална вода по вкус. Ставете дел во чаши врз
мраз и сервирајте. Како додаток на секоја чаша може да се додаде гранче
од нане и кругови зелен лимон.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 10:45
Damn the weather
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 40 милилитри Цеден Портокал
- 60 милилитри Џин
- 40 милилитри Triple Sec
- 40 милилитри Sweet wermouth
- Време за подготовка: 0 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Damn the weather
ПОДГОТОВКА:
Ставете ги сите состојки, заедно со коцки лед, и промешајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 10:46
Dunk
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 60 милилитри Џин
- 40 милилитри Galliano
- 40 милилитри Blue Curacao
- Време за подготовка: 0 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Ароматичен коктел кој потекнува од Нов Зеланд. Како и
другите коктели и за овој коктел постојат повеќе начини на подготовка.
Ние ќе ви ја опишеме класичната подготовка.
ПОДГОТОВКА:
Ставете се во барска чаша и промешајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 10:46
Cantaloup
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 грама Диња
- 400 милилитри Бел рум
- 100 милилитри Џин
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
За 4-тири чаши
ПОДГОТОВКА:
Дињата се сече на листови од 2 цм дебелина, од кога дињата ќе се распореди во чашите, се прелива со белиот рум и џинот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 10:47
Коктел - Blue moon
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 45 милилитри Цеден Лимон
- 90 милилитри Сок од Ананас
- 35 милилитри Џин
- 15 милилитри Blue Curacao
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 5 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Коктел - Blue moon
ПОДГОТОВКА:
Шејкерот го полниме со мраз, па ги додаваме сите состојки.
Добро се протресува шејкерот, а потоа се сервира бо високи чаши.
Се декорира со парчиња лимон.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 10:48
Into the blue
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 75 грама Грејпфрут
- 50 милилитри Бел рум
- 75 милилитри Џус од грејпфрут
- 50 милилитри Blue Curacao
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Вистински освежителен коктел, кој не содржи висок процент на алкохол во својот состав (7.1%).
ПОДГОТОВКА:
Промешајте ги Blue Curacao-то и белиот рум со џусот од грепфрут и додадете лед во шејкерот, па убаво промешајте.
Потоа сипете во висока чаша.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 14:02
МОХИТО СО ЛУБЕНИЦА
Потребни намирници: Свежи листови од нане 1 лајм Коцки мраз 2 кафени лажички шеќер(или по вкус) 600 гр лубеница без лушпа и семки 100 мл рум 100 мл газирана вода Во блендер ги мешаме лубеницата, румот и шеќерот и мешаме се додека течноста не се изедначи добро. Цедиме низ ситна цедилка. Полниме 2/3 од две високи чаши со мраз, после што додаваме по 4-5 листови нане и неколку парчиња лајм. Мешаме добро со лажица за да може вкусовите да се измешаат. Додаваме малку газирана вода и на крај од смесата со лубеница. Сервираме со цевка.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 14:06
КОКТЕЛ СО ЈАГОДИ И БАНАНИ
Потребни намирници: 4 коцки лед 50 г банана 50 мл водка 100 гр јагоди Ги матиме јагодите и бананата во блендер. Ја исипуваме смесата во чаша и ја додаваме водката. Ги кршиме коцките мраз на ситни парчиња и ги додаваме во коктелот. Мешаме добро и по желба украсуваме со парче јагода или банана.
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:12
http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/18159-ovosni-kokteli-koi-sogoruvaat-kalorii" rel="nofollow -
Овие коктели се само неколку примери дека одлично искомбинираното
овошје може да биде вкусно и здраво во едно. Одберете го оној коктел кој
ви изгледа најнеодоливо и согорете неколку калории плус.
Ова се неколку идеи и вкусови кои може да ги пробате уште денес.
Цитрус коктел
1 портокал, 1 мандарина, ¼ лимон, малку нане
Излупете ги портокалот, мандарината и лимонот и исфрлете ги семките
за да го избегнете горчливиот вкус. Сè заедно измешајте во блендер,
постепено додавајќи го нането.
Коктел од јаболка и круша
Внимавајте крушата да биде сосема зрела, за да се елиминира киселоста на јаболкото.
Потребни се 2 јаболка и 1 круша. Извадете ја средината, исечкајте ги на коцки и измешајте ги низ блендер.
Коктел од лубеница
Пијалакот со интересна боја и разладувачко дејство е идеален за
летните жештини. Не морате да ги вадите семките, доволно е само да ја
исечкате лубеницата и да ја пуштите низ соковник.
По желба, додадете малку цимет или нане.
Коктел од праска
2 зрели праски, ½ шолја јагоди
Исчистете ги праските и јагодите и мешајте ги во блендер додека не добиете мазна смеса. Додадете некој сладок зачин по желба.
Коктелите се идеални за да ги консумирате наместо појадок или вечера,
а може и да ги користите како антиоксиданси кои ќе го прочистат вашето
тело од наталожените маснотии кои сте ги внеле.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:03
Лимонада коктел
- 500-600 g лубеница
- 350 ml лимонада
- 10 g свежо нане
Исецкајте ја лубеницата на поситни парчиња за да може да ги исчистите семките, па иситнете ја во блендер заедно со лимонадата.
Вмешајте го нането и служете со мраз.
Ако сте распложени за алкохолен коктел слободно дотурете 100-120 ml вотка, џин или текила.
Лимонада коктел 2
- околу 1 kg лубеница
- 150 ml цеден лимон (или зелен лимон)
- мраз
- вотка (по желба)
Исецкајте ја лубеницата на поситни парчиња за да може да ги
исчистите семките. Ставете ја во блендер со свежо цедениот лимон и
сосема иситнете.
По потреба додадете некоја лажица вода и/или уште малку цеден сок по вкус.
Префрлете ја течноста во бокал со мраз. Служете во високи чаши,
украсете со тркалца лимон (или лимета) и ако сте расположени за
алкохолен коктел слободно дотурете вотка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:08
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19675-top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli" rel="nofollow -
Повеќе не важи правилото дека летото е идеално време за коктели.
Затоа, при рака оставете го блендерот, мини чадорчињата и цефките во
боја и уживајте во трите есенски коктели кои ќе ве освежат и опуштат на
крајот од работниот ден.
Есенските пијалаци се шарени и миризливи, па затоа сигурни сме дека ќе ви помогнат да ги загреете зимските студени ноќи.
Коктел од ванила, крушка и вотка
Состојки: Ванилин шеќер, ½ лажичка екстракт од ванила, 150ml вотка, 350ml сок од крушка, 300g мраз
Подготовка: Во шејкер промешајте го сокот од крушка
со вотка. Додајте ја ванилата и неколку коцки лед и мешајте. Навлажнете
го работ од високата чаша и облепете го со ванилин шеќер. Процедете го
пијалакот и служете со лед.
Коктел од крушка и брусница
Состојки: 800ml шампањ, 120ml нектар од круша, 2 лажици сушени брусници
Подготовка: Потопете ги брусниците во сад со две
лажици топла вода на 15 минути. Исцедете ја течноста, а брусниците
оставете ги да се ладат. Поделете го сокот од крушки во 8 чаши за бело
вино, а потоа додавајте го шампањот. Додајте по неколку капки од водата
во која беа брусниците, а на крај додадете ги и нив во чашите.
Коктел од јаболко и вотка
Состојки: 150ml сок од јаболка, 1 лажичка сок од лимон, 60ml вотка со вкус на карамела, 120ml ликер од ѓумбир
Подготовка: Во шејкер промешајте ги сите течности, а
на крај додадете неколку коцки лед. Служете во чаши за мартини,
претходно наросени со шеќер. Декорирајте со тенко парче јаболко.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 17:59
Ликер од чоколадо
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 450 грама Шеќер
- 80 милилитри Чоколадно млеко
- 1000 милилитри Млеко
- 250 милилитри Алкохол (90%)
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 60 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Чоколадото е исклучително богато со фосфор и
магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во
100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум,
300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг
железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр.
јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. белковини.
Освен тоа чоколадото содржи и фолна киселина, бета каротин, лецитин како и витамините Б1, Б2, Б5, Б6 и Е.
ПОДГОТОВКА:
Сварете го млекото и шеќерот на средна температура.
Варете додека не се намали масата за 20%.
Во сварената маса додадете изрендана чоколада и мешајте додека не се стопи.
Во истопената чоколада вмешајте а го алкохолот и ликерот сипајте го во шишиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:01
Ликер од портокал
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1500 грама Шеќер
- 1500 милилитри Ракија
- 2500 грама Портокал
- 1500 милилитри Вода
- 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
- Време за подготовка: 60 мин.
- Време за готвење: 60 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Кое било од неколкуте видови мали дрвја или грмушки
од родот агруми и нејзините плодови, се одгледува во тропските и
суптропските области, тркалезниот плод речиси има рапава, масна кора и
сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц.
Главните комерцијлни видови се кинескиот портокал, мандарините, морскиот портокал без семки.
Дрвото има широко, сјајни зелени листови со средна големина, рачки на листовите со тесни крилца и многу мирисни цветови.
На неговото дрво зреат плодови обично од 50 до 80 години. Портокалите го
губат својот квалитетот кога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат
кога се целосно зрели.
ПОДГОТОВКА:
Излупете ги портокалите и исчистете ја кората од белите делови за да не горчи.
Ситно исецкајте ја кората, па ставете ја во поголем стаклен сад (тегла) со широк отвор.
Налејте ја ракијата и додадете два ванилни шеќера или стапче ванила, па затворете го садот.
Ставете го на темно место да отстои 14 дена.
По 14-те дена во 1,5 Л. вода сварете 1,5 кг. шеќер додека не почне да станува по малку густа.
Малку оладете, па налејте во садот со кората од портокал.
Повторно држете на темно место 14 дена со повремено протресување на садот.
По истекот на времето процедете го ликерот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:04
Chi Chi
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 80 милилитри Сок од Ананас
- 20 милилитри Сируп од кокос
- 40 милилитри Водка
- Време за подготовка: 0 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Chi Chi
ПОДГОТОВКА:
Сипете ги сите состојќи во блендер со многу мраз и
мешајте ги 20-30 секунди, сипете го коктелот во Hurricane чаша.
- Декорација: Парче ананас, црвена цреша и цевка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:05
Cocolories
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 20 милилитри Ликер од кокос
- 10 милилитри Водка
- 30 милилитри Бел рум
- 10 милилитри Џин
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Cocolories
ПОДГОТОВКА:
Во шеќер заедно со лед сè посипуваат сите состојки, потоа сè протресува, па сè процедува во ладна чаша.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:06
Bikini
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 20 милилитри Сируп од шеќер
- 20 милилитри Млеко
- 40 милилитри Водка
- 40 милилитри Бел рум
- 20 милилитри Џус од лимон
- Време за подготовка: 0 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Bikini
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги сите состојки, заедно со коцки мраз. За декореација парче лимон.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:07
Лубеница Мартини
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 60 грама Шеќер
- 3 лажица/ци Сол
- 250 милилитри Сок од лубеница
- 30 милилитри Сируп од шеќер
- 1 Лимон/и
- 150 милилитри Водка
- Време за подготовка: 0 мин.
- Време за готвење: 20 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Лубеницата е овошје од фамилијата Cucurbitaceae кој
во својот состав има најголем процент вода. Најпознати држави во Европа
каде што се одгледува лубеницата се Македонија, Италија, Шпанија и
Грција.
ПОДГОТОВКА:
Се мешаат шеќерот и солта. Висока и широка чаша за мартини се натопува по работ со ливче од лимонот и се вала во шеќерот и солта.
Може да се декорира со парче од лубеницата.
Во шејкер се става сокот од лубеница, исцедениот сок од лимонот и сирупот и
неколку коцки лед. Се промешува добро.
Целата смеса се става во спремената чаша за мартини.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:08
Chocolatier
.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 30 грама Чоколадо
- 50 грама Сладолед од чоколада
- 20 милилитри Какао ликер
- 20 милилитри Бел рум
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Chocolatier
ПОДГОТОВКА:
Во барска чаша сипете ги сите состојќи и со електричен миксер се меша околу 10 секунди.
Коктелот сипете го во коктел чаша како на сликата а одозгора посипете со рендана чоколада.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:09
Ликер со круши и вишни
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 200 грама Шеќер
- малку Цимет
- 300 милилитри Суво бело вино
- 100 милилитри Сок од вишни
- 1 Лимон/и
- 500 грама Круши
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 20 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Ликер со круши и вишни
ПОДГОТОВКА:
Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки. Полијте
ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот,
додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20
мин.
Исцедете ги и оставете ги настрана. Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира. Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница.
Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите.
Земете една винска чаша и намачкајте ја со лимон. Потоа извалајте ја во шеќер.
Во чашата сипете од ликерот и додадете шлаг, вишни или парчиња од крушата.
Уживајте во ликерот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:10
Чоколадно фрапе со банани
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 грама Шеќер
- 40 грама Чоколадо
- 2 Топки сладолед од чоколадо
- 400 милилитри Млеко
- 2 лажица/ци Лимонов сок
- 3 Жолчка/ки
- 300 грама Банана
- Време за подготовка: 5 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни
материи, е и тоа дека тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна
липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %.
Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина, која во
црниот дроб брзо преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"),
која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото
масло.
Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме
концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.
Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на
чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти а како прво се
манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на
претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак
е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени
количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од
исхраната.
ПОДГОТОВКА:
Бананите исчистете ги и натопете со лимонов сок.
Измиксајте со другите состојки да се запени.
Сипете во 4 чаши и веднаш послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 18:11
Арабски шејк - Гари
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 Шекер лажичка/ки
- 200 грама Кисело млеко
- 2 парче/чиња Ванила
- 200 грама Банана
- 200 грама Јагоди
- Време за подготовка: 10 мин.
- Време за готвење: 10 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Арабски шејк - Гари
ПОДГОТОВКА:
Поделете го млекото на половина.
На едната
половина од млекото додадете и ги испасираните јагоди, една ванила и
шеќер по вкус, а на другата банани, другата ванила и шеќер по вкус.
Во чаши за коктел прво се става смесата со банана, а после од смесата со јагоди.
Може да се украсат со јагоди или чоколадни стапчиња. стапчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:48
Шејк од праски
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 грама Сладолед од ванила
- 500 грама Праски
- 80 грама Ореви
- 400 милилитри Млеко
- 60 грама Кокосово брашно
- Време за подготовка: 10 мин.
- Време за готвење: 0 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Шејк од праски
ПОДГОТОВКА:
Исечените праски се ставаат во блендер и добиеното пире се меша со млекото, кокосовите и оревните струготини.
Наливајте во високи чаши до половина а потоа се додава сладолед.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|