IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - CIN I, II и III
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

CIN I, II и III

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 00:03

ЛЕКУВАЊЕ НА ЦИН

Лечењето на ЦИН предизвикан од ХПВ  со медикаменти за сега не ги даде очекуваните резултати, па во главно ни преостануваат хируршките методи на лечење, било да се работи за локално деструктивни или ексцизиски (со кои се одстранува дел од цервикс) техники кои можат да се спроведуваат амбулантски или во болнички услови. Целта на лечење е во целост да се отстрани или уништи атипичниот епител на грлото на матката.
 
 
Во 60-тите години од минатиот век најпопуларна метода за лечење на ЦИН беше конизација со скалпел. Покасно во 70-тите, лекарите практичари предност дадоа на локално-деструктивните методи(криотерапија и електрокаутеризација). Од 1980 год. силно се прошири примената на ласер во лекувањето на ЦИН. Во 1990 год. Се прифати методата на отстранување на промените на цервикс со нисковолтажна дијатермиска омча (петелка) која денес е многу раширена во светот.
Лечењето на ЦИН со локално деструктивни методи значи потполно уништување на променетиот епител. Проблемот е во тоа што не можеме да бидеме сигурни дали абнормалниот епител е целосно уништен. затоа што немаме патохистолошка дијаноза.
Овие методи смеат да се употребат само ако се исполнети следниве услови:
  • промените се ЦИН1 И ЦИН2 И се патохистолошки докажани.
  • промената е мала.
  • површината на промената е мазна.
  • промената се наоѓа само надвор од цервикален канал.
  • целата сквамоколумна граница е колпоскопски видлива.
Атипичното ткиво со овие методи во целост се уништува така да нема можност за патохистолошка потврда на состојбата.
Од локално-деструктивни методи за лечење на ЦИН  денес се достапни:
      -    криотерапија, ласерска вапоризација, ладна коагулација и радикална дијатермија.
Криотерапијата се употребува од 1968 год. Ладењето на ткивото е со течен азот на температура од -180 степени целзиусови, со специјална сонда која ја  покрива целата промена при што настанува замрзнување и уништување на промената. Зафатот се изведува амбулантски и обично не е потребна аналгезија. Процентот на излекување  просечно е 84%.

       Ласерот може да се употреби на два начина:

1-како ЦО2 ласер вапоризација и
2-како ЦО2 ласерска конизација.

1-Енергијата на ласерскиот зрак се апсорбира од течноста која е во самите клетки и околу нив, а вапоризацијата на ткивото се постигнува со коагулациониот ефект.
Зафатот добро се поднесува во локална аналгезија и се работи под директна колпоскопска контрола. Ласерот овозможува максимална точност во уништување на ткивото (пример на зракот е од 0.5 до 2мм) и има можност да се одреди саканата длабочина на уништување на ткивото, обично од 8 до 10 мм. Заздравувањето е брзо со потполна епителизација на цервикс за три недели. Процентот на излекување просечно изнесува 92% со ниска стопа на компликации (крварење, стеноза на цервикален канал и инфекции) од само 4%.
2-Со ЦО2 ласерска конизација се отстранува дел од грло на матка во вид на конус кој се испраќа за патохистолошка анализа, што е и предноста на оваа, а и другите ексцизиони методи. Компликациите процентуално не се разликуваат многу од ласерската вапоризација. Заздравувањето е брзо, а сквамоколумната граница е добро видлива на контролните колпоскопски прегледи.
 
 
ируршки зафат во кој со скалпел се одстранува дел од грлото на матката, изведувал Лисфранк  уште во 1815 год. Термините конизација и конусна биопсија се користат како синоним за хируршки зафати со различен опсег, од стандардна конусна биопсија до ампутација на врат на матка во вид на голем конус.
Во лечењето на ЦИН со конизација се настојува да се постави точна дијагноза со патохистолошка обработка на отстранетото ткиво и истовремено лекување. Со конизацијата би требало да се отстрани променетиот епител во целост и барем една третина од цервикалниот канал. Зафатот се изведува во операциона сала во соодветна анестезија а ткивото се испраќа за хистопатолошка анализа. Како компликации може да се јават- крварење(6%), цервикална стеноза(17%), неплодност(4%), компликации во бременост(1%) и ретки постоперативни инфекции.
Во 1981 год. Цертиер прв опишал  електродијатермиска ексцизија  на променетиот епител со жичана омча, која ја прифатиле и други автори и ја нарекле ЛЛЕТЗ (Ларге Лооп Еџцисион оф тхе Трансформатион Зоне). Методата набргу е прифатена и од северноамериканските автори под името ЛЕЕП (Лооп Елецктросургицал Еџцисион Процедуре). Во САД 85% од гинеколозите ја примеунваат оваа метода.
Се користи нисковолтажна монополарна високофеквентна струја која истовремено и сече и коагулира така да крварењето е минимално. Оваа метода се користи и во дијагностички и во терапевтски цели, а зафатот може да биде биопсија, ексцизија на цела трансформациона зона до опсег на конизација а добиениот материјал се испраќа за патохистолошка анализа.
Како индикации за ЛЛЕТЗ се сите степени на ЦИН докажани со биопсија со задоволителен колпоскопски наод. Контраиндикација е позитивен наод од ендоцервикална киретажа, незадоволителен колпоскопски наод, инвазивен карцином, коагулопатии, бременост, инфекции, првите три месеци по породување. Има низок процент на компликации(2-4%) а излекување се постигнува од 90% до 97%.
Кај помлади жени кои не раѓале се пристапува на хируршко лечење дури откако ќе се исцрпат сите можности за конзервативна терапија и спонтана регресија.
Без оглед која метода ќе се одбере, поради можните рецидиви потребни се задолжителни цитолошки а по потреба и колпоскопски прегледи.
Во првата постоперативна година ПАП тест се прави на 3-4 месеци. Ако во втората година наодите се уредни ПАП тест се прави на секои 6 месеци. Потоа се продолжува со редовни гинеколошки прегледи
 
                                                                                   
Спец. Д-р. Зоран Јовановски
гинеколог – акушер
 
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 21:38
fala zamislenaбакнежголемо%20гушкање
Кон врв
Jullie28 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jullie28 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2012 во 12:11
Здраво! Дали некој ги има користено вагиналетите 5 Fluorouracil и искуството со нив, јас имам ЦИН 1 и би сакала да знам за овие вагиналети?
Кон врв
Lormara Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Февруари.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lormara Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 20:05
Здраво,

неодамна ми беше дијагностициран ЦИН1, и после неколку прегледи и консултации (на мое инсистирање) докторот не ми кажа ништо конкретно, освен тоа дека ќе треба да се повтори ПАП тестот за неколку месеци. Почнав по препорака од пријателка да ги пијам Бета Глукан, но се‘ си мислам дека само тоа не е доволно.

Исто така, на ЦИН-от му претходеше вагинална инфекција, за која матичниот гинеколог ми ја пропиша секоја можна вагиналета и таблета, ама ништо како да не помага.
Некој друг искуство со ова?

Благодарам.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 13:42
Не може да не ти каже ништо.
ЦИН 1 најчесто се повлекува без терапија, затоа веројатно не ти дал ништо. Правеше колпоскопија?
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2014 во 22:48
Моја пријателка имаше цин2... многу лошо го прифати тоа, отиде во Плодност и му дадоа терапија некоја... откако направи биопсија последно му кажаа дека сега се е во ред
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 00:11
,,,se dodeka so biopsija e I,,,i ,,II,,,,ne se prevzimaat hirurški zahvati,,,,a za III e definitivno indiciran,,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 00:27
Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

Моја пријателка имаше цин2... многу лошо го прифати тоа, отиде во Плодност и му дадоа терапија некоја... откако направи биопсија последно му кажаа дека сега се е во ред

Од сите 38 постови сфативме дека Плодност се единственида
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:58
Originally posted by Calipso Calipso напиша:


Originally posted by Radmila Rada Radmila Rada напиша:

Моја пријателка имаше цин2... многу лошо го прифати тоа, отиде во Плодност и му дадоа терапија некоја... откако направи биопсија последно му кажаа дека сега се е во ред

Од сите 38 постови сфативме дека Плодност се единственида


Од мое лично и искуство на многу што ги знам а имале проблеми, богами Најдобри се
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,174 секунди.