IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кавијар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кавијар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 18:52
Обожавам
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 13:11
River Beluga кавијар

Уште во 2005-та година Службата за рибен и животински свет на САД и повеќе европски земји донесоа одредба со која се забранува увозот на “Beluga” кавијар кој потекнува од басените на Каспиското и Црното Море.

Од тогаш претприемачите не престануваа во обидите да пронајдат алтернатива која ќе ги долови карактеристиките на најекслузивните кавијари.

По неколку години работа, “Caviar Merchant Company” скоро ја објави првата понуда на “River Beluga Caviar”, вкусна замена којашто ја доловува суштината на оригиналот и слободно може да се каже дека е најдобрата алтернатива и со највисок квалитет.

Направен е од Huso Daricus есетра, чиешто природно живеалиште е реката Амур на границата помеѓу Русија и Кина, а се произведува двапати годишно.

Цената е околу 700 долари за 100 грама, а крајниот производ е богат, кремаст и ужасно вкусен. Како додаток со него се препорачува вотка или француски шампањ.

riverbeluga




Кавијар: Yves Saint Laurent Love 2010


caviar-prunier-yves-saint-laurent-2010

Француската Куќа на кавијарот “Prunier“ го најави дизајнот на новата лименка “Love 2010“. Тоа е оригинален цртеж од 1970 година на една од модните легенди Yves Saint Laurent.


Кавијарот е одлежан 45 дена според стар персиски рецепт во оригинална саламура. Темата “LOVE“, според нив, е инспирирана од перфектниот сооднос и хармонија меѓу солта и икрата.



Ќе го има во продажба од октомври оваа година, со цена од околу 450 евра за една лименка од 125 грама.


Karat Caviar, неверојатeн вкус од Израел


Кристално бистрата изворска вода од планината Хермон и најдобрата селекција на чиста руска есетра се користат за подготовката на “Karat Caviar“, неодамна промовиран од Израел.

Му требаат 16 години да се развие и да стане исклучително вкусен. За овој кавијар се користи исклучително ретката дива руска есетра од Каспиското Море, одгледувана во природни и чисти услови. Поради тоа, кавијарот е со врвен квалитет.

“Karat Caviar“ го произведува “Karat Galilee“, еден од најстарите рибници во Израел (постои од 1939 година), а руска есетра се одгледува од 1992, кога првите оплодени јајца се увезени од Русија.

karatcav

Рибникот се наоѓа блиску до главниот извор на реката Јордан. Природниот тек на водата што тече низ рибникот овозможува рибите да се размножуваат во чиста вода богата со кислород.

Овој кавијар се произведува од десетгодишни или од единаесетгодишни риби. Кавијарот се прави од секоја риба посебно, а потоа посебно се пакува. На тој начин се добива чист производ, без мешање на кавијари од различни риби.

Затоа, “Karat Caviar“ е свеж, одржлив и висококвалитетен кавијар со фин вкус и осет, многу често ставајќи ги во сенка другите кавијари.


Мене лично..не ми се допаѓаболен
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.