IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Брокула - bracchium
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Брокула - bracchium

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Брокула - bracchium
    Испратена: 25.Јануари.2010 во 23:55
Броколи еволуирале од див зелка за одгледување на континентот Европа. Индикации укажуваат на зеленчук се познати од 2.000 години. Од Римската империја, броколи се смета за уникатно вредност на храната меѓу Италијаните . Броколи првпат беше воведена во САД од страна на овие имигранти, но не стане нашироко познат се до 1920-тите



Броколи е богата со витамини Ц, К и А, како и диететски влакна, тој, исто така, содржи повеќе хранливи состојки со гадна анти-рак на имот, како на пример diindolylmethane и мали количини на селен. Една служи предвидува повеќе од 30 mg се на Витамин Ц и половина чаша обезбедува 52 мг витамин Ц . Во 3,3 '-Diindolylmethane најде во броколи е потентен модулатор на вродената имунолошкиот систем на одговори со анти-вирусна, анти-бактериски и анти-рак активност.   Броколи, исто така, содржи glucoraphanin соединение, кое може да биде преработено во анти-рак соединение sulforaphane, иако предностите на брокула значително се намали ако се варени зеленчук повеќе од десет минути. високо доза на броколи е резултат на намалување на ризикот од агресивниот рак на простата. Броколи потрошувачка, исто така, покажуваат дека тие се корисни во превенција на срцеви заболувања.










Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:21
Брокула – растение ......храна и лек од природата

Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција.........................

Совети за подготвување на брокулата

Брокулата треба да се знае и да се приготви, бидејќи со нејзиното варење и приготвување можат да се загубат хранливите материи. Таа треба да биде мека, но не и да се распаѓа. Водата во која се варела брокулата е многу богата со хранливи состојки и може да се пие. Брокулата може да се искористи и во функција на разубавување, бидејќи содржи бетакаротен и витамин А.

Секако, брокулата може да се јаде и свежа, приготвена како салата, било како сама, или во комбинација со друг вид на зеленчук. најдобро е салатата од брокула да се зачини со лимонов сок и со нерафинирани, ладно цедено маслиново масло. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2 кој влијае на развојот на ракот на дојката....да

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:29

Леле колку е корисна брокулата!! кралица на зеленчукот.....
како храна и како лек.... незаменлива...да

http://4.bp.blogspot.com/_WesntQY0_lA/R6r8fOkPWaI/AAAAAAAAAC8/4ORuPO9_5bw/s320/brokula_article_full.jpg

Брокулата ги штити слузниците, посебно цревната слузница

Брокулата е одлична за заштита на слузниците, а особено е корисна за заштита на цревната слузница. Таа е лесно сварлива и богата е со растителни влакна кои ја одржуваат нормалната функција на органите за варење и ја одржува нормалната цревна флора.

Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садови

Консумирањето брокула го одржува здравјето на срцето и ги прави крвните садови поеластични, со што се и подобува циркулацијата на крвта во организмот. на тој начин штити од кардиоваскуларни заболувања.......Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања.Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и фолна киселина, како и витамини од групата Б.Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и за настанување на срцев и мозочен удар. Познато е дека консумацијата на брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од мозочен удар.......да



Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:01
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:35
http://recepti.files.wordpress.com/2009/02/brokula.jpg

Брокулата има антиканцерогено дејство и е природен лек кој спречува појава на рак

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до стареење и појава на разни болести вклучувајќи ги тука и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц, на пример од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за превенција на ракот на дојката.

Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали.

Брокулата е корисна и за дијабетичарите

Брокулата им се препорачува на дијабетичарите, затоа што содржи концентрат на хром, кој има функцијата да го намалува шеќерот во крвта. Дневната потреба на организмот на дијабетичарите изнесува 25 милиграми, а само во 100 грама брокула има 22 милиграми хром. Оттука дневно секој дијабетичар треба да внесува најмалку 100 грама брокула.Брокулата ја подобрува и работата на дигестивниот систем, бидејќи 100 грама брокула содржат најмалку 3,6 милиграми фибрични влакна, кои му се потребни на желудникот........да



Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:09
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 17:04

Брокулата го одржува здравјето на белите дробови

Состојката во брокулата, сулфорапан, може да ги ограничи оштетувањата кои доведуваат до хронична опструктивна болест ...ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините. Истражувањата од лабораториските животни сугерираат дека намалената активност на NRF2 генот е поврзана со развој на тежок облик на емфизем, една од состојбите која ги погодува луѓето со хронична опструктивна болест.Поранешни студии покажале дека сулфорапан, има заштитна улога во однос на оштетувањата на крвните садови до кои доаѓа поради дијабетот (шеќерна болест).

Брокулата е добра за мозокот

Повредите на мозокот ги оштетуваат споменатите протеини, а истражувањето утврдило дека брокулите го намалуваат губитокот на функциите на тие протеини.Заштитните својства му се препишуваат на сулфурафанот, состојка која ја има во брокулите, но и во други зеленчуци од таа фамилија.Брокулите освен тоа штитат и од рак, а младите брокули (стари само неколку дена) се уште подобра заштита бидејќи содржат 20 пати повеќе SGS (Сулфурофатен глукозинат), кој е задолжен за борбата против болест........губитник



Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 17:08
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 17:14

Salatka%20brokulowa%20z%20tofu

Брокула - антистрес зеленчук

Брокулата е најдобар антистрес зеленчук. Тој го намалува стресот, го подобрува расположението, па им се препорачува на сите лица кои се под стрес, но и на спортистите и на децата во развој, на кои им треба, во тој период на раст и развој на телото, посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли и други корисни и неопходни нутритиенти.

Брокулата ги штити очите и го зајакнува видот

Брокулата го чува и видот. Секојдневното изложување на УВ зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите можат да го заштитат окото од УВ зрачењето со јачина шест.

Брокулата е корисна и за време на бременоста

Особено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време на бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со магнезиум, кои се важни за формирање на коските, забите и ноктите на фетусот. Богата е со железо, а со редовно внесување на брокулата се спречува и слабокрвноста во организмот. Таа содржи железо и фолна киселина, која е неопходна во првите 12 недели од бременоста, а содржи и спектар од Б-витамини........да

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:36

10 интересни факти за брокулата

Брокула

  1. Зборот „брокула“ доаѓа од латинскиот збор „brachium“ и италијанскот збор „braccio“ што значи „рака“.
  2. Брокулата е дел од фамилијата на зелки.
  3. Јадењето брокула го намалува ризикот од коронарно васкуларни болести.
  4. Брокулата ја има во различни бои, од темно-зелена до пурпурно-зелена.
  5. Содржи МНОГУ витамин Ц и влакна.
  6. Во лабораториски тестови, покажала дека се бори со канцерогени клетки.
  7. Во кујната е повеќе наменска(како закуска, во супи, салати…)
  8. Американците јадат речиси 4% брокула, годишно.
  9. Брокулата предизвикува гасови :%29
  10. Според обликот, брокулата личи на бонсаи дрвце
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2012 во 16:06
Совети кои можат да ви користат

1.Кога одбирате брокула внимавајте да има свеш мирис,затегнат труп со темнозелена глава ,одбегнувајте глави кои имаат жолти цветчиња.
2.Брокулата може да се чува во отворена кеса во фрижидер најмногу 5 дена.
3.Подварена брокула може да се чува замрзната до една година во замрзнувач.
4.Важно е да се знае дека брокулата е многу чувствителна на етилен-гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук,кој го забрзува процесот на стареење на брокулата ,па затоа пожелно е да не се чува во близина на јаболка ,праски ,банани,дињи,домати,киви ,манго и кајсии.

И на крај  брокулата нека ви биде застапена на трпезата се почесто и како главно јадење и како додаток во супи,салати затоа што содржи екстремно високи дози на витамини.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2012 во 16:08

Нов вид брокула ќе делува против рак

Научници од Велика Британија успеале да добијат нов вид на „beneforte,“  брокула и ќе делува најдобро против ракот, пренесуваат од AFP.

Брокула ќе биде специфична по тоа што ќе има поголема количина на состојката „glukofaraninom“, а таа е широко позната и како помагател на кардиоваскуларните заболувања.

Брокулата оваа состојка ја соджи два до три пати повеќе од обичната брокула, а во контакт со црвената флора во активното соединение, „sulforafan“ ќе ги намалува хроничните воспаленија и ќе го спречува развојот на некои видови на рак.  

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 07:00

Време е за брокула!

Бро­ку­лите се рас­те­ние од фами­ли­јата на зелки, чии цве­тови се кон­су­ми­раат како зелен­чук. Самиот збор бро­кула доаѓа од ита­ли­јан­скиот збор „broccoli“ што значи „цве­тен врв на зелката“.

Цве­то­вите на бро­ку­лата се зелени и ги држи сте­бленце кое исто така се кон­су­мира. По сво­јот изглед, бро­ку­лата е доста слична со кар­фи­о­лот. Започ­нала да се одгле­дува на Меди­те­ра­нот уште во 6-тиот век п.н.е. Во вре­мето на Рим­ската импе­рија, бро­ку­лата се сме­тала за посе­бен и уни­ка­тен тип на зеленчук.

Овој плод е полн со вита­мин Ц, како и дие­тет­ски влакна. Има моќно анти-канцер делу­вање. На при­мер, бро­ку­лата го нама­лува коли­че­ството на сулфа­ро­фан (кан­це­ро­гена состојка) за 20–30% после само 5 минути и за цели 77% по поло­вина час. Таа има најви­соки коли­чини на каро­те­но­иди во целата фами­лија на која ѝ при­паѓа. Богата е и со лутеин, а содржи и уме­рени коли­чини на бета-каротен.

Посто­јат три основи вида на бро­кула. Најпо­зната е „кала­брезе“, која ја има и на нашите пазари и во нашите про­дав­ници. „Sprouting“ бро­ку­лата има пого­лем број на цве­тови со тенки сте­бленца, додека „вио­ле­то­вата“ бро­кула повеќе личи на кар­фиол и се про­дава главно во Ита­лија, Шпа­нија и Британија.

Лична карта
Во 100 гр плод на бро­кула има 34 кало­рии, што е 2% од днев­ната пре­по­ра­чана коли­чина (ПДК), 2.8 гр про­те­ини (6% од ПДК), 6.6 грама јагле­хи­драти (2% од ПДК), 0.4 гр. масти (1% од ДПК) и не содржи холестерол.

Време е за брокула! ● Табела

*ДПК – дневна пре­по­ра­чана количина

Бро­ку­лите може да се нај­дат свежи и замр­знати. Нај­до­бро е кога се свежи и при тоа се кори­стат како состојка во салати, супи, чорби или гар­нир кон јадења од месо. Печени бро­кули се еден од нај­че­сто кори­сте­ните реце­пти. Често знае да бидат дел од оре­де­вери, а се смета и за мошне попу­ла­рен сиров зелен­чук. Се при­го­твува со тех­ники на варење, пржење во масло и варење на пареа.

Инте­ре­сни факти

● во Ита­лија постои пица од бро­кули;
● на ази­скиот кон­ти­нент бро­ку­лите се дода­ваат кон нудлс, супи и јадења од месо;
● бро­ку­лата не сака топло време. Нај­многу успева на темпе­ра­тура од 18–23 степени.

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 16:46
Не ми е баш омилено јадење...тага
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.