Брокула - bracchium
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21601
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 13:11 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Брокула - bracchium
Постирано од: eptendosadno
Наслов: Брокула - bracchium
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 23:55
Броколи еволуирале од див зелка за одгледување на континентот Европа. Индикации укажуваат на зеленчук се познати од 2.000 години. Од Римската империја, броколи се смета за уникатно вредност на храната меѓу Италијаните . Броколи првпат беше воведена во САД од страна на овие имигранти, но не стане нашироко познат се до 1920-тите
Броколи е богата со витамини Ц, К и А, како и диететски влакна, тој, исто така, содржи повеќе хранливи состојки со гадна анти-рак на имот, како на пример diindolylmethane и мали количини на селен. Една служи предвидува повеќе од 30 mg се на Витамин Ц и половина чаша обезбедува 52 мг витамин Ц . Во 3,3 '-Diindolylmethane најде во броколи е потентен модулатор на вродената имунолошкиот систем на одговори со анти-вирусна, анти-бактериски и анти-рак активност. Броколи, исто така, содржи glucoraphanin соединение, кое може да биде преработено во анти-рак соединение sulforaphane, иако предностите на брокула значително се намали ако се варени зеленчук повеќе од десет минути. високо доза на броколи е резултат на намалување на ризикот од агресивниот рак на простата. Броколи потрошувачка, исто така, покажуваат дека тие се корисни во превенција на срцеви заболувања.
------------- Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 16:21
Брокула – растение ......храна и лек од природата |
http://www.rak.com.mk/index.php?view=article&catid=105%3Aishrana&id=1123%3Abrokula-hrana-lek&format=pdf&option=com_content&Itemid=218 - |
http://www.rak.com.mk/index.php?view=article&catid=105%3Aishrana&id=1123%3Abrokula-hrana-lek&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=218 - |
Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска
кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу
значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи
количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо,
бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.
Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното
дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот.
Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини),
кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од
заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го
зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во
организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни
влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу
заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува
организмот во одлична психичко - физичка кондиција......................... Совети за подготвување на брокулата
Брокулата треба да се знае и да се приготви, бидејќи со нејзиното
варење и приготвување можат да се загубат хранливите материи. Таа треба
да биде мека, но не и да се распаѓа. Водата во која се варела брокулата
е многу богата со хранливи состојки и може да се пие. Брокулата може да
се искористи и во функција на разубавување, бидејќи содржи бетакаротен
и витамин А.
Секако, брокулата може да се јаде и свежа, приготвена како салата,
било како сама, или во комбинација со друг вид на зеленчук. најдобро е
салатата од брокула да се зачини со лимонов сок и со нерафинирани,
ладно цедено маслиново масло. Антиоксидансите полифеноли, кои се
наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на
генот HER2 кој влијае на развојот на ракот на дојката....
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 16:29
Леле колку е корисна брокулата!! кралица на зеленчукот..... како храна и како лек.... незаменлива...
Брокулата ги штити слузниците, посебно цревната слузница
Брокулата е одлична за заштита на слузниците, а особено е корисна за
заштита на цревната слузница. Таа е лесно сварлива и богата е со
растителни влакна кои ја одржуваат нормалната функција на органите за
варење и ја одржува нормалната цревна флора.
Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садови
Консумирањето брокула го одржува здравјето на срцето и ги прави
крвните садови поеластични, со што се и подобува циркулацијата на крвта
во организмот. на тој начин штити од кардиоваскуларни заболувања.......Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања.Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот
од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од
најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно
сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на
салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се
елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин
ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја
намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и фолна
киселина, како и витамини од групата Б.Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на
холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и
за настанување на срцев и мозочен удар. Познато е дека консумацијата на
брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од
мозочен удар.......
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 16:35
http://www.facebook.com/photo.php?pid=1346271&id=52577961309"> Брокулата има антиканцерогено дејство и е природен лек кој спречува појава на рак
Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го
намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц
и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на
оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои
доведуваат до стареење и појава на разни болести вклучувајќи ги тука и
малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин
Ц, на пример од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на
организмот.SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива
туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на
туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во
далечните органи и ткива.Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на
исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на
умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат
сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и
можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така
лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за
превенција на ракот на дојката.
Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот
на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните
промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај
жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество
фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од
рак белите дробови се помали.
Брокулата е корисна и за дијабетичарите
Брокулата им се препорачува на дијабетичарите, затоа што содржи
концентрат на хром, кој има функцијата да го намалува шеќерот во крвта.
Дневната потреба на организмот на дијабетичарите изнесува 25 милиграми,
а само во 100 грама брокула има 22 милиграми хром. Оттука дневно секој
дијабетичар треба да внесува најмалку 100 грама брокула.Брокулата ја подобрува и работата на дигестивниот систем, бидејќи
100 грама брокула содржат најмалку 3,6 милиграми фибрични влакна, кои
му се потребни на желудникот........
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 17:04
http://www.facebook.com/photo.php?pid=1346271&id=52577961309"> Брокулата го одржува здравјето на белите дробови
Состојката во брокулата, сулфорапан, може да ги ограничи
оштетувањата кои доведуваат до хронична опструктивна болест ...ја
зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така
ги штити од оштетувања предизвикани од токсините. Истражувањата од лабораториските животни сугерираат дека намалената
активност на NRF2 генот е поврзана со развој на тежок облик на емфизем,
една од состојбите која ги погодува луѓето со хронична опструктивна
болест.Поранешни студии покажале дека сулфорапан, има заштитна улога во
однос на оштетувањата на крвните садови до кои доаѓа поради дијабетот
(шеќерна болест).
Брокулата е добра за мозокот
Повредите на мозокот ги оштетуваат споменатите протеини, а
истражувањето утврдило дека брокулите го намалуваат губитокот на
функциите на тие протеини.Заштитните својства му се препишуваат на сулфурафанот, состојка која
ја има во брокулите, но и во други зеленчуци од таа фамилија.Брокулите освен тоа штитат и од рак, а младите брокули (стари само
неколку дена) се уште подобра заштита бидејќи содржат 20 пати повеќе
SGS (Сулфурофатен глукозинат), кој е задолжен за борбата против болест........
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 17:14
Брокула - антистрес зеленчук
Брокулата е најдобар антистрес зеленчук. Тој го намалува стресот, го
подобрува расположението, па им се препорачува на сите лица кои се под
стрес, но и на спортистите и на децата во развој, на кои им треба, во
тој период на раст и развој на телото, посилна исхрана богата со
витамини, минерали и соли и други корисни и неопходни нутритиенти.
Брокулата ги штити очите и го зајакнува видот
Брокулата го чува и видот. Секојдневното изложување на УВ зраци
доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните
причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите можат да го
заштитат окото од УВ зрачењето со јачина шест.
Брокулата е корисна и за време на бременоста
Особено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време на
бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со
витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со
магнезиум, кои се важни за формирање на коските, забите и ноктите на
фетусот. Богата е со железо, а со редовно внесување на брокулата се
спречува и слабокрвноста во организмот. Таа содржи железо и фолна
киселина, која е неопходна во првите 12 недели од бременоста, а содржи
и спектар од Б-витамини........
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 11:36
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=58 - 10 интересни факти за брокулата
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/files/2010/03/Broccoli_Super_Food.png">
Брокула
- Зборот „брокула“ доаѓа од латинскиот збор „brachium“ и италијанскот збор „braccio“ што значи „рака“.
- Брокулата е дел од фамилијата на зелки.
- Јадењето брокула го намалува ризикот од коронарно васкуларни болести.
- Брокулата ја има во различни бои, од темно-зелена до пурпурно-зелена.
- Содржи МНОГУ витамин Ц и влакна.
- Во лабораториски тестови, покажала дека се бори со канцерогени клетки.
- Во кујната е повеќе наменска(како закуска, во супи, салати…)
- Американците јадат речиси 4% брокула, годишно.
- Брокулата предизвикува гасови
- Според обликот, брокулата личи на бонсаи дрвце
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Март.2012 во 16:06
Совети кои можат да ви користат
1.Кога одбирате брокула внимавајте да има свеш мирис,затегнат труп со темнозелена глава ,одбегнувајте глави кои имаат жолти цветчиња. 2.Брокулата може да се чува во отворена кеса во фрижидер најмногу 5 дена. 3.Подварена брокула може да се чува замрзната до една година во замрзнувач. 4.Важно е да се знае дека брокулата е многу чувствителна на етилен-гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук,кој го забрзува процесот на стареење на брокулата ,па затоа пожелно е да не се чува во близина на јаболка ,праски ,банани,дињи,домати,киви ,манго и кајсии.
И на крај брокулата нека ви биде застапена на трпезата се почесто и како главно јадење и како додаток во супи,салати затоа што содржи екстремно високи дози на витамини.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 16:08
http://mug.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3001:nov-vid-brokula-ke-deluva-protiv-rak&catid=98:2011-08-26-20-05-11&Itemid=515" rel="nofollow - Нов вид брокула ќе делува против рак Научници
од Велика Британија успеале да добијат нов вид на „beneforte,“
брокула и ќе делува најдобро против ракот, пренесуваат од AFP. Брокула
ќе биде специфична по тоа што ќе има поголема количина на состојката
„glukofaraninom“, а таа е широко позната и како помагател на
кардиоваскуларните заболувања. Брокулата оваа состојка ја соджи
два до три пати повеќе од обичната брокула, а во контакт со црвената
флора во активното соединение, „sulforafan“ ќе ги намалува хроничните
воспаленија и ќе го спречува развојот на некои видови на рак.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Декември.2012 во 07:00
Време е за брокула!Брокулите се растение од фамилијата на зелки, чии цветови се
консумираат како зеленчук. Самиот збор брокула доаѓа од
италијанскиот збор „broccoli“ што значи „цветен врв на зелката“.
Цветовите на брокулата се зелени и ги држи стебленце кое исто
така се консумира. По својот изглед, брокулата е доста слична со
карфиолот. Започнала да се одгледува на Медитеранот уште во
6-тиот век п.н.е. Во времето на Римската империја, брокулата се
сметала за посебен и уникатен тип на зеленчук.
Овој плод е полн со витамин Ц, како и диететски влакна. Има моќно
анти-канцер делување. На пример, брокулата го намалува
количеството на сулфарофан (канцерогена состојка) за 20–30% после
само 5 минути и за цели 77% по половина час. Таа има највисоки
количини на каротеноиди во целата фамилија на која ѝ припаѓа.
Богата е и со лутеин, а содржи и умерени количини на бета-каротен.
Постојат три основи вида на брокула. Најпозната е „калабрезе“,
која ја има и на нашите пазари и во нашите продавници. „Sprouting“
брокулата има поголем број на цветови со тенки стебленца, додека
„виолетовата“ брокула повеќе личи на карфиол и се продава главно
во Италија, Шпанија и Британија.
Лична карта
Во 100 гр плод на брокула има 34 калории, што е 2% од дневната
препорачана количина (ПДК), 2.8 гр протеини (6% од ПДК), 6.6 грама
јаглехидрати (2% од ПДК), 0.4 гр. масти (1% од ДПК) и не содржи
холестерол.
*ДПК – дневна препорачана количина
Брокулите може да се најдат свежи и замрзнати. Најдобро е кога
се свежи и при тоа се користат како состојка во салати, супи, чорби или
гарнир кон јадења од месо. Печени брокули се еден од најчесто
користените рецепти. Често знае да бидат дел од оредевери, а се
смета и за мошне популарен сиров зеленчук. Се приготвува со
техники на варење, пржење во масло и варење на пареа.
Интересни факти
● во Италија постои пица од брокули;
● на азискиот континент брокулите се додаваат кон нудлс, супи и јадења од месо;
● брокулата не сака топло време. Најмногу успева на температура од 18–23 степени.
-------------
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 17.Декември.2012 во 16:46
Не ми е баш омилено јадење...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|