|
Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo |
Внеси реплика |
Автор | |
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јануари.2010 во 04:46 |
Иринеј бара „жртви и страдања“ за одбрана на Косово
Косово е нашата света земја и мора да бидеме спремни на секоја жртва за да го зачуваме, макар и да се потребни страдања, изјави Иринеј по устоличувањето во Белград Жртви, па и страдања за одбрана на Косово од сите што сакаат да го грабнат, побара Иринеј, новиот патријарх на Српската православна црква. По устоличувањето во саботата, тој изјави дека е свесен за одговорноста и се надева дека заедно со народот ќе успее да „го издржи бремето на крстот што го носи“. - Најважна задача на нашата црква и на нашиот народ е да и' помогне на државата да го зачува своето свето маченичко Косово од сите што сакаат да го приграбат. Косово е нашата света земја и мора да бидеме спремни на секоја жртва за да го зачуваме, макар и да се потребни страдања. Ако ние го заборавиме Косово, и тоа ќе не заборави нас - изјави Иринеј по церемонијата на устоличување во Соборната црква во Белград. Тој додаде дека „со стегната душа и со радост“ го очекува патот во Пеќската патријаршија, каде што треба свечено да се одржи светиот чин на устоличување. - Не знаеме дали ќе стасаме секаде каде што сме наумиле, но не' исполнува радост зашто ќе ги видиме нашите светињи, манастирите „Дечани“, „Богородица Љевишка“, „Грачаница“ - изјави патријархот. Тој повика на единство на српската црква и истакна дека нејзина задача е „да го соедини и зачува српскиот народ“. Обраќајќи им се на епископите, патријархот Иринеј изјави дека пред СПЦ има низа задачи, за кои ќе се договорат на црковните сабори. Панагијата на српските патријарси и патријаршискиот жезол Иринеј ги прими од митрополитот Амфилохие, кој беше чувар на тронот по смртта на патријархот Павле. Освен црковните достоинственици, на свеченоста присуствуваа и премиерот Мирко Цветковиќ, вицепремиерот Ивица Дачиќ, градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, премиерот на Република Српска, Милорад Додик, како и српскиот принц Александар Караѓорѓевиќ. Честитка на новиот српски патријарх му упати и папата Бенедикт Шеснаесетти, изразувајќи надеж дека двете цркви ќе ја продлабочат соработката. Непосредно пред изборот на нов патријарх на СПЦ, Иринеј изрази надеж дека поглаварот на Римокатоличката црква би можел да го посети Ниш во 2013 година, да учествува на собирот по повод 1.700-годишнината од Миланскиот едикт. Меѓу низата честитки од странство, весникот „Блиц“ ја истакнува таа од Кремљ, во која рускиот претседател Дмитриј Медведев изразува надеж дека Иринеј ќе придонесе за зацврстување на братските врски меѓу двата народа. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5B4FC71FC4DEEC4696F498E713BCA07D |
|
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovoj sto e? Patrijarh ili politicar Ako e patrijarh,ova ne lici ni za Srbija ni za nego...
|
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
Александров
Сениор Регистриран: 30.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 134 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Косово е место каде е родена Православна Србија а црквата е поврзана со народот така оваа изјава има секаква смисла |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa ako se sledat rabotite bez pristrasnosti zleguva deka site koi reagiraat za Kosovo i negovata "sloboda i nezavisnost" se vo pravo. Ocigledno e deka vremeto pokazuva nesto sto dolgo se kriese. Akterite niz lapsusi ja kazuvaat vistinata koja site umereni luge ja znaeja a toa e deka NATO se stavi vo sluzba na edna zena koja kako staree si ja olesnuva sovesta pa makar i niz lapsusi.
Горда сум на етничките чистења во Косово! |
|
hipper
Нов член Регистриран: 09.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo edno da kazam : Ni se namali pravoslavnata zemja vidlivo i se pretvara vo polosa i pomuslimanska od centarot na muslimanite - Saudiska arabija !
Samo zamislite kolku dzamii izgradija za nekolku godini ?! Tolku nema vo cela Arabija i toa se finansirano od UAE,Kuwait,Dubai,Qatar... So drugi zborovi konvertiranite (ne)vernici se daleku polosi i pozlobni od pravite-rodenite a stvarno mi e zal pomuslimanetite a niv im e se-edno |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |