Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21588
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 05:52 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo
Постирано од: afrodit
Наслов: Иринеј бара „жртви и страдања“за одбрана на Косовo
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 04:46
Иринеј бара „жртви и страдања“ за одбрана на Косово
Косово е нашата света земја и мора да бидеме спремни на секоја жртва за да го зачуваме, макар и да се потребни страдања, изјави Иринеј по устоличувањето во Белград
Жртви, па и страдања за одбрана на Косово од сите што сакаат да го грабнат, побара Иринеј, новиот патријарх на Српската православна црква.
По устоличувањето во саботата, тој изјави дека е свесен за одговорноста и се надева дека заедно со народот ќе успее да „го издржи бремето на крстот што го носи“.
- Најважна задача на нашата црква и на нашиот народ е да и' помогне на државата да го зачува своето свето маченичко Косово од сите што сакаат да го приграбат. Косово е нашата света земја и мора да бидеме спремни на секоја жртва за да го зачуваме, макар и да се потребни страдања. Ако ние го заборавиме Косово, и тоа ќе не заборави нас - изјави Иринеј по церемонијата на устоличување во Соборната црква во Белград.
Тој додаде дека „со стегната душа и со радост“ го очекува патот во Пеќската патријаршија, каде што треба свечено да се одржи светиот чин на устоличување.
- Не знаеме дали ќе стасаме секаде каде што сме наумиле, но не' исполнува радост зашто ќе ги видиме нашите светињи, манастирите „Дечани“, „Богородица Љевишка“, „Грачаница“ - изјави патријархот. Тој повика на единство на српската црква и истакна дека нејзина задача е „да го соедини и зачува српскиот народ“.
Обраќајќи им се на епископите, патријархот Иринеј изјави дека пред СПЦ има низа задачи, за кои ќе се договорат на црковните сабори.
Панагијата на српските патријарси и патријаршискиот жезол Иринеј ги прими од митрополитот Амфилохие, кој беше чувар на тронот по смртта на патријархот Павле. Освен црковните достоинственици, на свеченоста присуствуваа и премиерот Мирко Цветковиќ, вицепремиерот Ивица Дачиќ, градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, премиерот на Република Српска, Милорад Додик, како и српскиот принц Александар Караѓорѓевиќ.
Честитка на новиот српски патријарх му упати и папата Бенедикт Шеснаесетти, изразувајќи надеж дека двете цркви ќе ја продлабочат соработката. Непосредно пред изборот на нов патријарх на СПЦ, Иринеј изрази надеж дека поглаварот на Римокатоличката црква би можел да го посети Ниш во 2013 година, да учествува на собирот по повод 1.700-годишнината од Миланскиот едикт.
Меѓу низата честитки од странство, весникот „Блиц“ ја истакнува таа од Кремљ, во која рускиот претседател Дмитриј Медведев изразува надеж дека Иринеј ќе придонесе за зацврстување на братските врски меѓу двата народа.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5B4FC71FC4DEEC4696F498E713BCA07D
|
Коментари:
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 18:37
Ovoj sto e? Patrijarh ili politicar Ako e patrijarh,ova ne lici ni za Srbija ni za nego...
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: Александров
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 02:26
Polaris напиша:
Ovoj sto e? Patrijarh ili politicar Ako e patrijarh,ova ne lici ni za Srbija ni za nego... |
Косово е место каде е родена Православна Србија
а црквата е поврзана со народот
така оваа изјава има секаква смисла
------------- се за Македонија
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 09:07
Pa ako se sledat rabotite bez pristrasnosti zleguva deka site koi reagiraat za Kosovo i negovata "sloboda i nezavisnost" se vo pravo. Ocigledno e deka vremeto pokazuva nesto sto dolgo se kriese. Akterite niz lapsusi ja kazuvaat vistinata koja site umereni luge ja znaeja a toa e deka NATO se stavi vo sluzba na edna zena koja kako staree si ja olesnuva sovesta pa makar i niz lapsusi. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4099D7EC59513849B85A772FBEF5290C -
Горда сум на етничките чистења во Косово!
-------------
|
Постирано од: hipper
Датум на внесување: 02.Декември.2010 во 13:19
Samo edno da kazam : Ni se namali pravoslavnata zemja vidlivo i se pretvara vo polosa i pomuslimanska od centarot na muslimanite - Saudiska arabija !
Samo zamislite kolku dzamii izgradija za nekolku godini ?! Tolku nema vo cela Arabija i toa se finansirano od UAE,Kuwait,Dubai,Qatar...
So drugi zborovi konvertiranite (ne)vernici se daleku polosi i pozlobni od pravite-rodenite a stvarno mi e zal pomuslimanetite a niv im e se-edno
|
|