IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 181920
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:38

Со овие предлози ќе се ослободите од митот дека здравата храна е скапа и дека тешко се применува. Доволно е во менито да ги внесете овие пет намирници и не морате да се преиспитувате дали доволно правите за своето здравје.

5-namirnici-koi-treba-da-gi-jademe-sekoj-den

Правилната исхрана и здравата храна секако треба да го одбележат вашиот ден.

Постои подолг список на намирници кои нашиот организам ги „бара“, а тука ги посочуваме само основните кои се достапни за сите.

Лиснат зеленчук

Овој зеленчук би требало почесто да се внесува во организмот. Иако нутриционистите советуваат секојдневно да се зема, настојувајте да го јадете што повеќе кога му е сезоната.

Зељето, спанаќот и блитвата често нека бидат на вашата трпеза, тоа е т.н „лиснат зеленчук“. Во него ги има витамините А и Ц кои помагаат во борбата против ракот.

Само една шолја обарено зеље дневно може да биде добра превенција за диабет и висок крвен притисок.

Јаткасти плодови

Нутриционистите советуваат исхраната да се збогати со ореви, бадеми и лешници затоа што се богати со природни влакна. Влакната поволно делуваат на варењето и преставуваат добра замена за чипс и други нездрави грицки.

Лук

Студиите покажале дека кога се јаде лук, во било кој вид се намалуваат сите симптоми на асма и се намалува можноста од заболување од рак на желудникот. Ако не сакате да јадете сиров лук, додајте го во салата, супа, намаз... Колку е лукот полут, толку е поизразено неговото дејство.

Житарки

Наместо бел ориз секогаш користете кафен – тој изгубил помалку од својата нутритивна вредност за време на преработката. Исто така подгответе паста од интегрални житарки, така ќе го намалите внесувањето на маснотии и калории.

Јогурт

Ако јогуртот е секојдневно на вашето мени, никогаш нема да имате проблем со варењето. Ако не знаете кој јогурт да го одберете, затоа што навистина ги има многу – проверете го составот. Оние јогурти кои во себе имаат активна култура, пробиотик и некои други влакна, би требало да бидат ваш избор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 181920
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.