Испечати | Затвори го прозорот

Занимливости околу исхраната

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20722
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 14:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Занимливости околу исхраната
Постирано од: Valerija
Наслов: Занимливости околу исхраната
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 12:48
Британка има фобија од зеленчук


Една млада Британка има необична фобија, лаханофобија, односно паничен страв од зеленчук.

Вики Ларије (22) од Портсмут е натерана на специфичен режим на исхрана бидејќи се храни исклучиво со месо, компир и житарки.

Таа монотонија ја пресекува со по некое јаболко, пишуваат локалните медиуми.

- Секој пат кога ќе погледнам во зеленчук не само во мојата чинија и кај кого било друг, добивам панични напади, се препотувам и срцето забрзано ми чука, вели Ларије.

Уште од како мала го одбивала зеленчукот. Кога воочиле дека има вистински проблем, родителите ја однеле на лекар каде што и дијагностицирале лаханофобија.

Кога била дете, фобијата и била добар изговор дека не јаде зеленчук. Меѓутоа, сега како возрасна личност често посакува да го осознае вкусот на некои зеленчуци.

Таа вели дека поради лаханофобијата често се наоѓа во непријатни ситуации на обични места како што се супермаркетот и рестораните каде што купувањето и излегувањето со пријателите лесно се претвора во вистински пекол.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 12:49
Ovde kje si pastirame nekoi interesni textovi okolu ishranata,nacinot na ishrana,so eden zbor se sto na prv pogled se cini zanimlivo za diskusijaсреќа

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 12:53

Од мрсната исхрана потешко размислуваме

Секојдневното уживање во калоричната исхрана, освен на телото делува и на работата на мозокот.

Чувството на омалаксаност, нервоза или забавеност можат да бидат последица од лоша исхрана. Континуираното уживање во колачите и исхраната која содржи маснотии може да предизвика дебелеење, дијабетес па дури и престанок на срцето, пишува „Вечерњи лист“.

Храната богата со маснотии ја намалува физичката издржливост кај поединци и способноста да размислува и по неколку дена по консумирањето, објавено е во својата студија на Универзитетот Оксфорд.

Истражувањето спроведено врз стаорци покажало дека после девет дена мрсна прехрана можеле да истрчаат 50 проценти помалку од оние што се хранеле здраво, исто така и правеле повеќе грешки во задачите што покажува на влошување на когнитивните способности.

-Со внесување на масна храна неуротрансмитерите говорат дека немаме потреба од фанатично  барање на храна и мозокот се одмара. Инстинктот за преживување се исклучува на некое време, а со него и моќта за размислување, ги објасни своите заклучоци др.Алан Мајрон-Давис.


 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 09:33
Лекување на бубрезите со здрава исхрана

Бубрезите се двоен орган во облик на зрно од грав сместени во горниот дел од стомачната празнина, близу до рбетниот столб. Бубрегот не се простира паралелно со рбетот, туку е навален, така што горниот дел му е блиску до рбетот, а долниот за 4 сантиметри подалеку од него. Предната страна е нерамна и доаѓа во допир со органите од стомачната празнина, а задната е рамна и лежи во горниот дел од дијафрагмата.

Кај возрасните бубрезите се долги од 10 до 12 сантиметри, широки од 5 до 6 сантиметри, а дебели од 3 до 4 сантиметри. Десниот бубрег е сместен 2-3 сантиметри пониско од левиот, па затоа камењата најчесто се таложат во него. Кај жените бубрезите се сместени пониско за разлика од мажите.

Најважна функција на бубрезите е да ја филтрираат крвта од човечкото тело и да ги исфрлаат вишокот течност и непосакуваните продукти на метаболизмот во облик на урина. Речиси еден литар крв секоја минута поминува низ бубрезите кои служат и за регулирање на количината сол , вода и други состојки на крвотокот.

Урината се создава во бубрезите со филтрирање на уреата и другите отпадни материи од крвните садови и исфрлање на други супстанци од филтрати.

Количината на урина што се исфрла варира во зависност од количината испиена течност, а обично достигнува од 1 000 до 1 500 сантиметри кубни дневно.

Количината цврсти состојки во урината е различна во зависност од исхраната и значително е поголема по внесувањето намирници богати со маснотии и протеини.

Мочниот меур е шуплив орган во облик на буквата У и се наоѓа во карлицата. Служи како резервоар за урината. Во неа може да се задржи околу половина литар урина.

Уринарниот канал се простира од вратот на мочниот меур до гениталниот орган. Кај мажите овој канал се дели на дел кој поминува низ простатата и дел кој поминува низ пенисот. Кај жените уринарниот канал е потполно одвоен од половите органи.

Нормалната работа на бубрезите е нарушена кога бубрезите делумно ја вршат својата функција. Нарушувањето на бубрезите е најчесто предизвикано од воспаление, силни психички стресови и други оптоварувања, а не ретко и како резултат на неправилна исхрана и неконтролирано внесување лекови.

Бубрежните болести можат да се појават во секое време од човечкиот живот и во разни облици. Во практиката најчести бубрежни болести се нефритиси, нефрози, нефросклерози, неспецифични гнојни и негнојни воспаленија на бубрезите и на бубрежната карлица, бубрежни камења и отоци на бубрезите. Кај сите болести е неопходно колку што е можно побрзо да се постави дијагнозата и да се почне со потребното лекување, со што ќе се избегнат хроничните облици и непоправливата состојба кај многу бубрежни заболувања.

Нарушувањата наодредени функции на бубрезите настанува како резултат на различни етиолошки влијанија, а се манифестираат како бројни нарушувања во целиот организам, бидејќи бубрегот е орган пресуден за одржување на хомеостазата( контрола на внатрешната средина на организмот, во смисла на постојаноста на физичките и хемиските карактеристики).

Заради застојот на урината во бубрезите се зголемува крвниот притисок кој создава секундарна атрофија или општа бубрежна склероза со значително оштетување на протокот на крв. Во некои случаи може да биде успешно и конзервативното лекување. Во поголемиот број случаи успех се постигнува со операција, но добри резултати се постигнуваат и со алтернативната медицина посебно со лековите од природата.

Исхрана:

- 50 - 60 % интегрални житарици во зрна особено ориз и јачмен варени во експрес лонец, со повремено земање овес, просо и други житарици.

- Пченката се сведува на најмала можна мера и повремено се зема гриз со овес.

- Мешункастите зрна како што се азуки гравот можат да се варат заедно со зрнестата житарица, а пациентот може да ги зема 2-3 пати неделно.

- 5-10 проценти супа-пациентот може еднаш дневно да изеде 1-2 чинии мисо супа, варена со алги како и со коренест тврд лиснат зеленчук.

- 20-30 % зеленчук варен на различни начини

- Треба да се избегнува свежа сурова салата

- Секојдневно земајте умерена количина коренест зеленчук- морков или чичков корен, а треба да се јаде и тврд лиснат зеленчук.

- Треба да се избегнува масло за пржење

- 5-10 % мешункасти производи. Се препорачува користење на азуки грав кој треба да се вари заедно со комбу и други алги, но и со лук, морков и тврди есенски тикви.

- До 5 % алги,особено арами и хиџики за бубрезите и нори за мочниот меур. Алгите можат да се сварат во супа, во јадења од зеленчук и мешункасти плодови, но и како посебен прилог за јадење.



Количината на храна од животинско потекло треба да се ограничи,

вклучувајќи ги рибата и раковите.

Се препорачува избегнување секаков вид овошје, овошни сокови и десерти. Доколку има желба, пациентот може да зема мала количина варено овошје

како на пример јаболка, кајсии, јагоди и друго топчесто овошје.

Треба да се избегнуваат ковчестото овошје и путерите направени од нив.

Умерено треба да се земаат и макробиотичките зачини и јадења.

Напитоците треба да бидат топли или врели додека студените треба да се

избегнуваат.

Секое внесување течности треба да биде ограничено.

Правилното џвакање на храната дури и мешањето на течноста во устата со плунката е важен фактор за враќање на здравјето.

Земањето азуки грав со малку морска сол или со парче комбо алга ја

подобрува функцијата на бубрезите и го овозможува нормалното мокрење.

Фластер од рендан свеж лотосов корен и таро компир и 5-10 проценти рендан

џумбир можат да помогнат во лечење на рак на бубрезите, доколку се применуваат во текот на две до три седмици. На ставањето на овој фластер треба да му претходи ставање облога од џумбир која се држи 5-10 минути.

1.облогата од џумбир се држи во пределот на стомачната празнина




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2010 во 11:57


Исхраната помага во сузбивање на стресот

Соодветната исхрана може да го регулира стресот. Виенскиот професор Хадемар Банкхофер изработил анти - стрес план за исхрана.



Помеѓу 16 и 17 часот

Борбата против стресот почнува уште во попладневните часови. Најдобро е да се почне со еден оброк од јогурт и свежо овошје. Јогуртот ги зголемува резервите на двете аминокиселини, триптофан и тирозин во крвта. Овие две протеински компоненти предизвикуваат умор и го бистрат умот, а пред се, ја зголемуваат концентрацијата. Позитивните бактерии во јогуртот носат мир и хармонија во вознемирената цревна флора поради стрес.

Околу 18 часот

Ова е време за овошје, на пример, две јаболка, еден грејпфрут, две мандарини или еден портокал. На тој начин организмот се обезбедува со овошен шеќер, доволно за да може мозокот да го произведува хормонот на среќата.

Помеѓу 18 и 20 часот

Банкхофер во ова време препорачува динстан зеленчук со соини клици. Зеленчукот го продуцира антистресниот минерал магнезиум, а соините клици даваат Б витамин кој ги зајакнува нервите. Во менито треба да ја има и рибата, бидејќи белковините помагаат да исчезне стресот.

Алкохол не треба да се внесува 15 минути по јадењето. Ни кафето не помага во борбата против стресот, туку чајот од камилица. Камилицата содржи етерични масла кои делуваат во опуштање и смирување на нервниот систем.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 09:53
Сокот од боровинки ја подобрува меморијата?!

Неколку чашки сок од боровинки дневно можат да помогнат за подобрување на меморијата кај постарите луѓе, вели нова студија.

Извештајот кој се појави во магазинот на ACS за агрикултура и храна, се наведува дека боровинките се едни од најбогатите и најздравите антиоксиданси кои ја подобруваат меморијата.

Во студијата која ја изработија научниците од Универзитетот во Синсинати и американското Министерство за земјоделие утврдија дека боровинките се најдобрата храна на меморијата.

Во истражувањето учествувале доброволци на возраст од 70 години, кои секојдневно пиеле две до три чашки сок од боровинки. По завршувањето на студијата тие покажале значително подобрени резултати во учењето и мемориските тестови, потврдија научниците.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 20:20

Маслиново масло - зачин храна и лек

Маслиново%20масло%20-%20зачин%20храна%20и%20лек
Објавено: 2010-02-09
Маслинките и маслиновото масло покрај хранливите, имаат и некои диететски и лековити својства.

Зелените маслинки се набрани пред полната зрелост, а бојата им е светло-зелена и сламeсто-жолта.

Црните маслинки се плодови кои се набрани во пола зрелост, а бојата им е црно-вилетова до темнокостенлива.

Маслинките се потопуваат во среден раствор натриум-хидроксид-алкалии, а потоа добро се пасираат во вода за да се отстрани олеуропеинот - природен горчлив јаглен хидрат. Потоа зелените маслинки се ферментираат, пред да се стават во солен раствор. Црните маслинки не се ферментираат пред пакувањето, па поради тоа имаат поблаг вкус отколку зелените.

Маслинките имаат доста масло и многу малку јаглени хидрати и белковини, а содржат доста билни влакна. Од витамините имаат најмногу витамин А, а од минералните материи содржат најмногу железо. Инаку содржат доста сол ако се земе во предвид и начинот на конзервирање.

Лековити својства - Го намалуваат нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта, ја прочистуваат крвта од масни материи воопшто, го спречуваат формирањето на камен во жолчното кесе, им користат на дијабетичари за намалување на шеќерот во крвта, го намалуваат зголемениот крвен притисок, го штитат срцето и крвните садови и содржат состојки кои го успоруваат стареењето и појавата на рак.

Колку да јадете?

Се смета дека од 10 до 15 маслинки или лажица маслиново масло се уништува холестеролот кој го внесуваме со 2 јајца. Пет до шест лажици дневно го подобрува составот на крвта, особено кај срцевите болни, додека 2/3 лажица масло дневно може да го намали крвниот притисок. Со двојна количина на маслинки се постигнува сличен ефек. Лекарите советуваат дека оние кои држат диети со малку масти и сол треба да консумираат повеќе маслинки.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Февруари.2010 во 21:40
Совети за како да уживате во храната

Многу од нас веќе се навикнаа на брзото јадење, под кое што вообичаено се подразбира јадење од нога. Низ светот веќе стана вообичаено на секое ќоше да има по еден ресторант за брза храна, но време е да се вратиме на добрите стари едноставни работи – уживање во храната.

Еве неколку совети со кои можете да уживате во храната.

- Одвојте барем еден час во денот во кој ќе седнете и ќе уживате во храната.

- Јадете бавно, нека секој залак се топи во вашата уста.

- Направете пауза меѓу залаците и затворете ја вилицата. Уживајте во вкусот на храната.

- Направете си убава атмосфера и отворете си некое убаво вино. Нека аромата ве однесе во некој француски подрум. Пијте полека и уживајте во секоја голтка.

- Облечете се убаво, било да сте во некој ресторан или пак дома. Чувствувајте се убаво и сензуално.

- Секогаш по ручекот јадете десерт. Дозволете си чоколадото или пак овошјето да се топат во вашата уста.

 





-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 22:22

http://zdravzivotmk.blogspot.com/2008/05/blog-post_9511.html - Некои вистини и заблуди за исхраната

НЕТОЧНО:
Диетите без масти се добри за здравјето.

ТОЧНО:
Една третина од калориите кои секојдневно се внесуваат, треба да потекнуваат од мастите, дури и кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми.


Мастите се потребни за:
* Енергија
* Обновување на ткивата
* Транспорт на витамините низ телото.

http://www.blogger.com/%3Ca%20onblur=">

Во просек, на жените им се потребни околу 70 грама масти дневно, а на мажите 95 грама. Доколку сакате да го намалите внесот на масти, минималната дневна количина не треба да биде пониска од 30 грама. Наместо целосно да ги отстраните мастите од исхраната, трудете се заситените масни киселини, да ги замените со незаситени.
Во храна богата со незаситени масти спаѓаат некои видови риба, како лососот и сардините, зелениот лиснат зеленчук, оревите и другите видови на семки, маслиновото масло и др.
Разумно уживајте во храната.

Ако сметате дека во исхраната внесувате помалку масти од колку што дневно е потребно, тогаш препорачливо е да се консумираат таблетки со Омега 3 рибино масло, а ако примате дополнителни витамини, најубаво е да се земаат за време на оброците, бидејќи за време на оброкот коснумирате масти, а на витамините токму мастите им се потребни за да се разложат.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 09:25
Совети за термичка обработка на храната

Начинот на кој се приготвува храната игра огромна улога во зачувувањето на хранливите состојки што ги содржат продуктите. При неправилно приготвување продуктите се уништуваат, ја губат сварливоста и самиот состав, особено витамините, минералните соли и белковините. Значи не е доволно храната да се подготвува според потребите и возраста на детето, туку таа треба да се обработува така што ќе се зачуваат сите хранливи состојки кои се наоѓаат во производите.

Неколку општи работи кои треба да ги знаете

1. Млекото никогаш не треба да го варите двапати. Мастите (маслата) мора да се заштитат од дејството на светлината и воздухот. Се препорачува чување во порцелански или стаклен сад кој треба да биде покриен.


2. Месото и рибата се мијат со студена вода непосредно пред приготвување. Не треба да се оставаат долго да стојат во вода бидејќи губат дел од белковините и минералните соли.

Ако сакате силен бујон, местото треба да се исечка на ситни делови и да се стави во сад со студена вода, а потоа постепено се вари три до четири часа.

Ако сакате сочно и вкусно месо, тогаш треба да го ставите во зовриена вода. При тоа се создава тенка кора која ги задржува соковите, белковините и минералните соли за да не можат да се одвојат од месото.

3. Зрнестата храна ( како на пример ориз, овес и слично ) се натопуваат во студена вода и во истата се вари се додека зрната не омекнат. На тој начин белковините преминуваат во водата. Обратно, ако сакате да ги зачувате белковините (кога се приготвуваат каши ) тогаш зрната ставете ги во врела вода. Кога зрното се подготвува за каша, се вари додека не омекне потполно.(гриз 5-10 минути; ориз и пченично зрно 40-60 минути; овес 1-1,5 час ).

Млекото се додава откако ќе се свари зрното и се враќа на оган да проврие само еднаш. Истовремено со млекото се додаваат шеќер или сол. Кога кашата ќе се тргне од шпоретот се става путер и добро се меша.

4. Зеленчукот пред приготвувањето треба добро да се измие. Се сече непосредно пред подготвувањето на оброкот. Се залева со зовриена вода и се вари во потполно затворен сад. Во водата во која се вари зеленчукот преминуваат многу хранливи материи, па затоа е најдобро таа вода да се користи при приготвувањето на оброкот. Зеленчукот се пасира додека е топол, а потоа уште еднаш се става на оган, но не да вари, туку само да се појави пареа.

Супите од зеленчук мора да се искористат најдоцна 1,5 час после приготвувањето.

5 При варењето на компирот треба да се знае дека не смее да се употребува железен лонец, а емајлираниот не смее да биде оштетен од внатрешната страна. Компирот се вари во потполно затворен сад со малку вода која треба да испари кон крајот на варењето.

 Треба да се вари неизлупен бидејќи лушпата ги зачувува минералните соли, витамините и белковините. И оваа вода може да се користи за приготвување оброци.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 09:26
Природни антиоксиданси за зачувување на храната

На листата позитивни дејства на маслинката, аргентинските и австралиските научници додадоа уште една карактеристика.

При нивното истражување откриле дека антиоксидансите од полифенолите богати со маслиново масло можат да го спречат расипувањето на вкусот на месото.



Процесот на оксидација, предизвикува расипување на вкусот, мирисот, бојата и текстурата на храната, но производителите се сетиле на антиоксидансите. До неодамна најчесто се употребуваа синтетичките антиоксиданси, но сега се повеќе се употребуваат природните антиоксиданси.

Природните антиоксиданси како и растителните екстракти се повеќе се преферираат како солуција за зачувување на оптималните својства на



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 12:09
Време е за детоксикација!

По тешката и нездравата храна која ја консумираме во текот на зимата, време е својот организам да го подготвиме за доаѓањето на пролетта. Големиот број на тоскини кои ги внесуваме во телото доаѓаат од храната која ја консумираме. Научниците веруваат дека токсините, кои се складираат во нашиот организам предизвикуваат разни болести, како срцево заболување и рак.

Најлесен начин за детоксикација на организмот е еден до два денови во неделата да ја исфрлите пржената или варената храна од менито. За време на тие денови најдобро консумирајте сурово овошје и зеленчук.

Екстремен начин на детоксикација е внесувањето само на течности. Еден ден во неделата, по можност оној кога сте дома и немате многу обврски, пијте само свежо подготвени сокови од овошје и зеленчук. Најчист облик на детоксикација е внесувањето само на вода.

Во период на детоксикација припазете кои продукти ги внесувате во телото. Нека на вашето мени се најдат овие производи: зелен чај, лимони, зелен зеленчук, лук, зелка, овошје. Продукти кои треба да ги избегнувате за време на детоксикација се: црвено месо, масти, кофеин, рафиниран шеќер.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јуни.2010 во 03:48
Направете ја нездравата храна здрава

Постои храна на која не можеме да и одолееме затоа што при консумирање предизвикува чувство на пријатност, како на пример помфритот, колбасите, масните сирења и мајонезот. Сепак во вистинска комбинација, нема причина зошто да не се почестиме со нив.

Механизмите кои создаваат чувство на глад се сложени, како и оние кои создаваат желба за пријатност. Некои намирници го зголемуваат чувството на пријатност, но тие се на црната листа на нутриционистите.

Меѓу нив се пржените компирчиња, трајните суви колбаси, мајонезот и трајните сирења. И покрај тоа што споменатите намирници се наоѓаат на листата на „забранети“, сепак понекогаш можеме да ги консумираме, без страв дека ќе и наштетиме на нашата линија или организмот.

Треба само правилно да ги комбинираме, бидејќи одредени намирници помагаат при разградувањето на оние кои се штетни.

Пржените компирчиња се вистинска калориска бомба, бидејќи при пржење впиваат маснотии од зејтинот. Проблемот не е само во калориите кои ги внесуваме, туку и во маснотиите кои нашиот организам тешко ги поднесува.

Затоа треба да се комбинираат со мешункасти растенија, бидејќи тие содржат лецитин, кој помага при разградување на мастите, делува посредно на подобрување на дисперзијата на мастите во мали капки.

Колбаси направени од првокласно свинско месо и сушени на воздух и тоа како се примамливи, а со правилно одгледување на свињите добиваме врвно, квалитетно месо, богато со железо и Б витамини. Но колбасите знаат да се особено солени и калорични. Затоа треба да ги јадете со салати од свеж или варен зеленчук, кој содржи поголеми количини на калиум. Најдобар извор се доматите, спанаќот и компирот, многу калиум содржат и бананите.

Мајонезот исто така спаѓа во групата намирници на кои тешко одолеваме. Дури 80 отсто од содржината на мајонезот се растителните масла, а остатокот се јајца. Во 100 грама мајонез има 700 калории. Ако не сакате да се одречете, треба со него да јадете намирници кои ја олеснуваат работата на црниот дроб и го покренуваат метаболизмот, и ја намалуваат ресорпцијата на мастите во дигестивниот тракт.

Тоа се артичока, шпаргла, кељ и зелка, бидејќи содржат биолошки активни соединенија (кинарин, кафеинска киселина) кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта и прават детоксикација на црниот дроб.

Ако сакате сирења, не избегнувајте ги поради високиот процент на масти ( од 30 до 40 отсто масти). Најдобро е да ги консумирате после супа од зеленчук со додаток од рузмарин и темјан, бидејќи содржат терпенин. Овие материи со влакната од зеленчукот ќе го олеснат разградувањето и ја намалуваат ресорпцијата на мастите од сирењето.


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 15.Јуни.2010 во 11:21
Занимливости околу храната која може долго
...да не  оддржува  ...млади ...среќа
Потрагата по еликсирот на младоста од секогаш претставувалo огромен предизвик. Од она што сме го научиле досега, знаеме дека и здравјето и убавината произлегуваат од начинот на живот и исхраната. Еве неколку информации за храна која ќе ни помогне да го зачувате здравјето и убавината.....

Маслиново масло
Уште пред четири децении научниците од Грција, откриле дека мононезаситени масти во маслиново масло се во голема мера одговорни за ниската стапка на срцеви заболувања и рак. А, денес знаеме и дека маслиновото масло исто така содржи полифеноли, моќни антиоксиданси кои можат да помогнат во спречување на болести поврзани со стареењето.

Јогурт
Во 1970-тите, се шпекулирало дека во Советската Грузија имало повеќе стогодишници од било која друга земја. Извештаите во тоа време тврделе дека тајната на нивниот долг живот е јогуртот. Јогуртот е богат со калциум кој го спречува појавувањето на остеопороза и содржи "добри бактерии" кои помагаат во правилно функционирање на дигестивниот систем.

Риба
Пред триесетина години, научниците почнале да истражуваат зошто кај луѓето од Аљаска, не биле забележани никакви болести поврзани со срцето. Тие откриле, дека причината за овој феномен е големата количина на риби кои тие ја јаделе. Рибата е богат извор на омега-3 масти, кои помагаат во спречување на покачување на холестеролот во артериите и ја подобруваат работата на срцето.

Чоколадо
Куна луѓето од Сан Блас островите (Панама), имаат стапка на срцеви заболувања девет пати пониска од Панамците кои живеат на копно. А, причината е нивниот традиционален пијалок кој го пијат во големи количини, базиран на какао, кое помага во правилно функционирање на крвните садови. Одржување на "млади" крвни садови го намалува ризикот од висок крвен притисок, дијабетис тип 2, болести поврзани со бубрезите и деменција.

Вино
Пиењето алкохол во умерени количини заштитува од срцеви болести, дијабетис и губење на меморијата поврзано со стареењето. Црвеното вино содржи резвератрол, соединение кое е одговорно за сите негови благодети.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 09:57
Предрасуди за храната

1. Тостот слабее
Неточно. Исто е калоричен како и обичниот леб.
2. Се што е "лајт" има малку калории
Неточно. Повеќето од тие производи имаат само поинаков состав. Проверете во таблицата за калории на амбалажата.
3. Портокалите ја ублажуваат настинката
Неточно. Тие ја јакнат телесната одбрана, но не ја ублажуваат болеста.
4. Маслинките дебелат
Неточно. Зависно од зачините, 100 грама маслинки содржат само 135-200 килокалории.
5. Интегралните бисквити имаат помалку калории
Неточно. Единствената разлика е во тоа што кај интегралните бисквити брашното содржи повеќе влакна.
6. Еден орев за појадок го регулира холестеролот во крвта
Неточно. За тој ефект би требало да се изедат 50-100 грама ореви.
7. Младото кравјо сирење не содржи масти
Неточно. Содржи од 15 до 20 отсто масти.
8. Компирот е многу калоричен
Неточно. 100 грама компири имаат само 85 килокалории. Компирите содржат многу вода. Варете го или печете го во рерна.
9. Црвениот кромид е добар за циркулацијата
Неточно. Научно е докажано дека кромидот не ја подобрува циркулацијата на крвта во телото.
10. Рафинираното маслиново масло е полошо од нерафинираното
Неточно. Двата вида масло содржат материи кои се добри за здравјето.


-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 14.Јули.2010 во 15:57
Тревките спаѓаат во занимливостизбунетостзбунетост

  Тревки кои ќе ви го зајакнат имуниот систем


Нане

Нането е богато со калциум, магнезиум, калиум и е добар извор на енергија. Калиумот што се наоѓа во нането е многу добар за одржување на балансот во гастроинтестиналниот систем и има голема улога во регулирањето на срцевите импулси. Магнезиумот е есенцијален за сите клетки во организмот и за нивното правилно функционирање. Како други состојки во нането можат да се најдат цинк, бакар манган, витамин Ц ниацин, и фолна киселина.


Камилица

Камилицата содржи многу нутритиенти кои се корисни за човечкото тело, а тие се калциум, калиум, содиум и флуориди. Чајот од камилица се користи за лекување на многу здравствени проблеми, најчесто како дезинфекционо средство на рани во усната празнина.


Ехинацеа

Ехинацеата нуди многу различни витамини, минерали и нутритиенти кои имаат супоративна улога во здравјето. Растението е одличен извор на витамин А, Е и Ц, јод, бакар и калиум. Скоро сите делови од растението се користат но не за јадење туку е достапна како прашак, капсули таблети и гелови.

Мајчина душица

Мајчината душица е растение кое се користи како за медицински така и за кулинарски цели. Содржи многу витамини, минерали, и состојки кои се корисни за човековото тело. Најмногу содржи витамин К, потоа манган, целулозни влакна и железо. За да се зачуваат виталните нутритиенти најдобро е да се сервира свежо растението како додаток на салати, јадења со риба, или во супи и сосови.

Рузмарин

Свежиот рузмарин е одличен извор на диетални протеини, комплексни јаглехидрати, калциум и магнезиум. Има и траги од манган, ниацин и витамин Б6. Најдобро е да се сервира свеж како додаток во супи и салати или пак во јадења со свинско месо.

Зелен чај

Има многу различни витамини и минерали во зелениот чај како и голем број на антиоксиданси и фотонутритиенти. Најзастапени витамини се витамин А, Б1, Б2 и витамин Ц. Најдобар начин за да се искористат корисните состојки е да се приготви зелениот чај. Зелениот чај е достапен и во капсули или прашак како диетален суплемент.

Ѓумбир

Ѓумбирот содржи многу витамини, минерали и нутритиенти кои се многу корисни за човекот. Да ги наброиме само калциумот, Витаминот Ц, тиаминот, селенот и фолататите. Најдобро е да се служи како суров корен кој се остава да се исуши за да се зачуваат корисните состојки и да се направи чај. Некои експерти препорачуваат цицање на корен од ѓумбир за да се остстранат симптомите од настинка.

Коњски опаш

Има неколку витамини и минерали кои би можеле да му користат на човековото тело, тоа се калциум, магнезиум, витамин Ц и селен. Може да се употреби како додаток во сендвичи, супи и салати со што ќе добијат посебен и интензивен вкус. Исто така е и дел од диетите кои ја подобруваат циркулацијата во телото.

Лук

Лукот содржи витамини и минерали како што се калциумот, фосфорот, селенот и витаминот Ц како и траги од бета каротен, пантотенска киселина бакар и цинк.
Се користи низ целиот свет за дополнување на вкус на некои јадења, најчесто на месото но и на салати од свеж зеленчук.



-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 20:44

Пилешко бело месо

Има многу причини зошто нутриционистите со задоволство го препорачуваат пилешкото бело месо - богато е со белковини, а сиромашно со масти. За разлика од другите видови на месо, има мошне мала содржина на холестерол. Исто така, содржи и витамини, особено од групата Б и многу минерали. Лесно се вари и не го оптоварува желудникот. И најважно, пилешкото бело месо има мал број на калории, а голема заситувачка моќ.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Јули.2010 во 12:36
Сочни плескавици

Кога во мешаното мелено месо (половина свинско и половина јунешко) ќе ги додадете другите состојки и зачини по желба, повторно сомелете го на машина за мелење месо. Со повторното мелење ќе добиете покомпактна смеса. Така подготвените плескавици испржете ги. Ќе откриете дека по пржењето, плескавиците ќе имаат посебен вкус и, едноставно, ќе се топат во уста.



-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 09:15
 
Во денешно време многу луѓе имаат проблеми со варење на храната. Некои од нив вешто се справуваат со овој проблем, додека други се измачуваат, користејќи ригорозни диети или апчиња. Време е за домашни начини! Тие ќе ви помогнат во подобрување на работата на дигестивниот систем, а најважно е тоа што тоа ќе го направат на природен начин.

Варењето на храна се состои од многу процеси, кои се одвиваат веќе во текот на оброкот. За сето тоа да се одвива правилно, потребно е да се стимулира лачењето на ензими одговорни за варење на белковините, мастите и јаглехидратите.

Ако сакате да го подобрите варењето во вашиот организам можете да се обидете на неколку природни начини. Некои видови на зеленчук, овошје, семиња и зачини го забрзуваат лачењето на ензими, истовремено подобрувајќи го варењето на храна. 

Јаболков оцет
Благодарение на многуте минерали и пектин (желатинозна материја во овошјето), кои ги содржи овој оцет, позитивно влијае на дигестивниот систем. Ја забрзува неговата работа, поттикнувајќи го лачењето на желудечните сокови. Може да се користи како сос за салати или да се пие растворен во вода - две лажички оцет во една чаша вода. 

Горчлив црн чај
Обичниот чај исто така има стимулирачки својства, и не само на дигестивниот систем. Теинот (хем. супстанција слична на кофеинот), кој може да се најде во чаевите, го поттикнува лачењето на желудечни сокови. Исто така благодарение на оваа супстанција може да се ублажи дијареата. 

Билки и зачини кои ја подобруваат работата на дигестивниот систем:
- Мелиса - ја регулира работата на цревата
- Воден екстракт од Алое Вера - делува силно прочистувачки
- Камилица - ги спречува прекумерните процеси на ферментација во стомакот
- Црн пипер - ја намалува подуеноста и го подобрува апетитот
- Чили - го забрзува метаболизмот
- Ѓумбир - ја забрзува детоксикацијата на телото
- Мајчина душичка - го смирува воспалението на дигестивниот тракт
- Оригано - ја ублажува подуеноста


-------------


Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 10:03

Шолја обичен јогурт и 2 лажици мелени ореви го поттикнуваат телото да се релаксира, ги смируваат нервите и ја забавуваат работата на мозокот. Јогуртот е еден од најдобрите извори на лизин, додека оревите се богати
со аргинином. Тие две супстанции го намалуваат хормонот на стрес и ви го
чуваат сонот.
Со само 2-3 децилитри јогурт дневно во текот на 2 недели се намалува дури за 80% хидроген сулфатот кој е главен причинител за непријатниот здив од устата, а ги намалува и наслагите во усната шуплина.
И на крај, луѓето кои пијат јогурт - живеат подолго, велат истражувањата.



-------------

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!


Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 10:06

Научниците од Универзитетот во Алабама извршиле испитувања со стаорци,
на кои двапати дневно им давале 200 милиграми витамин Ц и откриле дека
тоа речиси го запрело лачењето на кортизол, хормонот на стрес.
Црвената
пиперка е богата со витамин Ц. Со неа ќе го зајакнете срцето и ќе го
заштитите организмот од рак или Алцхајмеровата болест, велат научниците.
Доколку јадете црвени пиперки, тоа нема да ве доведе до прерано
стареење. Но, тие мора да бидат свежи. Значи, да се избегнува пржена или
печена пиперка. Пиперката може да го замени морковот. Свежата пиперка е
одлична и за заштита на панкреасот, бешиката, грлото на матката.



-------------

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!


Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 10:06

Сусамот е еден од најдобрите природни извори на триптофан, аминокиселина која поттикнува на спиење. Но, не претерувајте со него, бидејќи
можете да си го нарушите варењето. Најдобро е ако неколку мелени лажици ги измешате со јогурт.
Посебно се препорачува на бремени жени и мали деца заради големата концентрација на фолна киселина во него.



-------------

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 07:10
Индискиот орев е одличен афродизијак и витаминска бомба

Дали сте знаеле дека индиските ореви содржат пет пати повеќе Витамин Ц од портокалите.

Индискиот орев изобилува со полизаштитени масни киселини, протеини, целулоза, витамини Е, К и B1, магнезиум и калиум, кои го штитат кардиоваскуларниот систем.

Бројните истражувања потврдија дека овие ореви делуваат антибактериски, антисептички, а научниците докажаа дека тие се одлични за смирување на воспаленијата. Една шака индиски ореви го зголемува лачењето на хормонот кој мозокот го праќа како сигнал дека сме сити, пишуваат британските медиуми.

Освен тоа, тие го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, го регулираат притисокот, ги чистат цревата и делуваат како благ афродизијак.

Можете наместо чипс да грицкате индиски ореви, бидејќи тие се многу вкусни и лесно се комбинираат во разни салати и јадења.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 18:04

Сода бикарбона - совети

* Предметите од сребро добро ќе заблескаат ако ги истриете со крпа навлажнета со сода бикарбона.
* Ако сакате забите да ви бидат бели и сјајни, измијте ги со сода бикарбона. Меѓутоа, тоа може да го правите само еднаш месечно. Содата бикарбона добро растопете ја во густа каша, па брзо истријте ги забите и добро измијте ги.
* При чистење на зеленчук прстите многу често ги валкате. Дамките лесно ќе ги отстраните ако рацете ги истриете со сода бикарбона.
* Зеленчукот што го динстате побрзо ќе омекне ако му додадете само малку сода бикарбона.
* Зелениот зеленчук, особено зелените мешунки, ќе ја зачуваат зелената боја ако му додадете малку сода бикарбона во моментот кога водата во која се вари ќе почне да врие. Таквиот зеленчук побрзо ќе се свари, а ќе ја зачува и убавата зелена боја.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 18:05

Со лути пиперчиња се намалува телесната температура

Најдобриот трик на Мексиканците против горештините е необичен за нашиот менталитет, но е мошне делотворен, па не е лошо сепак да се обидете да го примените: наследниците на Ацтеките во текот на летниот период во големи количества јадат чили и лути пиперки. Лутината го наведува телото на прекумерно потење што автоматски доаѓа до разладување на целиот организам.




-------------


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 23:33

Кајсии - за помирни нерви

Кајсии%20-%20за%20помирни%20нерви

Заради специфичниот пријатен вкус, касиите се вбројуваат во најквалитетното овошје.

Во свежите кајсии најмногу има:
  • витамин Ц (5-7%)
  • потоа каротиноид - провитамин А (1-7%)
  • витамин Б1 (0,06 мг.)
  • витамин Б2 (0,7 мг.)
  • витамин Б3 (0,7 мг.)
  • витамин Б5 (0,3 мг.)
  • целулоза околу 0,7 мг.
Свежиот плод на кајсијата уште содржи и: калциум 16 мг.
  • 370 мг. калиум
  • 14 мг. магнезиум
  • 23 мг. фосфор
  • 1 мг. железо
  • 6 мг. сулфур
Плодовите од кајсијата се јадат свежи или сушени, а од нив се прават сокови и мармалади, а семките се употребуваат за добивање на лековито масло. Кајсиите може и да се замрзнат.

Кајсиите ги смируваат нервите, го поттикнуваат излачувањето на жолчката, го закрепнуваат црниот дроб, го надразнуваат и го освежуваат желудникот, а корисни се и во лекувањето на анемија.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 15:22
Како да ја сварите пченката

1. На клавчињата отстранете им ги надворешните зелени листови и исчистете ги од пченкарната свила. Врвовите од клавчињата без зрна може да ги отстраните.

2. Во плиток сад со рачки (плитко тенџере) сипајте вода, наредете ги клавчињата и варете ги додека зрната не омекнат.

3. Варената пченка, по желба, може да ја посолите и да ја послужите.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 15:25
Печење пченка на скара

1. Исчистените клавчиња исечете ги на еднакви делови, а потоа боцнете ги на дрвени стапчиња.

2. Пченкарните раженчиња печете ги на загреана скара или во грил тава. Во текот на печењето мачкајте ги со растопен путер и рамномерно вртете ги. Пред крај на печењето, раженчињата по желба посолете ги.

3. Печената пченка послужете ја со печено месо, тортиљи со зеленчуков фил или како самостојно јадење



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 14:22
Џем од кру­ши

Еден ки­лог­рам кру­ши из­лу­пе­те ги, ис­чис­те­те ги од сем­ки­те, па ва­ре­те ги во пок­ри­е­но тен­џе­ре со мал­ку во­да до­де­ка не омек­нат. По­тоа, доб­ро ис­це­де­те ги, ис­па­си­рај­те ги, до­да­де­те 500 гра­ма ше­ќер и сок од еден ли­мон, па џе­мот ва­ре­те го до­де­ка не се згус­не.

Ла­ден сос од до­ма­ти

Шес­то гра­ма до­ма­ти из­лу­пе­те ги, исе­че­те ги на коц­кич­ки и ста­ве­те ги вед­наш во под­ла­бо­ка чи­ни­ја. Из­лу­пе­те че­ти­ри чеш­ни­ња лук и сит­но исеч­кај­те ги со де­се­ти­на лив­чи­ња бо­си­лек, па из­ме­шај­те ги со до­ма­ти­те. По­тоа, во до­ма­ти­те си­пај­те око­лу по­ло­ви­на ли­тар мас­ло, за­чи­не­те ги со сол и би­бер, па се­то тоа доб­ро из­ме­шај­те го. Прет­ход­но сва­ре­ни­те шпа­ге­ти вед­наш из­ме­шај­те ги во лад­ни­от сос од до­ма­ти.

Си­ре­ње на ска­ра

За да при­гот­ви­те си­ре­ње на ска­ра, то­гаш тре­ба да из­бе­ре­те пос­та­ро ов­чо или коз­јо си­ре­ње, со мал­ку мас­но­тии. Оние кои не ја­дат мле­ко и млеч­ни про­из­во­ди, мо­же да при­гот­ват и то­фу си­ре­ње на ска­ра, прет­ход­но ма­ри­ни­ра­но во со­ја сос.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Август.2010 во 04:48
Сок за добро утро

Не без причина повеќето нутриционисти препорачуваат денот да се почне со природен овошен сок. Таа напивка на организмот му ги обезбедува потребните витамини и минерали, ги активира желудникот и цревата и ја спречува утринската хипогликемија (намалување на шеќерот во крвта), која може да предизвика вртоглавица, слабост, промена на расположението, болка и депресија. А, на оние кои наутро не чувствуваат глад, овошниот сок ќе им го подобри апетитот и ќе им помогне без проблеми да го земат најважниот дневен оброк - појадокот.

Тиква против замор

Ако со денови се чувствувате заморно, а не знаете поради што, стручњаците за исхрана укажуваат оти причината би можела да биде недостиг на железо, хром или на двата елементи. Железото можете да го надоместите со продукти како што се дропчињата, меѓутоа, ако не ги сакате, спасот побарајте го во тиквата и семките од тиква, магдоносот, копривата, гравот, грашокот, леќата, оревите, лешниците и сончогледот. А, хромот го има во интегралните житаки, печурките, сувото грозје и во ренот.

Лукот пријател на жените

Со оглед на тоа дека е богат со селен, лукот не служи само за намалување на притисокот, туку се покажа и како голем пријател на жените. Зашто, најновите истражувања потврдија оти овој минерал е важен заштитен фактор во случаите кога постои ризик од ненамерен абортус. Освен тоа, доколку се внесува во количество поголемо од нормалното, селенот за 40 отсто го намалува ризикот од некои облици на тумор.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 05:16
Боровинките го подобруваат видот

Го подобруваат видот и ги зајакнуваат капиларите. Од сето шумско овошје најмногу се користат за подготвување желе.
Што содржат
5 проценти шеќер, органски киселини и витамини, најмногу витаминот Ц. Сто грама боровинки имаат 25 калории.
Зошто се добри
Содржат супстанци што го обновуваат заштитниот слој на мрежницата на окото подобрувајќи го видот. Ги заштитуваат и капиларите.
Им се препорачуваат на...
... сите што имаат проблеми со видот, на тие што имаат чувствителни капилари и слаба циркулација.
Дозволено количество
Една до две лажици желе секој ден.
Се подготвува:
Најдобро е да се подготвуваат како дел од овошната салата со малку лимонов сок, а може да се сварат со шеќер, во желе. Количеството на витамините не се менува.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 05:17
Портокалите го спречуваат стареењето

н Го јакнат одбранбениот систем.
Го содржат витаминот Ц, но и многу други квалитетни состојки
н Што содржат
Два портокали ја задоволуваат дневната потреба на организмот за витамин Ц, во него се наоѓаат и витаминот Б1, бетакаротин, фолна киселина. Во сто грама има 34 калории.
н Зошто се добри
Се борат против слободните радикали, го спречуваат стареењето, ги јакнат крвните садови и имунитет на организмот.
н Им се препорачува на
Пушачите, зашто никотинот го намалува нивото на витаминот Ц во организмот.
н Дозволено количество
Еден портокал дневно. Најдобро е да се земе наутро, пред појадок.
н Се подготвува
Најдобро е да се јадат свежи и излупени. Ако сакате повеќе сок од портокали, треба да се испие веднаш по цедењето, затоа што винаминот Ц се намалува во воздухот.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 16:27
Спанаќот - лек против изгореници

Спанаќот се користи и за лекување на изгореници. За таа цел, листовите од спанаќот се пржат на тивок оган во маслиново масло, а откако ќе омекнат, се сечкаат и се ставаат како облоги на изгорените места.

Капината во детската исхрана

Плодовите од капината се широко застапени и во народната медицина и во детската исхрана, благодарение на составот. Плодот е богат со витамините Е, А, Б1, Б2, ПП и со флавоноиди кои ги закрепнуваат крвните садови. Пектинот во плодот е корисен за чистење на организмот, а јодот и другите микроелементи помагаат на функциите на ендокринолошкиот систем. Големите количества на целулоза ја помагаат работата на цревата.
Сокот и свежите плодови се природни мултивитамински препарати. Со конзумирањето свежи капини се нормализира нивото на хемоглобин во крвта, зашто содржи железо.

Шампињоните како зачин

Шампињоните, со оглед дека содржат ароматични и други мирисни компоненти може успешно да се употребат како зачин за други јадења. Така, тие се незаменлив дел од супите и филовите за месо. Јадењата со месо од претходниот ден, печурките како со волшебно стапче ќе ги претворат во нови. Печурките динстани со кромид, зачинети со мелен црвен пипер и со мајонез, може да се додадат во претходно подготвените шницли од говедско и од свинско месо. Сосот од печурки заедно сварени со моркови и магдонос значително ќе го освежат месото во говедската супа.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Август.2010 во 05:42
Под­гот­ву­ва­ње

Не пр­же­те ги дол­го, ни­ту пак не ва­ре­те ги дол­го, заш­то та­ка ги гу­бат ми­ри­сот и вку­сот. Дин­стај­те ги во заг­ре­ан пу­тер, нај­мно­гу осум ми­ну­ти.

Су­ше­ње

Су­ви­те пе­чур­ки има­ат јак вкус и ми­рис, па вни­ма­тел­но до­да­вај­те ги во ја­де­ња­та. Ко­га ги ку­пу­ва­те, про­ве­ре­те да­ли се су­ви, крц­ка­ви. Пред да ги упот­ре­би­те, тре­ба да ги по­то­пи­те во мла­ка во­да од 15 до 30-ти­на ми­ну­ти.

За зим­ни­ца

Мо­же­те да ги ки­се­ли­те или да ги под­гот­ви­те во мас­ло, ка­ко и да ги за­мрз­не­те - це­ли ако се ма­ли или исе­че­ни на по­ма­ли пар­чи­ња. Нај­пр­во крат­ко про­ва­ре­те ги во бла­го со­ле­на во­да. Рок на упот­ре­ба: 6-7 ме­се­ци. Ва­ре­те ги не­од­мрз­на­ти.

Мес­то за­прш­ка

Во сов­ре­ме­на­та куј­на, мес­то за­прш­ка, се пре­по­ра­чу­ва да се сва­рат шам­пи­њо­ни, па да се ис­па­си­ра­ат во пи­ре. Та­ка под­гот­ве­ни ќе го згус­нат се­кое ја­де­ње.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Септември.2010 во 06:47

Дињата посилна од никотинот

Сочната и ароматична диња посебно им се препорачува на пушачите, зашто нејзиното месо изобилува со супстанци кои ја штитат слузокожата на устата, како и со антиоксидансот - витаминот Ц (пет пати повеќе отколку во лубениците и десет пати повеќе отколку во свежата смоква).
Овој зеленчук не би требало да се јаде во поголеми количества, зашто тешко се вари, така што треба да го избегнуваат сите оние со чувствителен желудник, како и дијабетичарите.
Месото од дињата може да биде и прва помош при надворешни повреди на кожата (изгореници или каснувања од инсекти), зашто ги ублажува болките.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 13:58
Со боровинки против грчеви во стомакот

Вообичаените летни тешкотии - грчеви во стомакот и повраќање - најчесто не се опасни и траат само ден-два, но треба што полесно да се пребродат. Боровинките изобилуваат со танин кој ја стега столицата, така што и чајот е едно од решенијата. Во 5-6 филџани вода 10 минути варете 1-2 лажици плодови или суви лисја, оставете го да отстои 15 минути, прецедете го и испијте го.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 17:19
Оревите чувајте ги на студено место

Ако оревите долго време се чуваат на топло место, во нив може да се создаде супстанцијата афлатоксин, која е мошне опасна за здравјето. Афлатоксинот се таложи во црниот дроб и може да предизвика цироза. Затоа, веднаш по берењето, оревите треба да се сушат на студено место, каде што има провев, а никако на сонце. Исчистените ореви најдобро е да се чуваат во фрижидер, во пластични ќеси, а во визбите или на таваните може да се чуваат само во текот на зимските месеци.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Септември.2010 во 12:55

Смоквите хранливи и калорични

Поради пријатниот вкус и хранливата вредност, смоквите се мошне ценето овошје. Се јадат свежи или сушени, а се користат и за преработка. Смоквата е полна со ситни семчиња. Зрелиот плод има многу млечен сок.
Смоквата содржи околу 21 отсто сува материја, од кои јаглени хидрати, т.е. шеќер 18 отсто, 1 отсто белковини и околу 0,1 отсто масти. Сто грама свежи смокви даваат 80, а сувите смокви 275 калории.
Содржината на витамините во 100 грама смокви е следниот: околу пет милиграми витамин Ц, по 0,05 милиграми витамините Б1, Б2, Б6 и ПП. Од минералните материи тука се: околу 238 милиграми калиум во свежи и 882 милиграми во суви смокви, околу 46 односно 178 милиграми калциум, околу 31 и 116 милиграми фосфор, околу 21 и 77 милиграми магнезиум, околу 15 и 80 милиграми хлор, околу 11 и 52 милиграми сулфур и 3 односно 26 милиграми натриум.
Смоквата е природно средство за чистење и за отстранување на слузта, за јакнење на желудникот. За чистење се земаат добро измиени суви смокви потопени во млака вода. Се оставаат да отстојат 24 часа, а утредента, пред појадокот, се јадат заедно со водата во која отстојале. Сувата смоква варена како чај, помага при воспаление на грлото и на белите дробови. Компотот од свежи смокви лекува и најтешки облици на лошо варење. Млечниот сок на смоквата помага за отстранување на брадавиците од кожата.

***

Слатко

За да уживате во слаткото, потребно е да соберете се уште недозреани плодови, а како такви ќе ги препознаете по тврдината и по тоа што од искинатата дршка ќе тече млеко. На еден килограм смокви потребни се еден килограм шеќер и 250 милилитри вода. Шеќерот се топи во водата, а потоа со смоквите се вари во тенџере додека не исчезне пената. Не е лошо во слаткото да ставите и неколку тркалца од лимон. Топлото слатко се сипа во чисти тегли, се остава да се подизлади, а потоа теглите се затвораат.
Понекогаш, слаткото во теглите се кристализира, како мед. Ако тоа се случи, потопете ја теглата во вода и грејте ја додека кристалите не се растопат.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 07:01
Измијте пред да гризнете

Уште еднаш ве предупредуваме: пред да навалите на овошјето или зеленчукот добро исперете го и исушете го. Извештаите на светските центри за контрола и превентива на болести велат дека бројот на труења со храна од конзумирање на заразено овошје и зеленчук во последниве 10 години е зголемен за повеќе од двапати. Главните причинители се салмонелата и ешерихија коли, заедно со вирусите на хепатитисот А и норвок, кои можат да ги нападнат речиси сите видови на овошје и зеленчук.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 07:11

Тостот му дава енергија на организмот

Како мала ужина, тостот е идеален. Со големо количество на јаглени хидрати, овој крцкав леб дава пријатна ситост и ги спречува нападите на глад. Организмот континуирано се снабдува со енергија и на тој начин психичката и физичката способност на организмот остануваат константни. Покрај тоа, тостот не содржи уште некои значајни материи освен драгоцените масти. Како и муслито со јогурт, ореви или со овошје, тостот со кашкавал и домати или, пак, без ништо, секогаш годи.



-------------


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 03.Октомври.2010 во 16:40
Витамин Б3 за намалување на холестеролот



Ниацин припаѓа на групата на витамините од групата Б комплекс и доста поволно делува на нашето севкупно здравје. Доста е ефикасен кога станува збор за намалување и контролирање на нивото на холестерол во крвта. Самиот ниацин претставува витамин со терапевтски одлики и може да ни помогне за лечење на многу тегоби и болести. Едноставно кажано, ниацинот е витамин Б3, кој е исклучително важен за правилно функционирање на нашиот организам. Што се однесува на обликот во кој е застапен, посебно се истакнуваат два начини, а тоа се: никотинската киселина и ниацинамид. Кога станува збор за одржување на правилниот метаболизам на ќелиите и апсорбција на јаглехидратите, се смета дека ниацинот е еден од пресудните супстанци. Позитивни ефекти Овој витамин е најмногу застапен во млечните производи, живината, рибата, оревите и не масното месо. Доколку сте вегетаријанец, треба да внесуавте што поголема количина на ореви, за да немате проблеми со недостатокот на ниацинот. Ниацинот го има уште во компирот, пченката, авокадото и грашокот. Кога станува збор за бројните позитивни влијанија на овој витамин на општото здравје на особите, треба посебно да го напоменеме подобрувањето на циркулацијата, одржување на здравјето на кожата и поттикнување и јакнење на менталните способности и помнење. Исто така, ниацинот е силно корисен фактор во процесот при кој доаѓа до создавање на додатна енергија неопходна за работа на ќелиите и телото. Ефикасен е и при лечење на респираторните, како и васкуларните пореметувања и заболувања. Варење на храната и зголемување на лачењето на стомачните тегоби Уште една во низата позитивни каракеристики на овој витамин е и неговиот потенцијал функционирањето на системот за варење да го направи уште подобар, а познато е и дека унапредувањето на варењето, води и до поубав и сјаен изглед на кожата. Ниацинот игра важна улога за нормализирање на лачењето на стомачните течности, што додатно допридонесува за подобро варење. Покрај тоа, го поттикнува и апетитот, како и работата на нервите. Регулирање на холестеролот во крвта Познато е дека голем број на особи кои страдаат од срцеви пореметувања и срцеви заболувања им се препорачува поголема доза на ниацин, бидејќи тој помага при намалувањете и регулирањето на лошиот холестерол во крвта. Ниацинот, исто така помага во превенцијата на нивото на корисниот холестерол, кој може да спречи заболување на ѕидовите на артериите. Останати позитивни ефекти на ницинот Освен споменатите позитивни ефекти, овој витамин е пресуден и во лечењето на палегра, како и бројните кожни и нервни пореметувања.

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Октомври.2010 во 15:28

Црниот ориз подобар од боровинките

Црниот ориз содржи повеќе антиоксиданси на антоцијанот, инаку проверени борци против кардиоваскуларните проблеми, ракот и другите болести, од боровинките, открија стручњаците од Американското друштво на хемичари. Американските научници нагласуваат дека црниот ориз е побогат со влакна и со витамин Е од боровинките, а има и многу помалку шеќер. Овој вид ориз, освен тоа, содржи четири пати повеќе железо и два пати повеќе силициум отколку белиот ориз, а е богат и со фосфор, калциум, селен, цинк и со влакна.
Интересно е дека Италијанците го нарекуваат црниот ориз "венерин", зашто во древна Кина го користеле само избраните и тоа како афродизијак.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Октомври.2010 во 06:12

ЦВЕКЛО

Го јакне организмот

Во стара Персија цвеклото го сметале за симбол на караници и интриги. Римскиот цар Тибериј им наредил на старите Германи да плаќаат данок во вид на цвекло, што помогнало за негово брзо раширување по Рајна.
Цвеклото од хранливите состојки содржи околу 1,7 отсто белковини, 0,1 отсто масти, околу 9 отсто јаглени хидрати, а сурова целулоза има од 0,8 до 1 отсто. Цвеклото е мошне богато со минерални материи: калиум, натриум, фосфор, калциум, магнезиум, железо, флуор. Тоа содржи и многу микроелементи како што се манганот, бакарот, сулфуор, јодот, бромот, литиумот, рубидиумот, цезиумот, стронциумот.
Цвеклото лекува анемија, ги отстранува пречките во крвотокот, го регулира крвниот притисок - посебно нискиот, го јакне организмот, дејствува смирувачки врз нервниот систем и ја регулира столицата.
Некои научници сметаат дека со сок од цвекло може да се спречат туморите, ако најмалку еден литар сок се пие дневно во текот на повеќе месеци.

***

Маринирано

Големи цвекла со убава боја треба да ги измиете со четка и да ги варите во вриена вода, па да ги оставите да се изладат во неа. Потоа, цвеклото се лупи, се сече на парчиња и се реди во тегли. Маринатот се подготвува така што во сад се ставаат две до две и пол чаши јаболков оцет, 10 зрна бибер, 6 каранфилчиња, 2 дафинови листа, една лажичка сол и шеќер по вкус. Сето тоа треба да зоврие, а откако ќе се излади течноста се сипа во теглите преку цвеклото. Теглите добро се затвораат и се чуваат на суво и ладно место.



-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:28
Оревите го намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол

Познато е дека оревите помагаат во намалувањето на холестеролот во крвта, но и дека го намалуваат крвниот притисок и му помагаат на телото да се носи со стресот.

Според последните истражувања, лицата со зголемено ниво на холестерол во крвта имале понизок притисок кога конзумирале ореви за време од три недели.

- Овие резултати јасно покажуваат дека оревите можат да го намалат нивото на холестерол во крвта и крвниот притисок. Оревите го имаат истиот ефект кога лицето е изложено на стрес во секојдневниот живот, изјави професор Шерил Вест од државниот универзитет Pensilvanie West во САД.

Омега 3 масните киселини кои ги има во оревите го намалуваат ризикот од болести на срцето.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:30
И со млечните производи се слабее

Млечните производи во рамки на посебен начин на исхрана може да придонесат за намалување на килограмите покажа истражувањето кое го спроведе група научници од израелскиот универзитет „Ben Gurion“.

Двегодишното истражување, кое го поддржа израелското министерство за здравство, а чии резултати се објавени во „Американскиот магазин за клиничка исхрана“, е спроведено врз 300 лица. Доброволците, мажи и жени на возраст од 45 до 60 години страдале од вишок килограми.

Доброволците биле ставени на повеќе видови диети. Лицата чија диета содржела најмногу млечни производи најмногу ослабеле.

Во просек, лицата кои консумирале по 580 милиграми калциум изгубиле шест килограми, додека оние кои земале само 150 милиграми калциум, што е исто како пола чаша млеко. Изгубиле само 3,5 милиграми.

Успехот, велат научниците се должи на позитивното влијание на калциумот и витаминот Д од млечните производи, кои помагаат да се симне вишокот килограми.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:31
Кромид за сите проблеми

Од анализата на биолошките вредности може да се заклучи дека кромидот по своите лековити својства не заостанува зад лукот.

Во исхраната се користи во текот на целата година: младиот кромид во пролет, недозреаната главица во лето, а зрелата луковица во зима.

Погрешно е да се исфрла надворешниот дел од кромидот бидејќи тој не е помалку вреден од главицата.

Што се однесува до хранливоста, во кромидот има најмногу јаглени хидрати и незабележително количество белковини и масти.

Исушените зрели главици значително се калорични, но основата на биолошките вредности на кромидот ја прават минералите и витамините. Покрај големото присуство на минерални соли, особено калиум и сулфур и разни ологоелементи, кромидот е богат со витамините Б1, Б2, Ц, Е, К и П, а има и каротин (провитамин А), гликозиди, етерични масла, растителни хормони слични на инсулинот, бактериостатика и бактерицидни фитонциди.

Во народната медицина кромидот се користи за зајакнување на срцето, намалување на крвниот притисок, отстранување на несоница и нервоза, го олеснува искашлувањето, го регулира шеќерот во крвта, делува како диуретик и како лаксативно средство, помага при несвестица, го регулира варењето, лечи воспаление на крајници, болести на белите дробови и бронхиите, водена болест, ублажува болка, лечи рани и отоци, висока температура, го спречува згрутчувањето на крвта, помага при запушувањето на крвните артерии, го спречува пагањето на косата.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:32
Модриот патлиџан вистински сојузник на нашето здравје

Моќните состојки кои се наоѓаат во кората и месото во модриот патлиџан се многу корисни сојузници во борбата која секојдневно ја водиме за нашето здравје. Резултатите од најновото истражување на британските научници потврдуваат дека нема сомнеж дека станува збор за зеленчук кој треба што почесто да го има во нашата исхрана.

Вистинското богатство во форма на мноштво на влакна и никако занемарливите количини на витамин B1 и B6, како и калиумот го прават модриот патлиџан моќен зеленчук.

Тој е одличен избор на бакар, магнезиум, манган, фосфор, ниацин и фолна киселина.

Сите горенаведени високо вредни материи и моќните антиоксиданси од кората на патлиџанот се ефикасни во борбата против холестеролот, што е и потврдено со најновите резултати од научната студија на универзитетите од Лондон.

Според некои истражувања се смета дека патлиџанот потекнува од Индија каде растел како дива билка, а прв пат е одгледан во Кина како плод корисен за исхрана.

Во Европа модриот патлиџан во Европа станал популарен во текот на 18-тиот век, кога Италијанците и Французите започнале да го одгледуваат овој зеленчук. Во Америка пристигнал тек во почетокот на 19-тиот век.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:39
Органските јагоди имаат повеќе витамин Ц

Научниот магазин PLoS One ги објави наодите според кои органски одгледаните јагоди имаат поголема концентрација на витамин Ц и други антиоксиданси.

Сепак, органски одгледаните јагоди во просек имале по 13,4% помал удел на калиум и фосфор, истакнуваат американските научници од Washington State University.

Во студијата анализирани се јагоди од 26 фарми, од кои половина овошките ги одгледувале органски.

Истражувачите додаваат дека органски одгледаните јагоди биле потрајни и оти процесот на скапување кај нив почнувал подоцна.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Октомври.2010 во 06:44

Сирењето нè прави весели

Овој пат љубителите на сирењето имаат причина да се радуваат. Во процесот на производство на сирење од белковините настанува тирамин, допамин и норадреналин, супстанции кои позитивно влијаат врз расположението. Витаминот А и калциумот ги јакнат нервите, а, пак, хистаминот е добар за љубовниот живот. Јаглехидратите се брз извор на енергија за мозокот и за мускулите, а ја зголемуваат и издржливоста на организмот. Освен тоа, тие го поттикнуваат и создавањето на хормоните на среќата. За да се создадат тие хормони, неопходни се продукти кои ги содржат потребните аминокиселини (триптофан, на пример). Најдобар ефект можете да добиете од јаглехидратите во тестенините, оризот, лебот и зеленчукот, во комбинација со млечни и соини производи, јајца, риба, печурки и ореви.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 13:12

Совети - шампињони

* Како да ги исечете шампињоните?
За супи шампињоните исечете ги на ливчиња, за варива на четвртини, за фил ситно исечкајте ги, а за печени меса одделете ги рачките.

* Како да ја зачувате бојата на шампињоните по сечењето?
Во текот на сечењето шампињоните прскајте ги со лимонов сок.

* Како да ја нагласите аромата на шампињоните?
На почетокот на термичката обработка, шампињоните посипете ги со мелен бибер.

* Кога да ги зачините шампињоните во текот на динстањето?
При динстање шампињоните прво посипете ги со мелен бибер, а пред крај посолете ги.

* Кои зачини да се употребат за шампињоните?
Лук, мајчина душица, оригано.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Октомври.2010 во 19:09

Ориганото повеќе од зачин

Ориганото е лековита билка, многу ценета уште во античко време, која најмногу се употребувала како чај . Исто така, ако се користи во умерени количества и правилно подготвен, ориганото претставува вкусен и пријатен зачин за јадењата од тесто, ориз, зеленчук и од морските плодови. Во спротивно, оваа билка не само што им дава на јадењата малку горчлив вкус, туку мошне често предизвикува вишок на киселина во желудникот, подуеност на стомакот и значително го отежнува варењето.
Од дамнина ориганото се користи како едно од најдобрите природни средства за елиминирање на сите желудочни проблеми, кое истовремено ја јакне и ја подобрува работата на сите органи за варење. Како и секоја горчлива билка, така и оваа билка ефикасно го поттикнува и го стимулира апетитот.

* Ориганото ги неутрализира маснотиите во организмот, па особено се препорачува како зачин за масните јадења, па често се комбинира со рузмаринот и босилекот. Потпечениот кромид е мошне тежок за варење, но станува вистински лесен деликатес ако се зачини со смеса од два дела магдонос, еден дел оригано и по вкус се додадете бибер и сол.

* Оваа билка е одлична за рибјите специјалитети, особено пржените во длабока маснотија. Се прави смеса од еднакви количества на нане, матичник, цвет од лаванда и оригано.

* Оцетот од оригано ја зголемува лековистоста на јадењата од модри патлиџани, похувани тиквички, салатите од грав. Се подготвува така што се мешаат 1 чаша природен вински оцет, 4 чаши квалитетно црно вино, па во течноста се додаваат 2 лажици оригано. Теглата добро се затвора, се остава најмалку една недела да отстои на умерена топлина, па оцетот се цеди и се чува во фрижидер.



-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 19.Октомври.2010 во 19:15
Сокот од калинка е подобар од вијаграта


 Сокот од калинка е драгоцено средство при лекувањето на ерективните дисфункции. Калинката веќе одамна е позната по намалувањето на ризикот од срцеви заболувања и по превенцијата од рак на простатата - изјави Кристофер Форест, уролог на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес. Ова овошје содржи повеќе антиоксиданси од кое било друго овошје, чај или црно вино.намигнување



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Ноември.2010 во 16:21

Кога замрзнувате...

* ... Модри патлиџани

Приготвување: исечете ги на тенки тркалца (за пржење или за мусака) или исечете ги на половинки (за полнење). Бланширајте ги половинките 4 минути, а тркалцата 3 минути (кои може и да ги пропржите 2 минути, па добро да ги исцедите од маснотијата).
Рок на траење: 12 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.

* ... Магдонос

Листот ситно се сечка.
Рок на траење: 9 месеци.

н. ... Праз

Приготвување: добро исчистете го, исечете го на половинки, па измијте ја земјата што се наоѓа меѓу листовите. Исечете ги на помали или на поголеми парчиња, зависно од намената. Бланширајте ги поголемите парчиња 4 минути, а исечените 2 минути. Ставајте ги во 2-3 херметички затворени пластични ќеси поради силниот мирис.
Рок на траење: 6 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.

* ... Зеленчук за супа

Приготвување: исчистете го коренестиот зеленчук (морковите, целерот, магдоносот, пашканатот и др.), па исечете го на поголеми парчиња за бистра супа или на помали за крем супа. Ситно исечкајте ги листовите од магдоносот и од целерот. За крем супите може да додадете и грашок или друг зеленчук по вкус. Бланширајте го сето тоа 5 минути и ставајте го во ќесички во количество потребно за еден оброк.
Рок на траење: 6-8 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2010 во 15:16

Кога замрзнувате... (2)

* ... домати

Приготвување: поради големото количество вода, доматите по замрзнувањето не се за салата, туку само за варење. Може да ги замрзнете свежи, цели, бланширајте ги 2 секунди, но исто така и да направите сок или каша кои не треба да ги бланширате, а имаат и подобар вкус и изглед од џемот.
Рок на траење: 12 месеци.
Одмрзнување: за свежо замрзнатите не е потребно, а сокот или кашата оставете ги прекуноќ во обичен фрижидер.

* ... спанаќ

Приготвување: добро исчистете го, па или бланширајте ги само листовите 1 минута во сосема мали количества или сварете го, па испасирајте го.
Рок на траење: 12 месеци.
Одмрзнување: испасираниот спанаќ оставете го 2 часа на собна температура, а листовите директно ставете ги во вриена вода.

* ... тиквички

Приготвување: излупете ги, па исечете ги по должина, ако имате намера да ги полните или исечете ги на тркалца. Сосема младите не треба да се лупат, само отстранете им ги врвовите и добро измијте ги. Бланширајте ги 2 минути.
Рок на траење: 6 месеци.
Одмрзнување: не е потребно.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Ноември.2010 во 06:25
142 Корисни совети за готвење - прв дел

ЈАЧМЕН

1. Како може да се искористи вишокот од варена каша од јачмен?

Исечете го својот омилен зеленчук за салата, додајте ја варената каша од јачмен и зачинете по вкус. Ќе добиете вкусна ладна салата што може да ја послужите како здрав меѓуоброк или како прилог со главно јадење.

2. Како да го комбинирате јачменот со внатрешни органи?

Внатрешните органи динстајте ги со кромид, зачинете и налејте малку бело вино. На крај, измешајте ја и варената каша од јачмен.

3. Како да го скусите времето за варење на јачменот?

Пред варењето јачменот се остава во вода околу еден час.

4. Дали може варената каша од јачмен да се употреби како додаток на чорби?

Да, може. Покрај во чорбите, јачменот може да се додаде и во варива. Ќе им даде дополнителна арома.

5. Како да се употреби јачменовото брашно?

Јачменовото брашно се меша со пченично и се подготвува домашен леб и печива.

ОРИЗ

6. Кога да се додаде вино кај подготовка на рижото?

При подготвување на рижото белото вино се става во загреаниот ориз, за алкохолот да испари, а да остане неговата арома.

7. Колку ориз се вари по лице?

Ако сакате оризот да го понудите како прилог, по лице доволно е 70 гр., а ако го понудите како главно јадење, тогаш е потребно 100 гр. Со варењето, оризот три пати го зголемува својот волумен.

8. Како да се постигне помала лепливост на оризот?

Пред да се стави оризот да се вари во водата што врие, може да го ставите во цедалка и да го измиете под млаз вода. На тој начин од оризот делумно ќе го тргнете скробот, па помалку ќе се лепи при варењето.

9. Колку ориз е потребно за еден оброк?

За еден оброк или за една чинија, потребно е од 50 до 80 гр. ориз, зависно од видот на јадењето.

10. Како визуелно да добиете поефектен прилог од ориз?

Кафениот и дивиот ориз може да се варат заедно, бидејќи времето на варењето им е приближно исто, за 20-тина минути ќе добиете декоративен и необичен прилог.

11. Каков е тој парбоилед ориз?

Парбоилед ориз е специфично технолошки обработен. Нелупениот ориз се натопува, вари и суши, а потоа се лупи. Натопувањето трае од неколку часа до неколку дена, при што е важно оризовите зрна да се напијат вода до внатрешноста на зрното. За процесот да се забрза, се користи топла вода, вакум или притисок. Така натопениот ориз се вари под притисок на 100 степени, околу 30 минути, а потоа се суши на топол воздух додека зрната постигнат влажност од 15% помала од нивната тежина. Тогаш се пристапува кон лупење и брусење. Целта на оваа метода е да се зачуваат повеќето минерали и витамини што се наоѓаат во лушпата, а што се губат со вообичаеното лупење на оризот.

12. Како да се искористи благата лековитост на оризот кај стомачни тегоби?

Слузавата течност во која се варел бел, лупен ориз, конзумирајте ја самостојно, или со варениот ориз. Ова јадење обично се нарекува ориз на вода.

Продолжува...



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Ноември.2010 во 00:44

Купување и чување на младо кравјо сирење

Младото кравјо сирење може да го купите во продавниците, а секогаш се наоѓа во разладните ормани. Се разбира, мора да биде во неоштетена пластична амбалажа, со видливо истакнат рок на употреба, кој обично е од една до две недели на температура од + 4 до + 8 степени.
Ова сирење може да го купите и на зелените пазари и без декларација, но, не е препорачливо ако го консумирате свежо, зашто може да биде контаминирано со микроорганизми (кои евентуално може да ги отстраните со термичка обработка).



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Ноември.2010 во 00:48

Брашно - совети

* Што е подобро - да се додава брашното во сосот во помали количества или одеднаш во поголемо количество?
При згуснувањето на сосот брашното додавајте го постепено зашто, ако е потребно, секогаш можете уште да додадете, а поголемото количество подоцна не ќе можете да го извадите.

* Зошто е потребно брашното да се пресее при подготвувањето на бисквити?
Брашното пред подготовка на тесто треба да се пресее, особено ако се приготвува смеса за бисквити. Со пресејувањето воздухот влегува меѓу честичките на брашното, па така тестото го прави порастресито.

* Зошто не е добро брашното да се чува на топло место?
Никогаш не чувајте го брашното на топло место, зашто од топлината брашното се "поти", се создаваат грутчиња и може да мувлоса.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Ноември.2010 во 14:51

Подготвување јадења со брокули

Суровата брокула можете да ја комбинирате со друг зеленчук во салати. Цветовите од брокула одделете ги за да бидат со иста големина, а дршите по желба излупете ги. Ставете ги во цедалка и добро измијте ги под млаз вода. Потоа, варете ги 10-тина минути во вриена солена вода или на пареа. Водата посолете ја за да се зачува зелената боја, а со краткото варење ќе се зачуваат сите хранливи состојки. Варената брокула можете да ја подготвите како салата или да ја послужите како гарнир посипана со трошки и рендано сирење.
За гарнир врз варената брокула ставете 1 лажица путер во кој сте измешале 1 лажица лимонов сок или маслиново масло. Брокулата можете да ја послужите и како гарнир во комбинација со варени цветови од карфиол и со варен морков.
За да ги зачувате вредните хранливи состојки, брокулата можете да ја варите на пареа максимум 7 минути. Брокулата можете и да ја динстате - најпрво пропржете ја 2 минути во загреано масло, потоа додадете во неа малку вода, поклопете го садот и динстајте ја околу 5 минути.
Од брокулата можете да подготвите суфле или да ја гратинирате. Брокулата оди со месни и рибји јадења, со тестенини, а во супата од брокули со пршута или со сирење навистина ќе уживате.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 13:39
Совети од кујната

* Питите со овошје треба да ги приготвувате со масло, зашто тоа не се стега како маста.
* Пред варењето млеко потребно е да зовриете малку вода во тенџерето. Така млекото нема да загори.
* При варењето јадења од чадено месо, шунка, чадени ребра и слично, треба да ја фрлите првата вода зашто е солена. Потоа може да го приготвите јадењето според рецептот.
* За месото од стара кокошка побрзо да се свари и за да биде подобро и повкусно, сипете една лажица ракија во водата за варење.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 07:25


ТЕСТЕНИНИ

31. Како да се подготви домашна тестенина во боја?

Доколку сакате обоена домашна тестенина тогаш, пред да ги измешате јајцата во брашното, ставете лажица пире од домати за црвени тестенини, или добро иситнет варен спанаќ за зелена боја.

32. Како да се направи домашна тестенина?

Доколку сами сакате да направите домашна тестенина, ставете едно јајце во 200 гр. меко брашно, малку вода и масло по желба.

33. Како се вари тестенина?

Тестенината најдобро се вари во доста вода, па така варете 100 гр. тестенина во 1 литар зовриена посолена вода.

34. Кои комбинации на сосови можете да ги послужите со вашата омилена тестенина, шпагети и макарони?

Освен со сос болоњезе, шпагетите можете да ги комбинирате со лук, лути пиперчиња и маслиново масло; босилек, лук и маслиново масло; домати, маслинки и морски плодови. Кај макароните покрај домати можете да комбинирате и тиквички и модри патлиџани.

35. Со што може да ги филувате домашните тортелини и равиоли?

Тестото за домашни тестенини можете да го филувате со разни смеси. Комбинациите на производите во смесите може да бидат различни, на пример: мелено месо и пармезан, спанаќ и свежо кравјо сирење или комбинација на меки сирења.

МОДАР ПАТЛИЏАН

36. Како се печат модри патлиџани на жар?

Решетката на скарата намачкајте ја со масло и ставете ја 7-10 см од изворот на топлина. Резанките палиџани печете ги околу 10 минути, така што само еднаш да ги свртите, а притоа намачкајте ги малку со масло со помош на четкичка. Може да ги намачкате и со комбинација на маслиново масло, лук и зачински растенија.

37. Како да се динста модриот патлиџан?

Нема некоја голема разлика во динстањето на модриот патлиџан во однос на останатиот зеленчук. Патлиџаните исечени на коцки или мали резанки налејте ги со малку вода. Динстајте околу 12 минути во покриен сад. При самата подготовка, на динстаниот патлиџан може да му додадете исечкан домат без семе и босилек, или едноставно на крајот да му додадете исечкан лук и магдонос.

38. Како да го спречите вишокот впивање на маснотија при пржење?

Патлиџаните може да ги ставите и во цедалка од жица над пареа околу 30 минути. На тој начин за печење или пржење ќе ви треба помалку масло.

39. Како да се пече модар патлиџан во рерна?

Патлиџанот се боцка со вилушка за пареата да може да излегува надвор и во рерна се пече на 200 степени околу 20 минути или додека да омекне. Така добиеното пире натаму можете да го користите за мачкање и за сосови.

40. Кои зачини и масла се најдобри во комбинација со модар патлиџан?

Кромид, лук, домати, пиперки, маслиново и масло од сусам.

41. Со што се комбинира патлиџанот?

Патлиџанот се подготвува по желба, со лук, босилек, оригано, рузмарин, естрагон, црн пипер и провансалски тревки. Од зеленчук најдобри комбинации се со домати, тиквички, пиперки и кромид со повеќе маслиново масло.

42. Како да се намали горчината на модриот патлиџан?

Патлиџаните пред подготвување исчистете ги, посолете и оставете да отстојат околу 10 минути, за да ги извлечете несаканите горчливи состојки и водата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Ноември.2010 во 21:23

Совети од кујната

* За да подготвите домашна сол со лук, тогаш треба да измешате три дела сол со еден дел лук во прав.
* За да подготвите гурманско предјадење со рен, тогаш треба изренданиот рен добро да го измешате со кремасто сирење, па со таа смеса да ги премачкате тенките парчиња печен бифтек. На средината од месото ставете потпечени шпаргли, па завиткајте ги во вид на ролат.
* За да подготвите едноставен прилог од праз, тогаш треба празот да го исчистите и да го измиете, да го исечете на тркалца и да го динстате на малку масло. Во динстаниот праз може да додадете малку лук и ѓумбир во прав.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 14:46
Брзо киселење

Потребно:

* 1 кг зелка
* 200 мл оцет
* 200 г шеќер
* 2 дафинови листа
* сол

Приготвување: добро исчистете ја зелката, ситно изрендајте ја, посолете ја и оставете ја да се исцеди. Во меѓувреме, ставете ги оцетот, 600 мл вода, шеќерот и дафиновите листови во тенџере, па сварете ги, т.е. да врие додека не се стопи шеќерот. Добро исцедете ја зелката, ставете ја во тегли добро притискајќи ја, прелијте ја со приготвената киселина и затворете ги теглите со целофан. Вака приготвената зелка ќе биде готова за пет-шест дена.

*Замрзнување

Приготвување: исечете ја зелката на помали делови, отстранете ги сите оштетени листови и бланширајте ги парчињата околу 90 секунди. Ставете ги изладените парчиња во ќесички и замрзнете ги. Или изрендајте ја зелката, бланширајте ја само половина минута и, изладена и исцедена, замрзнете ја во вреќички.
Рок на траење: 10-12 месеци.
Одмрзнување: не е потребно, замрзнатата зелка може да ја варите во вриена вода или да ја динстате.

***

Дивата зелка за храна ја користеле жителите на европското крајбрежно подрачје уште во предисториско време, а старите Словени ја откриле постапката на киселење.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Ноември.2010 во 07:15

ЦВЕКЛО

43. Колку парчиња цвекло доаѓа на еден оброк?

На еден оброк послужете по 3-4 мали цвекла.

44. Кои зачински растенија и зачини одат во комбинација со цвекло?

Ловоров лист, каранфилче, власец, копрец, лук, сенф, рузмарин, мајчина душичка, лимон, рен.

45. Дали треба да се посоли водата во која се вари цвеклото?

Кога се знае дека во цвеклото има голема количина на натриум, кога се вари водата не треба да се соли.

46. Може ли да се користи свежо цвекло?

Да. Цвеклото може да се корсти за добивање нутриционистички многу вреден сок, а ренданото цвекло како вкусен додаток на салатите. За да го одбегнете бојадисувањето на останатите состојки во салатата, цвеклото додајте го непосредно пред послужување.

ПИПЕРКА

47. На кој начин се полнат половинки од пиперка?

Ако полните половинки од пиперка отстранете ги жиличките и семките, но не и рачките, бидејќи тие при варење и печење ја одржуваат формата на пиперката.

48. Која сорта на пиперки се користи за подготвување на раженчиња?

Црвената месната пиперка добра е во комбинација со месо или риба во форма на раженче. Треба да се внимава големината на нарежаните пиперки да не биде поголема од месото, а за рабовите при печењето да не изгорат.

49. Како да се подготви едноставно јадење со пиперки?

Разновидни динстани пиперки, исечени на коцки се ставаат во огноотпорен сад, над нив ставете цели или изматени јајца и печете во рерна. Послужете како самостоен оброк со леб.

50. За подготовка на кои јадења може да се користи динстана или печена пиперка?

Динстана или печена пиперка може да се користи во комбинација со сос од домати, моцарела и маслинки, или како фил за пица.

51. Како се конзервираат и користат печените пиперки?

Печените пиперки со рачки можете да ги чувате во масло и да ги користите како прилог или салата.

52. Како се печат пиперки?

Цели пиперки печете ги во рерна на 220 степени околу 30 минути, а исечени на иста температура околу 15 минути.

53. Како пред подготовка да се измијат пиперките?

Пред подготовка, пиперките со рачки измијте ги под млаз вода и потоа исечете ги, а не обратно.

54 .Како да се подготват пиперки за чување во кисел прелив?

Во кисел прелив пиперките може да се чуваат цели, печени, полнети со зелка.

55. Во кои јадења во светската кујна пиперката е неизбежна?

Пиперките се неизбежен производ во јадења со цоус-цоус или за полнење на тортиљи.

56. Која е нутритивната вредност на пиперката?

Пиперката содржи најмногу витамин Ц од сите видови зеленчук и овошје. Затоа се препорачува што повеќе козумирање во свежа состојба.

57. Како да се одбегне лутиот вкус на пиперката?

Острината на пиперката и ја дава алкалоидот капсаицин, што се наоѓа во семките и прегладните бели ѕидови. Затоа треба внимателно да се отстранат и пиперката добро да се измие под млаз вода.

58. На што треба да се внимава при подготвување на јадења со пиперки?

Треба да се внимава пиперката да не се вари долго, бидејќи ќе го изгуби својот типичен вкус, а ќе остане само вкусот на блага горчина.

ДОМАТИ

59. Како да се подготви сос од домати пред да се додаде на тестенина?

Пред да ја прелеете тестенината со подготвениот сос од домати, пожелно е во него да се измеша малку свеж путер, а потоа јадењето да се посипе со рендан пармезан, кој ќе го дополни вкусот на јадењето.

60. Како да се испече јајце во домат?

Одвојте го јајцето од лушпата, истресете го во издлабениот домат и печете во рерна.

61. Со што се полни доматот?

Доматот се полни со помек фил, како што е младо сирење, варен зеленчук, динстано, исечкано месо или варена зачинета риба.

62. Како да се послужи похован домат?

Похован потврд домат може да се послужи за предјадење со сос од мајонез.

63. Кога на јадењето треба да му се додаде концентрат од домати?

Кога ќе додадете концентрат од домати на јадење со месо, на пример на гулаш, направете го тоа кога месото е веќе омекнато, бидејќи киселоста на доматите го забавува омекнувањето на месото.

64. Која е најдобра сорта за сосови и конзервирање?

За сосови и конзервирање добри се доматите со форма на слива.

65. Која е најценета сорта на домати?

Поради дебелиот и вкусен меснат дел со малку семе, јабучарот е најценета сорта домати.

66. Како се лупи домат?

Доматот многу лесно ќе го излупите ако на врвот малку го засечете како крст, па накусо да го ставите во вода што врие.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Ноември.2010 во 16:20

Виното во кујната

* Белото вино и шери обично се употребуваат во јадења од пилешко и морски плодови, потоа со сирења, крем супи и лесни светли сосови.
* Црното вино ја засилува аромата на јадењата од црвено месо, дивеч и на месните сосови.
* Сувите и лесно слатките вина се препорачуваат за лесни предјадења, а таквите вина добро одат и со состојките во облик на суво месо, риби и морски плодови.
* Тестенините со сирење стануваат повкусни со додавање малку розе или црно вино.
* Тоа се однесува и на јадењата од јајца, но со помош на суво бело вино или розе.
* Додека се динста зеленчукот, се додава малку бело вино и се остава аромите да се спојат.
* Виното може да се употребува и во маринади. Алкохолот и киселините го омекнуваат месото и истовремено го ароматизираат.
н Виното обично се додава во јадењата на средината или пред крај на готвењето.
* Времето потребно за варење на виното зависи од бојата: белото вино се загрева пократко, а црвеното додека речиси не испари и бојата не стане темна, речиси кафена.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Ноември.2010 во 16:22

Совети од кујната

* Во исхраната треба да се форсираат листовите од магдоносот. Се употребува додека е свеж. Во јадењата се става непосредно пред да се тргне тенџерето од рингла.
* Кората од лимонот треба да се зачува зашто може ефикасно да се употреби за отстранување на непријатните мириси од кујнските садови.
* Тестото за палачинки станува подобро ако првин се измешаат млекото и брашното, па дури потоа да се додадат јајцата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Декември.2010 во 04:39

МОРКОВ

67. Со кои зачини добро оди морковот?

Со морковот добро одат следните зачини: магдонос, нане, мајчина дучишка, мајоран, мускатно оревче, џумбир, кари.

68. Зошто се додава морков во подготовка на некои сосови?

Морковот скоро секогаш се користи кога се подготвува сос од домати, било основен или оној со додаток на месо. Морковот може да е исечен на коцки, па потоа со сите состојки за сосот да го пропасирате, а може и да го изрендате. Тогаш не е потребно дополнително да се пасира.

69. Како да се замрзне морков?

Одберете моркови со средна големина, па измијте ги и исушете. Помалите моркови може да ги оставите цели, а поголемите да ги исечете на коцки или стапчиња. Пред замрзнување морковите малку се проваруваат во зовриена вода (се бланшираат) 5 минути, а сечените околу 2 минути. Морковите се ладат во вода со мраз околу 5 минути. Се ставаат во пластични кеси и се замрзнуваат.

70. Како се маринираат моркови?

Бланшираните исечени моркови се прелеваат со дресинг од лимонов сок, сенф, маслиново масло, исечкан кромид, лук и магдонос. Така маринираниот морков се остава да отстои неколку часа, па послужете го како салата или мал оброк.

71. Како може да се глазира варен морков?

Варениот морков исечен на стапчиња може да се глазира со сок од портокал и путер.

72. Како се подготвува морков?

Младите моркови се чистат со четка, а во есен и зима морковите се стружат. Веднаш се подготвуваат бидејќи на светлина поради стоење на воздух им се намалуваат витамините.

73. Зошто при употребата на морковот добро е да му се додаде масло?

Морковот содржи најмногу каротин, кој со малку маст во телото преминува во витаминот А. Затоа секогаш во него ставете масло, дури и во сокот од морков.

74. Како се подготвува морков за првање десерти?

Морковот успешно се користи за правење десерти. Ситно изрендан може да се употреби во мрсни пандишпани, а како дел од филот добар е за штрудли. Извонредни се и топчиња од моркови со ореви и рум.

РОТКВИЦА

75. Покрај во салати, како уште може да се користат зелените листови на ротквицата?

Може да се користат како додаток на чорби или варива. Од младите листови на ротквици што се берат пред цутење, може да се подготви вкусно јадење, слично на она од спанаќ.

76. Дали ротквицата може да се комбинира со риба и морски плодови?

Бистрата супа од домати ќе биде повкусна ако во топлата супа додадете малку млади листови од спанаќ и на резанки исечена ротквица. Салатата од ротквици е интересен и поинаков прилог за печена риба.

77. Дали ротквиците освен со свежи може да се комбинираат и со твди и полутврди сирења?

Секако, како дел од месни послужувања или исечена на коцки во комбинација со тврдо сирење и исечкан млад кромид, зачинета со прелив за салата на база на мајонез и кисела павлака, сервирана на листови зелена салата.

78. Доколку сте љубители на кинеска храна и ротквици, како тогаш да се подготват?

Исчистените ротквици може да ги притиснете со подебелиот дел од чаша да ги посолите и да ги оставите да се маринираат околу 15 минути на собна температура. Подгответе прелив за салата од оцет, сос од соја, масло од сусам и свеж сок од џумбир. Додајте сок од ротквица, па се заедно додадете на ротквиците. Пред послужување, ротквиците треба да се изладат во фрижидер.

ТИКВА

79. Како да се употребат семките од тиква?

Исчистените семки од тиква може да ги испечете и посолите, па да ги користите како грицки, но во умерени количини. Од семките се прави и масло, кое е богат извор на цинк и незаситени масни киселини.

80. Како да се подготви мармалад од тиква?

Мармаладот од тиква може да го подготвите на вообичаен начин, но и да го комбинирате со овошје, на пример со јаболко или дуња.

81. Како да се гратинира тиква?

Накусо варената (бланширана) тиква може да се прелие со топено рендано сирење, или со бешамел сос, па да се потпече во рерна (гратинира).

82. Како се користи тиква при послужување на јадења?

Печена и исчистена цела тиква, на која сте и го исекле горниот дел, може многу декоративно да послужи и за сервирање на готови јадења од меснатиот дел на тиквата, како што се супи, варива и сосови.

83. Како да се подготви печена тиква?

Пробајте печени половинки од помали тикви со малку путер и јаворов сируп.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 22:22

Домашна тарана

За да направите домашна тарана потребни ви се:

* 140 г брашно
* 1 јајце
* сол
Замесете мошне тврдо тесто од сите состојки, без да додадете вода. Побрашнете го рендето од најситните дупчиња и подготвеното тесто рендајте го. Ќе добиете мали трошки. Трошките раширете ги на побрашнета површина и оставете ги да се потсушат. Сипајте ги директно во супата и варете ги, исто како и фидето.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Декември.2010 во 01:21

ЛУК

84. Како да се подготви ароматичен оцет со лук?

На литар оцет додајте 1-2 чешниња лук.

85. Како во подготвување на јадење да се замени свеж со сушен лук?

Едно чешне свеж лук може да се замени со 1/8 од лажичка лук во прав, 1/4 од лажичка лук во гранули или со ½ лажичка сушен лук во вид на снегулки.

86. Како да се подготви масло со арома на лук?

Измешајте 250 мл растително или маслиново масло со лажичка фино иситнет лук. Пред употреба, маслото треба да отстои најмалку 24 часа, за да добиете максимална арома.

87. Како да се намали непријатниот здив од конзумирање лук?

Со конзумација на свеж магдонос по оброк со лук, ќе го намалите непријатниот мирис, а еве и дополнителни предности на магдоносот-малку калории и значителна количина витамин Ц.

88. На што треба да се внимава при пржење на лук?

Кога лукот се подготвува на масло, многу лесно може да загори, поради што и јадењето попримува горчлив вкус. Затоа лукот се динста најмногу до златнокафена боја.

89. И кај лукот големината е важна. Зошто?

Колку поситно го исечкате лукот или го пасирате, поголем број ситни делови на лукот доаѓаат во контакт со воздухот, па и јачината на аромата што се создава ќе биде поголема. Ако сакате послаба арома, оставете го лукот со лушпата. Должината на варењето ја намалува аромата на лукот.

90. Како да се подготви домашна сол со лук?

Како да добиете сол ароматизирана со лук: измешајте три лажички сол и еден лук во прав.

91. Како лукот најлесно се чисти?

Секое чешне притиснете го со острата страна на нож. Така ќе се ослободи многу тенката лушпа и многу лесно ќе ја отстраните.

92. Со кои зачини може да се комбинира лукот?

Лукот извонредно оди со магдоносот, мајчина душичка, ловор, боровинки и чили.

93. Што е гремолада?

Гремолада е миланска смеса која како и песиладата содржи препечен лук и магдонос, само му се додаваат корички од портокал и лимон. Традиционално, со неа се наросува телешка коленица, непосредно пред послужување, но може да се додаде и во манџи со месо пред самиот крај на варењето.

94. Што е персилада?

Персилада е смеса од пропржени, ситно исечкани ливчиња од магдонос и лук што се додава на многу јадења пред крај на варењето, како што е јагнешко на жар, пржена риба, зеленчук или пилешко.

БОРАНИЈА

95. Можеме ли да користиме свежа боранија?

Свежата зелена боранија не се јаде сурова, бидејќи ја содржи отровната состојка фазеолин, која со варењето се уништува.

96. На што е битно да се обрне внимание кога се вари боранија?

Боранијата продолжува со варење и кога ќе ја извадите од водата. Затоа е важно да ја извадите пред да е готова, или накусо ставете ја во многу студена вода, за да го запрете процесот на варење.

97. Дали може боранијата да се користи за фил?

Зелената боранија може да послужи за филување на месни и рибји филети кои претходно се завиткани во пршута или сланина.

98. Како да се подготви вариво од боранија?

Варивата од боранија може да се подготват во неколку препознатливи комбинации: во сос од лук, со кромид и сланина, со домати, кромид, лук и сланина или со повеќе видови зеленчук.

99. Како наједноставно да се послужи боранија?

Варената, топла боранија испрскајте ја со свежо исцеден лимонов сок или со винаигретте дрессинг (масло, оцет, зачини), измешајте и послужете.

100. Како се купува и подготвува боранија?

Постои зелена и жолта, тркалезна и широко сплескана. Кога купувате боранија внимавајте да не е дрвенеста, да нема развиено семе и цврсти конци. Најчесто се подготвува како салата и вариво.

БРОКУЛА

101. На што треба да се внимава за што повеќе да се зачуваат вредните состојки на брокулата?

Пред термичката обработка што помалку сечете ја и дробите ја, подгответе ја на пареа, а ако ја варите, правете го тоа во што помалку вода. Варењето да трае што пократко.

102. Со кои зачини најдобро се комбинира брокулата?

Ким, копрец, семки од сенф, естрагон, босилек, кари во прав, мускатно оревче или оригано.

103. Како на брокулата да и се зачува убавата зелена боја?

После краткотрајното варење на пареа или во вода, натопете ја во студена вода со коцки мраз.

104. Како да се подготви пржена брокула?

Брокулата се вари, а за тоа време се подготвува тестото. Потсушената брокула се мака во тестото и се пржи на добро загреано масло. Пржената брокула се служи со ладни сосови на база на мајонез.

105. Како да се употребат листовите и стебленцата на брокулата?

Водата во која сте ги вареле цветчињата на брокулата, не ја фрлајте, туку во неа сварете ги ситно исечканите листови и стебленца од брокулата со додаток на зачини по желба. Така ќе добиете вкусна чорба, во која по желбата можете да додадете и друг зеленчук или да ја згуснете со нишесте и додаток на павлака.

106. Како да се подготви зелено пире?

Наместо грашок, со компири може да употребите и брокула, за да добиете хранливо, зелено пире.

107. Од каде потекнува брокулата?

Брокулата потекнува од Италија, а во Франција ја донесла Катерина Медичи.

108. Како наједноставно да се подготви брокула?

Наједноставно брокула се подготвува со маслиново масло, вино и лук, а се препорачува бидејќи содржи антиоксиданси.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 16:54
Црвена зелка - совети

* Како и каде да ја користите црвена зелка?
Црвената зелка најчесто се користи како салата или како прилог со разни печени меса.
* Како да се задржи црвената боја на зелката?
Ако сакате црвената зелка да ја задржи својата атрактивна боја, варете ја во сад со капак или во експрес лонец со додавање во водата на малку вино или сок од лимон.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Декември.2010 во 06:10

Мандарините добри за видот и за кадифена кожа

Мандарината по својот состав е мошне слична на портокалот. Во 100 г мандарини има витамин Ц, а тука се и витамините од Б-групата. Од минералите има калциум, магнезиум, цинк, па дури и 160 мг калиум, кој, меѓу другото, е заслужен за добрата работа на срцето.
Општо, агрумите имаат мошне мала енергетска вредност - во 100 г мандарини има само 34 калории. Треба да се нагласи и изобилството на влакна, кои ја вбројуваат мандарината во продукт поволен за поттикнување на варењето.
Најважни фитохемикалии од мандарината се флавоноидите, а жолтата боја е од ксантофилот. Значи, мандарината во својот состав има бета-каротени, а со разградувањето на бета-каротенот, цицачите го синтетизираат витаминот А, кој е заслужен за добриот вид и за кадифена кожа.

***

Почнете го денот со свежо цеден сок од мандарини

Свежо исцедениот сок од мандарини е совршен избор за добар и свеж почеток на денот. Во 100 мл сок од мандарини има калиум, калциум, магнезиум, фосфор, а тука се и железото, цинкот и бакарот, покрај изобилството на антиоксидативни фитохемикалии.
Ако во текот на неделата сте изложени на стрес, на несоодветна исхрана и на тешкотии во системот за варење, тогаш направете викенд- детоксификација на организмот со мирисни мандарини.
Ако ги започнете саботата, неделата и понеделникот со напивка, тогаш може да тргнете во новиот работен викенд целосно подготвени.

***

Агруми коктел

Потребно:
* 2 портокала
* 2 мандарини
* 1/2 лимон
* 1 гранче нане
Приготвување: исцедете ги излупените портокали, лимон и мандарини во соковник, заедно со нането. Непречено може да уживате во свежите мандарини и во сокот од нив, без страв од зголемување на телесната маса, а со гаранција за внесување скапоцени хранливи материи.
ВНИМАНИЕ: за децата и за постарите лица секогаш планирајте напивка од половина количество од сокот и исто толку вода.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Декември.2010 во 15:11


ПРАЗ

109. Зошто е добро празот да се купува со коренчињата?
Како што коренчињата ни се показател за свежината на празот, така истовремено и ќе го забават неговото сушење.
110. Како да се  подготви едноставен прилог од праз?
Празот се чисти и мие, се сече на резнина и се динста на малку масло со додаток на лук и џумбир.
111. Како да се послужи праз подготвен на пареа?
Топлиот праз може да го послужите со сос на база на павлака, а изладен во комбинација со прелив за салата- винаигретте.
112. Кои зачински растенија одат со праз?
Жалфија, мајчина душичка, магдонос, босилек, коричка и сок од лимон.

КРОМИД

113. Кои се особините на кромидот и како да се употребат?
Најчесто се употребува кромид со жолтеникава боја. Црвениот кромид е со благ и ароматичен вкус и се користи за подготовка на сосови и чорби. Младиот кромид се конзумира свеж.
114. Како да се спречи солзењето на очите кога се сечка кромидот?
Кромидот нема да ве насолзи, ако по чистењето го ставите во вода.
115. Зошто кромидот е животен еликсир?
Кромидот е вистински ”животен елкисир” бидејќи содржи белковини, Б и Ц витамин, минерални материи, антибиотски материи и етерични масла, што благотворно делува на кардиоваскуларниот систем, го регулира варењето, помага кај настинки и има диуретско својство.
 

ГРАШОК

116. Колку зрна грашок се добива по чистењето?
Од 1 кгр. грашок во мешунки се добива околу 350 гр. исчистен грашок.
117. Како да се одбере и употреби грашокот?
Кога купувате млад грашок, внимавајте мешунките да се свежи и зелени. Исчистете го и употребете го истиот ден, бидејќи со стоење узрева, шеќерот се претвора во скроб и вкусот се менува.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Декември.2010 во 13:46

КРАСТАВИЦА

116. Што се прави кога краставицата е горчлива?

Ако краставицата е горчлива се чисти,сече на тркалца,се посолува и се остава да отстои.Потоа се цеди и се подготвува според рецептот.

117. Која е предноста на краставицата во исхраната?

Краставицата го забрзува извлекувањето на водата и разните токсини од организмот.

СПАНАЌ

118. Во каков сад треба да се стави варениот спанаќ?

Варениот и исцеден спанаќ препорачливо е да се стави во стаклен или порцелански сад,наместо во метален,за да се спречи оксидација.

119. Дали спанаќот губи од волуменот при варењето?

При варење спанаќот губи околу 8 пати од својот волумен во свежа состојба.

120. Што треба да се знае за спанаќот?

Спанаќот е богат со минерали и витамини,но помалку е познато дека содржи оксална киселина и нитрати кои неповолно влијаат на лица кои боледуваат од артритис,реума,камен во жолчка и бубрези,затоа ним спанаќот не им се препорачува.Делувањето на оксалната киселина може да се намали ако спанаќот го подготвуваме со млеко,сирење или јогурт.

121. Како да се подготви свеж спанаќ?

Спанаќот добро се чисти(се отстрануваат коренчињата и по потреба долниот дел од стебленцата),а потоа измијте го во повеќе води.Ставете го спанаќот во зовриена вода и причекајте водата повторно добро да зоврие.Потоа спанаќот се вади,се налева со студена вода.Кај овој метод,спанаќот останува свеж и зелен.

РЕПА

122. Како да се подготви кисела репа?

Киселата репа се вари во малку солена вода,а ако во неа варете свинско,тогаш не ја солите.Ако е многу кисела,пред варење може да ја измиете со вода.

123. Како да се подготви мешана салата со свежа репа?

Свежата репа со повеќе видови коренесет зеленчук се ренда и се зачинува по сопствен вкус(масло,оцет,лимон,ацето балсамико,сол).

124. Како наједноставно да се подготви варена репа?

Варена репа со листови или без нив се зачинува со путер,лимонов сок или со некој сос на база на путер.

125. Кога е најдобро да се користи репата?

Репата е најдобра во септември,октомври и ноември,но може да се употребува до мај.



-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2010 во 15:38
Најмалку три оброци со житарици за добро здравје

Секојдневно се препорачува внесување на три оброци со интегрални житарици во превенцијата против дијабетес тип 2  и коронарните болести.

Ретки се младите и адолесцентите кои ги следат овие препораки. Во истражуањето кое го покажа ова, биле вклучени 792 адолесценти и 1686 млади на возраст од 15 до 23 години.

Преку прашалници за зачестеноста на земање храна, авторите на студијата дошле до сознание дека младите внесуваат помалку од еден оброк житарици дневно.

Причината која влијае врз внесувањето интегрални житарици е нивната достапност во домот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2010 во 15:40
Пет причини зошто треба да се јадат јаболка

Освен што се вкусни, јаболката изненадувачки се важен извор на корисни состојки за нашиот организам. Тие го смалуваат холестеролот, влијаат на тежината и ја подобруваат интелигенцијата. Ова се само некои од последиците на редовното консумирање на ова секогаш достапно овошје.

Обезбедуваат подолго чувство на ситост

Имајќи во предвид дека е потребно подолго време за џвакање, овошниот шеќер од јаболкото бавно и постепено влегува во организмот и го одржува нивото на шеќер и инсулин стабилно. За разлика од јаболката, слатките влијаат на брзото зголемување на шеќерот во крвта и привремена ситост, но овие нивоа се подеднакво брзо се смалуваат, гладот се враќа, а калориите остануваат.

Но, јаболката даваат подолго чувство на ситост токму поради постепеното внесување на шеќер, а содржат минимален број на калории, па нивната важност во одржувањето на рамномерната тежина не е во прашање.

Ја подобрува работата на дишните патишта

Според неодамнешното британско истражување, децата чии мајки често консумираат јаболка во текот на бременоста имаат многу помали шанси за развој на астма, рак и други заболувања на дишните органи од деца чии мајки не јадат често јаболка.

Го намалуваат холестеролот

Благодарение на пектинот и полифенолот кои ги содржат, јаболката делуваат на намалувањето на нивото на холестерол и го спречуваат неговото насобирање во крвните жили. За уште подобри перформанси, не ја лупете кората на јаболкото, поради што таа е богата со истите состојки со кои е богат и средишниот дел.

Се борат против канцерот

Луѓето кои јадат едно јаболко дневно имаат дури 42 отсто помали шанси да заболат од рак. Италијанските научници докажаа дека некои состојки во јаболката спречуваат ширење на клетки зафатени со тумор. Овој процент сигурно не е за потсетување.

Не прават нас попаметни

Преку комбинацијата на одредени состојки од јаболката со ензимите во човечкото тело настанува невротрансмитерот ацетилколин, чија улога е пренос на импулси помеѓу нервните клетки. Едноставно речено, што повеќе јаболка изедеме, толку подобро ќе биде делувањето на ацетилколинот, што влијае на подобрување на помнењето, концентрацијата и учењето.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 20:13
Пастрмката го чува срцето, а сардината нервите

Во периодот на пост, рибата е главна на менито на многу православни верници.

Освен што е вкусна, здрава и може да се подготви на многу различни начини, рибата лесно се вари. Богата е со витамини, минерали и аминокиселини.

Туна:

Богата е со минералот селен и витаминот А, кои играат важна улога во борбата против слободните радикали.

Ослиќ:

Има мала енергетска вредност и спаѓа во диететските намирници. 100 грама ослиќ содржи 80 % вода, 0,85 грама масти и 17,2 грама белковини. Богат е со витамините Б1 и Б2, калиум, калциу и фосфор. Позитивно влијае на коските и работата на мозокот.

Сардина:

Содржи магнезиум и триптофан, кој благотворно влијае на нервниот систем и го подобрува расположението. Богата е со протеини, омега 3 киселини и калиум.

Пастрмка:

Се препорачува за дијабетичарите и лицата со висок крвен притисок. Таа е нискокалорична и содржи малку натриум (40 мг во 100 грама) и штити од кардиоваскуларни тегоби.

Крап:

Спаѓа во помрсните риби. Богат е со белковини, омега 3 киселини, витамини А, Д и Е. Го чува мускулот на срцето и ги ублажува тегобите од болестите на крвните садови и псоријазата.

Зошто пивото е најздрав алкохолен пијалак?

Покрај тоа што се консумира ширум светот, здравите својства на пивото не се доволно познати, наведува најновото истражување.

Имено, овој пијалак е извор на витамини, влакна, минерали и антиоксиданси и има релативно ниска калорична вредност во споредба со другите алкохолни пијалаци.

Освен тоа, истражувањето укажува на тоа дека пивото, ако се консумира умерено е едно од најздравите алкохолни пијалаци.

Портпаролот на британското друштво The Beer Academy, кое го спроведе истражувањето објаснува: Пивото кое што е богато со влакна и антиоксиданси содржи и витамини кои вам можат да ви помогнат да одржите балансирана, здрава исхрана, а во него се наоѓаат и минерали како силициумот кој помага во намалување на ризикот од остеопороза.

Откриено е дека 10 отсто од испитаниците сметаат дека пивото содржи масти, а 13 отсто грешно веруваат дека пивото се прави од разни хемикалии наместо од јачмен и хмељ.

Истражувањето исто така ја проучуваше позитивната психолошката и социолошката корист на луѓето кои уживаат во својот омилен пијалак во пивниците и баровите.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 20:18
Кроасани за здраво „добро утро“

Со многу малку маснотии, лиснати и лесни како воздух се кроасаните кои ги произведува снек-барот „Japonaise Bakery & Cafe“ на Hiroko Sakan. Оваа Јапонка, која е родена во американскиот град Бостон, советува дека најздрав појадок се кроасани.

Потребните количини на енергија кои му се потребни на организмот во текот на целиот ден ги дава токму квалитетно направен и испечен кроасан, вели Hiroko. Таа се специјализирала во оваа област на кулинарството, што нејзиниот снек-бар го посетуваат секое утре цела армија луѓе.

Според Hiroko кроасанот, кој е испечен до темно кафеава боја, а послужен со квалитетно француско кафе или чај е најдобриот појадок, кој може да се понуди на сопствениот организам.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 12:42

Зеленчукот ја чува линијата

Зеленчукот богат со растителни влакна помага да се заситите, но и да ја зачувате линијата - под услов да го подготвите на диетален начин, а тоа значи дека треба само да го обарите и да го прелиете со малку маслиново масло.

СПАНАЌОТ е рудник на антиоксиданси

Сто грама спанаќ содржат четири милиграми бета-каротин, што е и препорачаната дневна доза. Освен тоа, содржи уште четири антиоксиданси - витамините Ц и Е, селен и цинк, но и калиум и линолеинска киселина, неопходни за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Спанаќот јадете го суров за да ги искористите сите антиоксиданси.

ТИКВИЧКИТЕ се диуретик

Богати со вода и калиум, тиквичките го поттикнуваат исфрлањето на токсините од организмот. Тие се важен извор на витаминот Б9, кој учествува во синтезата на белковините и железото. Исто така, тиквичките содржат и лесно растворливи растителни влакна и затоа лесно се варат, а, покрај тоа, и го забавуваат апсорбирањето на мастите. Не чувајте ги подолго од 48 часа во фрижидер, зашто потоа ги губат сите скапоцени состојки.

БРОКУЛИТЕ се извор на витамини

Брокулите содржат исто количество витамин Ц како и портокалите. Тие се извор на Е-витамин кој е антиоксиданс, сулфур кој штити од инфекции, калциум кој ги зацврстува коските, железо и калиум. Поради урамнотежената содржина на глициди и белковини, брокулите создаваат чувство на ситост. Варете ги на пареа за да го зачувате витаминот Ц и не држете ги долго во фрижидер.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Јануари.2011 во 06:47

Како да зготвите совршени тестенини?

 

Тестенините се особено популарни, не само затоа што се многу евтини, туку и затоа што се многу вкусни. Не бараат многу време за подготовка или пак големи готварски способности, а освен тоа – се приготвуваат на најразлични начини, што значи дека постои рецепт со тестенини за сечиј вкус.

Тестенините се популарни не само затоа што се многу евтини, туку и заради тоа што се многу вкусни

Но, пред да започнете со готвење на шпагети http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/шпагети-карбонара - карбонара или http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/шпагети-болоњезе - болоњезе , потребно е да знаете како правилно се приготвуваат тестенините. Продолжете внимателно да читате, за да научите неколку практични совети и трикови за приготвување на совршените тестенини.

  1. Користете големо тенџере со многу вода. Честа грешка што луѓето ја прават кога варат тестенини е што ги ставаат во мало тенџере. Тестенините треба слободно да можат се движат во тенџерето, а и им е потребна многу вода. Ако тенџерето е премало или ако има малку вода во него, тогаш тестенините ќе се залепат една со друга и нема да се сварат подеднакво. За да сварите 500 грама тестенини, потребно е да ставите најмалку 4 литри вода. Водата побрзо ќе зоврие ако го покриете тенџерето со капак, но тргнете го капакот откако ќе ги ставите тестенините.
  2. Не ставајте масло во водата. Употребата на масло ќе го спречи спојувањето на тестенините и сосот. За да не дозволите тестенините да се залепат една со друга во текот на варењето, мешајте со дрвена лажица или виљушка.
  3. Ставете сол откако водата ќе зоврие. Не заборавајте да ставите сол кога варите тестенини. Солта значително го подобрува вкусот на тестенините. Најдобро е да ја ставите солта откако водата ќе зоврие, бидејќи подобро се раствора во жешка вода. Плус тоа, водата ќе зоврие побрзо, затоа што несолената вода има пониска точка на вриење.
  4. Ставете ги сите тестенини наеднаш во вода што силно врие. Ако ги додадете тестенините во вода што ја нема достигнато точката на вриење, тогаш скробот ќе започне да се раствора. Водата треба силно да врие за да ги спречи тестенините да се залепат една со друга.
  5. Не го покривајте тенџерето со капак. Регулирајте ја температурата за да не се создава многу пена и да не дојде до претекување, но не ставајте капак.
  6. Мешајте често. Откако ќе ги додадете тестенините во водата, мешајте со долга дрвена лажица или виљушка. Така тестенините нема да се залепат една со друга, ниту пак на дното на тенџерето.
  7. Имајте го во предвид времето за готвење што е препорачано на пакетчето, но не го земајте здраво за готово. Некои тестенини треба да се варат подолго, а други пократко, во зависност од формата и дебелината. Прочитајте на етикетата колку е препорачано да се варат тестенините што сте ги купиле, но тоа нека ви послужи само за да можете да се ориентирате. Најдобро ќе знаете дали тестенините се готови ако ги пробате.
  8. Тестенините се готови кога ќе бидат „al dente“. „Al dente“ е италијански израз за варени тестенини или ориз кои се малку цврсти, но не тврди или преварени. Кога ќе ги каснете тестенините, тие треба да бидат цврсти на средината (да ви создадат потреба да ги џвакате), но да немаат тврд центар (тврдиот центар е знак дека не се готови). Исто така, не треба да дозволите тестенините да бидат премногу меки или преварени.
  9. Исцедете ги по варењето. Веднаш откако ќе решите дека тестенините се готови, тргнете го тенџерето од оган и истурете ги во ѓерѓев или голема цедалка. Подигнете ја цедалката и протресете ја за да се ослободите од вишокот вода.
  10. Не ги мијте тестенините. Многу луѓе ги мијат тестенините по варењето. Но, тоа не треба да го правите, затоа што ќе го измиете и скробот што го има врз нив. Скробот е неопходен за сосот подобро да се соедини со тестенините. Исклучоци: Треба да ги измиете тестенините за http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/лазања-со-мелено-месо - лазања , за да можете полесно да ги одделите лентите една од друга без да ги раскинете. Исто така, измијте ги тестенините ако со нив правите ладна салата.

Дополнителни совети

  • Не ги кршете шпагетите. Ставете ги во садот така што долниот дел ќе биде потопен во водата, а од горниот – потпрен на работ на тенџерето. Шпагетите полека ќе омекнат и ќе пропаднат, без да се искршат.
  • Пригответе ги тестенините непосредно пред сервирање. Сепак, ако треба да ги приготвите тестенините предвреме, по готвењето измијте ги со ладна вода, исцедете ги, ставете во нив масло и промешајте. Маслото ќе спречи да се залепат. Можете да ги ставите во покриен сад во фрижидер. Оваа тактика е особено корисна ако ги приготвувате за гости. Сосот задолжително пригответе го непосредно пред сервирање.
  • Не варете во едно тенџере различни типови тестенини. На некои тестенини им е потребно повеќе време да се сварат, а на други помалку.
  • Ако ги преварите тестенините, прелијте ги со ладна вода. Ако сте ги вареле тестенините малку подолго од потребното и ако се меки, прелијте ги со ладна вода веднаш откако ќе ги тргнете од огнот. Така веднаш ќе го прекинете процесот на готвење. Овој трик нема да ви помогне ако тестенините се премногу меки


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 06:20

ШПАРГЛИ

128. Како се чистат шпаргли?

Шпарглите (бели и зелени) треба правилно да се исчистат. Најнапред се отсекува тврдиот крај, потоа околу 7 см. под врвот со нож малку се засечува и кожичката се влече кон крајот на шпарглата. Тврдите краеви може да се искористат за чорба.

129. Како се варат дивите шпаргли?

Шпарглите се варат во широк сад. Во зовриена вода ставете сол, по желба малку шеќер и парче путер. Варете ги на средна температура 15-20 минути.

ЗЕЛКА

130. Каде се користи црвената зелка?

Покрај бела и зелена, постои и црвена зелка. Најчесто се користи за салата и како прилог со разни печени јадења од месо.

131. Како да се задржи црвената боја на зелката?

Ако сакате црвената зелка да ја задржи својата атрактивна боја, варете ја во сад со капак или лонец под притисок, со додаток на вино или лимонов сок.

КОМПИР

132. Како да се направи палента од компири?

Компирите се варат во солена вода додека да се разварат, а потоа додајте пченкарно брашно и продолжете со варењето. Потоа масата распоредете ја на дрвена подлога, така што да биде со еднаква дебелина и изладете. Се сече на парчиња со цврст конец. Некогаш ова јадење било замена за леб.

133. Зошто е важно копирот што потенко да се лупи?

При лупењето треба да се тргне колку што е можно потенок слој од кората на компирот, бидејќи под кожичката се наоѓа најголемиот дел од витамин Ц.

134. Како при чистење на млад компир да се одбегнат дамките на прстите?

Ако младиот компир го стружите под млаз вода, ќе ви остави помалку дамки по рацете, а остатокот на дамки можете да го отстраните со лимонов сок.

135. Како да се чува исчистениот компир пред термичка обработка?

Ако прерано сте го излупиле или исекле компирот, нема да потемни ако го држите во студена вода се до моментот на употреба.

136. Зошто не е добро компирот да се подгрејува?

Подгревањето на компир се одбегнува поради концентрацијата на соланин што се наоѓа во него, бидејќи може да биде причина за акутно труење. Среќна околност е што количината на копир што може да содржи токсична доза на соланин (200 мг/кг телесна тежина), ја надминува големината на еден оброк. Препорачуваме во чорбите што ги варите за наредниот ден, компирот сварете го непосредно пред сервирањето.

137. Како да се зачини компирот?

Кај варење и печење компирот се зачинува пред термичката обработка, а кај пржењето на крај на термичката обработка.

138. За кои јадења се користи мазен компир, а за кои компир со рапава кора?

Кај подготовката на јадења најчесто разликуваме два вида компири: со мазна и рапава кора. Компирот со мазна кора се користи за салати, печења и пржење, а компирот со рапава кора користете ги за подготовка на теста од компир, кашички и пире.

139. Кога се пасира компирот?

Кога подготвувате пире од компири или некое тесто од компири, секогаш испасирајте го компирот додека е топол.

140. Зошто е добар компирот?

Поради малата содржина на натриум, одговара за исхрана на лица кои страдаат од висок крвен притисок, а им се препорачува и на дијабетичарите.

141. Како да се оплемени салатата од компири?

Салатата од компири ќе биде повкусна ако варениот и исечен компир, додека е уште топол, го зачините со масло, а делот од оцет заменете го со вино.

142. Како да се користи брашнестиот компир?

Брашнестите видови на компири што лесно се разваруваат, се користат за подготовка на пире и тесто од компири.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Јануари.2011 во 17:27

Чување на продукти

* Зачините држете ги на суво место и на провев и подалеку од другите продукти. Солта ќе остане сува, ненавлажнета ако во неа се додаде некое зрно ориз.
* Компирите мора така да се стават за да може од сите страни, па и одоздола да добиваат воздух. За тоа се добри дрвените гајби. Еднаш во месецот компирите мора да се прегледаат и расипаните да се фрлат. Р'тулците што се појавуваат на нив мора да се отстранат само пред варењето.
* Лебот и производите од брашно чувајте ги на овој начин: лебот, ако не го држите во дрвена кутија, чувајте го во земјен сад со исечената страна надолу. Притоа садот често плакнете го со топла вода. Сувите резанки, макароните и другите тестенини чувајте ги во платнени вреќички или оние од хартија. Вреќичките ставете ги да висат на суво и место со провев.
* Остатокот парчиња од сирење покријте ги со тенџере или уште подобро со стаклен ѕвон, а поголемите парчиња завиткајте ги во чиста крпа натопена во пиво и исцедена. Сувото сирење нема целосно да се исуши кога ќе го чувате меѓу сол.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јануари.2011 во 08:35
Одберете што јадете


Сите ние имаме свои омилени јадења, но и јадења кои само еднаш сме ги пробале во животот и веќе никогаш не сме помислиле на нив. Но кога станува збор за тоа која храна треба да ја вклучиме во нашата диета, тогаш никогаш не се противиме. Добра вест е што многу од понудените намирници, најверојатно, се наоѓаат на вашата листа на омилени јадења.

1.Туна
Масните риби содржат омега 3 масни киселини кои помагаат да се намали нивото на холестерол во крвта, а го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања. Истражувањето сугерира дека омега 3 масните киселини, исто така, играат улога во спречувањето на хипертензијата, артритисот, Алцхајмеровата болест, депресијата, синдромот суво око, како и ракот.

2. Јајца
Едно јајце во себе носи многу добрина. Јајцето научниците го категоризираат како функционална храна, односно храна која обезбедува здравствени придобивки надвор од своите прехранбени бенефиции.

3. Грав
Варен грав, тавче-гравче, црн грав... Јадењето многу грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а помага и во спречувањето на појавата на ракот, велат истражувачите. Ова главно се должи на фактот дека гравот е богат извор на антиоксиданси.

4. Какао
Какаото го намалува ризикот од заболување на срцето и од хипертензија. Иако научниците велат дека треба да направат уште испитувања, со цел да се открие целосно позитивното влијание на чоколадото врз здравјето на луѓето, тие препорачуваат секојдневно да јадеме по 10 грама квалитетно чоколадо.

5. Бразилски ореви
Бразилските ореви важат за совршен извор на протеини. Ова значи дека за разлика од останатите растенија кои имаат протеини, бразилските ореви ги содржат сите неопходни аминокиселини кои го поттикнуваат растот кај луѓето.

6. Лук
Лукот не е само одличен додаток во тестенините, туку тој нуди огромни здравствени придобивки поради својата антиоксидансна содржина. Истражувањето покажа дека лукот може да помогне да се спречи срцевата болест, хипертензијата и ракот, а може да ја подобри и функцијата на белите дробови.

7. Јогурт
Јогуртот не само што содржи калциум за коските, туку тој е одличен извор и на пробиотици. Пробиотиците се микробиотска храна, која прави баланс на бактериите во организмот, а го јакне и здравјето.

8. Цитрон
Сигурно знаете дека цитроните се фантастичен извор на витамин Ц, исто како и лимоните, портокалите и грејпфрутот. Овие плодови се богати со витамини и играат голема улога во спречувањето на појавата на ракот.

9. Банани
Истражувањето покажа дека бананите имаат висок процент на калиум. Одличен пример се како може да се намали ризикот од мозочен удар. Калиумот, исто така, игра важна улога во функционирањето на мускулите, срцето и нервите.

10. Малини
Малините се преполни со проантоцијаниди, кои го намалуваат ризикот од срцев удар, а го подобруваат и здравјето на уринарниот тракт. Новото истражување, исто така, покажа дека џусот од малини е добар против гастроинтестиналните вируси. Научниците препорачуваат да пиете 300 мл џус од малини секој ден, со цел да ги почувствувате бенефициите



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Февруари.2011 во 13:30

Совети од кујната

* Колку поситно ќе го исечкате лукот или ќе го поминете низ преса, толку поголем број на ситни делови од лукот ќе дојдат во допир со воздухот, па и јачината на аромата која се создава ќе биде поголема. Ако сакате послаба арома, оставете ги чешнињата во лушпата или цели. Исто така и должината на варењето ја намалува аромата на лукот.
* Кога варите цвекло не е потребно дополнително да ја солите водата, зашто цвеклото содржи природно големо количество на натриум.
* Ако подготвувате јадење со замрзнат грашок, тогаш во јадењето додадете 15 минути пред да завршите со варењето.



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 18:50

Најскапите ресторани во светот...

http://globalgalore.files.wordpress.com/2010/02/aragawa.jpg

Најскап ресторант е Aragawa во Asia Tokyo  Japan... ако некој сака посебни ароми и вкусови  од другата страна на светот …менито почнува од 550 – 800 долари за особа  … на пример ако сакаме да пробаме специјалитеот на куќата говедска вешалица Кобе ќе не кошта 400 долари…ма што е тоа за мене мачии кашаљ…

http://www.worlds-luxury-guide.com/files/imagecache/preview_article/1_Aragawa_1_545x363.jpg http://tripcart.typepad.com/tripcart_the_blog/images/2007/04/23/masanyc.jpg http://lilomag.com/wordpress/wp-content/uploads/2009/09/Aragawa-Tokyo.jpg 


Masa се смета како втор најскап ресторан во светот и најскап во New York  САД… лоциран на девети кат во зградата Time Warner Center  посебно познато место на вљубениците на суши…менито се состои од 25 врсти разни специјалитети на морски плодови донесени дури од Токио на јапонскиот готвач Masayoshi Takayama …демек љубители на суши… бљак !!!

http://broadwayworld.com/columnpic/lasvegas_mgm_grand.jpg

почетно за една особа е 400 долари и тоа со однапред резервирање  и доколку ја откажеш резервацијата мора да платиш извесна сума провизија и тоа 150  долари…

http://3.bp.blogspot.com/_guC9_tHqpNc/TRi2VllH_wI/AAAAAAAANXg/VzGz8OOjXXA/s1600/ElBulli.jpg

На трета позиција се наоѓа францускиот ресторан Joel Robuchon ...локализиран во  MGM Grand , во градот кој никогаш не спие Las Vegas…како за пример цена на едно шише вино  како најефтино 100 долари  и менито започнува со 360 долари за една особа..

На четврто место е еден шпански ресторан од 1961 год .  El Bulli...кој пет пати  е номиниран за најдобар по избор и квалитет на јадење во светот од маестро   Ferran Adria кој ја направил таа трансформаци во интернационален локал…и една порција од разни деликатеси кошта 270 долари и пазите ваму предходно треба резервација ни повече ни помалку туку 12 месеци однапред…

http://kestrachern.net/wp-content/uploads/2009/03/the_french_laundry.jpg

 http://www.luxury-insider.com/regulars/reviews_and_commentary/el_bulli/images/pic-restaurant.jpghttp://mariosingh.com/wp-content/uploads/2009/12/ferran-adria-el-bulli.jpg http://resources.zagat.com/img/buzz/20091116_bob_thomaskeller_deborahjones_half.jpghttp://www.genussziele.com/wp-content/uploads/2011/01/Kaviar_Petrossian_Paris.jpg http://graphics8.nytimes.com/images/2007/08/13/timestopics/topics_thomaskeller_190.jpg

интересно менаџирање на самиот ресторан да во текот на годината е затворен 6 месеци кога целосно персоналот прави иновација на гурмански специјалитети за да привлечат што повеќе клиентела…

И конечно на петта позиција  се наоѓа ресторанот The French Laundry во Napa Valley – San Francisco  УСА….каде готвачот  Thomas Keller сервира еден специјалитет кавијар во крема (Oysters and Pearls)     



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 21:32

Совети од кујната

* Меленото месо никогаш не купувајте го однапред подготвено, барајте пред вас да се меле, зашто во однапред подготвеното месо брзо се размножуваат бактерии, дури и кога се во фрижидер. Секој месар кој не сака да го изгуби угледот тоа го знае и нема да ви прави проблеми околу тоа.
* Месото за паприкаш ќе биде многу повкусно и посочно ако за време на динстањето му додадете малку сок од лимон и половина лажичка шеќер.
* Месото на скара никогаш не боцкајте го со виљушка, зашто низ настанатите отвори ќе истече сокот од печеното, а тоа е токму она што при печењето на скара е највкусно. Месото вртете го со лопатка за месо. Посолете го на крај, откако ќе биде печено.
* Месото кое кратко се пржи ќе биде повкусно ако се подготви на следниот начин: месото купете го еден ден порано. Секоја шницла намачкајте ја од едната и од другата страна со бибер и сенф и потопете ја во масло. Сите шницли ставете ги една врз друга и оставете ги во фрижидер да отстојат преку ноќта. Аромата на зачините ќе продре во месото, а маслото ќе го омекне. На овој начин може да се подготват говедски, свински и јунешки шницли, како и дивеч.
* Јаболката ќе останат бели при динстањето ако се потопат во малку вода во која е додадено сок од лимон и сол.
* Омлетот ќе биде воздушест и примамлив ако при матењето се кршат едно по едно јајце и се додава по една лажица павлака



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 21:41

Ореви за црвени крвни зрнца

Плодот од оревите содржи незаситени масни киселини, Б витамин и многу минерали: цинк, сулфур, јод, фосфор, магнезиум. Таквиот состав го поттикнува производството на црвените крвни зрнца, го јакне срцето, одбранбената сила на организмот, а се користи и како средство против цревни паразити и камен во бешиката. Дури и пациентите кои имаат заболен црн дроб и не поднесуваат маснотии, без проблеми може да јадат ореви во умерени количества.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 21:41

Омекнете го месото со киви

Кивито содржи ензим кој помага во разградувањето на протеините, па ако ставите неколку тркалца од ова овошје на месо на 10 минути пред печењето ќе биде многу помеко.
Пушачите би требало во што поголеми количества да јадат киви поради големото количество на витаминот Ц (на 100 г има 250 милиграми витамин Ц), зашто ја подобрува циркулацијата и штити од воспаленија. Треба да се има на ум дека кивито, како и другото егзотично овошје, може да предизвика алергии, особено кај децата помлади од 5 години



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 03:13

Пиперката - храна и лек

Пиперката кај нас е мошне омилена храна. Без ајвар, пинџур или печени пиперки не може да се замисли домашната зимница. Повеќе се јаде преработена отколку свежа, но таа е добра за нашето здравје, а често е и вистински лек. Таа ги содржи витамините Б1 и Б2, но е еден од главните извори на витамин Ц.
Ако пиперката е помесната, посочна, поголема, позрела и поцрвена, тогаш има и повеќе витамини и провитамини и е полековита. Во зелената пиперка има помалку витамини и кетонски соединенија, а во црвената има повеќе каротен.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 03:25
Ароматично масло

Во 300 мл маслиново масло ставете 1 дафинов лист, 4 чешниња лук, 4 лути пиперчиња, 1 лажичка сол и 2 лажици шеќер. Сето тоа добро измешајте го и оставете го да отстои, т.е. додека шеќерот и солта не се стопат. Ова масло е одлично за разни салати со лут вкус.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 23:32
Со риба и житарки полесно се дише

Стручњаците од националниот институт за здравје во Холандија изнесоа податок дека децата кои користат доволно количество на интегрални житарки и риби се во помала опасност да заболат од астма. Тоа е резултат од истражувањето спроведено врз 598 деца меѓу 8 и 13 години во кое се испитувала структурата на исхраната и ризикот од добивање на оваа болест. Покрај тоа, констатирано е дека кај помалите пациенти кои веќе имаат проблеми со дишењето, овие продукти влијаат да се ублажат тешкотиите.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2011 во 23:33
Дали знаете?

* Дека сувото овошје е природен засладувач кој може да се мери со медот.
* Дека покрај шеќерот со сувото овошје земате и изобилство на минерали, растителни влакна и дел од витамините, кои овошјето ги содржи во свежа состојба.
* Дека сувото грозје, сувите сливи и сувите кајсии се мошне богати со железо.
* Дека поради сето тоа сувото овошје помага во отстранување на заморот, во лекувањето анемија, запек и многу други пречки поврзани со варењето на храната и претставува драгоцена состојка во исхраната на децата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 13:39

Совети од кујната

* Компирите, како дел од задолжителниот зеленчук, обично ја заматува супата. Затоа компирите варете ги одделно.

* Трагата од загорено јадење на дното на тенџерето никако не отстранувајте ја со нож или со некој цврст предмет. Остатоците од загореното јадење најдобро ќе ги отстраните ако во тенџерето сипате млаку вода и малку шеќер, па сето тоа ќе го проварите на тивок оган. Потоа, во тенџерето сипајте малку ладна вода и уште малку проварете ја. На крај ќе биде потребно само тенџерето да го измиете со млака вода и крпа.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Февруари.2011 во 04:20

Мали совети во кујната

* Непријатниот мирис од карфиолот ќе го отстраните кога со него ќе варите парче тврд леб или земичка завиткани во платнена вреќичка. Карфиолот лесно се распаѓа за време на варењето. Затоа, добро е да се врзе во чиста. Ќе остане убав и бел ако во водата во која го варите ставите малку млеко (половина филџан на два литра вода).
* Краставиците ќе останат подолго време свежи и цврсти ако ги завиткате во влажна хартија.
* Младиот компир најлесно и најбрзо ќе го исчистите, а притоа нема да добиете темни дамки на рацете, ако го ставите во ќеса од груба ткаенина или во вреќа и додадете полна рака сол. Треба да ја заврзете ќесата и да ја триете со двете раце како кога месите тесто.
* Треба да се знае дека од зеленчукот, само компирите се ставаат во студена вода, па потоа се варат, додека зелката, кељот, спанаќот и другиот зеленчук се ставаат во вриена вода.
* За зеленчукот да ја зачува убавата зелена боја, не ставајте капак на тенџерето во кое го варите.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Февруари.2011 во 15:31

Совети од кујната

* За да може во исто време да бидат варени мал и голем компир, треба да го избоцкате големиот компир со чепкалка на повеќе места.
* Печените компири ќе бидат повкусни и ќе имаат поубава боја ако пред печењето ги испрпелкате во малку брашно.
* Пирето од компири треба да се меша со топло, а не со студено млеко. Тогаш ќе има поубава боја и нема да се направат грутчиња.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 11:52

http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=107 - 5 интересни податоци за доматот

http://vegetarijanstvo.kauza.mk/files/2010/04/Tomato-front.png">

Домат

Одгледани во домашна градина, купени на пазар или во супер маркет, доматите се вистинско уживање во овој пролетен а особено во летниот период. Свежи или во конзерва секогаш даваат посебен шмек како главен продукт во салата или како додаток во јадењето кое го подготвувате. Во шопска или во грчка салата, наредени во ордевер или така, сечени на парчиња со малку сол, доматите секогаш ќе ве освежат и ќе ве направат да се чувствувате супер што сте ги изеле. Еве супер пет податоци за доматите:

  1. За доматите во минатото се мислело дека се отровни, бидејќи токсичен алкалоид бил најден во стеблата и ливчињата.
  2. Зготвениот домат содржи ликопин (светло црвен каротен кој се наоѓа во зеленчуци и овошја во црвена боја, како папаја, морков, лубеница) и се смета за храна која го превенира ракот на простата.
  3. Надвор од Валенсија, Шпанија, во селото Bunyol, секоја година во последната среда од месец август, се одржува фестивал во борење со домати, La tomatina. Некои од правилата при борење со домати се: забрана за носење конзервирани домати во шишиња, не смее да се носат маички, доматите пред да се фрлат треба да бидат смачкани, после звукот на втората петарда, борбата престанува.
  4. Доматите мора да се наводнуваат почесто, бидејќи во случај да не се наводнат неколку дена, тие се сушат веднаш.
  5. Првата супа од домати е направена во 1872 година


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 12:33
 

http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=218 - 5 начини квалитетно да го употребите оревот

Ореви

Оревите се едни од растенијата кои се многу богати со протеини. Богати се со влакна, витамин Б, магнезиум, витамин Е. Од сите јаткасти производи, оревите се најбогати со омега 3 масло, важно за намалување на лошиот холестерол и заштита на срцето.  Еве 5 супер начини за употреба на оревот во секојдневната исхрана:

  1. Наместо да грицкате колачиња, соленки или чипс, скршете неколку ореви и изедете ги за ужина
  2. Наместо да ставите месо или некој месен производ во салата, тостирајте неколку ореви на тава, исецкајте ги и попрскајте врз салатата.
  3. Феферонките во пица, можете да ги замените со половинки ореви.
  4. Наместо сланина и јајца, за појадок, јадете неколку ореви кои ќе бидат совршена протеинска замена.
  5. Даваат супер крцкав вкус во секое јадење, особено се одлични во свежа овошна салата, каде наместо да ставите шлаг, една рака ситно сецкани ореви ќе дадат посебен и уникатен вкус на целото освежително доживување.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Март.2011 во 00:49

Совети од кујната

* Доматите лесно ќе ги излупите ако ги потопите во вриена вода и веднаш ги извадите.
* Пресоленото јадење можете да го спасите ако му додадете еден свеж компир или едно парче леб. Тие ја апсорбираат вишокот сол.
* Крофните или другите пржени колачи ќе бидат многу поубави ако во тестото сипате малку пиво.
* Силните мириси лесно продираат во јајцата, па затоа никогаш не чувајте ги до магдонос, лимон или до други продукти со јаки мириси.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2011 во 13:51
 
Да се спаси загореното јадење:

Препечен стек или ќофтиња.
Изгорениот дел отсечето го внимателно со остар нож и повторно испечете го месото во свежо масло.
Супа, сос, варен зеленчук или пилав можат да се спасат, ако се тргнат од шпорет и ако се истурат од тенџерето: се што не е залепено за тенџерето се префрла во чист сад, но претходно не смее да се гребе од дното на загорениот сад. Мирисот од загорено може да се прикрие со кари во прав, цимет, прелив, сок од портокал или со мек оцет. Кој не сака да гребе по загореното јадење веднаш во садот или тавата тура врела вода. Се додава средство за миење садови и така се остава да стои цела ноќ. Следниот ден изгореното лесно се отстранува од дното на садот со сунѓер.
 
                                                     

Белката од јајце не се стврднува
Сето јадење треба да се префрли во чист сад, се додаде малку сол и сок од лимон и внимателно се работи понатаму. Ако сето тоа не помогне, помага едно: повторно да се употреби друго јајце.

Зеленчукот е преварен
Без оглед на тоа дали е карфиол, брокула или репка; премногу варен зеленчук има добар вкус во чорба со прелив или кокосово млеко во пире, како крем- супа, или подготвено како пире со малку путер и млеко.

Збрчкана кора на пудингот
Тоа не мора да се случи: врз сеуште врелиот пудинг се посипува шеќер или горната површина се покрива со фолија.

Топчиња
Сосот,пудингот или тестото од палачинки се нанесува со соодветна цедилка. Пудингот треба уште еднаш да го подготвите со мешање, инаку нема да биде тврд.

Колачот се лепи на тавата
Тавата треба да се излади со влажна крпа. Потоа лесно ќе може да го извадите колачот.

Колачот е пресув
Колачот треба да се боцне неколку пати со дрвени стапчиња. Сок од портокал и шеќерен сируп се мешаат и се прскаат врз колачот. Смесата се ароматизира, на пример, со малку рум  или ликер.

Колачот е премногу темен
Ако колачот е подзагорен темните места се отстрануваат целосно и на колачот се нанесува шеќер во прав и глазура.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2011 во 13:52
Мајонезот не е добар


Измешајте во друг сад една свежа жолчка од јајце со неколку капки масло и малку сол во вид на крем и потоа додајте го на кремот. За да не се случи ништо неочекувано, сите додатоци извадете ги најмалку 15 мин. порано од фрижидер и оставете ги да се загреат на собна температура.


Сосот е премногу течен


Едно до две лажици нишесте за јадење измешајте со малку студена вода, турете го во сосот и варете го со мешање. Ако може да има и неколку калории повеќе: 1 лажичка брашно и една лажичка путер, потоа измешајте ги.


Заборавено предгреење


Или загревајте го повеќе на воздух или оставете го колачот во студена рерна и продолжете го времето на подготвување за 10-15 мин.


Пресолено


Ако има премногу сол во супата или во чорбите, можете да ставите еден компир кој ќе ја прими солта: парченцата компир се варат неколку минути заедно со супата, се вадат и се додава малку вода или млеко. Во премногу солен гулаш или пресолена болоњеза се мешаат неколку парчиња домати. Пресолените сосови се отстоплуваат со додавање вода, млеко или прелив и се зачинуваат со малку шеќер. Пресолената салата се меша со коктел од домати исечени на половина,парчиња пиперки или ситно сечкана репка. Многу пресолениот зеленчук се тура во сито и, ако е потребно, малку се измива. За да се надомести загубата на витамини, зеленчукот се послужува со големо количество на свежо сечкани зачини.


Прелуто


Малку обично или кокосово млеко, една лажичка јогурт или парчиња од домати и малку шеќер ја намалуваат лутоста на карито.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 06:33

Совети од кујната

* Како да добиете убава и мека кајгана?
Убава и мека кајгана ќе добиете со додавање малку млеко во матените јајца.

* Како да ги додавате жолчките во смесата за колачи?
Жолчките ќе се згрутчат ако се изладени или ако се пребрзо додадени во смесата за колачи. Додавајте ги изматените јајца или изматените жолчки во смесата една по една и посипете ги со една лажица брашно за да не почнат да се згрутчуваат.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Март.2011 во 07:28
Готвен домат е поздрав од свеж

Иако постојано се истакнува дека најздраво е да се јаде свежо овошје и зеленчук, бидејќи со готвењето се губат некои хранливи состојки, изгледа дека постојат исклучоци.

Научници од Илиноис дојдоа до чудно откритие. Иако постојано се истакнува дека најздраво е да се јаде свежо овошје и зеленчук, бидејќи со готвењето се губат некои хранливи состојки, изгледа дека постојат исклучоци. Имено, откриено е дека готвениот домат е поздрав од свежиот! Американските научници истакнале дека доматот е најголем извор на антиоксиданси и ликопени, но за разлика од другиот зеленчук и овошје има поголема моќ кога е зготвен. Хранливите материи содржат заштитни механизми кои спречуваат воспаление и создавање на крвни згрутчувања.

Уште од порано е познато дека консумирањето на домати го намалува ризикот од карцином, остеопороза и кардиоваскуларни болести, па овој сочен зеленчук е добар за целосното здравје. Ликопенот на доматот заштитува од рак на простата, дојки и белите дробови. Покрај ликопенот, доматот содржи и многу други состојки со антиоксидантни својства.

Се работи за витамините Ц и А. Тој е и добар извор на влакна кои поволно дејствуваат на нивото на холестеролот и шеќерот во крвта. Лица заболени од артериосклероза имаат причини да консумираат домати. Доматот е богат со калиум, витамин Б6 и фолна киселина, а сето тоа придонесува за здравје на срцето и крвните садови.

Доматот, како еден од ретките значајни извори на витамин К, е важен за здравјето на коските. Витаминот К1 го активира протеинот одговорен за задржување на калциумот во коските, додека витаминот Б2 кој исто така го има многу во доматот, се покажа делотворен во намалување на зачестени напади на мигрена.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk