IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Судентски протести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Судентски протести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 19:39
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Полжавче, кога веќе и самата кажа дека си една од организаторите и кога овде кажуваш дека нема никакви партиски притисоци и дека си огорчена од медиумите за нивниот селективен приказ, ти честитам. Воедно би ти дал еден совет. Не се разочарувај од првиот ефект на овој собир. Собери ги твоите колеги и разговарајте, размислувајте за втор протест, за трет ... Не прекинувајте, не подлегнувајте под влијание на медиуми, политиканти, трачари ... Ако останете само на ова, кај обичниот човек навистина ќе се стекне впечаток на вистинитост на информациите од медиумите. Но, ако за кратко време организирате друг протест (гледајте да биде помасовен) мислам дека ќе има ефект, а и народот ќе сфати. Посебно ако на тие протести има студенти од повеќе партии, за да не се оквалификува како партиски. Малку повеќе удрете на „маркетинг“ меѓу студентите. Да се запознаат зошто се „буните“! Не дека тие не знаат, но ете кај нас секој треба да биде „подбуцнат“ за да излезе од инертната состојба. Исто така, имајте своја „информативна агенција“ кој ќе снима се, за да имате вие ваш снимен материјал, ваша архива, за да не се најде некој кој со сопствената приказна ќе сака да ве дискредитира. Размислете малку за ова што ви го реков.големо%20гушкање Р.Ѕ. Само, немојте да заборавите на учењето!голема%20насмевкаalt="големо%20гушкање">








Златник, исклучително сум ти благодарна на советите, поддршката, охрабрувањето и поттикот....

Не се откажуваме, ќе одиме до крај.....

Постои страв, закани, уцени и сл. но до последната капака сила решени сме да се бориме....

..ДОСТА БЕШЕ МОЛК....

Изменето од polzavce - 23.Октомври.2009 во 19:39
МИР со сите
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2009 во 01:25
Во сите земји студентите претставуваат сила. И тоа онаа нај опасната, интелектуалната. Сетете се само на ’68-та. Цела Европа се дигна поради тоа што студентите се дигнаа (Париз, Прага ...)! И она што спомна мама, дури и Тито не остана рамнодушен, па го испрати Вељко Влаховиќ да ги смири. Само, не се сеќавам дека и во Македонија (Скопје) имало слични случувања како што беа во Белград, Загреб и Љубљана. Ние во се сме последни (ако воопшто и нешто направиме)! Повторно се поставува истото прашање, зошто е така?
Еве и денес, после 40 години од тие случувања, студентската младина нема ама баш никаква активност. Да се работи за нечии други интереси - ајде да ги разберам, но овде се работи за свои лични интереси. И повторно се ќути, се трае, се трпи ... До кога?
За да се реши ова, најпрво треба да се откријат причините за истото. А според мене, оваа неактивност на студентите е исклучиво поради неединството на студентите, а кое пак е последица на следниве три работи:

1. Материјалната состојба.
Имено, има студенти кои не се засегнати од материјалната состојба, т. е. им се овозможени сите материјални (што само по себе подразбира финансиски) услови за непречено студирање и истите неможат да се соживеат со проблемите кои ги имаат посиромашните и затоа ги отфрлаат, односно воопшто и не ни помислуваат за некакво единство, солидарност со нив. Тие си имаат свој круг околу себе. Ова е само една причина зошто нема студентска солидарност. Едноставно, баш ми е гајле за оној што нема и што живее (живее!?мечтаење) под такви околности. Важно мене ми е добро, а за другите баш ми е гајле, нека се снајдат.

2. Поради вкоренетиот страв од освета!
Речиси и да нема студент кој не размислувал за можните консеквенци, за бркање од студентски дом (населба) и/или од непроаѓање на испит од некој професор кој од разни причини се нашол „погоден“ од студентските барања.

3. Партиската припадност.
Ова е во последниве 15-20 години. Студентите (како и сите останати кои се одлучиле на овој начин да дојдат до замислената цел) се зачленуваат во одредени партии и следствено на тоа се надеваат дека ќе ги користат бенефитите од тоа.

Е сега, ќе рече некој дека сум многу паметен. Лесно е да се каже зошто е сето ова вака. Секој го знае тоа. Затоа, еве ќе дадам и соодветно решение. Дали ќе биде одржливо или не ... незнам., но мислам дека вреди барем да се обидете да размислите за истото.

1’. Применете ја тактиката на ширењето на верите (еве на пр. христијанството). Вие кои сте во потесниот круг на организацијата (пожелно би било да ве има од повеќе (да не речам од сите) факултети, а зошто не и од сите универзитети).  Делувајте кај своите поблиски колеги, овие нека продолжат понатаму, да ги „убедуваат“ оние побогатите да им се придружат, без оглед дали се тие лично засегнати. Знам, ова изгледа утопистички, но штом  сте се зафатиле за една таква работа како што е студентското организирање, тогаш треба да сте подговени и на наизглед апсурдни ситуации. Да го парафразирам логото од ’68-та „... Барајте го невозможното!“

2’. Единство, единство, единство ... Незнам, еве можеби повторно ќе идеализирам како треба да биде, но сепак сметам дека тоа ќе биде правиот начн. Ако има единство меѓу студентите, нема сила некој од нив да биде избркан од дом. Ако тоа некој се обиде за само еден стдент (обично тоа го практикуваат кај некој од лидерите на некое движење) тогаш треба не цела населба од каде е студентот, туку цел универзитет да се крене. Па да видам кој ќе биде тој маж со мадиња (простете на израз) да се спротивстави.
Дека сето ова околу единството не е празна демагогија, сакам да потсетам и  на не така одамна (пред не повеќе од 10-тина години не%20знам) одржаните студентски демонстрации во Франција. Тие беа толку единствени што за крато време им  се придружија и работниците и, нормално, успеаја во своите намери. Па што се толуку француските студенти по паметни од нашиве? Што имаат тие повеќе од нас? Ништо! Само единство!

3’. Овде има повеќе опции:
а) да се игнортираат партиските војници во улога на студенти (ова и не би било толку популарно, но сепак доколку се мора ...)
б) да се примораат заедно да ги решаваат заедничките проблеми, да ги натерате (да им сугерирате) да не чекаат партиска директива, да размислуваат со своја глава, да не бидат пиони, полтрони, подлизурковци, бескарактерни ... нешто во тој стил.

И пак ќе завршам со истото од претходниот пост. А, покрај сите овие активности, ќе има ли можност и да се учи? Тешко, многу тешко. Сето ова бара огромно одрекување од времето за учење и од своето слободно време! Можеби ќе има и квадрирање година/и! Но, секој бенефит си носи свој ризик, одредено жртвување, губење време, нерви, пари, пријателства, стекнување непријатели ...
Ова последново е исто така уште еден многу битен фактор во инертноста, во незаинтересираноста, во неангажираноста на нашиве студенти околу стекнување на сопствените права! Секој си вели, ма што има јас сега да му мислам за некој си друг. Како да е, јас некако ќе гледам да протуркам, а за другите ... баш ми е гајле, секој нека се снаоѓа како знае и умее.
Сетете се само на приказната за таткото кој им дал снопче од 7 стапчиња на седумте синови. Ниту еден неможел да ги скрши сите заедно. Но, едно по едно стапче ...губитник
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2009 во 09:58
Дека студентите имаат проблеми имаат, ама и дека некако бегло поминуваат преку нив е  вистина. Никако да се организираат, никако да истапат со заеднички став и да си ги решаваат проблемите кои ги мачат. Можеби проблемот е во тоа што за студентски лидери се избираат студенти од метрополата кои немаат ни ден стаж и искуство од живеењето во студентсите домови. Можеби поголем проблем е што нашите студенти живеат по паролата - Учи ти синко/ќерко за факултет јас пари не жаламзбунетост!!!! Трошењето на парите на мама и тато веројатно не бараат економија во распоредувањето?!збунетост

Приватни мензи со поскапа храна
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2010 во 11:40
И после Цацко ни е крив што тие во ЕУ а ние сеуште западен Балкан...ако ги спореди човек нашите студентски протести со оввие...ќе се фати за глава.

Уапсени и повредени студенти по протестите во Љубљана


Нашине мљакави...бездушни...милион ги има...ко партиски здруженија а не студентски,,,едни велат не ги признаваме оние...другине ...не ги признаваме овие...

Студентите на протести, Сојузот тврди барањата се веќе исполнети


ко да се Тито во Лепоглаваизненадување



Изменето од mamamd - 20.Мај.2010 во 11:42
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2010 во 14:33
srekjna e ( a , ke bide  i "dolgovechna"!)zemjata so ...vakva mladina!

koj go toa rekol?!збунетост


....газење%20од%20смеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2010 во 19:25
Жалосно и трагично е што студентскиот лидер го нема да се солидализира со своите колеги кои ги  застапува и да се избори да не се случува ова.тага

Студентските стипендии ќе доцнат до крајот на годинава


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.