Судентски протести
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20504
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 03:00 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Судентски протести
Постирано од: mamamd
Наслов: Судентски протести
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 11:13
Се почести се обиди за подигање на студенстскиот глас, бледи, етикетирани како партиски, политички обоени, но сепак протести. Протестираа за укинување на студентското радио, за место положбата на црквата на плоштадот, против укинување на Веронаука во основното и средното образование и з апрв пат против наплаѓање партиципација и нејаснотии околу наплаќање и нејасна распределба на студентскиот денар. Читајки го написот во Вест искрено ме радува една ваква иницијатива од нашите студенти. Секогаш ги критикуваме за пасивност а сега кога се организираа место да биде масовно и место да се подржат во нивните обиди се погласни с еобидите да им се даде партиска конотација. За да успеај во својата намера МОРА да се оградат од сите партиски влијанија и партиска злоупотреба на студентите. Редно е да покажеме дека имаме студентска младина која заслужува да се нарече тоа.
СТУДЕНТИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПАРТИЦИПАЦИЈАТА
Плаќаме Интернет, а го има само на два компјутера
Ректорот
Велимир Стојковски најави дека од следната студентска година ќе се
разграничи колку ќе се плаќа за партиципација, а колку за останатите
услуги кои ќе се плаќаат по избор на студентите
Група
студенти вчера, со транспаренти и пароли "Слободно образование",
"Партиципација не" , протестираа пред Скопскиот универзитет,
незадоволни од студентскиот стандард. Тие сметаат дека плаќаат
превисока партиципација, за возврат добиваат неквалитетното
образование, а згора на сe, се жалат дека не функционира и
Студентскиот сојуз, за кој велат дека е политизиран и ги спречувал
студентите вчера да излезат на протест. "Не треба политиката да
биде замешана во Студентскиот парламент. Ние плаќаме нешто што не
добиваме. Плаќаме за книжевен фонд, за Интернет, за спорт, а немаме
книги, Интернет има само на два компјутера, не добиваме ништо ни за
парите кои ги плаќаме за спорт", рекоа студентите. Од Ректорската
управа не биле известени за протестот. Ректорот Велимир Стојковски
рече дека воопшто не знае за што протестираат студентите. "Ако
сакаат нешто да изменат, многу подобро ќе било да дојдат овде на
разговор, сигурно немаше да ги одбиеме. Ние, сепак, ќе ги разгледаме
нивните барања и доколку можеме, ќе одговориме на нив", рече ректорот
Стојковски. Тој најави дека следната студентска година ќе се
воведе унифициран ценовник кој ќе важи на сите државни факултети. Со
него ќе се разграничи колку ќе се плаќа за партиципација, која ќе
биде задолжителна, и колку ќе се плаќа за останатите услуги кои
нема да бидат задолжителни туку по избор на студентите. (М.С)
|
Коментари:
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 23:08
...i spisanija sto ne gi dobivame,tetratki za pisuvanje za na kolokvium,koristenje na laboratorija(4 casa),osteti vo laboratorii (a nema osteti)....
Redno e da se vidi za sto se davaat parite sekoj semestar i koja e korista od sumite sto gi plakame
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 21:41
Студентите се спремаат за протести....Ќе ве информирам дополнително...
------------- МИР со сите
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 01:16
Во вторник на 20-ти октомври ќе бидат протестите на студентите во 13 часот пред Владата на РМ.....
се протестира за многу работи....
ваучерите,
стипендиите за постдипломците,
подобри услови во студентските домови,
укинување на партиципацијата за државната квота,
промени во законот за студентско организирање,
......
уште многу, многу работи...
------------- МИР со сите
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 01:39
А во чија организација се протестите? Оти знаеме дека и студентската младина кај нас е поделена по партиска основа. Наместо да биде движечка сила во општеството и, тие летаат по паметот на другите!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 13:08
Zlatnik напиша:
А во чија организација се протестите? Оти знаеме дека и студентската младина кај нас е поделена по партиска основа. Наместо да биде движечка сила во општеството и, тие летаат по паметот на другите!
|
Сигурно некоја партија ги има подбуцнато-нашите студенти не се бунат за ништо-добро им е.Освен кога ќе им земат 200 евра-тогаш инстинктивно реагираат
------------- Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 15:50
Definitivnioi kaj nas studentski protesti za podobruvanje na studentskiot standard. Sme imale nie protesti, te za ova, te za ona ama nekako mlako, bezlicno. Sega izleguvaat so konkretni baranja koi se bajagi gorlivi i realni. Studentite reagiraat i za neednakvite ceni koi fakultetite so svojata avtonomija premnogu naplakjaat za sekoja sitnica po svoi cenovnici. Na nekoi faklteti na primer se naplaka nekade do 10 evra (500-600 denari) duri i potvrdata za polozeni ispiti koja na studentite im e potrebna za konk*riranje za stipendii/krediti.Ako e vistina naplakjanjevo nejasno e na koja osnova e formirana cenata? Nelogicno e toa da se naplaka koga vo osnovnite i srednite ucilishta sekoja izdadena potvrda e besplatna. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115170 - Студентски протест „Доста беше молк!“
-------------
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 20:50
не, не и не....
Јас сум една од организаторите на протестов......Никаква партија, никакво политичко влијание не е вклучено.....
Сепак ова не значи дека нема да се обиде некој да го злоупотреби протестот за сопствени политички или некакви други цели.....
Ние пред време се оградивме од било каква политичка вмешаност, оти превземаме превентивни мерки против злоупотреба на ова случување во политичка смисла, но сме немоќни сосема да ги избегнеме ваквите ризици.....
Жалосно е што при вакви движења кои се обид да се смени нешто (ама вистински да се смени), веднаш се помислува на политичка вклученост, задни политички намери, политичко профитирање итн....
Но не сме ние за обвинување што така мислиме...искуството така не научило....за жал.....
------------- МИР со сите
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Октомври.2009 во 19:38
Не се разликуваат многу од ’’регуларните партиски избори’’ овие наши студентски избори
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115264 - ВИДЕО: Инцидент на студентските избори
-------------
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 01:10
Медиумиве се опасно средство за манипулација....СРАМОТА за македонските медиуми...
Сликата што ја прикажаа со дечкото што доси знаме на СДСМ сосема погрешно го отсликува протестот....
Дечкото на сликата беше редар на протестот. Редарот е еден од студентите и беше задолжен (заедно со другите редари) да обезбедуваат ред и мир за време на протестот.
Од нигде никаде се појави некој тип, извади знаме на СДСМ, редарот го фати дечкото со знамето, му го зема и на мегафонот кажа што точно се случило паралелно оградувајќи се од тој настан на лице место. Сликата што сте ја виделе на вести е сликата на редарот кој го собира одземаното знаме......Сето тоа камерите го снимаа, сликаа Тв екипите итн.....Но медиумите сета работа ја напумпаа, извртеа, преувеличија сакајќи ексклузивитет....
Никој не разговара за тоа што бараа студентите...Сите разговараат кој ги поттикнал на протест!!!
СРАМОТА
------------- МИР со сите
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 15:31
Полжавче, кога веќе и самата кажа дека си една од организаторите и кога овде кажуваш дека нема никакви партиски притисоци и дека си огорчена од медиумите за нивниот селективен приказ, ти честитам. Воедно би ти дал еден совет. Не се разочарувај од првиот ефект на овој собир. Собери ги твоите колеги и разговарајте, размислувајте за втор протест, за трет ... Не прекинувајте, не подлегнувајте под влијание на медиуми, политиканти, трачари ... Ако останете само на ова, кај обичниот човек навистина ќе се стекне впечаток на вистинитост на информациите од медиумите. Но, ако за кратко време организирате друг протест (гледајте да биде помасовен) мислам дека ќе има ефект, а и народот ќе сфати. Посебно ако на тие протести има студенти од повеќе партии, за да не се оквалификува како партиски. Малку повеќе удрете на „маркетинг“ меѓу студентите. Да се запознаат зошто се „буните“! Не дека тие не знаат, но ете кај нас секој треба да биде „подбуцнат“ за да излезе од инертната состојба. Исто така, имајте своја „информативна агенција“ кој ќе снима се, за да имате вие ваш снимен материјал, ваша архива, за да не се најде некој кој со сопствената приказна ќе сака да ве дискредитира. Размислете малку за ова што ви го реков.
Р.Ѕ. Само, немојте да заборавите на учењето!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 08:32
Негде многу порано имамкажано дека и Тито се има повлечено пред студентските протести и се потрудил да ги придобие на своја страна (не да ги подели, не да ги ситни). Барањата кои се концепирани се рални и за нив и не треба да се протестира, тие треба да ги имаат студентите. Лично не се сеќавам кој беше наш студентски лидер кога јас студирав (Златниче памтиш ли ти кој беше кај вас). И замислете без лидер, без протести имавме се, а посебно студентски домови солидно опремени (тоа што ние имавме пребукираност на цимери не беше вина на тогашните раководства).
Лично сметам- следејки ги ги работите во образованието воопшто дека во Македонијаод осамостојувањето до сега се сменија многу студентски
лидери, а проблемите на студентите останаа исти. Се чудат зошто има студентски протести токму во време кога течат студентските избори?!Ги гледав некна на 21
октомври кандидатите (како и сите нивни претходници)
ветуваа дека студентите нема повеќе да спијат на провев во студентските
соби, ветуваа дека ќе имаат топла вода за да се искапат, ветуваа дека
ќе имале поквалитетна храна во студентските мензи... И не оди човек да не с епраша- Кога??? Студентите досега
имаа едно десетина лидери (поддржувачи, членови, симпатизери на двете
најголеми политички партии) ама изгледа ним само личниот профит од политичката
определба им беше приоритет, а студентскиот стандардне гледам да е променет на арно. Убедуваат дека беа успешни студентските избори а од 27 000 гласале САМО 3000 , значи една седмина Ги прашуваат зошто не гласале, епа зошто да гласаат кога искуствата се многу лоши, кому му е грижа за
студентите, кога поранешни лидери денеска се раководители на сектори во
министерствата, државни советници, директори на библиотеки, пратеници и
министри.. До кога лидерите, односно партиските штрафови ќе ја уверуваат
јавноста дека ниту една партија не стои зад нив? Се додека не се сетат дека тие заедно с епосилни, дека се авангарда од кој секој треба да се плаши, автономијата и независноста на оваа организација ќе биде во сенка. И ко што рече Златник, ако сакат студентите да бидат сериозно сфатени, прво треба да се консолидираат, да се заедно во своите барања. Некако ми е несфатливо студентски лидер од Скопје кој после предавања си оди домче во топла соба со парно да може да с еизбори за доброто на студентот од студентскиот дом
Додека не легне на оние издупени, извалкани душеци, додека не му навлезе мирисот на мувлата од влагата на студентските бараки во Стив Наумов не може да знае што се студентски проблеми? А медиумите, па и тие ни се поделени. Заборавија кога беа студенти, со кој жар зборуваа за подобрување на условите за студирање.
-------------
|
Постирано од: AcaRank.
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 16:11
Сигурно си имаатмака штом се одлучиле на таков чекор.
------------- Toa shto ne se postigna vo 1966 da go npravime sega....
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 19:35
мака...и тоа голема мака...
Ве подлажнуваат со ваучери две години. Се фалат насекаде колку студентите се помогнати, поткрепени..колку водат сметка за студентската популација...и оп доаѓаш ти на ред за ваучер, па ти викаат....ааааа..НЕ...рецесија е....нема за тебе ваучер....
Истовремено на сестра ти и викаат НЕМА за тебе стипендија ако си постдипломец со просек 9.5.....рецесија е....
Поднесуваш документи за во студентски дом и те одбиваат оти не си ги задоволувал критериумите (годината ти е чиста на време, сите испити положени, просек одличен, место на живеење оддалечено доста од градот во кој студираш итн......ама џабе......вистинскиот критериум не го задоволуваш....немаш партиска книшка)
Не ти даваат стипендија, не те примаат во студентски дом и што ќе правиш???? како да платиш стан под кирија во Скопје?????....Ништо..бркаш врски, протекции, луѓе што го познаваат Самуил (претседателот на СПУКМ) лично......тие луѓе ти завршуваат работа (со судни маки) и им се чувствуваш должен цел живот...
Таман мислиш си ги решил проблемите, се вселуваш во студентскиот дом, а таму нема топла вода...јадењето има вкус на буба шваба, креветот има душек до пола, бравата на вратата од собата е обиена и нема клуч (секој може да влезе и немаш никаква приватност), читалната има искршени масички, неудобни столчиња.....ти се качува притисокот ама ќутиш....оти ако ѕуцнеш...отиде јабана.....ќе те избркаат од студентскиот дом (каков таков), ќе ти го земат леглото.....што ќе правиш после?????? Како ќе ги слушаш родителите стечајци да ти „дрндаат„ по цели денови дека од твојата „храброст“ и неспособност да молчиш, трпиш и да ја голтнеш гордоста си ја упропастил иднината и треба да се отпишеш од факултет оти не можат да ти плаќаат стан и храна????????
Вака од прилика изгледа студентскиот живот на еден просечен студент од провинција кој дошол да студира во главниот град или некој од поголемите градови во Македонија.....
Кога ваков ќе ви биде животот ќе ве прашам дали ќе чекате некој да ве организира, да ве поттикне на протест, да ве подбуцне, да ви соли памет....или самите ќе се организирате, ќе се сплотите во маките, ќе се здружите и заедно ќе речете ...ДОСТА НИ Е.....сакаме да не третираат како студенти....
------------- МИР со сите
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 19:39
Zlatnik напиша:
Полжавче, кога веќе и самата кажа дека си една од организаторите и кога овде кажуваш дека нема никакви партиски притисоци и дека си огорчена од медиумите за нивниот селективен приказ, ти честитам. Воедно би ти дал еден совет. Не се разочарувај од првиот ефект на овој собир. Собери ги твоите колеги и разговарајте, размислувајте за втор протест, за трет ... Не прекинувајте, не подлегнувајте под влијание на медиуми, политиканти, трачари ... Ако останете само на ова, кај обичниот човек навистина ќе се стекне впечаток на вистинитост на информациите од медиумите. Но, ако за кратко време организирате друг протест (гледајте да биде помасовен) мислам дека ќе има ефект, а и народот ќе сфати. Посебно ако на тие протести има студенти од повеќе партии, за да не се оквалификува како партиски. Малку повеќе удрете на „маркетинг“ меѓу студентите. Да се запознаат зошто се „буните“! Не дека тие не знаат, но ете кај нас секој треба да биде „подбуцнат“ за да излезе од инертната состојба. Исто така, имајте своја „информативна агенција“ кој ќе снима се, за да имате вие ваш снимен материјал, ваша архива, за да не се најде некој кој со сопствената приказна ќе сака да ве дискредитира. Размислете малку за ова што ви го реков. Р.Ѕ. Само, немојте да заборавите на учењето!alt="големо%20гушкање"> |
Златник, исклучително сум ти благодарна на советите, поддршката, охрабрувањето и поттикот....
Не се откажуваме, ќе одиме до крај.....
Постои страв, закани, уцени и сл. но до последната капака сила решени сме да се бориме....
..ДОСТА БЕШЕ МОЛК....
------------- МИР со сите
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 24.Октомври.2009 во 01:25
Во сите земји студентите претставуваат сила. И тоа онаа нај опасната, интелектуалната. Сетете се само на ’68-та. Цела Европа се дигна поради тоа што студентите се дигнаа (Париз, Прага ...)! И она што спомна мама, дури и Тито не остана рамнодушен, па го испрати Вељко Влаховиќ да ги смири. Само, не се сеќавам дека и во Македонија (Скопје) имало слични случувања како што беа во Белград, Загреб и Љубљана. Ние во се сме последни (ако воопшто и нешто направиме)! Повторно се поставува истото прашање, зошто е така? Еве и денес, после 40 години од тие случувања, студентската младина нема ама баш никаква активност. Да се работи за нечии други интереси - ајде да ги разберам, но овде се работи за свои лични интереси. И повторно се ќути, се трае, се трпи ... До кога? За да се реши ова, најпрво треба да се откријат причините за истото. А според мене, оваа неактивност на студентите е исклучиво поради неединството на студентите, а кое пак е последица на следниве три работи:
1. Материјалната состојба. Имено, има студенти кои не се засегнати од материјалната состојба, т. е. им се овозможени сите материјални (што само по себе подразбира финансиски) услови за непречено студирање и истите неможат да се соживеат со проблемите кои ги имаат посиромашните и затоа ги отфрлаат, односно воопшто и не ни помислуваат за некакво единство, солидарност со нив. Тие си имаат свој круг околу себе. Ова е само една причина зошто нема студентска солидарност. Едноставно, баш ми е гајле за оној што нема и што живее (живее!?) под такви околности. Важно мене ми е добро, а за другите баш ми е гајле, нека се снајдат.
2. Поради вкоренетиот страв од освета! Речиси и да нема студент кој не размислувал за можните консеквенци, за бркање од студентски дом (населба) и/или од непроаѓање на испит од некој професор кој од разни причини се нашол „погоден“ од студентските барања.
3. Партиската припадност. Ова е во последниве 15-20 години. Студентите (како и сите останати кои се одлучиле на овој начин да дојдат до замислената цел) се зачленуваат во одредени партии и следствено на тоа се надеваат дека ќе ги користат бенефитите од тоа.
Е сега, ќе рече некој дека сум многу паметен. Лесно е да се каже зошто е сето ова вака. Секој го знае тоа. Затоа, еве ќе дадам и соодветно решение. Дали ќе биде одржливо или не ... незнам., но мислам дека вреди барем да се обидете да размислите за истото.
1’. Применете ја тактиката на ширењето на верите (еве на пр. христијанството). Вие кои сте во потесниот круг на организацијата (пожелно би било да ве има од повеќе (да не речам од сите) факултети, а зошто не и од сите универзитети). Делувајте кај своите поблиски колеги, овие нека продолжат понатаму, да ги „убедуваат“ оние побогатите да им се придружат, без оглед дали се тие лично засегнати. Знам, ова изгледа утопистички, но штом сте се зафатиле за една таква работа како што е студентското организирање, тогаш треба да сте подговени и на наизглед апсурдни ситуации. Да го парафразирам логото од ’68-та „... Барајте го невозможното!“
2’. Единство, единство, единство ... Незнам, еве можеби повторно ќе идеализирам како треба да биде, но сепак сметам дека тоа ќе биде правиот начн. Ако има единство меѓу студентите, нема сила некој од нив да биде избркан од дом. Ако тоа некој се обиде за само еден стдент (обично тоа го практикуваат кај некој од лидерите на некое движење) тогаш треба не цела населба од каде е студентот, туку цел универзитет да се крене. Па да видам кој ќе биде тој маж со мадиња (простете на израз) да се спротивстави. Дека сето ова околу единството не е празна демагогија, сакам да потсетам и на не така одамна (пред не повеќе од 10-тина години ) одржаните студентски демонстрации во Франција. Тие беа толку единствени што за крато време им се придружија и работниците и, нормално, успеаја во своите намери. Па што се толуку француските студенти по паметни од нашиве? Што имаат тие повеќе од нас? Ништо! Само единство!
3’. Овде има повеќе опции: а) да се игнортираат партиските војници во улога на студенти (ова и не би било толку популарно, но сепак доколку се мора ...) б) да се примораат заедно да ги решаваат заедничките проблеми, да ги натерате (да им сугерирате) да не чекаат партиска директива, да размислуваат со своја глава, да не бидат пиони, полтрони, подлизурковци, бескарактерни ... нешто во тој стил.
И пак ќе завршам со истото од претходниот пост. А, покрај сите овие активности, ќе има ли можност и да се учи? Тешко, многу тешко. Сето ова бара огромно одрекување од времето за учење и од своето слободно време! Можеби ќе има и квадрирање година/и! Но, секој бенефит си носи свој ризик, одредено жртвување, губење време, нерви, пари, пријателства, стекнување непријатели ... Ова последново е исто така уште еден многу битен фактор во инертноста, во незаинтересираноста, во неангажираноста на нашиве студенти околу стекнување на сопствените права! Секој си вели, ма што има јас сега да му мислам за некој си друг. Како да е, јас некако ќе гледам да протуркам, а за другите ... баш ми е гајле, секој нека се снаоѓа како знае и умее. Сетете се само на приказната за таткото кој им дал снопче од 7 стапчиња на седумте синови. Ниту еден неможел да ги скрши сите заедно. Но, едно по едно стапче ...
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 09:58
Дека студентите имаат проблеми имаат, ама и дека некако бегло поминуваат преку нив е вистина. Никако да се организираат, никако да истапат со заеднички став и да си ги решаваат проблемите кои ги мачат. Можеби проблемот е во тоа што за студентски лидери се избираат студенти од метрополата кои немаат ни ден стаж и искуство од живеењето во студентсите домови. Можеби поголем проблем е што нашите студенти живеат по паролата - Учи ти синко/ќерко за факултет јас пари не жалам!!!! Трошењето на парите на мама и тато веројатно не бараат економија во распоредувањето?!
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1885&ArticleID=128334 - - Приватни мензи со поскапа храна
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Мај.2010 во 11:40
И после Цацко ни е крив што тие во ЕУ а ние сеуште западен Балкан...ако ги спореди човек нашите студентски протести со оввие...ќе се фати за глава.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123351 - Уапсени и повредени студенти по протестите во Љубљана Нашине мљакави...бездушни...милион ги има...ко партиски здруженија а не студентски,,,едни велат не ги признаваме оние...другине ...не ги признаваме овие...
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=-1&egId=16&eventId=60685 -
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 20.Мај.2010 во 14:33
srekjna e ( a , ke bide i "dolgovechna"!)zemjata so ...vakva mladina!
koj go toa rekol?!
....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 18.Јуни.2010 во 19:25
Жалосно и трагично е што студентскиот лидер го нема да се солидализира со своите колеги кои ги застапува и да се избори да не се случува ова.
http://www.time.mk/read/bd8cdda184/d6d9267614/index.html - Студентските
стипендии ќе доцнат до крајот на годинава
-------------
|
|